Нови кадровски проблеми за менаџерот на Челси, Енцо Мареска. Аргентинецот Енцо Фернандез се враќа во Лондон повреден. Тој се повреди на репрезентативниот собир и сè уште не е познато колку ќе паузира. Ова е голем проблем за Мареска, особено што Кол Палмер е надвор од строј до почетокот на ноември, а одбраната исто така е сериозно ослабена. Надвор од игра се и Тосин Адарабиојо, Беноа Бадијашил, Весли Фофана, а Леви Колвил ја заврши сезоната ...

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона. Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција. „Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија. Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот. Шпанските медиуми јавуваат дека ќе ги пропушти натпреварите со Жирона, Олимпијакос, Реал ...

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми. Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик. Постекоглу беше назначен на 9 септември, но сè уште нема победа во ...

Валентин Вашеро оствари сензационален триумф на Мастерсот во Шангај. Тој во финалето го победи својот братучед и поранешен колеџ соиграч Артур Риндеркнеш со 4-6, 6-3, 6-3 и го освои првиот АТП турнир на ова ниво. Тенисерот кој е рангиран на 204-та позиција на АТП листата, стана најниско рангиран шампион во историјата на АТП турнејата од 1990 година. Риндеркнеш го освои првиот сет со 6-4 во гемови, но потоа Вашеро заигра многу подобро. Го ...

Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Лесковац. Пикси нема да патува со тимот во Андора. Тимот ќе го предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата репрезентација. Тој веќе се приклучи на тимот во Ниш заедно со стручниот штаб. „По поразот на репрезентацијата од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка од својата функција и нема да патува со екипата ...

Францускиот клуб Монако, го назначи 38-годишниот поранешен белгиски репрезентативец Себастијан Покоњоли за нов тренер на тимот. Тој го наследува Австриецот Ади Хютер, кој го напушти клубот на 10 октомври, соопшти официјалниот сајт на клубот. Како играч, Покоњоли настапуваше за Генк, АЗ Алкмар, Стандард, Хановер, Вест Бромич Албион, Брајтон и Унион Сен Жил. По завршувањето на играчката кариера, тој започна тренерска кариера со младинскиот ...

По сè што се случи синоќа на натпреварот помеѓу Норвешка и Израел, Норвежаните би можеле да добијат строга казна од ФИФА за пораките што ги испратија. Норвешка го победи Израел на крилата на Ерлинг Халанд, а конечниот резултат од овој натпревар беше дури 5-0 во корист на домашната селекција. Сепак, сè можеше скапо да ги чини бидејќи ги прекршија правилата на ФИФА на натпреварот одигран на стадионот „Улевал“ во Осло. Оваа земја е една од ...

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е подготвен да потпише нов и продолжен договор со Бразил до 2030 година, водeјќи ја селекцијата во уште еден циклус за Светското првенство. Ова ја покажува големата доверба што Бразилската федерација ја има кон Анчелоти, откако долго време се обидуваа да го убедат да ја прифати функцијата. Според весникот „О’Глобо“, планот е да се обезбеди присуство на поранешниот тренер на Реал Мадрид, без разлика на ...

По завршувањето на оваа репрезентативна пауза следува многу важен дел од првенствата. Англиската Премиер лига како најпребирлива бара голем број играчи за секој тим. Ливерпул, како шампион, ќе биде сериозно ослабен ако Ибрахима Конате не може да им помогне на соиграчите. Тој се врати од репрезентативните обврски и нема да патува со Франција на Исланд. Причина е повредата што ја доби уште на натпреварот против Челси. Сега останува прашањето ...

Стивен Џерард се повлече од трката за нов менаџер на Глазгов Ренџерс, јавуваат британските медиуми. 45-годишниот поранешен истакнат англиски фудбалски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин, но по конструктивни разговори со раководството на клубот, одлучил дека моментот не е соодветен за враќање на „Ајброкс“. Според информациите, разговорите поминале во позитивна атмосфера и двете страни се договориле да ...

Фудбалската репрезернтација на Србија доживеа тежок пораз со 0-1 од Албанија во Лесковац по кој ги загуби реалните шанси за пласман на СП 2026. По мечот, почнаа шпекулации за смена на селекторот. Според ТВ „Арена спорт“, нов селектор ќе биде Вељко Пауновиќ. Тој треба да го наследи Драган Стојковиќ – Пикси, кој по натпреварот изгледаше како човек што знае дека заминува. Тој веќе понудил оставка до челниците на српскиот фудбал. Пауновиќ ...

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста. „Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите ...

Фудбалската репрезентација на Албанија изненади на гостувањето кај Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Голот за гостите го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под очекувањата. Сега на Србија сериозно и е загрозен пласманот на Светското првенство во 2026 година. 🚨 Rey Manaj 45′ +1 World Cup Qualification | 🏆 Serbia 0-1 Albaniapic.twitter.com/VHmftaAMia — Goals Xtra ...

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш. Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата. „Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја ...

Зимскиот преоден рок, кој започнува за помалку од три месеци, би можел да биде многу интересен бидејќи веќе се најавени неколку звучни трансфери. Според сè, Барселона повторно ќе се обиде да се ослободи од играчите од првиот тим на кои Ханси Флик не смета, а знаеме кој е прв на таа листа. Се очекува Барселона сепак да се врати на големата сцена кога станува збор за доведување звучни засилувања бидејќи Каталонците сè уште не го решиле ...

Артур Риднеркнеш и Валентин Вашеро ќе играат за титулата на турнирот од Мастерс серијата во Шангај. Веројатно нема ниту еден човек на планетата кој би можел да предвиди дека двајца братучеди, моментално 52-ри и 204-ти тенисер во светот, ќе бидат во финалето на престижниот турнир. По пресвртот, Риднеркнес го победи Данил Медведев со 4:6, 6:2, 6:4 и му се придружи на својот братучед во финалето, кој го победи Новак Ѓоковиќ претходно во текот ...

Ракометарите на Охрид се веќе со едната нога во следната рунда од ЕХФ Европскиот Куп. „Гладијаторите“ приредија вистинска ракометна лекција за Баку и на првиот меч славеа со неверојатни 44-11. Од самиот старт беше јасно кој е господар на теренот. Охрид поведе со 5-1, потоа зголеми на 10-3, а на полувремето веќе имаше убедливи 24-7. Голманот Чаневски одигра меч за паметење – одбрани 22 удари и заврши со 68 % успешност, што беше дополнителен ...

Репрезентацијата на Норвешка продолжува со совршените квалификации и веќе обезбеди место на Светското првенство! „Викинзите“ ја декласираа селекцијата на Израел со убедливи 5-0 (3-0) и ја запишаа шестата победа во исто толку натпревари. Норвежаните тргнаа жестоко и уште во шестата минута имаа пенал, но Ерлинг Халанд не успеа да реализира. Сепак, ѕвездата на Манчестер Сити брзо се поправи – во 27. минута го отвори резултатот, а во меѓувреме ...

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол. По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс и ...

Од денеска, Саша Обрадовиќ официјално е на клупата на Црвена Звезда. Црвено-белите објавија дека Обрадовиќ ја презеде функцијата шеф на тренерскиот штаб и дека потпиша договор со важност до крајот на сезоната 2025/26. Тој го заменува Јоанис Сфаиропулос, кој неодамна беше отпуштен од црвено-белата клупа. Саша Обрадовиќ веќе ја тренираше Звезда во сезоната 2020/21, а сега се враќа во клубот каде што играше порано во својата кариера. Обрадовиќ ...

Ракометарите на Тиквеш доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај турскиот шампион Бешикташ со 31–20 во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот куп, со што речиси ги загубија шансите за пласман понатаму. Кавадарчани отворија добро и поведоа со 2–1 по само три минути игра, но потоа целосно застанаа. До крајот на полувремето успеаја да постигнат само уште еден погодок. Хрватскиот голман Матеј Ашанин блескаше на голот на Бешикташ и ...

Дуелот меѓу Србија и Албанија во Лесковац е најважниот натпревар во Групата К за второто место во квалификациите за Светското првенство. Србија ќе се обиде да ја потврди доминацијата и да обезбеди директен пат во баражот, додека Албанија мора да триумфира за да остане во игра. Натпреварот е прогласен за со висок безбедносен ризик, а билетите не се во продажба. Албанските навивачи нема да можат да присуствуваат, а Србија веќе има намален ...

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол. По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа ...

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија. Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес. Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, ...

По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар. Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ тоа на некој начин го најави. Фудбалерот од средниот ред на Милан верува дека тоа е ...

Наполи е во преговори со Манчестер Јунајтед за доведување на двајца играчи. И двајцата се загрижени поради недостатокот на минутажа и бараат решение пред почетокот на зимскиот преоден рок. Коби Маину, 20-годишниот англиски играч од средниот ред, сè уште не започнал ниту еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона. Неговото барање за позајмица минатото лето беше одбиено, но сега тој разгледува опции да замине во јануари за да обезбеди ...

Интер Мајами, клубот од американската фудбалска лига во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да биде во центарот на најзначајниот трансфер настан во годината. Според информациите објавени од „Мејл Спорт“, американскиот клуб ја истражува можноста за повторно обединување на едно од најпознатите напаѓачки трио во историјата на фудбалот – Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез. Триото, познато под кратенката „MSN“, остави неизбришлив белег ...

Жозе Мурињо е тренер кој го сакаат десетици играчи кои имале можност да работат со него. Сепак, Португалецот е толку единствена фигура што не сите се сеќаваат на него со задоволство. Хенрих Мхитарјан е еден од нив. Ерменецот призна во својата неодамна објавена автобиографија дека „Специјалниот“ се однесувал ужасно кон него. Жозе Мурињо беше способен да го навлече гневот на медиумите и навивачите во секој клуб што го вработуваше. Можеби ...

Кошаркарскиот клуб Цибона донесе одлука да се откаже од настапот во регионалната АБА 2 лига. Како што објавува „Јутарњи“, по долги консултации, загрепскиот клуб донесе одлука да се повлече од лигата. Поради оваа одлука, Цибона нема да игра против ТФТ од Скопје. Натпреварот против ТФТ беше закажан за понеделник во 18:00 часот на „Драженов дом“. По осум години, Цибона се врати на европските натпреварувања со аплицирање за ФИБА Еврокупот, но ...

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, се пофали дека ги оставил зад себе финансиските проблеми што ја мачат Барселона со години. Сепак, вистината е дека нивните сметки сè уште не се целосно расчистени. И не само затоа што сè уште плаќаат кирија на „Монжуик“ додека „Ноу Камп“ се уште се реновира. Имено, Барселона се смета за „неплаќач“ во Европа поради парите што сè уште ги должи за неколку трансфери. Кунде, Рафиња и Левандовски живеат и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
61%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
87%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.81
96%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Цинк

3.29

Алуминиум

3.09

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51