Стивен Џерард е на чекор да се врати на чело на Ренџерс веќе оваа недела, откако одржа позитивни разговори со раководството на клубот. Поранешниот капитен на Ливерпул и Англија е во Лондон за преговори околу сензационалното враќање на „Ајброкс“. Под негово водство тимот ја освои титулата во шкотската Премиер лига во 2021 година, која останува последна за клубот до моментот. Шкотскиот гигант е подготвен да го назначи Џерард по отпуштањето на ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Албанија, Силвињо, истакна дека претстојниот квалификациски натпревар против Србија има посебна тежина и значење за неговиот тим, опишувајќи го како „различен од сите останати“. „Секој натпревар е важен, но овој е посебен. Пред еден месец игравме против Летонија, и ако тогаш не победевме, овој натпревар немаше да има вакво значење. Не можам да кажам дали ова е најважниот натпревар, но дефинитивно ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми без голови (0-0) на гостувањето кај Белгија, го зачува голот на Столе Димитриевски и исполни клучна цел во квалификациите за Светското првенство. И понатаму е на првата позиција во групата. Дефанзивецот Ѓоко Зајков го истакна карактерот на тимот. „Игравме храбро и дисциплинирано. Против такви противници не е лесно да се надигруваме, но покажавме срце за Македонија и успеавме да извлечеме ...

Напаѓачот на Реал Мадрид и капитен на Франција, Килијан Мбапе, ќе го пропушти претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Исланд, поради повреда. Ова го објавија водечките француски медиуми повикувајќи се на информации од стручниот штаб на француската репрезентација. Мбапе нема да настапи на натпреварот на 13 октомври поради повреда на десниот скочен зглоб, која ја заработи синоќа во дуелот со Азербејџан. Тој се ...

Кол Палмер, кој има повреда во препоните, може да ги пропушти натпреварите на Челси против Нотингам Форест, Ајакс, Сандерленд и Вулверхемптон во октомври, доколку неговата состојба не се подобри, објави „Би-Би-Си“. Англискиот репрезентативец се повреди за време на дуелот против Манчестер јунајтед кон крајот на септември и мораше да биде заменет. Менаџерот на лондонскиот клуб, Енцо Мареска, се надева дека Палмер ќе избегне операција. ...

Португалскиот национален тим со две победи во првите два натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026, ја пречекува Ирска на домашен терен. Бруно Фернандеш пред дуелот изјави дека фокусот е на победа и пласманот на Мундијалот. „Нашата цел е да ја победиме Ирска. Потоа и да се квалификуваме. Кога ќе стигнеме на Светското првенство, можеме да почнеме да мечтаеме за светската титула. Секој тим сака да победува, а во кратки турнири ...

Србија и Албанија вечерва во Лесковац ќе го одиграат можеби клучниот натпревар за второто место во групата и пласман кон Светското првенство. Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, уверува дека тимот е подготвен и дека противникот е добро анализиран. „Не можат да нѐ изненадат, знаеме кои промени ќе ги направат. Можеби ќе ротираат поради повреди, но системот останува ист. Ќе играат со четворица во одбраната. Ова е важен натпревар и ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во уште едно полуфинале на Мастерс турнир, но овој турнир во Шангај ќе биде особено запаметен по екстремните услови на влажност со кои се соочуваат играчите. Ноле призна дека само „се обидувал да остане жив“ додека ги совладувал исцрпувачките услови за да стигне до полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај. Со победата од 6-3, 7-5 над Зизу Бергс, 38-годишниот Ѓоковиќ го сруши и сопствениот рекорд ...

Поранешен лекар на норвешката репрезентација откри дека капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, може да биде надвор од терените неколку недели. Минатата седмица, играчот за врска влезе во историјата на Премиер лигата како првиот фудбалер кој бил заменет во првото полувреме на три последовни натпревари како стартер, поради повреда на коленото. Од Арсенал сè уште не откриваат колку долго ќе трае неговото отсуство, но Одегард беше ослободен од ...

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, беше видливо разочаран по ремито без голови (0:0) против Македонија во Гент, но остана спокоен и верува дека неговиот тим сè уште има добра позиција во квалификациите за Светското првенство 2026. Иако Белгија влезе како голем фаворит, македонската одбрана беше перфектна и ја запре селекцијата на Гарсија. „Фудбалерите се бореа до крај и немам што да им замерам. Имавме многу шанси, но Димитриевски бранеше ...

Јувентус го има голманот на Милан, Мајк Мењан, за своја главна трансферна цел следното лето. Тогаш францускиот репрезентативец може да стане слободен агент, пишува „Газета дело Спорт“. „Старата дама“ ќе се обиде да ги искористи тешките преговори меѓу Мењан и Милан, кои досега не доведоа до продолжување на договорот. Челси ја следеше ситуацијата со него ова лето, но голманот реши да остане во Милан под водство на новиот тренер Масимилијано ...

Македонската репрезентација се враќа од Белгија со бод по нерешениот меч (0:0), а голманот Столе Димитриевски ја истакна одличната игра во одбраната. „Беше тежок натпревар, Белгија имаше силна офанзива и постојано нè притискаше. Но, одбраната ни беше перфектна. Игравме без грешка и го исполнивме планот“, изјави Столе Димитриевски. Гледајќи кон следниот меч против Казахстан кој се игра во понеделник во Скопје, Димитриевски додава: „Од првиот ...

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е избран за најдобар играч на Премиер лигата за септември, откако во три натпревари постигна пет гола и една асистенција. Ова е негово четврто признание за најдобар играч на месецот во англиското првенство. „Граѓаните“ во овие три средби забележаа победи над Манчестер јунајтед и Барнли, а ремизираа со Арсенал. Манчестер сити моментно се наоѓа на петтото место на табелата со 13 освоени бодови. Во ...

Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот на групата пред последните два квалификациски меча за Светското првенство 2026. Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од резултатот, особено од играта во одбрана, но предупреди дека има простор за подобрување во организацијата на играта во средниот ред. „Мораме да бидеме реални – ...

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри. Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“. Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари. Избраниците на Благоја Милевски ...

Кошаркарите на Црвена звезда на теренот на европскиот шампион Фенербахче ја забележаа првата победа во сезоната. Црвено-белите славеа во Истанбул со 86:81, во 3. коло од Евролигата. Звезда цело време го контролираше натпреварот, во ниту еден момент Фенербахче не поведе. На крајот имаше мала драма, но тимот од Белград успеа да ја одржи предноста во пенал завршницата. Победата на Црвена звезда добива на значај бидејќи тимот го предводеше ...

Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година. Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90). „Слоновите“ ...

Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година. Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков. Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан. ...

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул. Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции. Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77). Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што ...

Техничкиот директор на Галатасарај, Дурсун Озбек, потврди дека овој клуб добил покана да игра во НБА Европа. „Добивме покана за НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана на ФИБА“, рече Озбек, објави „Јурохупс“. „Тие сакаат Галатасарај да биде дел од оваа лига. Сè уште не е завршено, но добивме покана од организаторите. Ќе ја информираме јавноста за секој понатамошен чекор“, објасни Озбек. У ште еден состанок меѓу ФИБА, Евролигата ...

Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. Словенецот најде време да гостува во емисијата “First we feast”, каде што јадеше пикантни крилца. Словенечкиот кошаркар добро се сеќава на атмосферата од Евролигата, играше во многу сали, но една му остави посебен впечаток. Дончиќ сè уште се сеќава на лудилото што го создадоа навивачите на Панатинаикос кога го носеше дресот на Реал. „Србија, Грција и Турција имаат најдобра ...

Заедно со Винисиус и Џуд Белингам, Килијан Мбапе е меѓу најважните запчаници во машинеријата на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач беше тој што зборуваше за односот што го има со бразилскиот крилен напаѓач. Мбапе и Винисиус делуваат како хармоничен тандем на теренот, а тоа го потврди и најдобриот стрелец на Реал: „Имам многу добар однос со Винисиус, многу подобар од минатата сезона бидејќи се познаваме подобро. Тој е одличен фудбалер и ...

Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити. Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната. Силва не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и ...

Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза го победи Сандерленд и на тој начин Рубен Аморим си купи време на клупата на англискиот гигант. Недолго по победата, ко-сопственикот на клубот, сер Џим ретклиф рече дека Португалецот е сигурен на клупата и дека нема да добие отказ. Сепак, многумина на кои Јунајтед им „чежи на срцето“ со задоволство би му го виделе виделе грбот на Аморим. Еден од нив е и легендарниот капитен Рој Кин. Тој тврди ...

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, кој сè уште не учествувал на тренингот на тимот, ќе отсуствува дополнителни три до четири недели поради ишијас на десната страна од телото, објави тимот во четврток. 40-годишниот Џејмс ги пропушти првите два натпревари на Лејкерс пред сезоната и сè уште не одработил ниту еден тренинг со соиграчите. Доколку Џејмс отсуствува три до четири недели, тој ќе го пропушти отворањето на сезоната против ...

Фудбалската репрезентација на Црна Гора претрпе тежок пораз од 4:0 против Фарските Острови во групата Л и со тоа математички испадна од сите комбинации за пласман на Светското првенство. Кошмарно деби во Торшван имаше новиот селектор, легендата на црногорскиот фудбал, Мирко Вучиниќ. Домашните поведоа во 16-та минута преку Ханус Серенсен, а Арни Фредериксберг го зголеми резултатот на 2:0 во 36-та минута. Истите играчи беа стрелци и во ...

Низ целиот свет, во тек се квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. За потсетување, тоа ќе биде првото Светско првенство на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од сите првенства од 1998 година до денес. Кога станува збор за распределбата на местата на Светското првенство по континенти, ситуацијата е таква што Европа ќе има 16 ...

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Гент (20.45 часот) ќе и се спротивстави на Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Македонија во Белгија дојде како првопласирана селекција во групата, на што селекторот Благоја Милевски е посебно горд. Тој верува дека неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе. „Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не ...

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави. Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес. Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
61%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
87%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.81
96%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Калај

48.78

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78