Градоначалниците на Белица и Јакоруда, Радослав Ревански и Мехмед Вакљов, на 20 август ги примија своите колеги од Северна Македонија, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, и градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, јавува Пиринско. На средбата се разговараше за тековниот прекуграничен проект за подобро искористување на природното и историското наследство и за зголемување на туристичката привлечност на регионот. ...

Алекс Ледсом/Форбс/БГНЕС Бугарија воведе нов режим за престој на дигитални номади, кој им овозможува на одредени државјани на земји надвор од ЕУ, ЕЕП и Швајцарија да живеат и да работат од далечина од земјата, без да бидат поврзани со бугарски работодавач или клиенти. Новиот режим е дел од измените во бугарското законодавство за странци, со кои се создава можност за издавање дозвола за престој на „дигитален номад“. Целта е да се привлечат ...

Овогодишното издание на „Гала во Софија“ ќе се одржи на 23, 25 и 27 август на плоштадот пред храмот-споменик „Св. Александар Невски“, со настапи на Шарл Б, Соња Јончева, Јонас Кауфман и Дејвид Гарет, јавува 24 часа. Манифестацијата ќе почне на 23 август со бесплатната забава „Unlimited“ на францускиот диџеј Шарл Б, кој првпат гостува во Бугарија. Неговиот проект „Classical Meets Techno“ ги спојува делата на Вивалди, Моцарт и Бетовен со ...

Во бугарскиот град Габрово почнува националното одбележување на 149-та годишнина од борбите на врвот Шипка за време на Руско-Турската ослободителна војна (1877-1878) познати како Шипченската епопеја, под покровителство на претседателката на Бугарија Илијана Јотова, јавува БНТ. Вечерва на плоштадот „Преродба“ ќе настапи Репрезентативниот ансамбл на Вооружените сили на Бугарија, а централната свеченост ќе се одржи утре 22 август, кај Споменикот ...

Во болницата во бугарскиот град Хасково почна монтажата на првиот од 17 компјутерски томографи од новата генерација, наменети за дијагностицирање цереброваскуларни заболувања во регионалните болници во Бугарија, јавува БНТ. Станува збор за томограф Somatom X.cite на „Сименс“, кој ќе овозможи брзо откривање мозочен удар и процена на пациентите погодни за тромболиза или за ендоваскуларно лекување. „Ова е првата монтажа на ваков скенер, кој ќе ...

Група од педесетина деца од Босилеград утрово замина на традиционален десетдневен летен одмор во туристичкиот комплекс Равда во Бугарија, јави преку социјалната мрежа Facebook, Иван Николов, прв човек на КИЦ „Босилеград“. Летувањето се организира веќе три децении со финансиска поддршка од Народното собрание на Бугарија и во партнерство меѓу Културно-информативниот центар „Босилеград“ и Националниот центар за ученички одмор, туризам и спорт. ...

Документарниот филм „Силви Вартан. Од љубов“ ќе го отвори Меѓународниот фестивал на документарен историски филм DOCK, кој ќе се одржи од 17 до 22 септември во Бургас, јавува Радио Бугарија. Режисерка на филмот е Ема Константинова, а сценариото е на Георги Тошев, кој е и негов продуцент. Тошев лично ќе го претстави остварувањето пред публиката во Бургас. Филмот го следи необичниот животен пат на девојчето од бугарското село Искрец до светските ...

Бугарскиот премиер Румен Радев разговараше телефонски со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за безбедносната состојба во Европа и за евентуалниот ризик од агресивни дејства на Иран, за кој известуваат странски медиуми, јавува БГНЕС. Руте ја потврдил целосната поддршка и подготвеноста на одбранбените сили и капацитети на НАТО во регионот да реагираат и да ја неутрализираат секоја закана кон земјите членки. Како доказ за подготвеноста на ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници. Предметот беше оформен на 10 ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ ќе побара зголемување на платите во повеќе сектори, со посебен фокус на здравството и образованието. Филипче порача дека основните плати на специјалистите и лекарите во здравството треба да се зголемат за 40 проценти, по примерот на мерките што СДСМ ги реализираше во првите две години од своето владеење. „Ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме и го ...

Апелацискиот суд во Штип ја отфрли жалбата на Ива Михаилова против одлуката на Основниот суд во Кочани, со која не ѝ се дозволува да го напушти градот и да отпатува на лекување во Бугарија, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ). Одлуката е конечна, а во истата се наведува дека „против неа не е дозволена жалба“. Според Апелацискиот суд, медицинското мислење го потврдува постоењето на здравствено оштетување, но не докажува во доволна ...

По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот. Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и материјалната евиденција, ниту се преземени ...

Центар за управување информира за состојбата со пожари на отворен простор до 13:00 часот. Според ЦУК, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација). Општина Крушево: с. Белушино и с. ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на, како што велат, обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси. АВМУ, потенцираат од таму, постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. „Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да ...

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата. Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и за состојбите и проблемите со кои се ...

Бугарија планира да создаде електронски информативен портал за Бугарите во странство кои сакаат да се вратат во земјата, беше соопштено по средбата на заменик-министерот за надворешни работи Христо Дикански и директорката на Извршната агенција за Бугарите во странство, Рајна Манџукова, јавува Радио Булгарија. Порталот на едно место ќе нуди практични информации за образованието, здравството, административните услуги и можностите за вработување ...

Во понеделник, 24 август, во Собранието, со почеток од 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Настанот ќе го отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидено е обраќање на членови на Интерпартиската парламентарна група, како и на амбасадорката на Украина, ...

На 24 август (понеделник), во рамките на „BookStar 2026“, во Скопје ќе гостува познатата филозофка, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија. Нејзиното гостување ќе го означи и првиот официјален преднастан на годинашното издание на меѓународниот книжевен фестивал „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „ЧУМУ СЛОБОДА?“. Ипи во Скопје доаѓа како авторка на книгата „Слобода“ (Free), дело во кое преку ...

Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата, соопштија од партијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, ...

Сузана успешно го заврши образованието во софискиот Образовен комплекс „Цар Симеон Велики“, откако во изминатите години добиваше поддршка за своето образование и развој во Бугарија од д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарска памет“, јавуваат од Фондацијата. Сузана, ќерката на починатата Спаска Митрова, е примена на студии по медица во Софија. Овој настан претставува среќно продолжение на една животна приказна која со години беше следена од ...

Подготовките на Бургас за домаќин на Евровизија 2027 влегоа во оперативна фаза, а бугарската Влада годинава ќе обезбеди околу 20 милиони евра за организацијата на натпреварот, јавува БГНЕС. Од вкупната сума, 15 милиони евра се наменети за потребната гаранција, а остатокот за инфраструктура, транспорт, сместување, логистика, техника и туристичка промоција. Дополнителни средства ќе бидат предвидени во буџетот за 2027 година. Ова беше соопштено ...

Археолозите во средновековниот град Русокастро, во близина на Бургас, открија 17 керамички садови во објект покрај југозападниот крепосен ѕид, кој изгорел во силен пожар околу средината на XIV век, јавува БГНЕС. Садовите биле наредени на полици покрај голема печка, а по пожарот паднале на подот и останале затрупани со јаглен и камења. Иако се фрагментирани, нивните делови не биле разместени, што ќе овозможи целосна реставрација. Меѓу наодите ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...

Објавата на Brass Brothers дека се подготвени да застанат на евровизиската сцена предизвика лавина од коментари и реакции на социјалните мрежи. Но, зад целата приказна се отвора едно интересно прашање: дали потенцијалните кандидати треба сами да покажат иницијатива и јавно да кажат дека се подготвени за ваков предизвик? Можеби токму тоа е начинот да се подигне нивото, да се разбуди домашната музичка сцена и да се охрабрат нови артисти со ...

Проф. д-р Спас Ташев ВТОРА ГЛАВА БУГАРСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА И МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЈНОСТ НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА 2.2. Македонската емиграција по Втората светска војна По избувнувањето на Втората светска војна, Германија настојува да ја привлече Југославија кон Тројниот пакт. Како поттик, Берлин му ветува на Белград дека, по очекуваниот пораз на Грција, ќе добие излез на Егејското Море преку ...

Бугарскиот пејач Криско и репрезентативци од машката одбојкарска селекција ја почнаа кампањата „Еден тим. Еден нација.“ во пресрет на Европското првенство во 2026 година, јавува БГНЕС. Во центарот на кампањата на партнерот на Бугарската одбојкарска федерација, VB RAGS, е песна напишана и изведена од Криско, придружена со видеоспот во кој учествуваат бугарските одбојкари. Песната ќе ги придружува навивачите за време на првенството. „Кога игра ...

Андраш Бака, поранешниот претседател на Врховниот суд, денес ја презеде функцијата претседател на Унгарија, откако парламентот го избра на 11 август. На предлог на владејачката партија Тиса, тој доби поддршка со тајно гласање од 140 пратеници, додека шест беа против, објави МТИ. Опозиционите партии Фидес и Христијанско-демократската народна партија (КДНП) не учествуваа во гласањето, наведувајќи дека сметаат дека претходното разрешување на ...

Најновиот филм на агенцијата БГНЕС, „Лазечките граници на Српскиот свет“, ја анализира политиката на Белград кон српските заедници надвор од границите на Србија и улогата на државните институции, образованието и Српската православна црква во нејзиното спроведување. Филмот ќе биде објавен на 1 септември, пишува БГНЕС. Во фокусот е Сесрпскиот собор, одржан на 8 јуни 2024 година во Белград под мотото „Еден народ, еден собор – Србија и Српска“. ...

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија, истакнуваат од оваа партија. Дел од таа операција оди, како што велат и преку „Ало медиа“ групацијата која, според партијата, пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. „Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска ...

Традиционалниот единаесетти пограничен собир „Свети Никола“ ќе се одржи на 22 август во месноста меѓу бугарското село Равно Буче и српското село Црни Врв, јавува Фар.рс. Граничниот премин за учесниците ќе биде отворен од 10 до 21 часот, а посетителите треба да носат лична карта. Во програмата се предвидени музички и спортски настани, како и традиционални јадења, меѓу кои војнички грав, гулаш и српска скара. Собирот е посветен на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35