Русија изврши нов ноќен напад со дронови врз украинскиот главен град Киев, при што беа погодени две станбени згради. Според податоците на Државната служба за итни случаи на Украина, тројца луѓе загинаа, а 29 се повредени, меѓу нив и седум деца. Според очевидци, повеќе експлозии одекнале околу 2:35 часот по локално време, а украинските власти потврдија дека за време на нападот била активирана противвоздушната одбрана. Градоначалникот на Киев, ...

Неколку дена по спектакуларната провала во Лувр во Париз, дел од вредниот накит на музејот беше префрлен во Банката на Франција од безбедносни причини. Сè уште не е јасно кои експонати се преместени, но се вели дека се преместени крунските скапоцености изложени во галеријата Аполо и друг накит. Овој потег доаѓа по смелата кражба минатиот викенд, кога Лувр беше евакуиран и затворен откако четворица маскирани крадци провалија во галеријата ...

Поранешната потпретседателка на САД – Камала Харис, навести дека би можела повторно да се кандидира за претседател во 2028 година, велејќи за Би-Би-Си дека сè уште се гледа себеси како личност со иднина во политиката и покрај поразот од Доналд Трамп на минатогодишните избори. Во своето прво интервју во Велика Британија, кое ќе се емитува во недела, од кое извадоци се споделени на веб-страницата на радиодифузерот, Харис рече дека е уверена ...

Ниту едно регионално политичко или безбедносно прашање, од Сирија до Газа и од Персискиот Залив до конфликтот меѓу Русија и Украина, не може да се реши без учество на Турција, изјавил денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави државната новинска агенција Анадолија. На завршната сесија на „Средбите на векот на Турција“ во Конгресниот центар во Истанбул, Ердоган рече дека Турција станала „почитуван глас и во регионот и на глобално ...

Од земјите од поранешна Југославија, Србија чува најмногу, дури 41 тони злато, по што следуваат Северна Македонија со седум тони, Словенија со околу три тони, Хрватска со 1,75 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони, поажуваат официјалните податоци што ги објави хрватскиот RTL. Ако чувате злато во кутија за темните денови, можеби сега е време да го продадете, бидејќи златото никогаш не вредело повеќе. Можеби вреди да се почека малку подолго, ...

Денеска, општина Центар предводена од градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и хигиеничарите го чистеа сметот во Општина Центар. Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени со смет. Од општината потенцираа дека чистењето почнало од Буњаковец и продолжило на повеќе ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги снемува ресурсите за продолжување на војната во Украина и дека е време да се зголеми притисокот врз Русија за постигнување праведен мир. Тој ја даде изјавата на прес-конференција по состанокот на Коалицијата на волјата во Лондон. „Му снемуваат пари, војници и идеи“ Руте верува дека ситуацијата на контактната линија јасно ја покажува неефикасноста на ...

Амбасадата на Сојузна Република Германија во Србија со одоговрност се поклони пред жртвите од Крагуевачкиот масакр од 1941 година. „Денес се сеќаваме на жртвите од масакрот во Крагуевац во 1941 година. За време на германската окупација на овој ден убиени се илјадници цивили меѓу нив и многу ученици. Со тага се поклонуваме пред жртвите. Ова сеќавање не предупредува да преземеме одговорност и да се залагаме за мир и човечност“ стои во објавата ...

Два земјотреси го погодија округот Вранчеа, во источна Романија, утрово, објави Националниот институт за физика на Земјата (INFP). Според INFP, првиот земјотрес е регистриран со магнитуда 4,19, а вториот со магнитуда 5,11, двата со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала, објави „digi24“. Епицентарите биле во близина на Фокшани, Бузау, Сфанту-Георге и Брашов, на длабочина од околу 130 километри. Ова е трет земјотрес во Вранчеа оваа ...

Во главниот град на Малезија, Куала Лумпур денес делегации од Кина и САД се сретаа за да дискутираат за економски и трговски теми. Состанокот доаѓа по нарушени трговски односи меѓу двете земји, оптоварени со меѓусебни зголемени царини и намалувања на извозот. Според изјавата на портпаролот на кинеското Министерство за трговија, двете страни ќе разговараат за клучните проблеми поврзани со економските и трговските врски, „во согласност со ...

Пред девет дена група студенти од Нови Пазар пеш тргна на пат до Нови Сад со цел таму да стигнат на големиот собир закажан за први ноември, на годишнината од падот на настрешницата на железничката станица. Девет дена и по десеттици километри поминати дневно, студентите немаа никава полициска заштита, ниту пак безбедносна претходница. Но синоќа, пред влезот во населеното место Косјериќ, полицијата им се придружи но не да ги заштити, туку среде ...

Свеченото отворање на „Есенските музички свечености“ 2025 ќе се одржи со концерт на Македонскиот национален џез оркестар, насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов. Настапот е закажан за вечерва со почеток во 20:00 часот, на сцената на Малата сала на Филхармонија. Проектот „Македонски сновиденија“ претставува динамична фузија на македонскиот фолклор и современ џез, која ги истражува богатите културни ...

Со поместување на часовниците за еден час наназад, од 3 на 2 часот, ноќва, сабота кон недела, завршува летното сметање на времето, а започнува зимското кое ќе трае до Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд на март, кога часовникот повторно се поместува еден час понапред. Различни прописи за летно сметање на времето беа стандардизирани во Европската Унија во 1996 година, ...

Руските ракетни и беспилотни летала утрово убија две лица, а неколку други беа повредени во неколку области на Украина, објавија локалните власти. Локалните власти во Дњепропетровск соопштија дека во нападите загинале две лица, а седум биле повредени. „Избувнале пожари. Оштетени се станови и приватни згради, помошна зграда, продавница и автомобил“, додадоа властите. Изминатата ноќ, Русите исто така, го нападнаа и Киев, оштетувајќи згради и ...

Двајцата ќе раководат со војно-цивилниот координациски центар, формиран оваа недела во Киријат Гат, на југозападот на Израел. Овој центар, кој е под американска надлежност, има задача да го надгледува спроведувањето на примирјето што стапи во сила на 10 октомври меѓу Израел и движењето Хамас, како и да ги документира сите негови прекршувања. Дополнително, центарот ќе го следи пристигнувањето и распределбата на хуманитарната помош за цивилното ...

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, нареди распоредување на носачот на авиони „Џералд Форд“ и придружните воени бродови во областа на Јужната команда на САД (USSOUTHCOM), објави денес Пентагон. „Зголеменото присуство на американските сили во зоната на одговорност на USSOUTHCOM ќе ја зајакне способноста на САД да откриваат, следат и спречуваат нелегални актери и активности што ја загрозуваат безбедноста и ...

Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешна шефица на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска изјави дека реформата на Советот за безбедност на ОН „одамна требаше да се спроведе“, но дека не очекува напредок за време на нејзиниот мандат. -Тоа нема да се случи за време на мојот мандат, изјави Бербок за бриселскиот портал Политико, а напредокот, како што нагласи, мора да се постигне „во мали чекори“, преку ...

Отворањето ќе биде одбележано со проекцијата на култниот филм „Контрола“ (Control, 2007) на режисерот Антон Корбајн, познат по својата уникатна визуелна естетика и инспиративни биографски приказни. Корбајн, кој е и лауреат на овогодинешното издание на фестивалот, ќе биде централна фигура на отворањето. Организаторите најавуваат вечер исполнета со филмска магија, уметност и инспирација, а публиката ќе има можност да го почувствува духот на ...

Целвечерен концерт на „Никола Бочваров квартет“ ќе се одржи во вторник, на 28 октомври 2025 година во 20 часот, во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар – Скопје. Овој квартет се издвојува како еден од најиновативните и најенергични џез состави на регионалната сцена, познат по оригиналната музика што умешно ги спојува различните стилови и културни влијанија. Составот го сочинуваат: Активен од 2020 година, квартетот бележи настапи на ...

Маж денеска активира експлозивна направа на железничка станица во украинскиот град Овруч, при што загина тој и уште три жени, а 12 луѓе се повредени. Според полицијата 23-годишниот маж, кој ја активира експлозивната направа неодамна се обидел илегално да замине од Украина. По руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, на мажите на возраст од 18 до 60 години им беше забрането да ја напуштат земјата. Илјадници од нив се обидоа ...

Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“, ќе се одржи во Прилеп на 26 октомври (недела), со почеток во 11 часот, во кино „Мис Стон“ во склоп на Домот на културата „Марко Цепенков“. Панелот ќе може да се следи и во живо на следниот линк: https://youtube.com/channel/UCzOX1KEu6ZBm14DqFasVMjA?si=MWcOfrO5OjMDZd_O Во дискусијата ќе учествуваат министерката за ...

Фестивалот РУТА (Регионална унија на театри) започнува утре во Драмски театар Скопје, со претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ. Претставата е копродукција меѓу ансамблите на Драмски театар Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалиште Љубљанско и Центар за култура Тиват, а во неа настапуваат актери од целиот регион: Лазар Христов, ...

Во сабота, 25 октомври 2025 година, со почеток во 12:00 часот, Музејот на современата уметност – Скопје ќе го одржи редовното „МСУ матине“, кое овојпат вклучува кустоска тура „МСУ водич“ со кустосот Бојана Јанева. Посетителите ќе имаат можност да поминат поинакво и инспиративно саботно попладне со прошетка низ три самостојни изложби што моментално се поставени во музејот: По завршувањето на водичот, програмата продолжува со музички блок на ...

Меѓународните безбедносни сили што ќе бидат распоредени во Појасот Газа според условите на договорот за прекин на огнот ќе мора да бидат составени од земји на кои Израел „нема да има забелешки“, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Израел. Тој додаде дека идното управување со Појасот Газа сè уште не е финализирано помеѓу Израел и партнерските земји, но нагласи дека тоа не може да го вклучува Хамас. ...

Кралот за прв пат организираше церемонијален пречек за претседателот на Украина, Володимир Зеленски во замокот Виндзор. Чарлс, кој се врати од државна посета на Ватикан во четврток, го покани украинскиот претседател на аудиенција во петок наутро. Зеленски е во Велика Британија на состанок на „коалицијата на добронамерници“ во петок попладне, каде што украинските сојузници ќе разговараат за тоа како да го зголемат притисокот врз Путин. Ова е ...

Причината за ова време е јужното и југозападното струење кое донесе топла и влажна воздушна маса над нашата земја. Локални врнежи од дожд се регистрирани низ повеќе региони, а најинтензивни биле во западните предели. Ветерот од јужен и југозападен правец е засилен, на моменти и силен, што придонесе за динамична и нестабилна утринска атмосфера. Според податоците од УХМР, утрово до 8 часот минималните температури се движеа значително над ...

Под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од Македонија, продолжува периодот на многу променливо време. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината поради силното јужно и југозападно струење на висина, кое носи топол воздух од југозапад кон нашата земја. Се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни во понеделник и вторник (27 и 28 октомври). На овие денови, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја информира Конгресот за плановите за напади на копнени цели на нарко-картелите во Венецуела, со што сака да ја прошири досегашната морска воена кампања, јавува New York Post. „Ќе одиме во Конгресот. Не гледам ништо лошо во тоа – нема причина да не одиме“, изјави Трамп пред новинарите, истакнувајќи дека во претходната федерална операција се уапсени околу 3.200 лица поврзани со ...

Големо невреме ја зафати Далмација и други делови од Хрватска доцна синоќа. Силна бура погоди делови од Осиечко-барањскиот округ, оставајќи илјадници жители без струја поради прекини во електричната мрежа. Според хрватските медиуми, пожарникарите работеле цела ноќ за да ги отстранат паднатите дрвја и другите пречки од патиштата. Пожарникарите во Загреб интервенирале на 66 повици. Повеќето од нив вклучувале отстранување на паднати дрвја, ...

Науседа објави дека Министерството за надворешни работи на Литванија ќе ги повика претставниците на руската амбасада во Вилнус за да им врачи официјален протест. „Ова е очигледно прекршување на меѓународното право и територијалниот интегритет на Литванија. Повторно се потврдува колку е важно зајакнувањето на европската противвоздушна одбрана“, напиша претседателот на социјалната мрежа X. Инцидентот се случува во период на засилени тензии меѓу ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.58
30%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.37
35%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.32
39%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.13
39%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.5
51%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
7.15
47%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
2.78
24%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.04
34%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
3.58
41%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
37%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.96
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Рутениум

53852.50

Бакар

13.23

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Калај

56.36

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Платина

56038.75

Кобалт

56.29

Злато

139576.04

Цинк

0.00

Сребро

2044.16