Емотивно и со многу восхит и почит, долги аплаузи им подари прилепската публика синоќа на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Длабоки наклони, благодарност и нескриени емоции на сцена споделија актерите наградени за животно дело – Снежана Коневски-Руси, Соња Михајлова и Гоце Тодоровски. Тие добија награди изработени од прилепски мермер од „Крин про“ од Прилеп. Ова издание на ...

Маестро Даутовски настапи со неговиот син Ратко, докажан перкусионист, претставувајќи нов материјал и композиции, кои за прв пат се изведуваат на голема сцена. Беше тоа музички дијалог на двајца виртуози, патување низ неправилните ритми на македонската традиционална музика, како и низ пасажи кадешто се спојуваат Истокот и Западот Пишува: Александра Јуруковска „Чест ни е што фестивалот го отвора Драган Даутовски, музичар, професор и мајстор ...

Во Младинскиот културен центар во Скопје денеска во 17 часот почнува 3. издание на меѓународниот фестивал на деветтата уметност „Стрип трип“. Главен гостин на фестивалот е реномираниот стрип-автор Рајнхард Клајст од Германија, познат во светски рамки со графичкиите биографии за Дејвид Боуви, Ник Кејв и Џони Кеш, како и графичките романи „Боксерот“ и „Олимписки сон – Приказната за Самија Јусуф Омар“. Клајст ќе настапи на „Стрип трип“ со ...

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Черндодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени. На изведбата ...

Секоја прва сабота во месецот е бесплатен влезот во Археолошкиот музеј во Скопје. Искористете го денот и наушете нешто за макеоднското културно наследство и за нашите предци. Постојаната поставка е поделена на: предсториска, античка и археологија на среден век и на средновековен и османлиски период. Ќе ги видите и одделенијата за нумизматика, епиграфска и камена пластика, антропологија и археолзоологија. Археолошкиот музеј презентира движно ...

Во Уметничката галерија во град Созопол вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Графички коментари и сликарски реминисценции“ на ликовните уметници Иво Пецов и Марјан Ѕингаров. Изложените дела – графики и слики претставуваат извадок од најновите творечки преокупации на двајцата автори. Изложбата е дел од програмата на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, како и дел од програмата на Македонскиот културно-информативен центар во ...

„Брз е векот“ е настанот со кој денеска во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат одбележани четири јубилеи поврзани со поранешни членови на Друштвото: Живко Чинго, Ташко Георгиевски, Ката Мисиркова-Руменова и Тодор Чаловски. На животот и делото на овие автори ќе нè потсетат, и извадоци од нивни дела ќе прочитаат писателите: Славе Ѓорѓо Димоски, Гоце Ристовски, Љубинка Донева и Марина Мијаковска. Одбележувањето на ...

Во кафе-барот „Шила“ во Охрид, утревечер во 18 часот ќ биде претставена издавачката куќа „Илика“, која својата работа ја започна пред помалку од две години со своја кафе-книжарница во центарот на Скопје. На настанот ќе учествуваат уредничката Катерина Шекутковска и поетесата Александра Спасеска, а модератор ќе биде Јордан Коцевски. Притоа, на настанот ќе бидат достапни за купување сите изданија на „Илика“. Ќе се разговара за идејата зад ...

Славниот италијански автор Паоло Сорентино е годинашен добитник на признанието „Почесно Срце на Сараево“ и во рамките на програмата „Посветено на“ (Tribute to) ќе биде прикажана ретроспектива на неговите филмови. Фестивалот ќе му оддаде почит за неговиот извонреден придонес кон филмската уметност. Сорентино, исто така, ќе одржи и мастер клас, каде што ќе ги сподели своите размислувања за уметноста денес во разговор со публиката. „Длабоко сум ...

Библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија ќе одбележи 80 години од официјализирањето на македонскиот правопис со настан вечерва во 19 часот во хотелот „Аполонија“. Ќе се обратат проф. д-р Димитар Пандев и Мишо Китаноски. Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулира своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година, а усвоена на 5 мај 1945 година од Народната влада на федерална Македонија. По ова, Правописот на ...

Во Abstract Project Gallery во Париз денеска во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Реминисценции“ од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски. Тој ќе се претстави со серија дела работени во изминатата година – слики и дела на хартија работени во комбинирана техника и поставени како просторна инсталација. Според Сандра Деспотовиќ, кустос и историчар на уметност, изложбата „Реминисценции“ ја означува најновата ера во креативните дела на ...

„Дигитализација на културното наследство во Македонија: предизвици, искуства и перспективи“ е насловот на советувањето за дигитализација на културно наследство што ќе се одржи во среда (4 јуни) во 10 часот на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Презентациите ќе опфатат неколку теми: – Преглед на законската регулатива, стратегии и активности поврзани со дигитализацијата на културното ...

На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска од 10 часот се одржува советување на тема: „Дигитализација на културното наследство во Македонија: предизвици, искуства и перспективи“. Презентациите ќе опфатат неколку теми: Преглед на законската регулатива, стратегии и активности поврзани со дигитализацијата на културното наследство, логата на Управата за заштита на културното наследство во ...

Во Музејот на град Скопје денеска во 19 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Секојдневен живот“. Ќе бидат претставени вкупно 60 фотографии од тројца локални аматерски фотографи, Хусамедин Гина, Лејла А. Куртов и Ердем Ахмед. Секој автор ќе се претстави со по 20 дела. Преку објективот на авторите, публиката ќе може да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика. Целта на изложбата е ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи гала концерт вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип. Публиката ќе проследи програма која ги слави македонската народна традиција, фолклор и музичко наследство. – Со карактеристичната енергија, прецизна изведба и богат сценски израз, „Танец“ ќе ја претстави разноликоста на македонските народни игри и песни кои се дел од нашето културно богатство – велат ...

„Калигула“ е жив доказ дека еден театар не е зградата каде што се креираат претставите. Театарот се луѓето внатре, уметничкиот и техничкиот сектор заедно. Со „Калигула“ секој еден од екипата порасна и професионално и приватно за неколку нивоа. Секоја потешкотија и немањето услови за работа само нè натера да ги преминеме границите на креативност кои реално луѓето сами на себе си ги наметнуваат – вели актерот од Кумановскиот театар. Малку се ...

Специјалната „Стериина награда“ за колективна актерска игра на 70. Стериино позорје ја доби ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ ...

„Просторност и темпоралност“ (Spatiality and Temporality) е насловот на изложбата на уметничките Татјана Миљовска, Валентина Поцеска и Виолета Чаповска што ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Изложбата ќе ја отвори д-р Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка на визуелна култура. Ова е прва соработка меѓу трите еминентни уметнички. Во фокусот на нивната изложба се истражувањата на заемните ...

Редици луѓе утрово чекаат за да купат влезници за претставите на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од 6 до 13 јуни ќе се одржи во Прилеп. Утрово во 10 часот започна продажбата на влезниците за 13-те претстави од официјалната и од независната селекција. Влезници можат да се купат и со онлајн-продажба. Ретко кој град или манифестација може да се пофали со таков интерес за посета на каков било фестивал. Исто така, ...

Кога со вас имате шестмина средношколци, некои од нив малолетни, одговорноста е огромна. Притисокот дополнително расте кога сте на речиси 10.000 километри од дома, а снемува опции за излез од настанатата состојба. Купувањето нови авиобилети во еден момент изгледаше како единствена опција, а тоа ќе нè чинеше вртоглави 13.000 евра, раскажува проф. д-р Миха Буклески Што правите кога сте 10 илјади километри далеку од дома, одговорен за шест млади ...

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, во големата сала-сутерен, вечерва во 19 часот, ќе биде отворена завршна изложба на дела изработени од членови на ликовното студио под менторство на академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски. Исто така, ќе бидат доделени дипломи за учебната 2024/2025 година. Ликовното студио прославува дваесет години успешно работење, а студиото за креативно пишување, под менторство на Дијана Петкова ќе ...

На големата сцена на Македонскиот народен театар утревечер во 20 часот ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија”, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува Роза ...

Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград – „Допир на Македонија“, здружението ,,Македониум“, со поддршка на македонската Кинотека и Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, организира Ревија на филмови посветена на Љубиша Георгиевски. Дводневната ревија посветeна на истакнатиот театарски и филмски уметник, професор и културен деец кој остави длабок печат во македонската уметност, ...

На поткровјето на „Јавна соба“ утревечер во 19 часот ќе се одржи премиерата на новата детска театарска претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“. Претставата која е поддржана од Министерството за култура и туризам е базирана на втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на македонската авторка Наташа Дукоска. Оваа премиера воедно претставува и промоција на истоимената сликовница во издание на „Чудна шума“. Со оваа ...

Изложбата има меморијален карактер и е посветена на прерано починатата позната македонска вајарка Гордана Хаџиниколова-Малашев, а посетителите на КИЦ во Белград изложбата ќе можат да ја погледат до 9 јуни. Пред бројни љубители на ликовната уметност и во исклучително емотивна атмосфера, синоќа во Македонскиот КИЦ во Белград, беше отворена изложбата на Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот, насловена како „Насликани зборови“. За уметничкиот опус ...

Солидарноста во медиумскиот свет е многу важна. Неизмерно сме им благодарни на колегите од Трн.мк, кои отстапија простор и време за нашата приказна да стигне подалеку. Посебна благодарност упатуваме до новинарката Александра Тодоровиќ и главниот уредник Васко Лазаревски. Веруваме дека само заедно сме посилни. Прочитајте го текстот на Трн.мк, како и видеото што тие го снимија со нас, основачите на Умно.мк, Весна Ивановска Илиевска и Сребра ...

На 38 години во Гевгелија вчера почина ликовниот уметник Сотир Хаџи-Николов. Неговите колеги уметници од Друштвото на ликовните уметници на Гевгелија со едноминутен молк синоќа во Уметничката галерија Амам ја посветија годишната изложба нему. Изложено е и негово дело. Сотир Хаџи-Николов дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Беше член на ДЛУГ Гевгелија, како и на центарот „Мултимедија“. Учествувал на ...

Во културно-историскиот објект Сули ан вечерва во 19 часот ќе почне програмата за одбележување на годишната изложба на Факулететот за ликовна уметност во Скопје. Програмата започна синоќа со дел што се одржа во кампусот на Педагошкиот факултет. Во 19 часот во Сули ан студенти од ФЛУ и групата „Калико“ ќе имаат музички настап. Ќе им бидат врачени дипломите на најуспешните студенти од четврта година. Ќе бидат отворени изложби во сите ателјеа и ...

Ви го споделуваме обраќањето на Калина Малеска, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2024 година. Наградата и беше врачена завчеравечер во Драмскиот театар од Скопје Пишува: Калина Малеска Во романот „Тешки времиња“ од Чарлс Дикенс, Томас Гредграјнд, кој води училиште што го моделира според своите визии за тоа како би требало да изгледа училиште за пример, ги предупредува учителите да избегнуваат употреба на имагинацијата. „Учете ги ...

Поддршка за 7. Балканска олимпијада по физика за средношколци што ќе се одржи во Македонија ќе даде и Министерството за образование и наука. Од МОН велат дека ќе се водат според измените и дополнувањата на Законот за средно образование, кој предвидува 10 отсто од вкупниот буџет потребен за реализација на меѓународен натпревар во земјава, но сумата не може да изнесува повеќе од 10.000 евра. – Ќе ја поддржиме 7. Балканска олимпијада по физика ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.98
87%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
83%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
47%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Калај

43.91

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44

Бакар

10.65

Платина

61858.04