Членови на Друштвото на писателите на Македонија денеска во 16 часот во германскиот конзулат во Истанбул ќе бидат претставени во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал ITEF 2025. Станува збор за добитниците на годишните награди на ДПМ за 2024 година: Жарко Кујунџиски („Стале Попов“), Иван Антоновски („Ванчо Николески“), Наташа Аврамовска („Димитар Митрев“) и Гордана Јовиќ-Стојковска („Мост“), како и претседателот на ДПМ, Живко ...

Деновиве во издание на „Прозарт медиа“ од печат излезе поетската книга „30 современи грчки автори“. Се работи за превод на 30 песни од автори од Грција, во избор на издавачката куќа „Вакхикон“. Според зборовите на уредникот на „Вакхикон“, Несторас Пулакос, ова е збирка што ќе ја долови богатата поетска продукција, но и ќе ги прикаже трендовите на поетската сцена во Грција Препевот на книгата е на Петар Андоновски. За книгата, уредникот на ...

91. Критична маса во Скопје вчера се организираше низ скопските улици. Неколку стотици ентузиајсти, од најмали до возрасни вртеа на педалите заедно за подобра велосипедска инфраструктура. Организатори се „На точак“ . Турата започна од плоштадот „Македонија“, а се реализира токму на Меѓународниот ден на велосипедот. – Од мај 2012-та досега 90 пати сме ја возеле „официјалната“ критична маса групно по улиците праќајќи осмислена порака важна за ...

Книгата „Актерот и просторот“ на легендарниот режисер Деклан Донелан, во негово лично присуство, ќе биде промовирана денеска во 12 часот во Театарот Комедија. Станува збор за капитално театролошко издание, што на македонски јазик го подготви и издава Театарот Комедија. Ова е уште едно од нивните театролошки изданија, со што ја збогатуваат македонската театролошка ризница, воопшто. Преводот е на Бисера Бендевска, а промотор ќе биде Иван ...

Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Ана Ќупева, студентка по медицина, волонтерка во Европскиот волонтерски корпус на солидарноста Секој млад човек пишува своја приказна. Независно колку сме успешни во тоа што го правиме, колку многу вложуваме на нашиот пат – вредноста на создавањето некакво дело е бесценета. Тоа ...

Фестивалот на краток филм „Филмај“ ќе се одржи вечерва и утревечер во 20 часот во Занаетчисткиот дом во Куманово. Ќе бидат прикажани наградените филмови: турскиот „Скоро целосна измислица“ од Чансу Бајдар, рускиот „Достоинствено“ со Никита Белај како директор на фотографија, „Дрвја намачкани со катран“ (Данска) по сценарио на Михаел Кунов, заедно со најдобриот домашен филм „Прошетка“ во режија на Елеонора Венинова. Ќе биде прикажан и ...

Македонскиот КИЦ во Белград утревечер во 19 часот ќе биде домаќин на изложбата „Насликани зборови“, со познатите македонски уметници Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот. И двете долги години градат успешни уметнички кариери, во две, не толку блиски уметнички области, а индивидуално имаат изложувано како во регионот, така и низ Европа и САД. Што е тоа што ги спојува во заедничката концепција со која ќе се претстават пред љубителите на ...

Краткиот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски освои 5 награди и се прикажуваше на 18 фестивали во земјава и странство, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот Интернационален филмски фестивал во Оденсе, Данска, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет. Филмот освои пет ...

„Реминисценции“ е насловот на изложбата од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски што ќе биде отворена од 4 до 14 јуни во Abstract Project Gallery во Париз. Тој ќе се претстави со серија дела работени во изминатата година (слики и дела на хартија работени во комбинирана техника и поставени како просторна инсталација. Ова е само една од меѓународните активности на Петровски во наредниот месец. Од 21 до 26 јуни ќе учествува на AIRowad ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде организирана промоција на збирката раскази „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети, објавена како книга бр. 238 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. За делото ќе зборува Александар Маџаровски, а ќе настапи Милко. Што да се каже за овие раскази, а во исто време соодветно да се претстават и тоа да не делува како преувеличување кое ќе постави превисоки очекувања? ...

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон” во режија на Игор Иванов и во продукција на „Скопје филм студио“ е селектиран во официјалната програма на престижниот фестивал „Бит филм фестивал“ (Beat Film Festival) во Москва. Со публика од над 10.000 гледачи тоа е најголемиот фестивал на документарен филм во Русија. Низ годините прераснува во голем културен настан кој прикажува избор од најдобрите документарни филмови од најновата светска ...

Стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска ќе биде промовирана на 29 мај (четврток) во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промотор ќе биде Коста Милков, а модератор – Јулијана Величковска. Емануела Ковачевска Китановска е нов и автентичен поетски глас, едно „јас“ што му пркоси колку на своето време толку и на времето на нејзините поетски претходници. Страста да се доживее некое „второ детство“ како да ја ...

Темите на Меѓународна географска конференција „Еурогео 2025“се движеа околу критичкиот пристап кон географијата како дисциплина која ги поврзува луѓето, местата и просторот. Овој настан, за прв пат на Балканот, се одржа во просториите на Институтот за географија при ПМФ и претставуваше значаен собир на истакнати географи, истражувачи и професори од Европа и целиот свет Влијанието на вештачката интелигенција во географското образование, ...

Театар Комедија е домаќин на англиските театарски режисери, Деклан Донелан и на Ник Ормерод, основачи на меѓународната театарска компанија „Чик бај Џоул“ и уметнички директори на компанијата. Денеска и утре во Театар Комедија тие одржуваат работилница за театарски режисери. Поводот за нивното доаѓање е промоцијата на книгата „Актерот и просторот“, што ќе се случи во среда (28 мај) во 12 часот. Издавач на ова капитално дело е Театар Комедија, ...

Свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката ќе се одржи вечерва во 20 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Ќе настапат реномирани уметници од земјава и студенти од класата на професорката Зорица Каракутовска од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и хармоникашки камерни ансамбли. На програмата се дела од Зубицки, Вивалди, Пјацола, Бете Илин и други. ...

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска на пладне ќе се одржи промоција на поетската книта „Небото ми е дома (духовна поезија)“ од Катица Ќулавкова. За книгата ќе говори проф.д-р Марија Ѓорѓиева-Димова, модератор е Александра Јуруковска, а стихови ќе интерпретира актерката Софиа Насевска Трифуновска. Ќулавкова за „Небото ми е дома“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2024 година, признание ...

26 мозаика во период од три месеци изработија учениците од шесто до деветто одделение од ОУ „Ристо Шуклев“ од Негорци, предводени од нивната настаничка по ликовно, Анамарија Митриќеска Кал’чева. Делата на овие вредни деца се изложени во галеријата Амам во Гевгелија, а изложбата има хуманитарен карактер, односно е од продажен карактер и сите средства собрани ќе бидат за помош на настраданите во Кочани. Мозаикот е одлична активност која ...

По повод одбележувањето на Денот на Европа, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп Хаус денеска организираат хуманитарна трка под наслов „Сите за Кочани – Трчаме заедно“. Трката ќе се одржи во седум градови низ државата: Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово. Настанот има за цел да собере средства за погодените од неодамнешната трагедија во Кочани. Во Скопје, трките ќе се одржат на Средно Водно. Трката ...

Теориите кои тврдат дека „локалните“ јазици се мешавина од повеќе јазици или содржат елементи од старогрчки дијалект, за жал, се распространети. Уште поиронично е што тие теории се поддржани од познати историчари и лингвисти, рече македонистот Сотирис Минас Немам македонско потекло. Мојот однос кон македонскиот јазик и таканареченото македонско прашање не е случаен. Тој е плод на подлабока потрага што произлегува од моите сопствени вредности. ...

Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 19 часот свечено ќе биде откриен муралот од полскиот уличен уметник Пшемислав Блејзик (Саинер). – Саинер е едно од најпрепознатливите имиња во современата улична уметност. Познат по неговиот надреалистички стил, богати палети и импресивни мурали што го разубавуваат урбаниот простор во градови низ целиот свет – велат организаторите. Настанот го организира полската амбасада во земјава во ...

Претставата „Лирско вилинско коњче” на Театарот „Микропера“ од Сарагоса, Шпанија доби Гран при на 26. Интернационален фестивал на монодрама во Битола. За најдобар актер е прогласен Роналд Ранд од САД, за претставата „Нека биде уметност!”. Наградата за најдобра режија ја доби Невена Митева од Бугарија за претставата „Декамерон“ на Државниот куклен театар од Сливен, Бугарија. Истата претстава во изведба на Ана Петрова, ја доби наградата од ...

Студентката од трета година Марија Роглева од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје изминатиов викенд учествуваше на работилница со дизајнерскиот тим на реномираната модна куќа „Пјер Карден“ во Париз. Таа беше избрана на конкурсот за студенти по моден дизајн, објавен од модната куќа пред неколку месеци. На работилницата учествуваа 64 студенти од различни европски земји, а 12 од нив ќе бидат избрани да учествуваат на ...

„Агапе“ е насловот на изложбата на дела од Горјан Ѓорѓиев отворена во уметничката галерија „Метаноја“ во Скопје. Тој се претставува со дела создадени во последниот период. Ѓорѓиев (1965, Скопје) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во 1987 година. Член е на ДЛУМ од 1988 година. Учествувал на многу перформанси, групни изложби и колонии во земјата и во странство. Живее и работи во Скопје, како уредник за ...

Лустер од еден куп бели машки гаќи ве пречекува на сред малата сцена. Маса, столчиња, фотелја, стар транзистор и по некој алкохол. И ништо да не знаете за текстот на претставата „Секс, лаги и главоболки“, лустерот ќе ви каже многу. Култната комедијa „Секс, лаги и видеоленти“ од Стивен Содерберг (1989) е земена само како предлошка за претставата, која во суштина режисерката Александра Кардалевска заедно со четворицата актери ја изградиле. ...

Романот „Бела Сама“ од Виолета Танчева Златева ќе биде промовиран денеска во 17 часот во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија. Промотор ќе биде Александра Јуруковска, а извадоци од романот ќе чита Снежана Стојчевска. Настанот ќе биде музички збогатен со настап на Филип Хаџикојчев и Илија Караџов. Настанот го организира Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија и е дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија – град на културата“. Овој ...

Македонската публика има несекојдневна можност да влезе во фантастичниот свет на Анета Светиева, една од најмаркантните скулпторки во современата македонска уметност. Свет инспириран од традицијата и верувањето на македонскиот народ, дела кои создаваат магична слика за човековите најскапоцени аспекти и непрекинливата врска со митологијата, откривајќи го духовниот свет што без прекин ги допира нашите животни и духовни прашања. Со овие зборови ...

На конференцијата учествуваа 117 научници од 29 држави, претставувајќи универзитети од речиси сите континенти Првата европска конференција во 100-годишната традиција на географијата во Македонија и на Балканот се одржа минатиот викенд на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Конференцијата „Еурогео 2025“ под наслов „Хуманизирајќи ја географијата: Луѓе, места и простор ...

Претставата „Секс, лаги и главоболки“, инспирирано од животни искуства и колективно авторство, во режија на Александра Кардалевска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. „Секс, лаги и главоболки“ е динамична, духовита и емотивна претстава што со леснотија се движи на тенката линија помеѓу хуморот и драмата, но секогаш останува искрена и блиска до животот. Преку четири различни приказни што ќе ...

Со петнаесетминутен аплауз на сцената на Националниот театар во Будимпешта, беше поздравена бугарско-македонската театарска екипа што ја создаде претставата „Без крв“, работена според романот на Алесандро Барико. Претставата не само што ја заокружи програмата на Меѓународниот театарски фестивал МИТЕМ, туку со право беше обележана како кулминација на целото издание на фестивалот. Претставата е копродукциски проект меѓу Драмскиот театар – ...

Секој посетен музеј, секоја слушната приказна за некој историски настан од некој град или краткиот разговор со такси-возачот за фонтаната на малиот плоштад, се своја приказна за која знаеме дека ќе раскажуваме на блиските Пишува: Ива Трпески Секој нов ден носи нови искуство. Некое доживување кое навидум нема длабоко значење или мудра поука, но сепак остава трага на нашата сопствена слика која ни ја бои животот. Некои нови искуства ги ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.98
87%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
83%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
47%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82