Донација од 15 милиони денари уплати компанијата „Алкалоид“ во Црвен крст за настраданите во стравотната трагедија во Кочани и нивните семејства. „Алкалоид“ се заблагодари на Црвен крст и на нивните 165 ангажирани волонтери, кои безрезервно помагаа во бројни ситуации. – Им благодариме на сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во ...

Тие се идните инженери, иноватори, визионери. Ако не им дадеме шанса – губи секој. Но ако ги поддржиме – добиваме сите – вели м-р Васка Медиќ Деветмина ученици талентирани за роботика и инженерство во јуни треба да заминат во Флорида, Соединетите Американски Држави за да ја претстават Македонија на светскиот натпревар во лего. Тимот The Noobs од Young Engineers Skopje Macedonia го освоија првото место на националниот натпревар по едукативна ...

Со громогласни аплаузи и искрени честитки утрово матурантот Јован Костадинов беше пречекан од неговите врсници и професори од гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница, кои покажаа почит за неговата храброст – да спаси 21 дете од ужасниот пожар во кочанската дискотека. Јован е добар, се врати меѓу своите врсници од болничко лекување на Клиникаата за токсикологија. Тој е пример за млад несебичен и храбар човек, кој не мислеше само на себеси, туку го ...

Театарската претстава „Олд Сејбрук“ според Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Претставата е дел од меѓународниот проект „Проспер“ и е инспирирана од уметничката резиденција одржана во Охрид, го отвора прашањето за односот на поединецот кон природата. Двата пара елегантни њујорчани оддаваат впечаток на совршенство и складност, но под таа фасада, под ...

Слободанка Чичевска, актерка на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес е добитничка на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2025 година. Признанието ќе и’ биде врачено во рамките на програмата на 4. Теaтарски фестивал „5 РЕ“, кој што почнув утревечер, на Светскиот ден на театарот, 27 Март. За наградата одлучи жирито во состав: Александар Ѓорѓиев, пензиониран актер, како и Зорица Панчиќ и Тони Михајловски. ...

Малата сцена во Македонскиот народен театар завчера беше претворена во трансфузиолошки центар. Крв донираа актерите Владо Јовановски, Сашко Коцев, Софија Нацевска-Трифуновска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорот на МНТ Никола Кимовски, директорот на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Кирил Лазов и други. Крводарителската акција ја организираше Институтот за трансфузиона медицина на Македонија. Оттаму неколку пати ...

Светскиот ден на театарот на 27 март, Народниот театар од Битола ќе го одбележи со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски“, со која беше одбележан и 80-годишниот јубилеј на театарот. Претставата е во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева и Јован Ристовски. Играат актерки и актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните. Во три кратки едночинки улогата на Ѓоре ја играат Марјан Ѓоргиевски, Александар Димитровски и ...

Факултетот за музичка уметност од Скопје организира комеморација за вонр. проф. м-р Сара Пројковска-Николовска утре во 13 часот во концертната сала на факултетот. Таа го загуби животот во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, за време на концертот на групата ДНК. Сара Пројковска-Николовска е родена на 30 декември 1977 година во Скопје. Нижото и средното музичко образование го заврши во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во ...

Во списанието Nature на 12 март е објавен нов научен труд од областа на Климатологија од група автори предводени од проф. д-р Серџо Виченте Серано од Универзитетот во Сарагоса, каде што коавтор е и д-р Иван Радевски, редовен професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Трудот ги оспорува претходните проекции за генерален тренд на намалување на врнежите во Медитеранот, анализирани на три континенти и ...

Во скопското кинот „Фросина“ при Младинскиот културен центар вечерва во 19 часот премиерно ќе биде прикажан фолмот „Промени го крајот на нечија приказна“. Филмот е во продукција на „Види вака“ и ги следи животните приказни на пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација во земјава, прикажувајќи ги предизвиците и успесите во оваа важна област на медицината. Органодонорството претставува еден од ...

Во барот „Интермецо“ во Скопје денеска во 12 часот ќе бидат доделени новинарските награди „Никола Младенов 2024“ што ги доделува Македонскиот институт за медиуми. Ќе бидат доделени наградите за најдобра истражувачка сторија, новинарски производ и за најдобра репортерска фотографија. Конкурсот беше објавен на од 22 јануари до 17 февруари. Пристигнале 36 стории обработени во 185 текстови/видео прилози во категоријата најдобра истражувачка ...

Формирање на Е-Инспекторат каде постојано ќе биде објавувано во кои објекти и локали бил спроведен инспекциски надзор, е едно од барањата на движењето „Кој е следен?“ кој го организираше мирниот собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје на 18 март. Тие повторно закажуваат мирен собир вечерва во 18.59 часот на скопскиот плоштад. „Кој е следен“ се децидни дека безбедноста на граѓаните не може да биде осигурана без транспарентно работење на сите ...

Сите пари од продажбата на влезници во Археолошкиот музеј во Скопје неделава ќе бидат донирани за семејствата на жртвите и на повредените во трагичниот пожар во Кочани. – И покрај тоа што државата ги покрива трошоците за лекување на повредените, средствата од сите продадени влезници оваа недела ќе бидат донирани за поддршка на погодените семејства. Со ова сакаме да ја поттикнеме и пошироката заедница да се вклучи и помогне. Секој придонес е ...

Македонија располага со доволни количини на безбедна крв и крвни компоненти од сите крвни групи, соопшти Институт за трансфузиона медицина. Тие го повторија официјалното соопштение првично објавено минатата недела кога изразија длабоко сочувство за трагичната несреќа во Кочани. – Ги замолуваме граѓаните, порталите и медиумите да не објавуваат невистинити информации кои поради сензитивноста на состојбата прават нарушување на годишниот ...

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, информираше вчера министерката за образование и ...

Денес во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани. Собирот е насловен ,,Солун во молк за Кочани”. Се планира 60-минутен молк, по една минута за сите 59 жртви кои трагично загинаа во дискотеката „Пулс“, но и една минута молк за возачот на брзата помош, кој почина откако превезе голем број повредни лица. Во спомен на загинатите ќе има и црни балони, а преку социјалните ...

Со голем ентузијазам и воодушевување, вчера во Националната опера и балет успешно заврши првата проба на легендарниот Пласидо Доминго со оркестарот на НОБ. Во исклучително инспиративна атмосфера, маестро Доминго ја покажа својата врвна уметност и посветеност, а оркестарот, инспириран од неговото присуство, одговори со извонредна прецизност и емоција, создавајќи атмосфера што го најавува она што ќе биде еден од дефинитивно најспектакуларните ...

Документарниот филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска од денеска во 18 часот ќе биде на репертоарот на киното „Синеплекс“ во Скопје. Филмот ја имаше својата премиера на последното издание на „Македокс“ во август минатата година. Документарниот филм го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската ...

Катерина Маркоска, Филип Димевски и Ермис Лафазановски се меѓу добитниците на европските награди за драмски превод за 2025 година, објави „Еуродрам“ – европската мрежа за драма и превод. Македонскиот комитет на „Еуродрам“ разгледа вкупно 20 предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра: – „Место наречено Некаде“ од Јана Борисова, превод од бугарски на Катерина Маркоска – „Преподобните“ од Славомир Мрожек, превод ...

Поради трагедијата во Кочани, манифестацијата Струшки вечери на поезијата ги одложи сите активности по повод одбележувањето на 21 Март, Денот на поезијата. Тие изразија сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе. – Нашите мисли се со семејствата и со блиските на загинатите и на повредените. Се надеваме дека времето ќе донесе заздравување и сила за сите нас – велат од СВП. Секоја година на 21 Март, СВП ги соопштува добитниците на ...

Ви го пренесуваме текстот насловен „Сега, баш сега!“ од проф. д-р Владимир Мартиновски кој ја отвори скопската изложбата и објаснува зошто ТРИ и „Зошто не сега?“ Во објектот „Магаза“ во Битола задутре (14 март) во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Зошто не сега…?“ на уметничката група ТРИ. Грушата ја сочинуваат визулените и мултимедијални уметници Страхил М. Петровски, Лазе Трипков и Ангел Коруновски. Тројцата уметници објаснија зошто сега ...

Со 6 милиони денари од Министерството за култура и туризам ќе биде завршена санацијата на стариот конак во Лешочкиот манастир, Тетовско. Локацијата вчера ја посети министерот за култура и туризам Зоран Љуков кој се сретна со со митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф. – Овој проект е од огромно значење за нашето културно наследство и се очекува да биде завршен до крајот на годината. Обезбедени се пари и за ...

Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Оваа изложба претставува селекција на 50-ина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на галеријата. Овој избор е само мал дел ...

„Археолошките истражувања во Големо Градиште кај Коњух се од особено значење за разбирањето на урбанизмот, архитектурата и културниот живот во овој дел од ранохристијанска Европа. Токму затоа, оваа монографија не само што ја збогатува нашата научна литература, туку и нè инспирира за понатамошни истражувања и зачувување на нашето културно богатство“, беше речено на промоцијата на монографијата „Архитектонски елементи од Епископската базилика ...

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре на пладне ќе се одржи програмата „Процеп во процес“, а ќе гостува писателката Хана Корнети. Таа ќе раскаже за детали од авантурите на Илина и Папрат, придружена од промоторката Наташа Атанасова. Промотор на книгата ќе биде Наташа Атанасова, а модератор – Александар Еленин. „Процеп во процес“ 5 е посветен на „Илина и шумските тролови“ од Корнети, фантастичен роман за младата ...

Романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска, во издание на „Или-Или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Четириесет и три романи беа во конкуренција за оваа престижна книжевна награда, која во земјава се доделува по 26. пат, а одлуката за доделувањето ја донесе жири-комисијата која ја сочинуваа: Лидија Димковска ...

По повод јубилејот „80 години Македонски народен театар“ гостин на националниот театар ќе биде големиот украински режисер, Андриј Жолдак, еден од најголемите режисери на денешницата во Европа. Откако се пресели во Германија во 2006 година, Жолдак соработувал со различни престижни институции, како што се Театар Оберхаузен, Берлинер фестшпиле и Виенскиот фестивал. Во 2004 година, тој беше награден со УНЕСКО наградата за изведувачки уметности. ...

Зошто само малкумина уметници во светов се живи легенди и зошто го носат епитетот на најсајните тела во вселената, покажа синоќа големиот Пласидо Доминго. Со каков жар и леснотија 84-годишниот тенор од Шпанија, еден од легендарните „Тројца тенори“ (заедно со Лучано Павароти и Хозе Карерас) скоро до полноќ ја честеше македонската публика со нешто што се случува „еднаш во животот“. Полна беше салата во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во ...

Молк, тага, сплотеност на вториот собир покажаа студентите и професорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес на техничкиот кампус во Скопје. Студенти од ФЕИТ, Машински факултет, ФИНКИ, Факултетот за драмски уметности, Технолошко-металуршкиот факултет со седумминутно молчење оддадоа почит на настраданите во немилиот настан во Кочани. Од Универзитетското студентско собрани на УКИМ информираа дека собирот закажан за утре на кампусот на ...

143400 е бројот на телефонската сметка на која може да се донира за настраданите од несреќата во Кочани. Владата соработува со Црвениот крст на Скопје за управување со официјалната сметка за донации. – Оваа одлука е донесена од неколку причини: Унифицирана поддршка – имајќи единствена, официјална сметка за донации, ги елиминираме сите дилеми за тоа каде и како да донираме. Ова осигурува дека секој придонес оди токму онаму каде што е ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
61%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
87%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.81
96%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Платина

83354.78

Родиум

339994.14

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Алуминиум

3.09

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Паладиум

55781.55

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72