Овен Денот ви носи силен прилив на енергија и мотивација да ги завршите обврските што подолго време ги одложувате. На работното место ќе се појави можност да ги покажете своите лидерски способности, а вашите идеи ќе бидат прифатени со одобрување. Финансиската состојба останува стабилна, но избегнувајте непланирани трошоци. Во љубовта, партнерот ќе очекува повеќе внимание и разбирање, додека слободните Овни можат да запознаат личност која ќе ...

По едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, албанските гранични власти одбиле влез на едно лице кое патувало заедно со координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани. Според Ќоку, делегацијата патувала кон Тирана по службени обврски, а иако тројцата функционери приложиле дипломатски пасоши, рутинската гранична ...

Од сите хороскопски знаци, само еден се издвојува како најгрижлив и емотивен. Можеби е вашиот… Ракот е најлојалниот знак во зодијакот. Тој е полн со разбирање, сочувствителен и лесно простува. Разбира дека секој има свои недостатоци и затоа не држи злоба кон никого. Изреката „прости и заборави“ најдобро го опишува тоа, но немојте да мислите дека затоа можете да го искористите тоа – три црвени картони и сте надвор од играта! 1. Лесен е за ...

Европскиот парламент го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата одлука да именува армиска единица по партизанска група од 1940-тите години која извршила масакр врз Полјаци. Во резолуцијата усвоена денеска, пратениците во ЕУ наведоа дека потегот на Зеленски покажал „непочитување кон полските чувства и тага“ и ги поткопал „соседските односи“. Текстот беше усвоен со 460 гласа „за“, 136 „против“ и 59 „воздржани“, ...

Дури 95 проценти од клучната воздушна одбрана на Украина, која ја штити земјата од руските ракетни напади, се обезбедуваат преку директните програми на НАТО, додека 99 проценти од целокупната меѓународна воена и безбедносна помош доаѓа од земјите-членки на Алијансата. Ова го истакна заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во ексклузивно интервју за 4tv.mk, реализирано за време на Самитот на НАТО во Анкара, Турција. ...

Без вода утре од 8:30 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, а во периодот од 8:30 до 14:30 часот можен е намален притисок или прекин во водоснабдувањето во делови од Бардовци. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, прекинот на водоснабдувањето во Гази Баба е поради изведување водоводен приклучок со пречник од ...

Кредибилитетот што Северна Македонија го изгради како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција. Ова го истакна заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во ексклузивно интервју за 4tv.mk, реализирано за време на Самитот на НАТО во Анкара. Одговарајќи на прашањето дали бугарското вето и застојот ...

Научните истражувања конечно дојдоа до заклучок за тоа од кој родител ја наследуваме интелигенцијата, но важно е да се знае дека таа не зависи само од генетиката. Според научните истражувања, интелигенцијата во голема мера се наследува од мајката, но не е под влијание само на гените. Емоционалната врска со мајката, како и нејзината љубов, исто така играат клучна улога во развојот на мозокот. Гените за интелигенција се наоѓаат на X хромозомот ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во „Тема на денот” на телевизија Сител, нагласи дека т.н. „Платформа” претставува обид за дефокусирање на јавноста од, како што рече, „тоталниот дебакл на власта”, посочувајќи дека наместо да се зборува за неуспесите на Владата, повторно во фокусот се става СДСМ. „Што се постигнува? Целосен дефокус. Наместо во овој период ние да разговараме за овој дебакл на власта, за изолацијата од ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот” на Сител Телевизија речe дека ребалансот на Буџетот е јасен доказ за целосниот економски дебакл на Владата на Христијан Мицкоски. „Гледајте каков дебакл е на секое друго поле. Буџетот е празен, ребалансот е страшен дебакл”, рече Филипче. Тој предупреди дека државата се движи кон сериозна финансиска криза, без план, без стратегија и без пари за основните потреби на граѓаните. ...

Македонската академска заедница е во жалост по веста за смртта на д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, кој зад себе остави значаен научен, педагошки и интелектуален придонес во областа на филозофијата и општествените науки. Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Своето високо образование го започнал со студии по театарска режија во Белград, а потоа продолжил со студии по филозофија на Филозофскиот факултет во ...

Европските сојузници и Канада постигнуваат историски резултати во вложувањата во сопствената безбедност, со што се создава порамноправен однос во рамките на трансатлантското партнерство и дополнително се зајакнува НАТО Алијансата. Ова го истакна заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во ексклузивно интервју за 4tv.mk, реализирано за време на Самитот на НАТО во Анкара. Говорејќи за новите обврски на земјите-членки за ...

Поради практичноста и ниската продажна цена, користењето пластични садови стана тренд во секој дом. Според онколозите, оваа современа навика е поопасна отколку што изгледа. – Моите пациенти често бараат едноставен одговор на прашањето зошто заболеле од рак, но реалноста е многу посложена, изјавил д-р Сунил Камат, онколог на клиниката во Кливленд, во интервју за магазинот Парада. Една од причините за појава на оваа опака болест е средината во ...

Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше Бобан Николовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Царинската управа кој истакна дека Царинската управа руши рекорди во наплата на приходи, оценувајќи дека континуираниот раст е потврда за успешното работење на институцијата. Според него, во јуни годинава е остварен раст на наплатата од 22,5 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува зголемување од ...

Во Монголија, претставници од 56 држави првпат ќе го прослават Светскиот ден на коњот на меѓународно ниво, објави државната новинска агенција, пренесе БТА. На пленарната сесија на 79. заседание на Генералното собрание на ООН на 3 јуни 2025, беше дискутирана и усвоена резолуцијата за Светскиот ден на коњот, иницирана од претседателот на Монголија, Ухнаагиин Курелсух. Меѓународната одлука годишно да се прославува 11 јули како Светски ден на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ. Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе преземе соодветни контрамерки доколку нуклеарно оружје биде распоредено во балтичките земји. „Спротивно на очекувањата на земјите што донесуваат такви одлуки, тоа нема да им донесе поголема безбедност“, рече Песков на прес-конференција, коментирајќи ја одлуката на Литванија да покрене постапка што би можела да овозможи распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, ...

Иран денеска се закани дека целосно ќе ја блокира Ормуската Теснина доколку САД извршат нови напади, со што тензиите ескалираа на највисоко ниво во изминатите неколку недели. Предупредувањето следуваше по големата ескалација на непријателствата во текот на ноќта, која вклучуваше американски напади врз повеќе од 80 цели во Исламската Република и ирански напади врз воени капацитети поврзани со САД во заливските држави Кувајт и Бахреин. ...

Обвинителството во завршните зборови за предметот во кој е обвинета поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, побара Судот како отежнителна околност да ја цени нејзината функција во времето на извршување на делата, оценувајќи дека во текот на постапката биле докажани и двете кривични дела што ѝ се ставаат на товар. По изнесувањето на завршните зборови, Судот ја закажа објавата на ...

Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на кој ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицепремиерот Беким Сали денеска извршија увид во реконструкцијата на Државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, проект што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, и меѓународни партнери. Кос истакна дека реконструкцијата на студентскиот дом е јасен показател за поддршката што Европската Унија ѝ ја дава на Северна Македонија ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Во јавноста повторно се отвори расправата за иднината на пензискиот систем. Се преиспитува улогата на вториот пензиски столб, се анализираат буџетските трансфери кон ПИОМ, се споредуваат искуствата на други држави и се бараат модели што би обезбедиле поголема сигурност за идните пензионери. Таквата расправа е не само оправдана, туку и неопходна. Но таа нема да донесе трајни резултати ако ...

Соопштение на СДСМ: Панче Тошковски е последниот човек кој имa кредибилитет да зборува за намалување на криминалот во државата- тој служи како заштитник на криминалната организација на власт. Две години со ВМРО на власт во државата владее селективна правда, криминал, неказнивост, партизирана полиција и институции ставени во служба на власта. Тошковски зборува за успешна борба против криминалот, а пет тони дрога му поминаа преку македонската ...

Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен најави дека ќе се канидидира на претседателските избори во Франција следната година и покрај тоа што е осудена за измама. Таа додаде и дека ќе ја обжали одлуката на Апелацискиот суд во Париз, со која е потврдена пресудата за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, што не ја спречува Ле Пен да ...

На 07.07.2026 во 17:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.М. (42) од Куманово, по претходна пријава дека тој психички и физички ја малтретирал неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 07.07.2026 во 16:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР ...

Албанскиот премиер Еди Рама на крајот од самитот на НАТО во Анкара потврди дека следниот самит ќе се одржи во Тирана. “Како велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но, времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато, сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана“, вели Рама во куса видео порака од Анкара, заедно со членовите на делегацијата. Албанската државна агенција ...

Советот на Општина Чаир едногласно, но без Бадентерово мнозинство, донесе одлука две улици да носат имиња на борци на ОНА — Командант Тели и Зекирија Хасани. Одлуката помина без согласност од македонската заедница во советот, токму како што налага основниот принцип на Охридскиот договор кога станува збор за прашања што ги засегаат меѓуетничките односи. Именувањето улици по борци на ОНА е порака, испратена намерно и во моментов кога односите ...

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и ...

Седумкратниот освојувач на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е казнет парично со 5.600 фунти за недолично однесување за време на осминафиналниот натпревар против Русинот Роман Сафиулин, објавија денеска организаторите на грен слем турнирот. Во соопштението на организаторите на Вимблдон, се наведува дека Ѓоковиќ е казнет за „гласни вулгарности“ изговорени во дуелот што се одигра во неделата. Ѓоковиќ го победи Сафиулин по четири сета, ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областа на енергетската ефикасност. Во фокусот на разговорите беа тековните активности што KfW ги поддржува за енергетска обнова на студентските домови, како и следните чекори за проширување ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.48
28%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.17
43%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.36
37%
1019
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.26
37%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.95
36%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
1.79
52%
1019
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
44%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.43
23%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1014
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 27ᴼ
2.68
34%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
36%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
7.94
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Алуминиум

3.28

Калај

56.36

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Сребро

2044.16

Злато

139576.04

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Паладиум

43628.56

Платина

56038.75

Бакар

13.23