Белград
9ᴼ /
8ᴼ
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено ...
Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се зголеми минималната плата без економска оправданост, малите и средните ...
Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените. Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските ...
Северна Македонија, во 2022 година имала 8,5 јавни обвинители на 100 илјади жители, а во 2024 година, како што покажува последниот извештај на Советот на јавни обвинители, тој број е зголемен 9,2, со што полека се доближува околу просекот од 11,2 јавни обвинители на 100 000 жители во 44 земји што ги покрива последниот евалуациски извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата ЦЕПЕЈ (CEPEJ) за правосудните системи од 2024, со податоци ...
На 17.11.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза” бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(26) од Скопје и 32-годишната С.П. од Демир Капија. Исто така, во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постројка на бул.„Александар Македонски”, Б.Д. сакал насилно да се качи во автобус каде била С.П., а откако возачот не му ја отворил вратата агресивно се ...
„Не може општината да зависи од комунални трошоци што се плаќаат за да се градат нови згради и од централната власт”, порача советникот на Левица, Михајло Димовски, на седницата на Советот на Општина Аеродром, на која се расправаше за ребаланс на буџетот. Во своето излагање Димовски предупреди дека ваквата структура на буџет и проектни приоритети ја држат општината во постојана финансиска неизвесност. Тој им посочи на градоначалникот и ...
Гадоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, на социјалните мрежи објави дека од страна на градеен инспектор, во Визбегово денеска затворено е нелегално градилиште. „Денеска започнавме постапка за отстранување на дива градба во Визбегово, моментално од страна на градежната инспекција објектот е затворен. Покрај постапката за отсранување на овој објект ќе следи и содветна пријава за дивоградба и узурпација на државно земјиште. Никој не смее да биде ...
УХМР предупредува дека денеска наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ...
Албанската полиција синоќа го лиши од слобода Н.С. (36), државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница. Како што соопшти Дирекцијата за специјални оперативни сили, апсењето е резултат на координирана акција за лоцирање на лица барани по меѓународни потерници. Основниот суд во Куманово го барал Н.С. за издржување затворска казна во траење од две години, изречена за кривично дело „фалсификување монети“. Покрај потерницата ...
Пејачката Ана Николиќ беше гостинка во подкастот кај Боки 13, каде откри детали од својот живот, бракот со раперот Стефан Ѓуриќ Раста и личните предизвици. Во разговорот, Николиќ откри дека нивната врска со Раста била силна, но крајот бил очекуван од самиот почеток: „Раста е духовит, шармантен. Тоа беше голема љубов. Заврши така како што заврши. Сега сме навистина во добри односи. Од самиот почеток знаев дека веројатно ќе се разведеме. И ...
Јавното претпријатие од Гази Баба доби директор, именуван е Дени Милевски. Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го назначи Дени Милевски за нов директор на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“. Одлуката беше проследена потврдена на работен состанок, на кој градоначалникот му ги пренесе на Милевски клучните приоритети и насоки за поефикасно функционирање на претпријатието. „Комуналната хигиена е основа за здраво, ...
Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство Трипуновски, како и до заменик министерот, кои се однесуваа на суспензијата на ИПАРД-програмата и огромните последици врз македонското земјоделство. Тој побара одговори за застојот на мерката 3, блокираните 130 милиони евра европски средства и одговорност за корупцискиот скандал што ги остави илјадници земјоделци ...
Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски и Валентина Тодоровска денеска беа интервјуирани во Комисијата за избори и именувања во процесот за избор на нов преседател на ДКСК, откако претходната прва антикорупционерка Татјана Димитровска си поднесе оставка, поради сомнение за вмешаност во случајот „Адитив“. Доревска, Наумоски, Санев, Смилевски и Тодоровска се пет од вкупно десетте кандидати, кои претходно го минаа ...
Голем дел од светската интернет инфраструктура моментално е во хаос. Технолошкиот гигант „Клаудфлер“ (Cloudflare), кој обезбедува заштита и инфраструктура за милиони веб-страници ширум светот, официјално потврди дека нивната глобална мрежа има сериозни проблеми. Според официјалните информации, инженерите забрзано работат на откривање на изворот на прекините, но веќе се забележуваат застои и целосна недостапност на многу интернет сервиси и ...
Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом. Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции. Овој стратешки документ произлегува од реформската агенда и ...
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска одржа средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду, заедно со заменик-амбасадорката г-ѓа Кристина Василату. На почетокот, г. Фетаи им посака добредојде и изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на Грција на патот на Северна Македонија кон европската интеграција. За време на разговорот се дискутираше за успешното одржување на ...
Во сезоната на настинки и болки во грлото, многумина бараат природен начин за зајакнување на имунитетот и побрзо закрепнување. Наместо класични лекови, сè повеќе луѓе посегнуваат по топли пијалаци кои комбинираат едноставни, но ефикасни состојки. Еден од нив се издвојува затоа што обезбедува моментално олеснување за грлото, а во исто време помага во намалување на воспалението во телото. Експертите се согласуваат дека овој пијалак може да биде ...
Уште две лица кои беа повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла на 4 ноември, починаа во болницата каде што беа лекувани, со што вкупниот број на жртви од трагедијата се искачи на 17, потврди денес Клиничкиот центар во Тузла. Тие рекоа дека станува збор за жени кои биле жители на домот и од моментот кога биле евакуирани од запалената зграда поради нивната сериозна состојба, биле хоспитализирани на одделот за анестезија и реанимација. ...
Ноќеска (18.11.2025) во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода П.П.(33) од Дебар. Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата констатирано е ...
Обилните врнежи што ја зафатија Тетово повторно предизвикаа поплави на повеќе градски улици, создавајќи проблеми во одвивањето на сообраќајот и во секојдневните активности на граѓаните. Екипите на Р.Е. „Канализација“ излегоа на терен уште за време на дождот и интервенираа на најкритичните точки, со цел да спречат поголеми штети и да го нормализираат одводот. Од претпријатието информираат дека биле ангажирани сите расположливи ресурси за брзо ...
Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и општина Тетово, се забележани проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова предизвика создавање локви и задржување на вода под подвозниците и надвозниците, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). ЦУК апелира до граѓаните на зголемена внимателност при движење низ улиците и да се ...
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува утре, во судницата во затворот „Идризово“. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација. „Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но ...
Филмот „Утре наутро” во режија на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан на 19 ноември во Синеплекс. Сценариото и режија се на Јани Бојаџи, продуцент: Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи. -„Утре наутро” е политичка драма во кој ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „Призма” истакна дека во следните четири години ќе се заложи за двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини. „Во моментов имаме детектирано околу 10.000 високостеблести дрвја. Нашата визија е значително да го зголемиме овој капацитет. Планираме да ги збогатиме дел од постојните паркови и зелени површини, а со ...
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила кај Горно Лисиче, во близина на железничкиот премин на патот кој води кон Пинтија. Според снимките објавени на социјалните мрежи, може да се види превртен автомобил кој претходно се судрил со камион. Според првичните информации, на лице место веднаш дошла Брза помош која констатирала полесни повреди кај две лица. Официјални информации за несреќата се очекуваат во текот на денот. ...
Овен Вторник носи враќање на теми за кои мислевте дека се затворени. Ретроградниот Меркур во Шкорпија ве поканува да ги преиспитате финансиските прашања или споделените ресурси. Енергијата на Марс во Стрелец ве турка кон авантура, но сега е време за длабока анализа, а не импулсивност. Откријте ги скриените емоции зад фактите. Бик Почетокот на неделата ви претставува потреба да ја преиспитате динамиката на блиските врски. Меркур се враќа во ...
Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани: – 2 употребувани фотоапарати SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на ...
Хрватската фудбалска репрезентација ја победи Црна Гора со 3:2 во последното коло од квалификациите за Светското првенство. Со оваа победа, Хрватска го заврши квалификацискиот циклус без пораз и веќе обезбеди директен пласман на Мундијалот како победник во групата. Околу 500 хрватски навивачи ја следеа репрезентацијата во главниот град на Црна Гора. Повеќето беа членови на ултрас-групи од хрватски клубови, сместени на горната трибина зад јужниот ...
Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради невреме, информираа од ЈСП „Скопје“. Како што велат оттаму, најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме, а јачината на ветрот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној ...