Силни експлозии се слушаат низ градовите Доха, Дубаи и Абу Даби, според новинарите и жителите, додека Иран спроведува кампања на ракетни напади и напади со дронови низ Заливот. Новинарите слушаат гласни експлозии што одекнуваат во главниот град на Катар и во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, додека двајца жители велат дека слушнале експлозии во главниот град на ОАЕ, Абу Даби. Пријавените напади се случуваат во време на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп негира дека Израел ги вовлекол САД во војна со Иран. „Водевме преговори со овие лудаци и мое мислење беше дека (Иранците) први ќе нападнат“, тврди Трамп како одговор на прашања од новинарите во Овалната соба. Брифинзите на Пентагон во неделата наводно му кажале на Конгресот дека САД немаат разузнавачки информации дека Иран планира превентивен напад врз САД. „Тие ќе нападнеа, ако ние не го сторевме тоа, ...

Војската на Соединетите Американски Држави извршила напади врз повеќе од 1.700 цели во Иран, соопшти Централната команда на САД. Централната команда на САД вели дека нападите, кои започнаа во саботата, ги насочиле кон бродови на иранската морнарица, подморници и противбродски ракетни објекти, заедно со командни и контролни центри. Војската на Соединетите Американски Држави извршила напади врз повеќе од 1.700 цели во Иран, соопшти ...

Турција води дијалог со сите страни за да се најде начин за прекин на војната во Иран и враќање на преговарачката маса, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. „Турција во моментов ги презема потребните иницијативи со сите свои партнери за да се постигне мир во регионот“, изјави Фидан, додавајќи дека зачувувањето на стабилноста на Иран и Блискиот Исток е „од клучно значење“. „Разговараме со Европејците веќе неколку дена… ...

Во врска со објавите во медиумите со наслов „Дрога најдена во ранецот на припадник од Армијата”, од Армијата информираат дека на ден 12.02.2026, е спроведена акција од надлежните служби во Армијата, при што кај армиски припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина. По пронаоѓањето на сомнителната содржина, согласно процедурите во Армијата, случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што е известен дежурен јавен ...

Околу една третина од жените во Европската Унија доживуваат физичко и сексуално насилство во текот на животот, но во повеќето случаи жртвите не го пријавуваат, според студија објавена денеска. Резултатите од анкетата, спроведена од Агенцијата на ЕУ за фундаментални права (АФР) и Европскиот институт за родова еднаквост, покажуваат дека само 11,3% од жените пријавиле физичко или сексуално насилство во полицијата од страна на луѓе различни од ...

На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност. Во 20:00 часот, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија. Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи ...

Зградата каде што се состануваат иранските функционери кои ќе одлучуваат за новиот врховен водач на земјата е уништена во воздушни напади, објавија државните новински агенции. Таканареченото Собрание на експерти, кое има згради во Техеран и јужно од главниот град во градот Ком, е составено од членови кои се вклучени во одлучувањето кој ќе ја преземе функцијата по атентатот врз ајатолахот Хамнеи во саботата. Зградата во Ком беше срамнета со ...

Рускиот политички филозоф Александар Дугин по американско-израелскиот напад врз Иран, на платформата Икс објави: „Почна трета светска војна. Пак“. -Ако во Русија не започнат вистински патриотски реформи сега, ситуацијата ќе стане целосно непредвидлива. Нашите сојузници систематски се уништуваат еден по еден. Јасно е кој е следен и јасно е што значат преговорите со таков непријател, наведе Дугин. Тој предупреди дека треба да престане ...

Тројцата обвинети полициски службеници од Кочани денеска пред Судот изјавија дека не се чувствуваат виновни по обвинението што произлегува од постапувањето по контроли поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март минатата година во пожар загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Со читање на обвинителниот акт во Основниот кривичен суд – Скопје денеска започна судскиот процес против тројцата полициски службеници од Полициската ...

Последниве денови гледаме колку е важно сите 32 сојузнички држави, вклучително и Македонија да се здружат, да работат заедно и да обезбедат колективна одбрана на НАТО територијата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во касарната „Илинден“ од каде се обрати пред припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, пофалувајќи ја улогата на Македонија во Алијансата и нејзиниот придонес кон колективната безбедност. Во ...

Денеска се врши ексхумација на уште една повозрасна жена за која ЈОРСМ има сомнеж дека е жртва на дваесет и петгодишниот овчар од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство, соопшти денеска обвинителството. Инаку, како што информираа од казнено-поправната установа Куманово (затвор К’шање), Т.Б. денеска е спроведен на Клиника за психијатриско вештачење. -По наредба на судија на претходна постапка, осомничениот Т.Б. денеска е спроведен во ...

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство побара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија 31-годишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка. Од Мрежата соопштија дека, според сведоштвата на најблиското семејство, жената подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано во надлежните институции. Доколку се потврди дека ...

Три физички напади во скопски училишта биле пријавени во полиција, а во еден од случаите момче завршило со тешки телесни повреди. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случаите. – Денеска во 3:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 43-годишната скопјанка Ј.П. пријави дека вчера околу 11:30 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината 14-годишна ќерка била ...

Семејното насилство во станот каде што се случи трагедијата во скопската населба Тафталиџе траело со години и било добро познато меѓу станарите, тврди сосетката Тања Спировска во изјава за Канал 5. Според неа, малтретирањето траело најмалку две до три години, а тепачките и викањето се слушале низ целата зграда. „Колку што знам, тоа трае сигурно две-три години. Секојдневно ја тепаше. Се слушаа гласови, тие се на друга вертикала од мене, ама ...

Во јужниот иранскиот град Минаб денеска се одржа масовен погреб на 165 ученички и членови на персоналот убиени при американско-израелскиот напад врз училиште за девојчиња. Иранската државна телевизија емитуваше снимки од насобраниот народ на главниот плоштад во Минаб. Мажите, одделени од жените вееја ирански знамиња, додека жените, главно облечени во бурки стоеја на другата страна. Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи вчера ги обвини ...

Психологот Тиана Ивановска преку јавен статус на социјалните мрежи упати сериозна критика до институциите, обвинувајќи за, како што наведува, „институционална глувост, некадарност и партиски вработувања“ во системот за социјална заштита, кога станува збор за заштита на жени жртви на семејно насилство. Ивановска посочува дека две години работела како психолог во анонимен шелтер за жени жртви на семејно насилство, а уште најмалку толку и во ...

Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи на дневна основа, а ако се утврди дека е потребно да преземеме мерки од аспект на економијата, тие ќе бидат согласно законот, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, Димитриеска-Кочоска постети дека Министерството за финансии не предлага ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во прва официјална посета. Сиљановска-Давкова и Руте одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Според претседателката, посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во време на растечки непредвидливи ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека е предоцна за преговори со Иран. Тој одговарајќи на корисник, кој наведе дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“, одговори: – Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав – Предоцна!, објави Трамп. САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран, на што Техеран ...

Без разлика од каде сте, од кој дел на трансатланската алијанса доаѓате, стоиме заедно со вас и заедно ќе бидеме заштитници на мирот и на безбедноста на нашите нации. Северна Македонија има придобивки од ова секојдневно. На пример, авионите од Грција и од Италија патролираат на вашето небо за да бидете безбедни. Ова праќа јасен сигнал дека никој не е сам во НАТО, вашите пријатели и сојузници се секогаш со вас, секогаш кога се соочуваме со ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на скопската обиколница. Како што дознава 24инфо.мк возило марка БМВ со голема брзина излетало од коловозот, помеѓу клучката Радишани и клучката Визбегово. Во несреќата, неофицијално тешко е повреден возачот маж на околу 50 годишна возраст, a се уште се чекаат екипи на полицијата и Итната медицинска помош. Повеќе детали очекуваме од МВР: Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на ...

Иран упати остра порака до европските држави да не се вклучуваат во актуелниот конфликт, предупредувајќи дека секој обид за воена или „одбранбена“ интервенција ќе биде третиран како директен чин на војна против Техеран. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека евентуално приклучување на европските земји кон операциите против Иран ќе се смета за соучесништво со „агресорите“. Според него, терминот ...

Изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Денеска гостин во земјата е генералниот секретар на НАТО, господинот Марк Руте. Имавме прилика да го слушнеме неговото обраќање во Собранието. Би рекол дека членството во НАТО е резултат на стратешките, визионерските и државничките политики на Социјалдемократскиот сојуз во изминатите повеќе децении. Тој пат не беше лесен, меѓутоа сега конечно можеме да се чувствуваме безбедни, со загарантирани ...

Пратениците на Левица излегоа со транспарент „НАТО убива за профит“ додека генералниот секретар на организацијата, Марк Руте говореше во Собранието. Откако го покажаа транспарентот, по неколку секунди се тргнаа од пред говорницата. Руте погледна кон нив, но не го прочита транспарентот, туку продолжи со говорот. Пратениците на Левица излегоа со транспарент „НАТО убива за профит“ додека генералниот секретар на организацијата, Марк Руте ...

Недостиг од утрински состаноци, отсуство на групно донесување на одлуки за терапија и неажурирани протоколи, беа дел од недостатоците што ги изнесе поранешната в.д. директорка на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисаровска, на судењето за случајот „Онкологија 2“. Таа посочи дека при нејзиното назначување затекнала долг, нееднакви исплати кон добавувачите и судски спорови, како и задоцнета набавка на терапија што доведувала до ризик од прекин ...

Против 30-годишен припадник на Армија на Република Северна Македонија ќе биде поведена кривична постапка поради дрога, информираа од Министерство за внатрешни работи. Од СВР Скопје соопштија дека е поднесена кривична пријава против И.Р. (30) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од ...

Генералниот сектетар на НАТО, кој е во посета на земјава, на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска Давкова нагласи дека Алијансата не е директно вклучена во последните случувања на Блискиот Исток, но напомена дека НАТО ќе го одбрани секој дел од територијата на земјите-членки. Нашите воени команданти секојдневно работат на ова и имаат пристап од 360 степени земајќи ја предвид секоја закана, нагласи Руте ...

Трагичниот настан што вчера ја потресе јавноста отвори сериозни дилеми за институционалното постапување во случаи на семејно насилство. На прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесе нови детали за случајот во кој Ивана и нејзиното шестгодишно дете го загубија животот по пад од тераса на зграда во скопската населба Карпош. Според информациите што ги презентираше, истиот ден околу пладне бил пријавен инцидент меѓу ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
71%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
69%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
56%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.58
89%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
78%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
75%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
74%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
55%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19