Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
По два и пол часа спектакуларен тенис, Британецот Џек Дрејпер го елиминираше 38-годишниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ од мастерсот во Индијан Велс, совладувајќи го со 4:6, 6:4, 7:6 и се пласираше во четвртфиналето, каде што ќе игра со Русинот Данил Медведев. Дефинитивно беше највозбудливиот натпревар на турнирот досега. Сè што може да понуди тенисот се виде во судирот меѓу Србинот и Британецот – исцрпувачка борба, атрактивни движења, ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа висок пораз од Барселона (47:27) во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Натпреварот во „Палау Блауграна“ за крај беше награда за пелистерци за тешката групна фаза, а тимот на Стевче Алушовски немаше сили за никаква сензација. Во Барселона се беше решено уште во првото полувреме кога Шпанците поведоа со 24:15. Македонскиот шампион водеше трипати на почетокот со еден гол предност, ...
Нападот врз иранското училиште за девојчиња можеби е резултат на користењето на застарени податоци од страна на САД за да ја одредат целта, изјавија за Ројтерс во понеделник два извори запознаени со ситуацијата, додека официјалните ирански медиуми објавија дека во нападот се убиени 168 девојчиња и 14 наставници. Слични информации објави и американската мрежа CNN. „Централната команда на САД ги креирала координатите на целта за нападот ...
Постои една позната изрека дека оние кои не можат да се сетат на минатото се осудени да го повторат, а во контекст на односите меѓу САД и Иран, ова секако важи за постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба само да се врати 46 години наназад за да види во какви проблеми може да се впушти со својата одлука да го нападне Иран. Надворешната политика често игра важна улога во високата политика на САД, а Трамп, врз основа на ...
Украинските сили напредувале од 10 до 12 километри во два одделни упади во регионот Дњепропетровск и, според тврдењата, ослободиле повеќе од 400 квадратни километри територија од крајот на јануари 2026 година. Капетанот Дмитро Филатов, командант на 1-виот одделен јуришен полк кој дејствува во насока на Хуљајпол, на 10 март изјави дека неговата единица навлегла 12 километри длабоко во руските позиции. Во исто време, командантот на баталјон за ...
Иран ги уништи сите американски воени објекти на Блискиот Исток, изјави советникот на командантот на ИРГК, Али Фадави, на иранската телевизија. Тој исто така рече дека се заробени американски војници, но не даде потврда. „Не беа потребни повеќе од неколку дена за да бидат уништени сите нивни бази. Ги нападнавме сите американски бази во регионот“, рече тој. Во меѓувреме, заменик-постојаниот претставник на Русија во ОН, Ана Јевстињеева, изјави ...
Сите 32 земји-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно се согласија да стават на располагање на пазарот 400 милиони барели нафта од нивните резерви за итни случаи, како одговор на нарушувањата на пазарите на нафта предизвикани од војната на Блискиот Исток. Ова е најголемото ослободување на нафта од залихите досега. Одлуката за преземање заедничка вонредна мерка е донесена по вонредниот состанок на владите на ...
Израелските воздухопловни сили објавија снимка од разговор помеѓу израелски и американски пилот, кои повикуваат на заедничка борба. Израелските воздухопловни сили објавија наводна снимка на која се слуша разговор помеѓу израелски пилот на борбен авион и американски пилот. На снимката, израелскиот пилот му кажува на својот американски колега дека му е „чест да се бори заедно со вас“. „Внимавајте и удрете силно“, одговара американскиот пилот. ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека не е загрижен за потенцијални напади од страна на Иран или неговите сојузници на американска почва, додека Федералното истражно биро на САД (ФБИ) предупреди дека ирански беспилотни летала би можеле да бидат испратени на Западниот брег на Соединетите Американски Држави. – Не, не сум загрижен – одговори Трамп кога беше прашан дали е загрижен за наводите дека Иран би ...
Вчера во Еквадор на 58-годишна возраст почина глумецот Кирил Поп Христов-Кили, потврдија од неговото семејство за СДК.мк. Поп Христов се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната година и пол ја поминал во Еквадор. Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на ...
Драган Лазиќ (32), брат на познатиот српски пејач Дарко Лазиќ, денеска го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу Ваљево и Шабац, јавуваат српските медиуми. Како што објавуваат српските медиуми, несреќата се случи кога возач на автомобил „цитроен“, В.К. (62), возејќи од правец на Шабац свртел лево на спореден пат. Тој го пресекол патот на возачот на мотоцикл „сузуки“ со германски таблички, управуван од Драган ...
Српскиот ловец МиГ-29 доби кинески ракети CM-400AKG, произведени од компанијата CASIC и кои достигнуваат брзина до 6 маха и имаат дострел до 250 километри. Ова, пишува рускиот портал Лента, го прави српскиот МиГ-29 првиот ловец во Европа опремен со хиперсонично оружје. Центарот за анализа на стратегии и технологии (CACT) објавува на својот Телеграм канал дека српскиот ловец МиГ-29 од руско производство е дополнително опремен со кинески ...
Соединетите Американски Држави денес ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН предложена од Русија, со која се повикува на прекин на огнот на Блискиот Исток и се осудуваат нападите врз цивили. За резолуцијата гласаа „за“ четири земји, а девет беа воздржани, додека САД, како постојана членка на Советот за безбедност, ставија вето, а Латвија гласаше против, објави „Спутник“. „Длабоко сме разочарани што Советот за ...
Астролозите тврдат дека еден хороскопски знак ќе се истакне во наредниот период. До крајот на пролетта, тој се збогатува и привлекува огромна среќа. Тој е избраникот на небото – само овој хороскопски знак се збогатува до крајот на пролетта, парите и среќата му доаѓаат во бранови. Астрологијата често укажува на периоди кога одредени хороскопски знаци можат да доживеат големи промени во своите животи, особено кога станува збор за финансиите и ...
Соединетите Американски Држави денес ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН предложена од Русија, со која се повикува на прекин на огнот на Блискиот Исток и се осудуваат нападите врз цивили. За резолуцијата гласаа „за“ четири земји, а девет беа воздржани, додека САД, како постојана членка на Советот за безбедност, ставија вето, а Латвија гласаше против, објави „Спутник“. „Длабоко сме разочарани што Советот за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД вршат притисок врз Киев да ја заврши војната со Русија преку преговори, а истовремено посочи и на ограничувањата што, како што тврди, Вашингтон ги поставува за зајакнување на украинските одбранбени капацитети. Во интервју за „Политико“, Зеленски нагласи дека Украина поддржува дипломатско решение на конфликтот, но дека останува длабоко недоверлива кон Русија. Според него, во рамките на ...
Вечерва се одржа средба на претставниците на маркетите и премиерот во Владата на која било заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните. Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство. Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава ...
ФБИ ги предупреди агенциите за спроведување на законот во Калифорнија во последните денови дека Иран би можел да возврати на американските воени напади со напади со беспилотни летала од бродови крај Западниот брег. Предупредувањето, врз основа на разузнавачки информации собрани од почетокот на февруари, беше испратено до локалните власти кон крајот на минатиот месец, објави „Еј-би-си њуз“. „Според информациите што ги добивме неодамна, Иран ...
Британските дипломати не веруваат дека Иран има волја или капацитет да продолжи со војната ако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи еднострано прекин на огнот во блиска иднина, со оглед на тоа што воените цели на САД се исполнети. Се тврди дека, судејќи според изјавите од Белата куќа, САД нема да се обидат да ги таргетираат или заземат иранските објекти со залихи на високо збогатен ураниум, туку ќе се задоволат со истакнување на ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, објави на социјалните мрежи дека 168 деца биле убиени во напад со крстаречки ракети „Томахавк“ врз училиште за девојчиња на 28 февруари. Тој тврди дека станува збор за намерен двоен напад на САД (напаѓање на истата цел двапати). Тој го нарече нападот „непростлив и тежок воен злостор“ и рече дека одговорните мора да се соочат со последиците. Неколку медиуми сугерираа ...
Иранскиот претседател Масуд Пезашкијан ги постави вечерва условите за завршување на војната почната на 28 февруари со американско-израелските напади на Иран. „Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја започнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарациии да се обезедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија“, напиша Пезешкијан на ...
Италија не се приклучува на Комитетот за мир во Газа на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, но ќе придонесува во дискусијата на оваа тема, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на говорот за кризата на Блискиот Исток во Долниот дом на италијанскиот парламент денес. „Одлучивме да не се приклучиме на Комитетот за мир во Газа, но не гледам зошто не треба да придонесеме во дискусијата за ова прашање за ...
Иран продолжи да испраќа големи количини сурова нафта преку Ормутскиот теснец до Кина, дури и кога војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна ги загрози пошироките текови на снабдување преку овој клучен морски премин. Иран испрати најмалку 11,7 милиони барели сурова нафта преку Ормутскиот теснец од почетокот на војната на 28 февруари, а сите пратки беа наменети за Кина, изјави за CNBC Самир Мадани, коосновач на ...
Либанското шиитско движење Хезболах објави почеток на воена операција против Израел, откако голем број ракети беа лансирани од либанска територија кон северот на државата Израел. Според достапните информации, повеќе од сто ракети беа испалени кон Израел, а експлозии се слушнаа во неколку области на северот од земјата, вклучувајќи ја Горна Галилеја, Голанската Висорамнина, како и во градовите Кирјат Шмона и Хаифа. Израелскиот систем за ...
Израелската војска објави дека започнала „голем бран напади врз инфраструктурата на Хезболах во областа Дахие во Бејрут“. Додаде дека операциите за пресретнување на ракетите се во тек. Операциите за пресретнување на ракетите се во тек, соопшти ИДФ. Портпаролот Авичај Адраи изјави дека жителите на јужните предградија на либанскиот главен град треба веднаш да ја напуштат областа за да ги избегнат последиците од нападот. ⭕️ The IDF has begun a ...
Српските вооружени сили се првата вооружена сила во Европа што се здоби со хиперсонични балистички ракети, пишува американското списание „Милитари воч“. Според порталот „Милитари воч“, во тек е револуција во зголемувањето на огнената моќ. Фотографијата на која е прикажан борбен авион „МиГ-29“ на српските воздухопловни сили со две балистички ракети произведени во Кина укажува дека Србија станала втор странски корисник на овој тип ракета, ...
Преку платформата за итна регистрација, досега се регистрирале 40 црногорски морнари кои се наоѓаат во регионите на Ормутскиот теснец, Персискиот и Оманскиот Залив, објави Министерството за поморски работи, додавајќи дека нивната безбедност е апсолутен приоритет. Министерството соопшти дека платформата е основана со цел навремено собирање информации и одржување контакт со морнарите кои се наоѓаат во потенцијално загрозени подрачја, објавува ...
По долгите зимски месеци, сонцето конечно почнува да се појавува почесто, деновите стануваат подолги, температурите се зголемуваат, а природата го најавува доаѓањето на пролетта. Меѓутоа, наместо очекуваниот наплив на енергија, многу луѓе потоа чувствуваат спротивно – замор, раздразливост, губење на концентрација и необјасниво чувство на исцрпеност. Овој феномен не е само субјективен впечаток. Со децении, лекарите го поврзуваат со комбинација ...
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека војната во Иран мора да се запре пред целиот регион да „се запали“ и додаде дека треба да ѝ се даде шанса на дипломатијата. Воздушната одбрана на НАТО минатата недела пресретна две ирански ракети над јужна Турција, каде што се наоѓаат воздушните и радарските бази на НАТО и САД, кои оттогаш се засилени. „Војната мора да се запре пред да се прошири и целиот регион да се запали. Ако ѝ дадеме шанса на ...
Полска ќе бара информации и докази од Франција и Шведска во својата истрага за трговија со луѓе поврзана со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, соопшти денес полското обвинителство, велејќи дека документите од досиејата на Епстин укажуваат на основано сомневање дека кривични дела се извршени и на полска територија. Полското обвинителство потврди во соопштение дека започнало истрага за трговија со луѓе, за која се сомнева дека е ...