Пејачот Александар Тарабунов-Тара деновиве, среде лето, објави нова песна, за која се надева дека ќе биде хит. Всушност, се работи за старата песна „Прва љубов“, која во далечната 1973 година, на некогашниот „Скопски фестивал“, премиерно ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов и наш познат пејач, кој во последните неколку години пее фолк-мелодии. – Оваа песна е подарок за мојот град Скопје. За градот кој ми е прва љубов и кој нè учи дека и по ...

Новата железничка станица во Скопје официјално е пуштена во сообраќај на 27 јули 1981 година. На тој ден, во 11:30 часот заминал последниот воз од Старата железничка станица, а во 12:35 часот на новата пристигнал првиот воз, со што и официјално почнала нејзината работа. Пред 45 години, Скопје доби еден од своите најпрепознатливи симболи – Новата железничка станица, која е дело на прочуениот јапонски архитект Кензо Танге и претставува ...

Во ЈП „Лајка“ се случи нешто што ретко се гледа: кучињата што долго чекале некој да ги избере, овој пат сами го најдоа својот човек. – Тие не чекаа некој да ги избере, тие самите го избраа својот човек – порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, раскажувајќи за средбите полни со љубов и доверба. Таму се случија љубов и пријателство меѓу човек и животно, со едно мавтање со опашката и со еден топол поглед, и се напишаа нови приказни што ќе траат ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека ќе направи обид правно да му помогне на човекот уапсен под сомнение дека, на социјалните мрежи, му се заканувал со смрт. Полицијата уапси 55-годишен жител на Крагуевац, со иницијали С. С., кој е осомничен дека на својот профил на „Фејсбук“ објавил видео во кое, мавтајќи со нож, директно му се заканува со смрт на српскиот претседател и на главниот и одговорен уредник на весникот „Информер“. ...

Водата од градскиот водовод, по хиперхлорирањето, повторно може да се користи за технички потреби, но не и за пиење и подготовка на храна. Бројот на новозаболените продолжува да опаѓа, Обвинителството собира докази и не ја исклучува можноста од отворање нови предистражни постапки. Од скопски „Водовод“, каде што изминатите денови го следат квалитетот на водата во Гостивар, информираа дека три последователни дена во шесте анализирани примероци ...

Македонија годинава го регистрираше првиот случај на западнонилска треска во Европа, а заклучно со 27 јули, во земјава се евидентирани вкупно осуммина заболени, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), до 22 јули вирусот е регистриран во 35 региони во шест европски држави: Италија, Грција, Романија, Македонија, Шпанија и Франција. Пријавени се ...

Ландо Норис ја забележа својата прва победа во сезоната, триумфирајќи на Големата награда на Унгарија по возбудлива трка на патеката Хунгароринг. Возачот на Мекларен ја искористи одличната стратегија на тимот и проблемите на својот тимски колега, Оскар Пјастри, кој долго време беше лидер, но на крајот, мораше да се повлече поради технички дефект. Второто место му припадна на Макс Верстапен, кој и покрај сериозните проблеми со болидот, успеа ...

Вицешампионот на Италија, тимот на Наполи, не уште нема донесено конечна одлука кога е во прашање иднината на белгиските интернационалци, Ромелу Лукаку и Кевин де Бруин. Двоецот беше во вербална војна со сега веќе поранешниот тренер на „азурите“ во финишот од изминатата сезона, а таквото нивно однесување ни малку не им се допаднало на клупските челници. ИЗДВОЕНИ Парното поскапува и горивата со нови цени ВЕЧЕР РЕПОРТАЖА – епидемијата во ...

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс, и официјално е новиот кошаркар на Филаделфија, а неговата одлука да потпише двегодишен договор за ветерански минимум предизвика огромен интерес низ НБА. Четирикратниот шампион ќе заработува 3,88 милиони долари во сезоната 2026/27 и има опција од 4,07 милиони за следната сезона, што е драстично помалку од 52,6 милиони долари колку што заработуваше во Лос Анџелес Лејкерс. Со овој потег, ...

Регулаторната комисија за енергетика одлучи парното греење за корисниците во Скопје да поскапи од 1. август. За корисниците на ЕСМ Снабдување зголемувањето е 5,96, за корисниците на ЕСМ Енергетика или т.н |елезарско парно поскапувањето е 5,18 проценти, а за корисниците на ЕнергоЕколог – поранешно Скопје Север, покачувањето е 3,65 проценти. Според пресметките на РКЕ за просечен стан од 60 метри квадратни зголемувањето ќе биде 140 денари. И со ...

Советниците во Општина Ѓорче Петров на вонредна седница донесоа две важни одлуки: едната за граѓаните од Општината, а друга како знак на поддршка за жителите на Гостивар. Првата одлука се однесува на формирање комисија што ќе ги проценува штетите што ќе настанат од природни непогоди и други несреќи. Нејзината задача ќе биде да излезе на терен, да ја утврди состојбата, да ги евидентира штетите и да подготви извештај според законските правила. ...

Предесет и петгодишен маж беше уапсен вчера во Крагуевац поради упатување смртни закани кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој упатил низа јавни и монструозни закани на социјалната мрежа Фејсбук во кои детално опишал како ќе го изврши злосторот. Имено, човекот се заканил дека ќе го убие претседателот на Србија со отсекување на главата, снимајќи се себесеи како мафта со голем нож. Поради заканите припадници на Министерството за ...

По повеќеркатни испитувања на водата во Гостивар, анализите покажвуаат дека конечно водата може да се користи како техничка вода – ќе може да се користи за капење и сите останати домаќински потреби, но не и за пиење, ниту пак за подготвување на храна. Ова на прес конференција го кажа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој посочи дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење. „Во координација сме со Општината во ...

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ, наскоро ќе стане нов член на Бешикташ. Се очекува преговорите меѓу турскиот клуб и 26-годишниот фудбалер да бидат финализирани, а Србинот тогаш ќе се упати кон Истанбул. Плата од осум милиони евра нето годишно, плус бонуси, ќе ги задоволи сите негови желби, но Влаховиќ оди во Турција понижен бидејќи сфатил дека грубо ги преценил своите можности. Овој фудбалер чекал понуди од најдобрите европски клубови, ...

Повеќе од 60 отсто од земјоделското производство е уништено од невремето, а земјоделците предупредуваат дека штетите ќе се одразат на понудата на пазарите и на цените на зеленчукот и овошјето. За само неколку минути е уништен целиот труд на земјоделците, а пиперките, доматите, грозјето и јаболката се меѓу најпогодените култури. Производителите бараат помош, додека првите последици веќе се чувствуваат со зголемувањето на цените на пазарите. ...

Опасна планина на Кавказ одзеде пет животи за време на викендот. Алпинист кој претходно го освои врвот на Елбрус раскажа за драматичната борба за живот што ја доживеал таму. Босанско-херцеговскиот алпинист Емир Мусиќ, кој го освои Елбрус за време на една од неговите претходни експедиции и преживеа силна бура на руската планина, се присети на драматичните моменти во кои тој и другите членови на групата се бореле за своите животи. Временските ...

Според податоците на руското Министерство за вонредни ситуации, помош побарала група од двајца алпинисти кои биле на седлото на Елбрус, на надморска височина од околу 5.300 метри, во близина на засолништето „Црвена лисица“. Алпинистите од Ставрополската област и Тулската област претходно уредно ја регистрирале својата рута. По нивниот повик за помош, на терен биле испратени четири спасувачи. По пристигнувањето на спасувачката екипа, било ...

Глобалната комерцијална авијација напиша ново поглавје во историјата. Платформата за следење летови Flightradar24 регистрираше рекордни 153.359 комерцијални летови во еден ден на 23 јули, што е најголем дневен број летови откако платформата почна да води евиденција. Рекордот доаѓа само неколку недели откако податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) покажаа забавување на побарувачката за патувања, послаба продажба на ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји донеле неколку одлуки без да го почитуваат меѓународното право и со тоа, како што рече, „го пуштиле духот од шишето“, а во врска со тоа потсети на настаните во Југославија. „Западот донесе одлуки кои беа целосно некомпатибилни со Повелбата на Обединетите нации. Тие едноставно го пуштија духот од шишето. Сетете се на настаните во Југославија. Нема да давам никакви проценки ...

Грчките цариници денеска штрајкуваа од 5:00 до 9:00 часот. Иако штрајкот заврши, се формираа големи гужви, па затоа е потребно трпение за сите во близина на граничните премини меѓу Македонија и Грција. Премините сега се отворени, но се формирани големи редици. На Евзони во моментов се чека околу три часа, додека на алтернативните премини Дојран и Меџитлија, или Ники, се чека повеќе од два часа. Гужвите ќе траат во текот на целиот ден и им се ...

Лондонскиот премиерлигаш Челзи минатата сезона доживеа катастрофален неуспех на секое можно поле, а челниците на „Стемфорд Бриџ“ се свесни дека мора да се впуштат во целосна реконструкција на својот играчки кадар. Прво, тие решија да го доведат Чаби Алонсо како тренер, а потоа Челзи почна да работи со полна пареа кога станува збор за новите фудбалери. „Сините“ го завршија трансферот на Морган Роџерс од Астон Вила, задавајќи му удар на ...

Иднината на Винисиус Жуниор во Реал (М) останува една од главните теми во европскиот фудбал, а шпанските медиуми донесуваат нови информации што би можеле дополнително да ја комплицираат целата ситуација. Иако и бразилскиот репрезентативец и раководството на Реал (М) сакаат да ја продолжат соработката, сè уште не е постигнат договор за продолжување на договорот. Овој развој на настаните го привлече вниманието на бројни европски гиганти кои ...

Најдобриот велосипедист во светот, 27-годишниот Тадеј Погачар по петти пат во кариерата ја освои најпознатата велосипедиска трка Тур Д’Франс. Погачар со оваа победа стана петтиот велосипедист во историјата кој успеал да се закити со пет титули на оваа трка, откако претходно славеше во 2020, 2021, 2024 и 2025 година. По пет победи на Тур Д’ Франс имаат француските велосипедски великани Жак Анкетил (1957, 1961, 1962, 1963 и 1964) и Бернар Ино ...

Најмалку 207 туристички сместувања во Букурешт се рекламираат на Airbnb и Booking.com, иако се наоѓаат во згради со највисок сеизмички ризик, кои би можеле да се урнат во случај на силен земјотрес, според анализата на податоците од романската невладина организација Re:Rise. Станува збор за објекти кои можат да сместат повеќе од 1.000 гости секоја ноќ. 116 се рекламираат на Booking, 47 на Airbnb, додека 44 сместувања беа наведени на обете ...

Светското првенство 2026 заврши со триумф на Шпанија, која во финалето ја совлада Аргентина и по вторпат се искачи на светскиот фудбалски трон. Но, иако на теренот беа испишани нови страници од историјата, Мундијалот ќе остане запаметен и по бројните контроверзии, рекорди, емотивни приказни и моменти кои со недели го држеа светот во неизвесност. Токму поради тоа, ги издвоивме десетте најголеми приказни што го одбележаа СП 2026. „Црвената ...

Патниците кои денеска патуваат кон Грција или се враќаат дома се соочуваат со километарски колони и повеќечасовни застои на јужната граница. Поради најавениот штрајк на грчките царински служби, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време, сообраќајот на клучните гранични премини меѓу двете земји се одвива отежнато и под посебен, забавен режим. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија ...

Шпанија, Франција и Грција сè уште се борат со разорните шумски пожари. Околу 90.000 луѓе се евакуирани во шпанските региони Авила, Мадрид и Толедо. Грчките власти испратија шест авиони во погодената област од пожарот, додека 220.000 луѓе се евакуирани во Франција. Како што денес објави шпанскиот весник „Паис“, пожарот во Авила стана најголем во поновата шпанска историја со околу 50.000 хектари изгорена површина. Пожарите се сè уште активни, ...

Македонската култура остана без едно од своите најголеми имиња. На 75-годишна возраст почина истакнатиот актер Гоце Тодоровски, уметник кој со своите бројни улоги остави неизбришлива трага во театарот, телевизијата и филмот. Веста за неговата смрт ја соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој истакна дека Тодоровски беше актер со кого растеа генерации, човек што знаеше да насмее, но и да допре до публиката со својата ...

Најмалку девет лица се повредени во удар од гром на пистата на меѓународниот аеродром „Артуро Микелена“ во Валенсија во Венецуела вечерва, соопштија денес локалните власти. Меѓу повредените има четворица припадници на Националната гарда и неколку цивилни работници кои обезбедуваат услуги на терминалот, објави „Ел Импулсо“. Според властите, осум од повредените биле итно префрлени во одделот за траума на болничкиот комплекс „Д-р Енрике Техера“ ...

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе претседава со меѓуресорски кризен состанок на Министерството за внатрешни работи за пожарите што моментално беснеат во Франција. Според телевизијата BFM, кризниот состанок првенствено ќе се однесува на големиот пожар што избувна пред пет дена во градот Сом, во југозападна Франција, а сè уште се шири во департманот Жиронд. Според француското Министерство за внатрешни работи, пожарот досега изгорел ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.2
36%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
38%
1013
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
37%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
51%
1012
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.33
59%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
46%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
43%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.08
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1013
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
33%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.8
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Алуминиум

3.25

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Иридиум

252383.36