Регионалните медијатори на Блискиот Исток постигнаа напредок во напорите да ги вратат САД и Иран на преговарачка маса по неколку недели ескалација на тензиите, изјавија двајца неименувани функционери запознаени со разговорите. Тие рекоа дека немало директни напади меѓу САД и Иран во последните три дена, што значи дека двете страни потенцијално би можеле да се приближат кон враќање на привремен прекин на огнот. И покрај ова, безбедносната ...

Пожарникарите кои се борат со разорните шумски пожари во Франција се соочуваат со нова закана: огромни огнени облаци кои генерираат свој ветер, па дури и молњи кои можат да запалат нови пожари. Овие олујни облаци, познати како „огнени облаци“ или пирокумулонимбуси, се формираат над екстремно насилни пожари и можат дополнително да ги влошат веќе екстремно опасните услови. Според францускиот истражувач Жан-Батист Филипи, кој ги проучува ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отпатува во Вашингтон во понеделник, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа ќе биде нивна прва средба лице в лице од почетокот на конфликтот со Иран и осма откако Трамп се врати во Белата куќа. Нетанјаху и Трамп последен пат се сретнаа во февруари, кратко пред Израел и САД да започнат заедничка воздушна кампања против Иран. „Во овие сложени времиња, потребно е да се ...

Полициски службеник кој не бил на должност уапси маж кој нападна и повреди три жени со кујнски ножеви во Париз, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Нападот се случил во понеделник околу 11:30 часот во близина на метро станицата Клиши, во северниот дел од француската престолнина. Осомничениот, вооружен со два ножа, нападнал минувачи, а три жени на возраст од 19, 24 и 36 години се однесени во болница. Според ...

Градот Венеција заработи повеќе од пет милиони евра од влезницата што им се наплаќа на еднодневните туристи во текот на овогодинешната туристичка сезона, објавија градските власти, наведувајќи дека првичните индикатори укажуваат на намалување на метежот во деновите на најголема посетеност. Според податоците објавени од Градската администрација на Венеција, таканаречената градска влезница генерирала повеќе од пет милиони евра, додека повеќе од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека Вашингтон во моментов води „добри разговори“ со Иран, наведувајќи дека постои можност за постигнување договор меѓу двете земји. Трамп им рече на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, на пат кон Мичиген, дека има „многу време“ за решавање на прашањата поврзани со Иран. „Постои голема шанса нешто да се случи“, рече Трамп како одговор на прашање за можен договор со Техеран. ...

Како што вели за весникот ВЕЧЕР професорката Ана Мартиноска, презентацијата на сликите и тажаленките од скопскиот земјотрес во проектот „Архив на тага“ во Музејот на Град Скопје, 63 години по 1963 година, нè тера да ги поставиме прашањата: Дали ја чуваме меморијата од заборав? Како го третираме нашето културно наследство? Што научивме од колективната траума на скопскиот земјотрес? Во Музејот на Град Скопје синоќа (26 јули) се одржа посебен ...

Државата, покрај тоа што треба да располага со стратешки резерви на нафта и нафтени деривати, мора да обезбеди и сигурни резерви на храна. Во услови на економски кризи, природни непогоди, воени конфликти или нарушување на светските пазари, домашното производство и стоковните резерви претставуваат клучен фактор за безбедноста и стабилноста на државата. Поради тоа, неопходно е да се изградат и стават во функција повеќе откупно-дистрибутивни ...

Францускиот министер за внатрешни работи Лорен Нуњез денес изјави дека пожарот во Жиронда, на југозападот од земјата, е „стабилизиран“, но сè уште не е „локализиран“ и не е под контрола. По состанокот на меѓуресорскиот кризен штаб за координирање на борбата против шумските пожари, со кој претседаваше францускиот претседател Емануел Макрон, Лорен изјави дека „ова значи дека пожарот не се проширил во текот на ноќта“, објави телевизијата BFM. ...

Пратениците од владејачкото мнозинство на денешната вонредна седница на Српскиот парламент ќе обезбедат услови за расправа за гласање за недоверба на Владата на Србија, изјави претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ за „РТС“, но таа не очекува да се одржи гласање за недоверба. Брнабиќ проценува дека има мали шанси пратениците да гласаат за гласање за недоверба на Владата предводена од премиерот Ѓуро Мацут, бидејќи опозицијата, како ...

Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот не е насочен кон ...

Доколку планирате да купите половен автомобил во Германија, најновите податоци носат добри вести – цените на возилата паѓаат, понудата се зголемува, а купувачите се во сè поповолна позиција. Најновите податоци од индексот на цени на половни автомобили (AGPI) на AutoScout24 за јуни 2026 година покажуваат дека просечната цена на половен автомобил во Германија паднала за 1,0 проценти во јуни и сега изнесува 27.229 евра. Ова го продолжува трендот ...

Иран денеска соопшти дека сè уште го контролира Ормутскиот теснец и не бара продолжување на мировните преговори со САД откако американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина двонеделната кампања за бомбардирање по совет на неговите воени претставници. По 13 последователни ноќи интензивно бомбардирање на цели во Иран, што го натера Техеран да ги нападне американските бази на Блискиот Исток како одговор, Трамп ја прекина кампањата за време на ...

Три жени, вклучувајќи една бремена жена, беа повредени во напад со нож во северен Париз во неделата, откако маж нападнал минувачи во близина на Порт де Клиши. Нападот се случил околу 11:30 часот наутро, соопштија францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез и париската полиција. Повредените жени, на возраст од 19, 24 и 36 години, се однесени во болница. Властите соопштија дека две од жените претрпеле сериозни повреди. Едната била ...

Руски претставници најавија дека Москва ќе бара отштета од европските држави за војната во Украина, како и враќање на околу 300 милијарди долари руски средства што беа замрзнати на Запад по почетокот на инвазијата во 2022 година. Алексеј Чепа, прв заменик-претседател на Комитетот за меѓународни работи во Државната дума, изјави дека Русија ќе го постави ова прашање, зашто европските земји треба да сносат одговорност за својата улога во ...

Рускиот претседател Владимир Путин не користи ниту фиксни ниту мобилни телефони за комуникација со функционери на државната администрација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за новинарот на списанието „Лајф“, Александар Јунашев. Според рускиот бизнис-дневен весник „Комерсант“, Песков рече дека Путин користи исклучиво специјални, заштитени комуникациски линии за сите разговори. Песков објасни дека за време на празниците, ...

Летната сезона на хрватскиот брег е во полн ек, а сцените од една од најпознатите плажи во Макарска повторно ја отворија дебатата за масовниот туризам и гужвите во шпицот на сезоната. Видео кое се прошири на социјалните мрежи ја прикажува плажата во утринските часови, речиси без слободен простор. Снимките покажуваат пешкири поставени еден до друг, лежалки, чадори и детски играчки кои го окупираат речиси секој слободен дел од брегот. Многу ...

Планинарот Харис Адиловиќ, еден од двајцата преживеани планинари, раскажа дека трагедијата е резултат на погрешна временска прогноза, а не на недостаток на подготовка на групата. Тој вели дека тешкотиите се појавиле уште од самиот почеток на искачувањето. Групата немала водич, а во почетната фаза, еден од учесниците почнал сериозно да се замрзнува, што го принудило водечкиот тим да се врати. Дино Ахметовиќ од ГСС „Зеница“ објасни дека откако ...

Црна Гора го забрзува усогласувањето на својата визна политика со Европската Унија, па од 1 ноември 2026 година, на граѓаните на Русија и Белорусија ќе им бидат потребни визи за влез во земјата. Дотогаш, продолжениот безвизен режим, кој важи и за граѓаните на Кина, Турција и Саудиска Арабија, останува на сила. На граѓаните на Русија и Белорусија ќе им бидат потребни визи за престој во Црна Гора од 1 ноември оваа година. Владата го продолжи ...

Проектот „Скопје 63/63“, кој претставува единствена средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година, ќе биде претставен вечерва (28 јули) во 20:30 часот, во Сули ан. Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и од странски автори посветени на Скопје и на неговата меморија. Проектот е надополнет со фотографиите на ...

Со дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка за земјоделството, општините и за реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Ова го истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го ребалансот пред пратениците во Собранието. Таа нагласи дека со ...

Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и на локалните традиции ќе добијат финансиска поддршка од Министерството за земјоделство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој се во вкупна вредност од 1.048.509 денари (17.048 евра). Парите, како што информираат од ...

Државата, покрај тоа што треба да располага со стратешки резерви на нафта и нафтени деривати, мора да обезбеди и сигурни резерви на храна. Во услови на економски кризи, природни непогоди, воени конфликти или нарушување на светските пазари, домашното производство и стоковните резерви претставуваат клучен фактор за безбедноста и стабилноста на државата. Поради тоа, неопходно е да се изградат и стават во функција повеќе откупно-дистрибутивни ...

Ново поскапување ќе ги удри скопјани по џебовите – сметките за парно од август ќе бидат повисоки, а возачите веќе точат поскапо гориво. РКЕ вели дека покачувањето доаѓа поради поскапиот гас и состојбите на светските пазари. Додека дизелот се искачува кон границата од 100 денари, граѓаните стравуваат дека секое ново поскапување ќе значи уште поголем товар за домашниот буџет. Од Владата најавуваат дека ќе разгледуваат дали ќе има мерки за ...

Четириесетина коњаници, меѓу кои и пет девојки, ја продолжуваат една од најгордите македонски традиции: Илинденскиот коњички марш од Горно Лисиче до Крушево. Со благослов, развиорено знаме и со мисла за илинденските херои, тие вечерва тргнуваат на пат долг неколку дена, носејќи ја со себе приказната за слободата и за македонскиот дух. – Ова не е само патување туку и сведоштво за љубовта кон Македонија – порача градоначалникот на Општина ...

Авион на „Норвешката авиокомпанија Ер Шатл“ од Осло до Дубровник утрово беше ненадејно пренасочен кон Австрија откако за време на летот беше откриен проблем со прозорецот на авионот. Авионот на летот DY1922 полетал од Осло во 6:45 часот наутро и требало да слета на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник околу 9:40 часот наутро. Сепак, како што неофицијално дознава „Дубровник дејли“, еден од прозорците пукнал за време на летот, што го навело ...

Иранското Министерство за надворешни работи денес издаде трето предупредување до Бугарија, откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката на американските воздухопловни сили. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, во соопштение објавено на социјалните мрежи изјави дека „донесувачите на одлуки во Бугарија мора да ја сносат одговорноста за ...

И покрај напредокот на современата медицина, болничките инфекции и натаму се меѓу најсериозните предизвици за здравствените системи. Епидемиологот д-р Сашко Очумчев, автор на книгата „Интрахоспитални инфекции“, предупредува дека превенцијата, строгите хигиенски мерки и рационалната употреба на антибиотици се клучни за заштита на пациентите. Во интервју за ВЕЧЕР, тој зборува за најчестите болнички инфекции, опасноста од мултирезистентните ...

Во градот што некогаш беше симбол на културата, историјата и на достоинството, денес сѐ почесто се чувствува едно длабоко заборавање на ликот и делото на Јосип Броз Тито, човекот чие име остави неизбришлива трага во историјата на поранешна Југославија и на овие простори, реагираат од Здружението „Титоисти“ од Охрид. Оттаму велат дека она што значело некогаш чест, углед, солидарност и идеали, денес е оттурнато на маргините. – Во Охрид, наместо ...

Првпат по цели осум децении одново се слушаше литургија во сè уште разурнатото светилиште, долнодримколскиот манастир во Манастирец, посветено на свети архангел Гаврил. Завчера, на празничниот ден посветен на архангелот Гаврил, во остатоците од некогашниот раскошен манастирски храм, каде што одамна нема купола, со службата чиноначалствуваше епископот антаниски, г. Партениј. Со него сослужуваа и свештенослужители од Бигорското братство, како и ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.07
56%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.74
66%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
82%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.93
60%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.18
69%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.84
89%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
43%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
50%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
5.36
68%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
75%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.43
98%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.54