Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, повторно застана зад своите контроверзни коментари за фудбалот, кои првпат ги даде пред 14 години. Во интервју од 2012 година, Вајт го нарече најпопуларниот спорт во светот „спорт за кој ви треба најмалку талент“, изјава што сè уште повремено станува вирална на социјалните медиуми до ден-денес. За време на неодамнешното појавување на „БИГ бој ТВ“, Вајт беше прашан за неговите познати коментари. Пред да го ...
Италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани, гигант на модната индустрија и основач на брендот Валентино, беше погребан денес во базиликата Санта Марија дели Анџели во присуство на бројни личности од светот на модата, филмот, политиката и јавниот живот. Меѓу присутните на погребот беа актерките Ен Хатавеј и Елизабет Харли, како и дизајнерките Ана Фенди и Брунело Кучинели, долгогодишната уредничка на „Вог“ Ана Винтур, како и семејството и ...
Британец се изјасни за виновен пред британски суд за дрогирање и силување на својата сега поранешна сопруга во период од 13 години, објави „Си-ен-ен“. Филип Јанг призна 48 од 56-те обвиненија против него, изјавувајќи се за виновен по 14 точки за воајеризам, 11 точки за силување и 11 точки за давање супстанца со „намера за опивање“ на неговата тогашна сопруга, соопшти Крунската обвинителска служба, како што објави „Си-ен-ен“. Тој, исто така, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за прекршоци, со кој се овозможува целосна имплементација на системот „Безбеден град“ од 1 февруари, нагласувајќи дека станува збор за одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните. Тошковски им заблагодари на сите пратеници кои денеска во Собранието ги поддржаа измените на Законот за прекршоци, ...
Со брза и едноставна подготовка и состојки кои многумина веќе ги имаат дома, не ни зачудува што овој рецепт многу брзо ги освои социјалните мрежи. Станува збор за десет без печење кој е готов за пет минути, а освојува со креместата текстура и едноставност. Се што ви е потребно за негова подговка се грчки јогурт и бисквити. Овој десерт им пркоси на сите слаткарски працвила со својата радикална едноставност бидејќи во целост ги заобиколува ...
Руските, украинските и американските преговарачи се собраа денес во Абу Даби, каде што се одржаа првите трилатерални разговори од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. Средбата се смета за клучен момент за Украина и можност да се покаже дали Москва е навистина подготвена за мировниот процес или само се обидува да купи време. Разговорите следат по неодамнешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 – 40м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50м. на планинските превои Буково и Ѓавато. ИЗДВОЕНИ Сè уште сонуваме дека сме заедно……в недела, 25 јануари, ќе се ...
Швајцарскиот суд во понеделник соопшти дека Жак Морети, сопственикот на барот „Ла Констелашн“ во Кран-Монтана, каде што избувна пожар за време на новогодишната забава и загинаа 40 лица, може да биде ослободен со кауција, пренесе „Бета“. Како што објави „Ројтерс“, Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага по обвинение за убиство од небрежност, а Жак беше приведен на 9 јануари поради ризик од бегство. Во пожарот за време на новогодишната ...
Европската комисија денес објави дека ќе предложи ново шестмесечно одложување на европскиот пакет реципрочни трговски мерки против САД, во вредност од 93 милијарди евра, кој требаше да стапи во сила на 7 февруари. Пакетот, подготвен во првата половина од минатата година, додека Европската унија преговараше за трговски договор со Вашингтон, веќе е суспендиран шест месеци кога двете страни на Атлантикот постигнаа договор во август 2025 година. ...
Целиот износ на кауцијата претходно одредена од Врховниот антикорупциски суд на Украина (ВСК) на опозициската пратеничка и поранешна премиерка Јулија Тимошенко е платен, објави судот денес. Прес-службата на ВАКС, исто така, објави дека расправата за жалбата на Тимошенко против одлуката на првостепениот суд за нејзината превентивна мерка ќе започне во понеделник, 26 јануари, објавува „Униан“. Тимошенко, исто така, потврди дека нејзината ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп, на Светскиот економски форум во Давос, се согласиле Соединетите Американски Држави да ја снабдат Украина со ракети за системот „Патриот“. „Разговарав со претседателот Трамп и добив, нема да кажам колку, ракета PAC-3 за „Патриот“, рече Зеленски за време на разговор со млади луѓе на Националниот форум на талентирани млади, одговарајќи на ...
Мерцедес и официјално го претстави својот нов болид – W17, кој би можел да биде главен фаворит за титулата во претстојната сезона во Формула 1. Тимот на легендарниот германски производител, со седиште во Велика Британија, смета со Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели оваа година ќе ја прекине сушата од 2020 година и ќе се врати на врвот од генералниот пласман. Едноседот доаѓа со декорација што го почитува неговото германско наследство – црната ...
Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД ја продолжи оперативната лиценца на Српската нафтена индустрија (NIS) до 20 февруари. Во писмо до Министерството за финансии, OFAC ги наведе условите под кои оперативната лиценца е валидна. Во писмото се наведува дека трансакциите не смеат да вклучуваат американски субјекти и финансискиот систем на САД и не смеат да бидат во име или за корист, директно ...
Уставниот суд на Бугарија ја донесе одлуката да ја одобри оставката на Радев едногласно со гласовите на сите 12 судии кои учествуваа на седницата. Со потврдување на оставката на Радев од страна на судот, потпретседателката Илијана Јотова ќе ја преземе претседателската функција до крајот на нејзиниот мандат во јануари 2027 година, пренесе „Ројтерс“. Новата претседателка на Бугарија доаѓа од социјалистите БСП на Радев. Јотова беше многу активна ...
Со 81 глас „за“ и 19 „против“, пратениците во Собранието денеска го изгласаа Законот за прекршоци, по скратена постапка, со што се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше поединечно. За усвојување на законските измени беше потребно двотретинско мнозинство од пратениците. Поддршка ...
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т. (46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас му одговори на Србинот Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата по неговата победа над Корентано Муте и ја „прошири“ приказната за „авторските права“ на серверот. Приказната за сервисот на Карлос Алкарас, кој наводно наликува на Новак Ѓоковиќ, сè уште предизвикува насмевки и големо внимание во тенискиот свет. Шпанскиот тенисер, откако Ѓоковиќ на шега ја коментираше ситуацијата пред неколку дена, реши да возврати ...
Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека разговорите меѓу Украина и Русија започнаа во Абу Даби, со посредство на САД. „Разговорите започнаа денес во Абу Даби и се очекува да траат два дена, како дел од тековните напори за промовирање на дијалогот и наоѓање политички решенија за кризата“, се вели во соопштението. Директорот на најголемиот приватен производител на електрична енергија во Украина, ДТЕК, ...
Рацете на Доналд Трамп повторно се во центарот на вниманието, а портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит, открива што ја предизвикало грдата лезија на раката на американскиот претседател. Седемдесет и деветгодишниот претседател, кој е најстарата личност што ја презел функцијата во историјата на САД, беше забележан во Швајцарија оваа недела со голема модринка. Модринката се појавила откако тој удрил во маса на Светскиот економски форум во ...
Со 81 глас „за“ и 19 „против“, пратениците во Собранието денеска го изгласаа Законот за прекршоци, по скратена постапка, со што се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше поединечно. За усвојување на законските измени беше потребно двотретинско мнозинство од пратениците. Поддршка ...
Во Велика Британија, пабовите, симболи на општествениот живот и заедништвото, пропаѓаат со алармантна брзина. Во 2025 година, само во Англија и Велс беа затворени 366 пабови – во просек по еден дневно. Вкупно, останаа околу 39.000 од нив, додека пред четири децении имаше повеќе од 60.000. Причините се бројни: намалувањето на потрошувачката на алкохол кај младите, навиката за пиење дома по пандемијата, скокот на цената на пивото до осум фунти ...
Трамп веќе предупреди дека Америка ќе ја напушти организацијата, која ја обвинува за слаб одговор на пандемијата на коронавирус и дека е „под големо кинеско влијание“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, двапати објави дека ќе ги повлече Соединетите Американски Држави (САД) од Светската здравствена организација (СЗО), пренесе „Би-би-си“. Една година по последното навестување, Америка официјално се повлече од оваа агенција на Обединетите ...
САД и Европската Унија планираат да соберат 800 милијарди долари од јавни и приватни извори за обнова на Украина по завршувањето на руската инвазија. Документот од 18 страници, кој го виде „Политико“, опишува 10-годишен план кој треба да обезбеди закрепнување на Украина и да го забрза нејзиниот пат кон членство во ЕУ, објавува „Политико“. Европската комисија ги проследи плановите до земјите-членки пред синоќешниот самит на лидерите, каде што ...
– Оној што барем еднаш излегол со Тоше во град, на улица, знае како изгледа тоа. Немам друг збор со кој би ја опишал ситуацијата, освен дека човекот беше феномен. Едноставно кажано, сите го сакаа Тоше, кому му беше пишано да биде ѕвезда. Сега таа ѕвезда е на небото, која нам, тука долу, ни остави преубава музика. Стана репер како треба да се однесуваме во многу ситуации во животот – емотивно се присети легендарниот Гаро Тавитијан ...
Пензионери, студенти, ученици и невработени ќе можат да работат без да се плашат дека ќе ја изгубат пензијата, стипендијата или социјалната помош. Со Законот за работно ангажирање лица, кој стапи на сила на почетокот од годинава, се очекува околу 16 илјади пензионери и студенти легално да бидат вработени. Инаку, претходно пензионерите можеа да работат само со договор на дело или со авторски договор, а работодавците имаа обврска да плаќаат ...
ТикТок склучи договор со Белата куќа што му овозможува да продолжи да работи во Соединетите Американски Држави преку основање нов, независен американски ентитет. Договорот, усогласен со извршната наредба на претседателот Доналд Трамп од септември 2025 година, спречи забрана за популарната апликација за кратки видеа, објави Би-Би-Си. Како ќе функционира американскиот TikTok? Според договорот, американските операции на ТикТок ќе бидат одвоени ...
Унгарија на парламентарните избори на 12 април ќе одлучи дали сака мир или војна, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој додаде дека претстојните избори ќе покажат дали Унгарија ќе му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги користи парите на унгарските даночни обврзници за, како што рече, „одржување на корумпираниот украински режим“. Сијарто, во видео-обраќање објавено на Фејсбук, изјави ...
Сединетите Американски Држави можеби ќе мораат да издвојат 700 милијарди долари ако сакаат да ја постигнат целта на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд, објави американската телевизија „НБЦ њуз“, повикувајќи се на три извори запознаени со процената на трошоците. Процената е направена од експерти и поранешни американски функционери како дел од планирањето околу обидот на Трамп да го стекне островот како стратешка ...
Москва денеска посочи дека и натаму бара Киев да ги повлече своите сили од источна Украина со цел да се реши конфликтот. „Вооружените сили на Украина мора да го напуштат Донбас, тие мора да се повлечат. Ова е многу важен услов“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред разговорите во Абу Даби меѓу руските, украинските и американските претставници. Тој истакна дека без решение за територијалното прашање, бесмислено е да се ...
Полските медиуми го нарекоа проектот за изградба на новата зграда на Министерството за одбрана на Република Полска „полска верзија на Пентагон“. Проектот на новата зграда на Министерството за одбрана на Полска беше презентиран вчера во Долниот дом на полскиот парламент, каде што концептот на здружението „Однава РП“ беше претставен како „полски Пентагон“. „Ова не е задача за една влада, туку генерациски проект. Мора да се спроведе со најголема ...