Келдон Џонсон беше клучен адут од клупата за Сан Антонио оваа сезона. Тој играше во сите 82 натпревари, сите влегувајќи од клупата, подвиг што го постигна само еден друг НБА-играч во последната деценија. Тој, исто така, стана првиот играч во историјата на Спарс кој постигнал повеќе од 1.000 поени во една сезона како резерва. Токму поради тоа, ја доби наградата за шести најдобар играч во сезоната, а со тоа му се придружи на Ману Џинобили, ...

„Секстет“ е насловот на урнебесната комедија во режија на Марјан Георгиевски, а по текст на Марк Камолети, која на 25 април, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена во Народниот театар во Битола. – Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни. Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи. Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Затоа сега е време за Камолети – светскиот крал на фарсата и мајсторот ...

Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.04.2026 во Дебар, каде што престојувала со сегашен вонбрачен партнер, откако излегла од угостителски објект на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В., кое го управувало друго лице, по што отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село. Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.04.2026, а поранешниот партнер извршил ...

Две лица од Романија се уапсени во Скопје, по пријава за измама на повозрасна жена. Според соопштението од МВР, на 22 април 2026 година околу 19:30 часот, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 35-годишниот Ј.Г. и еден малолетник, двајцата од Романија. Во соопштението се наведува дека постапувањето е по претходна пријава дека тие измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, едно од лицата дошло во ...

Зголемените цени на енергенсите поради војната во Иран ја чинат Европа скапо, при што Европската Унија досега потрошила дополнителни 24 милијарди евра за увоз на енергија – без да добие дополнителни количини. Според податоците, земјите-членки плаќаат повеќе од 587 милиони долари дневно за истата количина енергија, што претставува сериозен товар за економијата. Во обид да ги ублажи последиците, Европската комисија веќе претстави пакет итни ...

Словачка од синоќа започна повторно да прима сирова нафта преку нафтоводот „Дружба“, потврди министерката за економија на земјата, Дениса Сакова. Според нејзината објава на социјалните мрежи, приемот на енергенсот започнал точно во два часот по полноќ и во моментов протокот на нафта се одвива непречено и според претходно утврдениот план. Овој потег уследи по најавата на Сакова од средата, кога таа посочи дека се очекува руската нафта да ...

Високи европски претставници за енергетика и воздухопловство предупредија дека „ценовната криза“ ќе се претвори во „криза на снабдување“ ако Ормускиот теснец остане затворен. ЕУ предупреди дека Европа е во „многу сериозна криза“ бидејќи залихите на гориво за авиони почнуваат да се намалуваат поради војната во Иран, а луѓето можеби ќе мора да ги променат своите планови за одмор ова лето. „За жал, многу е веројатно дека многу луѓе ќе бидат ...

Бран дојави за бомби ги погоди училиштата низ Хрватска утрово, вклучувајќи ги и Истарскиот, Карловачкиот и Сплитско-далматинскиот округ. Десетици училишта во Пула, Карловац, Сплит и Каштела добија заканувачки е-пораки, поради што учениците и наставниците беа итно евакуирани, додека полициските службеници вршат детални инспекции на сите простории за да ја утврдат веродостојноста на извештаите. Покрај образовните институции, цел на закани ...

Во годината кога ШК Алкалоид го прославува својот полувековен јубилеј, неговиот актуелен тим, кој доминира на македонската сцена, се реши за нов предизвик и за уште еден настап на Светското екипно првенство за сениори. Составот на екипата го сочинуваат велемајсторите Трајко Недев, Звонко Станојоски, Драгољуб Јаќимовиќ, Роландо Кутиров и ЖИМ Габриела Коскоска. Во 2023 година, кога ова првенство се одржуваше во Струга, ШК Алкалоид за првпат се ...

Иако многу медиуми објавија дека Алваро Арбелоа ќе биде отпуштен на крајот од сезоната, мадридскиот весник „Марка“ тврди дека играчите многу го поддржуваат овој стручњак и сакаат тој да остане. Така, наводно, по елиминацијата од Баерн (М) во четвртфиналето од Лигата на шампионите, тие веќе го поддржаа тренерот и му испратија јасна порака на претседателот Флорентино Перез. „Фудбалерите на Реал (М) го поддржаа Алваро Арбелоа“, објавува „Марка“, ...

Во насока на стабилизација и подигнување на стандардите во домашната кошарка, Кошаркарската федерација на Македонија донесе серија важни одлуки насочени кон финансиска дисциплина и системско уредување на натпреварувањето. Најзначајната мерка се однесува на финансиското растоварување на клубовите. Управниот одбор одлучи старите долгови да може да се намират со 40 % попуст, најдоцна до 31 мај, додека за обврските од тековната сезона е предвиден ...

Драмски театар Скопје со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА. Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на реномирани професионални театри од Белград, Загреб, Љубљана, ...

Лондонскиот премиерлигаш Челзи се најде во големи проблеми пред дуелот со Брајтон, кој го загуби со убедливи 3:0, бидејќи Кол Палмер и Жоао Педро не беа достапни за овој првенствен натпревар. Сепак, следбениците на фризерот на Марко Кукурела беа известени за таквата информација неколку часа пред менаџерот Лиам Росениор да го потврди почетниот состав за дуелот против „морските галеби“. На профилот @Rileyeagles на социјалната мрежа „Икс“ во, ...

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека САД го продолжиле олеснувањето на санкциите за руската и иранската нафта за 30 дена, на барање на најранливите земји поради потенцијален недостиг поради затворањето на Ормускиот теснец. Бесант на сослушувањето пред Поткомитетот за буџет на американскиот Сенат изјави дека барањата дошле од финансиски претставници од околу десетина земји за време на минатонеделните состаноци на ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека војната во Иран го одвлекла меѓународното внимание од руската агресија врз неговата земја, оценувајќи дека тоа претставува „голем ризик“ за континуитетот на поддршката кон Киев. Во интервју за „Си-ен-ен“ Зеленски изјави дека техничките разговори со САД продолжуваат, но дека не гледа можност за директна средба на високо ниво додека не се затвори прашањето поврзано со конфликтот во ...

Турскиот парламент усвои закон со кој се забранува користењето на социјалните мрежи од страна на деца под 15 години. Според одлуката, лицата под 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, а дигиталните платформи ќе мора да имплементираат системи за проверка на возраста. Социјалните мрежи ќе мора да обезбедат јасни, разбирливи и едноставни алатки за родителска контрола, објави ТРТ Хабер. ИЗДВОЕНИ Груби нема да излезе од ...

Иран ја засили контролата над Ормускиот теснец и заплени два брода, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека ги одложува новите напади врз таа земја, потврди денеска Ројтерс. Според агенцијата, статусот на двонеделното примирје, кое требаше да истече претходно оваа недела, останува нејасен, а засега нема навестувања дека мировните преговори наскоро ќе продолжат. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф, ...

Екипата на ТФТ Скопје испушти голема шанса во првиот меч од финалето во АБА 2 лигата, откако и покрај одличното прво полувреме, на крајот доживеа убедлив пораз од Широки Бријег со 88:69. Македонскиот тим имаше резултатска позитива во првите две четвртини на гостински терен, но пресвртот дојде во третиот период. При резултат 46:39 за ТФТ, домаќините направија серија од 13:0 и го презедоа водството. Иако скопјани успеаја кратко да се вратат и ...

Во Кичево се одржа работна средба меѓу претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, Сашо Димитриоски, член на УО на МОК и градоначалникот на Општина Кичево, д-р Александар Јовановски. Фокусот на средбата беше ставен на конкретните планови за унапредување на локалната спортска инфраструктура и системска поддршка на младите спортисти преку ресурсите на МОК. Еден од клучните столбови на оваа соработка е ...

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28. Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека војната во Иран почнува да ја „слабее Европа“. Ердоган и Штајнмаер вчера разговараа по телефон за турско-германските односи, како и за војните во Иран и Украина, објави кабинетот на турскиот претседател на социјалните мрежи. „Претседателот Ердоган рече дека војната во регионот почнала да ја ослабува и Европа“, се вели во ...

Забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш, суштина е на Предлог-закон за изменување на Законот за Владата кој денеска го поднесе пратеничката група на СДСМ. Од партијата наведуваат дека со овој предлог се поставува принцип на еднаквост, односно исти правила да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок. СДСМ истовремено ги критикува најавените измени на ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе остане во домашен притвор уште 30 дена на предлог на јавниот обвинител, а со одлука на Основниот кривичен суд. Обвинетиот за злоупотребите во Државната лотарија ќе го чува полицијата, така бараа АНБ и МВР, со објаснување дека му била загрозена безбедноста и на неговото семејство. Истрагата за Груби се одолговлечи, а тоа остава простор во јавноста за шпекулации и прашања- дали осомничениот ќе се спогоди, ...

Два воза се судрија во Данска утрово, при што неколку лица беа повредени, изјавија локалните служби за итни случаи за Ројтерс. Медиумските извештаи велат дека 17 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. Инцидентот се случил во близина на Хилерод, северно од Копенхаген. „Два локални воза се судрија директно“, изјави портпаролот на Метрополитенската противпожарна служба на Копенхаген. „Има повредени меѓу патниците. Сите ...

Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН објави дека американските претставници му соопштиле на Тел Авив дека временската рамка што ја постави американскиот претседател Доналд Трамп за Техеран ќе истече за неколку дена. Како што дополнително прецизира, неодамна продолженото прекин на огнот со Иран ќе истече во недела. Повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, КАН објави дека Трамп се стреми да постигне договор со Иран, наместо да се ...

Ракометарите на хрватскиот шампион Загреб имаа многу лоша сезона во Лигата на шампионите, па клубот одлучи да направи големи чекори за новата. Според „Спортски новости“, постигнат е договор со Хрвој Хорват, кој ќе го преземе тимот на први јули. Тој моментално го води швајцарски Шафхаузен, каде што наскоро ќе му истече договорот, а со доаѓањето во Загреб ќе стане четвртиот тренер во последната година. Со неговото доаѓање се споменува и за ...

Глобалниот пазар на нафта утрово доживеа силен шок по новата ескалација на тензиите на Блискиот Исток. Американската референтна нафта од типот Западен Тексас Интермедијар забележа скок од 4,06 проценти, достигнувајќи цена од 96,73 долари за барел. Во исто време, меѓународната референтна нафта Брент од Северното Море порасна за 3,62 проценти, па нејзината цена се искачи на 105,63 долари за барел, што дополнително го зголеми притисокот врз ...

Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство и официјално потврдија дека е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Мети Сејдини. – Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје го лишија од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба, соопшти МВР. Јавното ...

Временската рамка за Иран да се изјасни за продолжувањето на прекинот на огнот ќе ја диктира само американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Тој го одржува и великодушно нуди одредена флексибилност на режим кој е целосно извалкан“, рече Ливит на прес-конференција во Белата куќа, објави Скај њуз. Според неа, причината зошто Техеран сè уште не коментирал за ова е тоа што наводно постои „конфликт ...

Белата куќа состави список на „добри и лоши“ членки на НАТО, како дел од разгледувањето на мерките против сојузниците кои не ја поддржаа воената операција на САД против Иран. Според дипломатски извори и американски претставници, земјите се групирани според нивниот придонес во алијансата и нивната подготвеност да соработуваат со Вашингтон. Планот е подготвен пред посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на Вашингтон, објави ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.28
67%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
97%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.24
58%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
59%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
75%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0083

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Родиум

319899.93