Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Италијанските конзервативци го обвинија Европскиот парламент во Брисел дека дозволува продажба на фалсификувани производи откако на полиците на супермаркет во институцијата беше пронајдена тегла карбонара со италијанско знаме, произведена во Белгија. Според партијата на премиерката Џорџа Мелони, етикетите на одредени производи во супермаркетот на Европскиот парламент ги заведуваат потрошувачите, сугерирајќи врска со италијанско потекло. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на САД и Трамп на мрежата X, откако американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „украинското раководство не покажува благодарност за американската поддршка“. Потсетете се дека денес во Женева се водат преговори меѓу делегациите на САД и Украина, во присуство на државниот секретар на САД, Марко Рубио, и претставникот Стив Виткоф. Доналд Трамп претходно напиша дека војната ...
Најмалку пет лица се убиени, а 28 се ранети во израелски воен напад врз јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, соопшти денес либанското Министерство за здравство, прецизирајќи дека ова е „конечниот број на жртви“. Нападот врз станбена зграда во Дахије, упориштето на либанската милитантна група Хезболах, беше извршен и покрај прекинот на огнот што стапи на сила пред една година за да се стави крај на непријателствата што ескалираа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинското раководство „не покажало ни трошка благодарност“ за напорите на Вашингтон да ја прекине војната на Русија против Украина. Во објава на платформата Truth Social, Трамп нагласи дека „наследил војна што никогаш не требало да се случи“ и повтори дека конфликтот немаше да избувне доколку тој беше претседател во 2022 година. Трамп напиша во објавата дека војната е „загуба за сите, особено ...
Педесет од 303 ученици претходно киднапирани од католичко училиште во Нигерија избегаа и сега се со своите семејства, соопшти денес раководството на училиштето. Претседателот на Христијанското здружение на Нигерија и директор на училиштето, Булус Даува Јохана, изјави дека учениците, на возраст меѓу 10 и 18 години, избегале поединечно помеѓу петок и сабота. „Успеавме да го потврдиме ова кога решивме да контактираме и да посетиме некои родители“, ...
Со или без конкретен документ за македонските црвени линии, Македонија ќе го пречека постновогодишниот период за кога се очекува одредено придвижување во нејзината блокирана евроинтеграција. Првите недели по локалните избори не носат никакви најави дека би можело да се актуализира носењето еден ваков документ, а што се најавуваше во периодот пред почетокот на кампањата за неодамнешните локални избори. Прво, лидерот на опозициските ...
Сајбер кафуле поврзано со затворената интернет-мрежа на Северна Кореја им овозможува пристап до западни видеоигри на жителите на Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја. Западните акциони видеоигри како „Call of Duty“ и „Counter-Strike“ се покажаа популарни меѓу играчите во неодамна отвореното сајбер кафуле на затворена мрежа во Пјонгјанг, објави новинската агенција Кјодо. Видеоигрите што потекнуваат од која било друга земја освен Кина не се ...
Идејата за град изграден од дрво, кој би се градел во средината на нов природен резерват во Англија, наскоро би можел да стане реалност, објавија денес британските медиуми. Поддржувачите на овој проект од редовите на меѓупартиската коалиција планираат да изградат „шумски град“ во кој би живееле милион луѓе, а каде што куќите со четири спални соби би чинеле 350.000 фунти, објавува Гардијан. Авторот на оваа идеја, инвеститор и поранешен новинар за ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека не е убеден дека решение прифатливо за Украина врз основа на американскиот план од 28 точки ќе биде пронајдено до рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп. „Денес е недела. Планот на претседателот Трамп е да постигне договор до четврток. Сè уште сме многу далеку од тоа. Тоа не значи дека е сосема невозможно да се постигне… Но, скептичен сум дека таков исход е можен со оглед на ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле воздушен напад врз „високо рангиран“ оперативец на Хезболах во Бејрут. Според либанските медиуми, објавени од „Израел тајмс“, нападот се случил во јужните предградија на Бејрут, област позната како упориште на Хезболах. Воените претставници изјавија дека целта бил вториот највисоко рангиран оперативец на организацијата, Хаитам Али Табатабаи. ИДФ соопшти дека наскоро ќе објави повеќе ...
Високи претставници од Соединетите Американски Држави, Украина и советници за национална безбедност од европските земји Франција, Велика Британија и Германија, како и претставник од Италија, денеска во Женева ќе разговараат за нацрт-планот на САД за прекин на војната во Украина. Европската Унија подготви контрапредлог на американско-рускиот мировен план, кој треба да им го презентира на партнерите на денешната средба во Женева. Европските лидери ...
Возбудата на бројната публика во Неапол брзо се претвори во ужас кога 26-годишен акробат го загуби животот во Империјал Ројал Циркус. Тројца мотоциклисти изведувале трикови во еден од најголемите и најстарите патувачки циркуси во Европа кога едно од нивните возила се лизнало, а другите две не можеле да избегнат судир. Несреќата се случила во петокот навечер во Неапол, додека мотоциклисти кружеле во голема метална топка за време на изведбата на ...
Полскиот премиер Доналд Туск побара разјаснување за авторството на контроверзниот мировен план од 28 точки што произлезе од тајната средба меѓу американските претставници и санкциониран руски функционер во Мајами минатиот месец. Додека Западот се подготвува да го разгледа предлогот, двосмисленоста околу неговото потекло предизвикува растечка загриженост кај сојузниците. Туск ја нагласи важноста на транспарентноста пред какви било понатамошни ...
Според последните податоци, заклучно со сабота, се доделени вкупно 33.682 ваучери на студенти за набавка на електронски уреди во вредност од 15.300 денари, објави вчера Марија Митева, портпарол на македонската Влада. Таа додаде дека од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред. -Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински ...
Од УХМР велат дека денеска ќе има преодно стабилизирање на времето и дека значително ќе опадне утринската температура. – Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време, со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат в четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и в среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец , а во деновите потоа – од северен правец – велат од УХМР Состојбата со ...
Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заедничка стратегија за превенција на пожарите на отворено. Здружението за рурален развој ЛАГ „Плачковица“, при правењето на стратегијата, утврди дека земјоделските површини се најризични и дека човекот е најчесто причинител за пожарите на отворено. Столе Ѓорѓиев, претседател на ЛАГ „Плачковица“, вели дека во стратегијата за четирите општини се утврдени и превентивни мерки, дефинирање на ризичните ...
По приведувањето на српската турбофолк-ѕвезда Александар Вуксановиќ познат како Аца Лукас, оти без дозвола имал настап во кафуле во Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев изјави дека настапот, меѓудругото, бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти и прекршување на правилата за работа на локалот. „Нема да дозволиме Кочани сценарио. Безбедноста е прва!“, дециден е градоначалникот Јанчев, објаснувајќи дека организаторите поднеле барање до ...
На секое судење, по секоја голема трагедија во земјава, во судниците слушаме како човечката лукративност го изигрува системот, ги заобиколува законите, како влијанието го купува интегритетот, а синџирот на коруптивното поведение никако да се раскине. Како да не им е доста од одолговлекувањето на правдата, па сега семејствата на загинатите во трагедијата кај Ласкарци мора да слушаат и читаат дека виновниците седум месеци оперираат тестиси и не ...
Актуелната судијка на Уставниот суд, Добрила Кацарска, и актуелниот министер за земјоделство, Цветан Трупиновски, и денеска беа на тапет на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и на опозицискиот СДСМ. Како и претходните денови, двете партии повторно ги обвинуваат за работење спротивно на интересите на граѓаните и дека се дел од корумпираниот систем во општеството. На партиската прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на партискиот ЦК на ...
Горда мајка на тројца синови и пејачка со глас на славеј! Добро познатата и убава македонска фолк-пејачка Елена Андоновска вели дека деновиве, освен што се чувствува супер, е и многу вредна на професионално поле. Пејачката со глас на славеј деновиве сними и објави видео на својот јутјуб-канал, со преубави македонски народни песни. Станува збор за видеоприказната „Никнало цвеќе шарено“, при што љубителите на овој вид музика, едноставно кажано, ...
Голем број од луѓето одлучуваат да го забележуваат неубавото и да се окупираат со тоа што им недостига наместо да се насочат кон позитивното и да го пронајдат доброто во себе и кај другите луѓе. Сепак, колку и да сакаме да прозвучиме позитивно и да влееме оптимизам, мора да признаеме дека негативните вибрации се доминантно присутни, така што е неопходна голема мудрост за да го избегнеме нивното влијание. Тоа е така бидејќи живееме во општество ...
Четириесет и шестгодишниот Осман Х. од БиХ е осомничен за убиство на својата сопруга, педесет и тригодишна жена од Беверен-Круибеке-Цвијндрехт, во хотел во градот Антверпен. Тој ја повикал полицијата и бил уапсен под сомнение за убиство, пренесува Кликс.ба. „Тој моментално е во шок и многу емотивен“, рече неговиот адвокат. Минувачите ја виделе полицијата како брза кон хотелот „Леонардо“ околу 23:30 часот. Полициските службеници влегле во ...
Аеродром е на врвот на најотворените општини, со највисок скок од 36,6 индексни поени, што е најголем раст во целата држава. Од Општината велат дека Аеродром е меѓу најуспешните и најтранспарентни општини во државата, според индексот на отвореност за 2024 година на Здружението ЗМАИ. – Ова е силна потврда дека вистинското партнерство со граѓаните носи резултати. Заедно го креираме буџетот, заедно носиме одлуки и заедно покажуваме дека ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, беше дел од хуманитарната акција за делење социјални пакети со храна и со хигиенски средства на 20-мина пензионери со минимална пензија, заедно со отец Оливер и со хуманитарната организација „Свети Спас“. – Оваа акција не беше само помош за оние што најмногу имаат потреба туку и потсетник дека хуманоста е највредниот темел врз кој се гради заедништво. Особено ме исполни со ...
– За да се утврди што точно тече во Вардар, побарање на Општина Зелениково, екипи на Институтот за јавно здравје веднаш зедоа мостри од водата и од сомнителната пена за хемиска анализа. Резултатите, кои ќе бидат готови наредната недела и доставени до ДИЖС, треба да покажат дали се работи за детергенти, индустриски хемикалии или друг вид опасен или неопасен отпад. Бидејќи системите за одведување отпадни води се меѓусебно поврзани, се разгледува ...
Цените на гаражите го следат трендот на становите и бележат континуиран раст во последните години. Зависно од локацијата, во Скопје може да се купи гаражно место по цена од 6.000 до 16.000 евра. Изнајмувањето, пак, чини од 30 до 100 евра месечно. Градежните експерти коментираат дека поради недостигот на паркинг-простор во Скопје, инвеститорите ги качуваат цените. Во зависност од локацијата, едно гаражно место во Скопје чини и до 16 илјади евра, ...
Богатството на само 3.000 милијардери се зголеми за 6,5 трилиони долари во реални услови од 2015 година и сега претставува еквивалент на 14,6 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП) Нееднаквоста меѓу луѓето во светот продолжува да расте, при што богатите стануваат побогати, додека 3,8 милијарди луѓе се сиромашни, соопшти невладината организација за развој „Oxfam“. Богатството на милијардерите во земјите од Г20 се зголеми за 2,2 ...
Производителот на камиони и на автобуси MAН објави дека има намера да укине околу 2.300 работни места во својата матична Германија во следните десет години. Работниците нема да бидат отпуштени, нагласи портпаролот на компанијата, но работните места ќе бидат укинати како што ќе се пензионираат вработените. Најголем број работни места ќе бидат укинати во главната фабрика на MAН во Минхен, вкупно 1.300, додека фабриките во Залцгитер и во Нирнберг ...
Биткоинот падна на најниско ниво во последните шест месеци откако инвеститорите почнаа да ја намалуваат изложеноста кон ризични средства поради неизвесноста околу следните потези на американската централна банка. Најпознатата светска криптовалута се спушти на 86.325,81 долари, што е најниска вредност од 21 април. Подоцна цената се стабилизираше на околу 86.690 долари. XRP падна за 2,3 %, а ether загуби повеќе од 3 % од својата вредност и се ...
-Интензивните врнежи од дожд предизвикаа да се полнат акумулациите со кои стопанисува АД ЕСМ. – Очекуваме дополнителните врнежи да не претставуваат никаков проблем за делумна преработка преку агрегатите и да бидат дел складирани во акумулацијата за понатамошниот период од грејната сезона – посочуваат од АД ЕСМ. АД ЕСМ планира да го зголеми вкупното производство од хидроенергија за околу 50 гигават-часови годишно. За таа цел, се очекува до крајот ...