Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, која ќе гостува на Саемот на книгата што ќе одржи од 23 до 29 април, на платото пред aрената „Борис Трајковски“, пристигна во Скопје. Таа ќе биде дел од штандот на „Арс ламина“, а на средбата со македонските читатели, на 25 април (13:00 часот), ќе биде промовиран нејзиниот нов психолошки трилер – „Куќа од стакло“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик, во ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воведување еден вид список на „добари и лоши“ членки на НАТО, со цел да ги награди сојузниците што ги поддржаа САД во војната со Иран и да ги санкционира оние што не го сторија тоа, дознава денес „Политико“ од извор. Планот, кој беше развиен пред посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на Вашингтон, вклучува проценка на придонесите на земјите-членки во ...
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во текто на летото ќе откаже 20.000 летови на кратки релации, поради тоа што се поскапото авиогориво направи многу дестинации да станат непрофитабилни. Цената на керозинот е двојно поголема од почетокот на војната со Иран, бидејќи неговото производство и транспорт низ Блискиот Исток се отежнати или оневозможени. Неколку авиокомпании, вклучувајќи ги ги „КЛМ“ и „Делта“, исто така привремено откажаа ...
Словачкото Министерство за надворешни и европски работи објави дека 20-тиот пакет санкции на Европската Унија против Русија сè уште не е формално усвоен и дека ставот на Братислава ќе зависи од непречениот проток на нафта низ нафтоводот „Дружба“, пренесе „Тас“. Во соопштението на министерството се наведува дека се објавени неточни и нецелосни информации за усвојувањето на санкциите и се нагласува дека постапката на ниво на ЕУ сè уште не е ...
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека местото на Црна Гора во Европската Унија сега добива појасни контури. „Ова е голем чекор на патот кон членство во ЕУ, јасно признание за напредокот на Црна Гора и поттик за забрзување на реформите“, рече Кос, коментирајќи го формирањето на ad hoc работната група за изготвување на Договорот за пристапување на Црна Гора кон Европската Унија, кој беше одобрен денес. Исто така, како што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да му даде на Иран дополнителни три до пет дена за прекин на огнот, објави денес „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање. Според изворите, Трамп не прецизирал временска рамка за продолжување на прекинот на огнот. Во исто време, изворот на Ројтерс, исто така, изјавил дека „прекинот на огнот нема да биде неограничен“. Нова рунда разговори меѓу САД и Иран би можела да се ...
Претрседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека е „можно“ втората рунда мировни преговори со Иран да започне до петок, објави „Њујорк пост“. Весникот наведува дека пакистанските власти им рекле дека разговорите би можеле да бидат можни во следните „36 до 72 часа“, а кога „Њујорк пост“ го прашал Трамп за потврда, тој одговорил во СМС-порака: „Можно е“. Во вторникот, Трамп објави дека ќе го продолжи прекинот на огнот со Иран, кој ...
Српскиот ретседател Александар Вучиќ изјави дека верува во прагматизмот на идниот унгарски премиер Петер Маѓар и изрази големо задоволство од исходот од нивниот телефонски разговор вчера за клучни теми за подобрување на односите меѓу двете земји. Вучиќ разговараше со новинарите на отворањето на новата српска фабрика за стакло во Параќин, пренесува „Танјуг“. Вучиќ нагласи дека победата на Маѓар на изборите е причина за честитки и дека нивниот ...
Граѓаните кои плаќаат казни изречени преку системот „Безбеден град“ повеќе нема да имаат обврска да ги доставуваат потврдите за уплата во полициска станица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од таму појаснуваат дека нивниот систем е автоматски поврзан со системот на Министерството за финансии, што овозможува евиденција на платените санкции без дополнителна административна процедура. Сепак, при уплатата, граѓаните мора строго ...
Новата унгарска влада ќе ги отвори историските архиви на својата тајна полиција од комунистичката ера, откри лицето кое ќе ја води канцеларијата на Петер Маѓар, победникот на парламентарните избори овој месец, за кого се очекува да стане премиер на 9 мај, пренесе „Хина“. Унгарската централнодесничарска партија „Тиса“ го победи ветеранот лидер на „Фидес“ Виктор Орбан на 12 април, делумно благодарение на ветувањата да ја врати Унгарија на ...
Палестинците во Деир ал-Балах, еден од ретките градови во Појасот Газа што израелските копнени сили не ги презедоа за време на војната, ќе гласаат овој викенд за прв пат од 2006 година на општински избори. Гласањето во Деир ал-Балах е дел од општинските избори на Палестинската самоуправа што Палестинците ги одржуваат како израз на национално единство против планот на САД за Газа, за кој веруваат дека има намера да го зацврсти нивното ...
Изјавата што одекна низ целата НБА ја претвори серијата помеѓу Минесота и Денвер во многу повеќе од само плејоф натпревар. По триумфот на Минесота во вториот натпревар (119:114) и нерешениот резултат 1-1 во серијата, не беше само натпревар што дојде во преден план – туку и зборовите. Младиот крилен играч на Минесота, Џејден МекДениелс, реши да го насочи прстот кон одбранбените слабости на своите ривали, директно апострофирајќи ги Никола ...
Загрепската полиција извести дека рано утрово, по четири часот, тројца непознати мажи влегле во семејна куќа во областа Максимир. Полицијата изјави дека сопственикот на куќата (65) и двајца членови на семејството, малолетник и 62-годишна жена, биле во куќата во тој момент, пренесе хрватски „24 сата“. „Веднаш по влегувањето во куќата, тие физички го нападнале 65-годишниот маж и го повредиле со остар предмет. Во одбрана на нападот врз себе, тој ...
Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денес одобрија заем од 90 милијарди евра за Украина, како и 20-тиот пакет санкции против Русија, објави кипарското претседателство со ЕУ. Писмената постапка за конечно усвојување на овие две мерки, овозможена со укинувањето на унгарското вето, треба да биде завршена утре, се додава во соопштението. Будимпешта се согласи да ги иницира овие чекори, но претходно го услови конечното ...
Пензионираниот генерал-полковник и поранешен американски пратеник во Украина, Кит Келог, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз Иран и да ја „заврши работата“, тврдејќи дека САД треба да се откажат од понатамошни преговори. Келог рече дека го поддржува Трамп во „создавањето повеќе проблеми“ за Иран, вклучително и таргетирањето на островот Харк, клучен нафтен центар. „Сега создавате проблем што тие се ...
Откако американскиот претседател, Доналд Трамп, го продолжи примирјето со Иран без да го одреди крајниот датум, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека вооружените сили на неговата земја се подготвени да ја бранат нацијата, но во исто време посочи дека Техеран е сè уште отворен за преговори со САД. – Иран, внимателно следејќи ги случувањата на теренот и на политичката сцена, ќе преземе неопходни и ...
Додека синоптичарите сега за сега ни одблиску не го најавуваат летото, дури ни за првомајските празници, тоа не важи за познатата и сексапилна водителка, Марјана Станојковска… Таа, соблечена во предизвикувачки костим за капење, деновиве на еден отворен базен, но не во Македонија, туку подалеко од дома, во некои топли краишта, фаќа боја за нашето долго, жешко лето овде. Метеоролозите велат дека најтоплиот дел од годината допрва ќе го ...
Мета започна со инсталирање на софтвер за следење на работните компјутери на своите вработени во Соединетите Американски Држави за собирање податоци за движењата на глувчето, кликовите, притискањата на копчињата и снимките на екранот. Според Ројтерс, овие податоци ќе се користат директно за обука на вештачка интелигенција во рамките на одделот за суперинтелигенција на Мета. Софтверот ќе ја следи работата исклучиво на одредена листа на деловни ...
Туристка (28) ја оштети фонтаната на Нептун во Фиренца на Пјаца дела Сињорија, откако се качила на споменикот како дел од, како што е наведено, предизвик пред венчавка, и со тоа направила штета од 5.000 евра. Инцидентот се случил кога жената ја поминала заштитната ограда и се качила на фонтаната, по што веднаш била отстранета од местото на настанот, пренесе Анса. Според локалните власти, нејзиното однесување предизвикало „мала, но значајна ...
Повеќе од 1.100 уметници, вклучувајќи познати имиња како Масив Атак, Питер Габриел, Роџер Вотерс и Брајан Ино, го поддржуваат бојкотот на Евровизискиот натпревар поради учеството на Израел. Во отворено писмо објавено од иницијативата „Нема музика за геноцид“ (No Music for Genocide), потписниците наведуваат дека го отфрлаат користењето на Евровизискиот натпревар за нормализирање на израелскиот геноцид, опсадата и бруталната воена окупација на ...
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за борба против тероризмот и Агенцијата за безбедност и разузнавање уапсија дваесетгодишен маж под сомнение за учество во војна или вооружен конфликт во странска земја, објави српското Министерство за внатрешни работи во своето известување. Како што е наведено, при апсењето, кај осомничениот се ...
Проширувањето на ЕУ е клучно за мирот, стабилноста и просперитетот во Европа, а Македонија и земјите од Западен Балкан се делот што недостасува за комплетирање на европскиот мозаик, порача австрискиот канцелар Кристијан Штокер, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Виена. Штокер нагласи дека регионот не смее да го пропушти актуелниот геополитички момент, особено во услови на зголемени глобални тензии и ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2026 година изнесува 46.159 денари, објави Државниот завод за статистика. Во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7,2 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности за ...
Дали грчките власти ќе ги ослободат македонските туристи од примената на новиот систем на Европската Унија за регистрација на влез и излез (EES), со цел да се избегне метежот на границите и да се зачува туристичката сезона, останува отворено прашање. Туристичко-угостителската комора на Македонија испрати допис до грчкото Министерство за туризам, во кој бара македонските туристи да бидат привремено изземени од примената на ЕЕС во периодот од 1 ...
Семејството на 12-годишната Маја Гебала, која беше тешко ранета во масовното пукање во училиште во канадскиот град Тамблер Риџ, Британска Колумбија, поднесе граѓанска тужба против „Опен АИ“. Оваа водечка технолошка компанија во областа на вештачката интелигенција наскоро може да се најде на обвинителна клупа и по тужба на државата Флорида, која сега е во фаза на спроведување истрага. Причината е иста: пукање во образовни установи за кои ...
– Со новото осветлување, Камениот мост, кој е еден од најзначајните симболи на Скопје, ќе добие нова естетска димензија и дополнително ќе го збогати ноќниот изглед на градот – нагласуваат од Град Скопје. Од Град Скопје велат дека не станува збор за реконструкција или реставрација на Камениот мост, туку за санација на неговото осветлување. Притоа, објаснуваат дека донацијата е резултат на протоколот за пријателство и заедничка соработка, кој ...
Вчера во 17:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во гостиварското село Градец, при изведување градежни работи на приватна куќа, починал И.А.(48) од Тетово. -Според пријавеното, при обид да одглави заглавена сајла на кран, дошло до пукање на метален дел од конструкцијата кој го удрил И.А. во пределот на главата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар, ...
По единаесетгодишното постоење, правното постоење на институтот на пржинската влада тргна кон укинување откако парламентарното мнозинство, денеска, ја изгласа потребата за донесување измени по скратена постапка во Законот за Владата кои го предвидуваат тоа. За носење на законските промени предложени од актуелната Влада гласаа 67 пратеници од владината коалиција, 13 пратеници беа против, а немаше воздржани. Со ова, законското решение ја мина ...
Зелено светло да биде ставен на дневен ред на собраниска седница за да може да се изјаснат пратениците за него денеска доби предлогот со кој македонските пратеници можат да имаат само едно – македонско државјанство. Поддршката за промена во Законот за пратеници беше дадена со 77 гласа „за“ и 8 против. Предлогот, кој е доставен по скратена постапка од група пратеници на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, предвидува дополнување на членот 2 со ...
Основата на текстот „Мачкина глава“, по текст на Венко Андоновски, лежи во култната претстава „Диво месо“ на Горан Стефановски, но таа е вешто надградена и сместена во актуелниот општествен контекст. Претставата храбро и недвосмислено ги отвора локалните и глобалните рани: вечното талкање меѓу влијанијата и вредностите на Истокот и на Западот, како и судбината на македонското семејство на кое тлото му бега под нозете додека домот му се тресе ...