Познато е колку е важна денталната хигиена за нашето целокупно здравје, а влијае и на мозокот и неговите функции. Но, дали знаевте дека постои врска помеѓу повлекувањето на непцата и губењето на забите и намалувањето на волуменот на мозокот, што е поврзано со Алцхајмеровата болест? Вдлабнувањето на непцата може да се дефинира како процес на повлекување на горниот раб на непцата кон врвот на коренот на забот. Јапонските научници дојдоа до овој ...

Со стиховите од добро познатиот македонски музички хит „Опинок“ на групата „Студени нозе“, кај ти беше паметот, не ти чини есапот, зошто не размислуваш, можеби најдобро може да се опише грешката што ја направи репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски. Пред да биде одигран последниот квалификациски натпревар за пласман на СП 2026, против селекцијата на Велс, на кој прими седум гола, Димитриевски гостуваше во поткастот на Стефан ...

Поранешниот лидер на Велшката реформска партија, Нejтан Гил, е осуден на 10 и пол години затвор откако призна дека примил десетици илјади фунти за да дава позитивни изјави за Русија во медиумите и во Европскиот парламент, објавија денес британските медиуми. Судијата Чема Граб за време на изрекувањето на пресудата рече дека Гил ги добил парите во замена за неправилно извршување на своите јавни должности, објави Скај њуз. Обвинителите тврдат дека ...

Унгарската новинска агенција МТИ објави дека премиерот Виктор Орбан денес изјавил дека планираната мировна конференција во Будимпешта веќе „се појавува на хоризонтот“ и дека следните неколку недели, две до три, ќе играат клучна улога во понатамошниот тек на војната во Украина. Во интервју за националното радио, Орбан истакна дека САД го завршиле развојот на мировен план од 28 точки, кој вклучувал предлози и од американската и од руската страна. ...

Тајната на професионалните пекари е скробот и гризот – со овој трик, вашето тесто ќе остане меко и свежо неколку дена. Ролничките, переците, стапчињата и другите видови тесто од квасец често се стврднуваат по еден ден, особено ако ги оставите непокриени кога ги вадите од рерна. За да спречите ова да ви се случи вам, користете го трикот на професионалните пекари. Пред да почнат да го месат тестото, пекарите додаваат малку пченкарен скроб, или ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици кај Валандово, на 19 ноември рано утрото, управувајќи товарно возило Мерцедес, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија. Како што информира Обвинителство, тој се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници. Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција. Тој, во парламентарната ...

Во разговор за „Киев пост“, Пол Гобл, поранешен специјален советник на Стејт департментот и аналитичар на ЦИА, предупредува дека „предложеното решение не е решение“ и може да ги уништи односите меѓу САД и Украина. Објавувањето на најновиот план на администрацијата на Трамп за решавање на војната во Украина експлодираше во Вашингтон и Киев како политичка експлозивна направа. Но, според ветеранот аналитичар на разузнавањето, Пол Гобл, предлогот е ...

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека американскиот план за Украина може да „служи како основа за конечно решавање“ на војната, но се закани дека Русија ќе заземе повеќе територија ако Киев го отфрли. „Тој (планот) може да послужи како основа за конечно, мирно решавање, но овој план не е дискутиран со нас на никаков конкретен начин“, рече Путин за време на состанокот на владата што се емитуваше на локалната телевизија. „Подготвени сме да ...

Меган Маркл откри досега непознати детали за нејзиниот приватен живот во ексклузивно интервју, а она што го кажа за принцот Хари го шокираше целиот свет. Принцот Хари и војвотката Меган вложуваат огромен напор да го зачуваат својот приватен живот, откривајќи детали само ретко и со голема грижа. Сепак, во најновото интервју за зимското издание на списанието „Харперс Базар“, Меган изненади со својата необична искреност. Меган Маркл ја соголи ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планира да им понуди на Американците формална изјава во врска со НИС и изрази верување дека САД ќе ја разберат позицијата на Србија, ќе покажат партнерство и ќе му дадат на НИС лиценца за продолжување на своите операции. Вучиќ им порача на граѓаните дека не треба да се грижат за ситуацијата со српската нафтена индустрија и дека ќе издаде формална изјава во недела, како што рече, и дека очекува да ...

Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда против Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Во соопштението на судот се вели дека одлуката е донесена бидејќи се сторени значителни процедурални прекршувања и дека причините за пресудата се нејасни и контрадикторни. На Вишиот суд во Белград му е наложено да ја повтори постапката и да ги ...

Јутјуберот Џејк Пол, кој стана боксер, тврди дека ќе заработи 267 милиони долари од борба против поранешниот шампион во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа. Борбата ќе се одржи на 19 декември и веќе е прогласена за најчудната борба во годината. По откажаната борба со Џервонта Дејвис, Пол го насочи своето внимание кон Џошуа. Она што првично изгледаше како публицитет, официјално беше потврдено оваа недела. Џошуа одговори со краток, емпатичен ...

Поранешниот швајцарски тенисер Роже Федерер (44) беше примен во „Куќата на славните“. Тој доби големо признание, целосно заслужено и очекувано. По сето тоа зборуваше за соперништвото што го имал со Новак Ѓоковиќ (38) и со Рафаел Надал (39) и објасни што се променило откако се пензионирал. „Веројатно самиот прием беше полесен отколку што мислев дека ќе биде. Никогаш не сонував да станам член на ’Куќата на славните’, ниту да го освојам Вимблдон. ...

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија ЈКП „Пролетер“ и „Македонија пат“, како и приватни машини со вкупно седум пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и ...

Индиски борбен авион „Теџас“ се урна денес на аеромитингот во Дубаи за време на воздушна демонстрација, при што загина неговиот пилот, соопштија индиските воздухопловни сили (IAF). Борбениот авион летал на ниска надморска височина околу 14:15 часот по локално време пред да се сруши и да експлодира во огнена топка, според сведоци. Снимките од местото на настанот покажуваат црн чад што се издига зад оградената писта. „Формирана е истражна комисија ...

Француските, германските и британските лидери денес повикаа на решение за конфликтот во Украина кое целосно ќе го вклучи Киев, велејќи дека секоја одлука бара заедничка поддршка и консензус од Европејците и НАТО, соопшти Елисејската палата. Емануел Макрон, Фридрих Мерц и Кир Стармер нагласија за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател дека секое решение мора целосно да ја вклучи Украина, соопшти француското претседателство. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно се обрати до нацијата во петок, 21 ноември, фокусирајќи се на предлогот на САД за мировен договор за војната во Украина. Во десетминутниот говор, тој рече дека земјата се соочува со „исклучително тежок избор помеѓу зачувување на сопственото достоинство и ризикот од губење на клучен сојузник“. Тој јасно алудираше на Соединетите Американски Држави, кои сè повеќе се обвинуваат дека вршат притисок ...

Иако денес најчесто за подарок се даваат практични и убави работи, постојат подароци кои, според народните верувања, се смета дека носат несреќа. На 21 ноември, Српската православна црква и верниците го слават Св. Архангел Михаил, една од најраспространетите прослави во Македонија. Бидејќи се верува дека голем број семејства го слават овој светец, повеќето куќи денес чекаат гости. И токму поради ова, многу луѓе почнуваат да размислуваат што да ...

Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и ...

Првиот човек на кошаркарскиот клуб Хапоел Тел Авив, Офер Јанај, изјави дека израелскиот клуб е најдобар, не сметајќи ја НБА-лигата, и дека може да победи некои тимови од најсилното клупско кошаркарско натпреварување. Хапоел го освои Еврокупот претходната сезона и благодарение на тоа, обезбеди учество во Евролигата. Токму поради тоа беа доведени неколкумина врвни кошаркари, меѓу кои и Василије Мициќ, плејмејкер што го предводеше Ефес, како МВП на ...

Националната агенција за борба против криминалот (NCA) на Велика Британија соопшти дека открила меѓународна мрежа за перење пари вредна повеќе милијарди долари, која дејствувала во 28 британски градови и чии приходи се проценуваат дека се наменети за поддршка на војната на Русија во Украина. Тие наводно купиле и контролен пакет акции во една киргистанска банка. Во најновото известување за меѓународната истрага за руските шеми за нелегално ...

Емисиите на ЦО2 продолжуваат да растат и оваа година се највисоки досега. Најголеми емитери се САД, ЕУ, Индија и Бразил. – Трендот е многу јасен и ја нагласува потребата богатите земји веднаш да започнат со постепено укинување на фосилните горива и да преминат на 100 % обновливи извори со солидарност и со финансиска поддршка за земјите во развој. COP30 мора да испорача обврска за финансирање на адаптацијата. И тоа не каква било обврска, туку да ...

Вештачката интелигенција на Илон Маск, Грок, минатата недела им тврдеше на корисниците дека нејзиниот творец е истовремено попаметен, поспособен и „подобар“ од скоро сите. Објавите што беа избришани потоа повторно го отворија прашањето за објективноста на четботот, објавува Гардијан. Корисниците на X забележаа дека Грок речиси секогаш го прогласувал Маск за најдобар, без оглед на споредбата – атлетизам, интелигенција или дури и божествени ...

Групата малолетници и млади возрасни, меѓу кои и едно девојче, влегле во зградата „Вјесник“ низ прозорец на првиот кат, како што неофицијално дознава „Јутарњи“, околу 22:30 часот во понеделник. Според „Јутарњи лист“, тие дошле до идеја да влезат во зградата на „Вјесник“ поради предизвик, а додека пребарувале на социјалните мрежи, пронашле групи за напуштени или недоволно искористени згради. Имено, целтаим била да влезат во зградите незабележано, ...

На патот кон интеграцијата во Европската Унија, Македонија треба да биде оценувана според реформите и чекорите што ги прави, а не според билатералните прашања и спорови. Ваква порака денеска прати македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, кој учествуваше на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст, во албанската престолнина, Тирана. Во своето обраќање на собирот, кој се одржува под мотото „Нашиот пат кон ЕУ“, тој потенцира дека ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 ...

Со сослушување на законскиот застапник на семејството на починатиот и со расправа околу предложените докази за казнена евиденција на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. ...

Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и на манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”. Во соопштението до јавноста, од Уставниот суд оценуваат дека се нападнати интегритетот, самостојноста и независноста на судијата известител, Добрила Кацарска. – Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад ...

Министерот ги преброја здравствените работници, најавува прераспределби во внатрешноста Проблемот од недостигот на доктори и на медицински сестри здравствените власти планираат да го решаваат со префрлање од една болница во друга, ако е потребно, од еден град во друг. Министерот за здравство, Азир Алиу, ја презентираше новата база на здравствени работници по области, која ќе била клучна при вработувањето на медицински кадар, и рече дека повеќе ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
78%
1017
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
78%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
70%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.38
87%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
84%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
84%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
89%
1017
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Бакар

10.96

Родиум

255598.44

Паладиум

46361.38

Злато

134976.58

Сребро

1876.20

Кобалт

58.42

Никел

473258.99

Рутениум

29192.88

Калај

40.49

Цинк

3.22

Платина

52864.82

Алуминиум

2.91