Втората рунда разговори меѓу САД и Иран во Пакистан е „на добар пат“ да се одржи уште денеска, објави „Ројтерс“, но Иранската државна телевизија ги негира таквите извештаи, наведувајќи дека делегацијата на Иран не отпатувала во Исламабад. Ниту експертите за прелиминарни преговори ниту главната делегација не отпатувале во пакистанскиот главен град, објави иранското државно радио еден ден пред крајот на двонеделното примирје. Од друга страна, ...

Училишниот крос што требаше да се одржи денеска, на спортскиот аеродром „Аџи Тепе“ во Куманово, поради лошите временски услови, најавата за дожд, е презакажан за утре. Во О9:30 часот ќе има организиран превоз за секое училиште до „Аџи Тепе“ и назад до училиштето, информираат од Општинскиот сојуз за училиштен спорт – Куманово, кој е организатор на настанот. Настанот ќе ги обедини учениците од сите основни и средни училишта од Општината, кои ќе ...

Грчката фирма за управување со поморски ризици MARISKS ги предупреди бродските компании за лажни пораки што нудат безбеден премин низ Ормускиот теснец во замена за плаќање во криптовалути. Пораките беа испратени до некои компании чии бродови се блокирани западно од стратешки важниот воден пат, објави Ројтерс. Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии на Блискиот Исток. САД одржуваат блокада на иранските пристаништа, додека Иран ...

Кремљ денеска официјално ги поздрави резултатите од парламентарните избори во Бугарија, на кои партијата Прогресивна Бугарија на поранешниот претседател Румен Радев постигна убедлива победа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва во победата гледа можност за обновување на „прагматичниот дијалог“. „Ги поздравуваме изјавите на Румен Радев и некои други европски лидери за подготвеноста за решавање на отворените прашања преку ...

По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) организира серија од три настани насочени кон актуелните предизвици и можности во оваа област, со цел да се поттикне пошироката јавна дискусија и да се зајакне свесноста за значењето на интелектуалната сопственост во економијата. Првиот настан од серијата, одржан вчера, беше посветен на борбата против фалсификуваните лекови. На ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а денес и утре и појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната ...

Во канти од боја за фарбање и од маслинки скопјанец пораснал високи стебла со марихуана во својот стан во населбата аеродром. Полицијата му влегла вчера и му ги запленила растенијата и сите реквизити за одгледување. Приведен е и ќе одговара за производство на дрога. „При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, ...

Пијан маж агресивно се однесувал пред зграда во Тетово, по што бил приведен од полицијата, информираа од МВР. Станува збор за Р.Ѓ. (56) од Тетово, кој на 20 април околу 14 часот бил затекнат пред станбена зграда во населбата „Блок 70“, каде го нарушувал јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон станарите. По приведувањето, бил задржан во полициска станица, а при алкотестирање било утврдено дека имал 3,16 промили алкохол во крвта. По ...

Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка. „Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар. Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење. Поднесена е Пријава за неовластено преземање ...

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама ја освои наградата за најкорисен дефанзивен играч на НБА. Интересно е што тој е првиот играч во историјата што ја има освоено наградата едногласно, при што сите 100 новинари гласаа за него, добивајќи максимум 500 гласа. Со оглед на тоа колку се плашат неговите ривали од него, оваа награда не е изненадување, а, исто така, бележи и 3,6 блокади на натпревар, најмногу во целата НБА-лига. Затоа тој е еден од ...

Екипата на Вардар ја продолжи доминацијата во ракометниот Куп на Македонија. На мечот за пехарот, најтрофејниот македонски ракометен клуб го победи Охрид и со тоа се закити со осумнаесеттиот трофеј на ова натпреварот, што, секако, е рекорд во Македонија. Меѓутоа, недолго по овој успех, клубот излезе со соопштение со кое ги поканува навивачите заеднички да го прослават 65. роденден. Прославата е закажана за четврток, кога ќе се судри лидерот ...

Министерката за труд на САД, Лори Чавез-ДеРемер, поднесе оставка, објави администрацијата на претседателот Доналд Трамп во понеделник, јавува „Гардијан“. „Министерката ја напушта администрацијата за да заземе позиција во приватниот сектор. Таа заврши извонредна работа – заштитувајќи ги американските работници, спроведувајќи фер работни практики и помагајќи им на Американците да стекнат дополнителни вештини за да го подобрат квалитетот на ...

Министерството за наука, образование и млади одговори на бранот закани со бомби што ги парализираа училиштата низ Хрватска во изминатите два дена. Откако полицијата вчера ги евакуираше училиштата во Сплит, слични закани беа упатени и до образовните институции во Загреб и Дубровник денеска. Министерството нагласува дека системот мора да одговори на секоја закана, без разлика колку мала може да изгледа, и дека безбедноста на учениците и ...

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, уште еднаш покажа зошто се смета за еден од најдиректните и најкритичните аналитичари во светот на фудбалот. Ирецот не е импресиониран од моменталните решенија на клупата на славниот клуб, а особено нагласи дека одредени кандидати, без оглед на краткорочните резултати, едноставно, немаат квалитет за долгорочна работа на „Олд Трафорд“. Кин верува дека неколку добри натпревари или краткорочен ...

Фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 40,3 kWp е поставена на покривот на Деканатот на Медицинскиот факултет – Скопје, со што институцијата ќе обезбеди значителни енергетски заштеди и ќе го намали влијанието врз животната средина. Станува збор за систем кој на годишно ниво ќе произведува околу 54 MWh електрична енергија, додека истовремено ќе спречи емисија на приближно 43,2 тони јаглерод диоксид. Проектот претставува конкретен ...

Прекинот на глобалните испораки на нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до повисоки цени на билетите, соопшти денеска Европската федерација за транспорт и животна средина (T&E). Зголемувањето на цените на горивото за авиони ја зголеми просечната цена на горивото за 88 евра по патник на летови на долги релации што ја напуштаат Европа и 29 евра на ...

Точката на крах на пазарот на нафта се совпаѓа со испораката на последните барели од Персискиот Залив до крајните корисници. Кога тие залихи ќе се истоварат на копно, недостатокот на нови испораки ќе почне да ги исцрпува и копнените залихи. Значи, математиката е јасна и неумолива. Доколку Ормускиот теснец се отвори денес, на танкерите ќе им требаат 30 до 40 дена за да ја истоварат својата нафта, а на големите танкери околу три месеци за да се ...

Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, би можел да ја напушти Бенфика на крајот од сезоната, сето тоа поради понудата што ја доби од Англија. Поголемиот дел од британските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо е првиот избор на челниците на Њукасл, кои подготвуваат промени ова лето. Доколку „специјалниот“ не ја прифати нивната покана, тогаш тие се подготвени да се фокусираат на поранешниот менаџер на Манчестер сити, Роберто Манчини, а ...

По бројните кавери и препеани хитови со кои го привлече вниманието на публиката, симпатичен и талентиран кумановец, пејачот Никола Милосковски конечно го направи својот прв но, најсериозен чекор во кариерата. Преку својот YouTube канал, тој пред некој ден ја промовираше својата прва песна – емотивната љубовна балада „Стари мој“, проследена со впечатлив видеоспот. Станува збор за песна која уште на прво слушање плени со својата мелодичност. ...

Ирански генерал го обвини Доналд Трамп дека „лаже“ и дека е „очаен“ во неговите обиди да постигне прекин на огнот. Според новинската агенција Фарс, која е поврзана со Корпусот на иранската револуционерна гарда, висок ирански воен командант изјавил дека Иран и неговите сили ги доведоа Израел и САД „до очај и исцрпеност“, принудувајќи ги „очајно да бараат прекин на огнот“. Генералот Абдулахи, исто така, рече дека вооружените сили нема да ...

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) издаде драматично предупредување: војната во Иран предизвика најголема енергетска криза во човечката историја. Шефот на агенцијата, Фатих Бирол, потврди дека ситуацијата на пазарите на нафта и гас е полоша отколку за време на големите кризи од минатиот век, што е директна последица од блокадата на Ормускиот теснец. Петтина од глобалната нафта поминуваше низ овој премин, кој сега е затворен, а ИЕА веќе ...

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан ...

Фудбалската легенда Емануел Адебајор одамна е во пензија. Во текот на својата богата кариера, тој заработи многу пари и јавно им кажа на своите роднини и на семејството да заборават на тоа да им дава пари и тврдеше дека го искористуваат. Многу им помогна, но кога барањата ги надминаа сите граници, реши да им стави крај на семејните односи. Исто така, прекина секаков контакт со сопствената мајка. Јасно стави до знаење дека сака сам да ужива во ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алакраз и светскиот женски тениски рекет број еден Белорусинката Арина Сабаленка, се добитници на овогодинешната престижното спортско признание Лаурес, што се доделува за најдобриот спортист и спортистка на годината. Алкараз испиша историја, станувајќи најмладиот добитник на ова признание на само 22 години. Шпанецот зад себе има извонредна сезона, крунисана со титули на Ролан Гарос и САД Опен, со што се вброи меѓу ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека треба да се одржува „нормален сообраќај“ низ Ормутскиот теснец. Си вчера разговарал телефонски со престолонаследникот и премиерот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд. Во врска со моменталната ситуација на Блискиот Исток и заливскиот регион, претседателот Си нагласи дека Кина повикува на итен и сеопфатен прекин на огнот, ги поддржува сите напори што придонесуваат за враќање ...

По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Дувњак својата новинарска кариера ја започнала во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година била дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следува долгогодишниот ангажман во „Утрински весник“, каде работела ...

Најбрзо растечките занимања во следните пет години се во областите на вештачката интелигенција, здравството и зелената економија, со силно влијание на дигитализацијата и автоматизацијата. Пазарот на трудот во следните пет години доживува брза трансформација под влијание на вештачката интелигенција, дигитализацијата, но и глобалниот фокус на здравството и зелената економија. Експертите истакнуваат дека занимањата што комбинираат технологија, ...

Седум земји од Европската Унија (ЕУ), вклучувајќи ги Франција и Шведска, повикаа на европски санкции против Израел пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, објави вчера EUObserver. Франција и Шведска им се придружија на пет други земји од ЕУ во повикот за санкции против Израел, со предложена забрана за трговија со производи, објави EUObserver, повикувајќи се на неформален предлог, нацрт-писмо подготвено ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека неговата земја повторно ќе се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (МКС) и ќе биде подготвена да спроведе налози за апсење, вклучително и за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Националистот Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година го објави повлекувањето на Унгарија од МКС откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. Повлекувањето требаше да стапи на сила на 2 јуни оваа ...

Експертите предупредуваат дека апликацијата за проверка на возраста на ЕУ има сериозни безбедносни недостатоци и може да ја загрози приватноста на корисниците. Група од 400 експерти за приватност и безбедност на податоци ја предупреди Европската комисија минатиот месец да не брза со лансирање на апликација за проверка на возраста. Тие побараа одложување додека јасно не се утврдат сите придобивки и потенцијални штети. Лансирањето на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.8
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
63%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0223

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Бакар

12.46