Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Министерот за спорт, Борко Ристовски, се сретна со најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, и му упати честитки за успехот што го оствари викендов на престижниот Белградски маратон. Ристовски истакна дека Министерството за спорт ќе продолжи да ги вреднува врвните резултати и да обезбедува поддршка за спортистите кои достоинствено ги претставуваат Македонија и македонскиот спорт на меѓународна сцена. Упатувам искрени честитки за овој ...
– Драмски театар – Скопје е најрелевантната македонска театарска куќа од создавањето на современата македонска држава во 1945 година. Едукатор и создавач на публика (многу пред да биде позната синтагмата „развој на публика“), плејада врвни актерски имиња (нема да споменам никого, затоа што ќе биде некоректно кон неспоменатите), предводник на безмалку сите релевантни театарски новитети и правци во Македонија, промотор на најзначајните ...
Се ближи крајот на уште една НБА-сезона, плејофот почнува овој викенд, а многумина уште отсега се фокусирани на драмата што следува – односно на трансферите што ќе се очекуваат во текот на летото. Летниот преоден рок во НБА ретко разочарува, а судејќи според најавите, оваа година нема да биде исклучок, бидејќи некои од најголемите играчи би можеле да ја променат средината. Според инсајдерот од НБА, Марк Штајн, дури три суперѕвезди би можеле ...
„Дријади“ е новата книга од Игор Анѓелков која денес излезе од печат, како деветто издание во едицијата „И ете приказна“ на издавачката куќа „Или-Или“. Ова е тринаесетта книга на авторот, а прва наменета за децата и младите читатели. -Во романот „Дријади“ главни протагонистки се три средношколки, три другарки кои по прославата на роденденот тргнуваат на својот прв заеднички летен одмор на море. Решени да не лудуваат, туку да поминат еден ...
Иран во моментов не планира да ги продолжи разговорите со САД, потврди денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи. „Додека ви зборувам сега, немаме план за следната рунда преговори“, рече Багеи на прес-конференција, објави Иран Интернешнл. Пораката доаѓа во време кога е неизвесно дали воопшто ќе се одржат нови средби меѓу Техеран и Вашингтон. Во меѓувреме, иранските власти ги обвинија САД дека немаат сериозен ...
Неколку училишта во Сплитско-далматинската жупанија добиле пријави за поставени експлозивни направи наутро. Според полициските информации, до официјалните е-адреси на голем број образовни институции е испратен е-мејл со иста содржина, во кој се наведува дека во училиштата е поставена експлозивна направа, пишува „Далмација Данас“. Ученици од две средни училишта во Бар, Црна Горас, беа евакуирани денес кратко по 9:30 часот наутро, откако беа ...
Анкетите кои го гледаа во водство со недели – и се покажаа како точни. Според излезните анкети, поранешниот претседател Румен Радев е победник на парламентарните избори со околу 45 проценти од гласовите, што би требало да биде доволно за апсолутно мнозинство и околу 135 места од 240. Во последните пет години во Бугарија имаше осум вакви избори. Ако се слуша Радев, не би требало да има нови избори во скоро време: „Ќе направиме сè за да ...
Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, ...
Додека повеќето навивачи на Партизан се надеваат на враќањето на Богдан Богдановиќ, се чини дека раководството одлучило да донесе некои поинакви засилувања. Според информациите што доаѓаат од Италија, „црно-белите“ се меѓу најсериозните кандидати за потписот на дефанзивецот на Олимпија Милано, Армони Брукс, чиј договор истекува на лето. Реномираниот новинар Алесандро Луиџи Маџи наведува дека веќе пристигнала конкретна понуда од Белград, ...
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, објави дека поради новите правила и неконкурентноста на болидот на Ред Бул, би можел да се пензионира на крајот од сезоната. Мартин Брандл, поранешен возач во Ф1 за Тирел, Заксенринг, Вилијамс, Брабам, Бенетон, Лижие, Мекларен и Џордан, како и коментатор на „Скај ТВ“, го даде своето мислење за најавата на Макс Верстапен. Тој верува дека заминувањето на Холанѓанецот би било голема ...
Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. – Светската банка и натаму ќе ...
Во салата „Т‘га за Југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновски“ во Скопје, на 22 април, во 19.00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Македонска лексикографија: достигнувања и перспективи“ од Елена Вережникова и Емил Ниами. За книгата ќе зборуваат проф. д-р Симона Груевска-Маџоска и проф. д-р Бобан Карапејовски. Издавач е Книгоаиздателството Ми-Ан. Книгата е замислена како краток преглед на македонската лексикографија, особено во ...
Вооружен маж во Луизијана убил осум деца и ранил уште три други рано наутро во недела наутро, во она што властите го опишуваат како чин на семејно насилство. Злосторството се случило на две различни локации. Осомничениот бил убиен по полициска потера. Жртвите биле на возраст од една до околу 14 години, а некои биле во роднинска врска со стрелецот, според полицијата. Портпаролот на полицијата во Шривпорт, Крис Борделон, изјави дека мотивот за ...
Во Основниот кривичен суд продолжи судењето за бизнисменот Ристо Крмзов и останатите раководители и сметководители на фирми поврзани со неговото работење. Крмзов беше донесен од затворот во Шутка во инвалидска количка поради влошено здравје. Тој денеска пред судијата Илија Трпков даде Воведен збор на кој кажа дека целото обвинение е конструкција тој да се уништи како бизнисмен , а неговиот имот да се распрачи и раздели на лица кои ги знае. ...
Иднината на Евролига сè повеќе се движи кон модел како НБА, со трајни франшизи за клубови подготвени на големи инвестиции. Според процените, цената за лиценца би можела да достигне околу 85 милиони евра, а во некои случаи и до 100 милиони, особено на пазари како Париз. Во други средини, сумата може да биде пониска, зависно од економската моќ и комерцијалниот потенцијал. Тоа значи дека нема да има фиксна цена, туку секој проект ќе се оценува ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има само 22 години и освоено седум гренд слем титули. Тој веќе собори некои големи рекорди што ги држеа Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер, но неговата ментална состојба често е оспорувана во професионалната тениска јавност. Шпанецот сака да ужива во животот, а честопати оваа релаксација го чини скапо на теренот. Алкараз неодамна беше принуден да се повлече од турнирот во Барселона, а потоа донесе ...
Водата за пиење во Скопје е квалитетна и безбедна. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Секторот за ...
Делови од Словенија се погодени од бура проследена со налети на ветер и силен град. Силни ветрови се пријавени од Словењ Градец, Жалец и Преваље, додека поплави се регистрирани во Велење. Времето би требало да се смири во вечерва, но локалните врнежи денеска ќе бидат засилени, пишува 24ur.com. Појас на локални врнежи, со повремени бури, се движи од северозапад низ Словенија. Особено на североистокот од земјата, можни се посилни бури со врнежи ...
Најмалку седум Палестинци беа убиени, а 24 ранети во новите израелски напади низ Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број на прекршувања од почетокот на прекинот на огнот во октомври минатата година достигна 2.400, објави Иран Прес ТВ, повикувајќи се на локални извори. Според палестинските власти, израелските сили продолжија да ги напаѓаат станбените области и цивилната инфраструктура во опколената енклава, и покрај прекинот ...
Румен Радев објави дека неговата партија Прогресивна Бугарија постигнала „апсолутна победа“ на вчерашните избори. „Ова е победа на надежта над недовербата. Ова е победа на слободата над стравот. И конечно, ова е победа, ако сакате, на моралот, бидејќи луѓето ја отфрлија самодоволноста и ароганцијата на старите партии и не подлегнаа на лагите и манипулациите“, рече поранешниот претседател во својата прва изјава за медиумите по изборите, објави ...
ЦЕНТКОМ објави видео од американските сили како го пресретнуваат бродот М/В Тоуска, наведувајќи дека „откако започна блокадата, американските сили им наредија на 25 комерцијални бродови да се вратат во иранските пристаништа“. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера откри дека американската морнарица пукала врз ирански танкер, го погодила, а потоа успешно го запленила бродот. Трамп напиша на социјалните мрежи дека иранскиот брод се обидел ...
Месечината во Бик носи стабилни и трајни емоции, а Бикот, Јарецот и Девицата влегуваат во позитивен астролошки период. Луѓето со Месечина во Бик бараат сигурност, мир и уживање во секојдневните работи, бидејќи чувството на стабилност им е најважно. Нивните емоции не се ненадејни или бурни, туку се развиваат бавно, но кога сакаат некого, тоа трае долго и е искрено. Месечината влегува во Бик околу 18 часот. Потреба за материјална сигурност Оваа ...
Замрзнувањето е одличен начин за конзервирање на храната, но со некои прехранбени производи треба внимателно да се ракува пред да се стават директно од замрзнувачот во тенџере или рерна, бидејќи тоа може да влијае на вкусот и безбедноста. Меса на кои им е потребно внимание Пилешкото и свинското месо мора темелно да се зготват. Кога се готват или печат директно од замрзнувачот, надворешноста се загрева брзо, додека внатрешноста може да остане ...
Иран е подготвен за евентуално обновување на воените конфликти, според иранската новинска агенција Тасним, анализирајќи ги актуелните настани на САД во регионот. Според овие наводи, во последните денови се евидентирани низа активности што укажуваат на зголемен воен ангажман на САД, вклучувајќи го движењето на воени бродови, воспоставувањето „воздушен мост“ за транспорт на опрема, како и учеството на тешки транспортни авиони како што се Ц-5 и ...
Ракометарите на Вардар го освоија осумнаесеттиот пехар во Купот на Македонија, откако во драматичен натпревар го победија ГРК Охрид со 23:24 (12:13). Натпреварот во салата „Парк“ во Струмица понуди навистина огромна борба до последните секунди, а вардарци имаа повеќе нерви и среќа кога беше најважно. До победата вардарци ги предводеше Јака Малус кој блесна со осум реализации, шест гола даде Хориха, а пет имаше Тузолана. Во таборото на Охрид ...
По вистинската пролет со вистински пролетни температури кои изминативе денови ги имавме во Македонија, веќе од утрешната понеделничка ноќ кон вторник 20/21 април 2026 ни доаѓа значителна и нагла промена на временската состојба кај нас во Македонија и во поширокиот дел од Балканскиот Полуостров, најави Славчо Попоски. Продор на значително поладен воздух од север ќе ги спушти температурите во Македонија и поширокиот Балкански Полуостров за ...
Технологијата напредува од ден на ден, сведоци сме на секакви работи, а сега сме сведоци на нов пробив. Хуманоиден робот успеа да победи на трка, но, покрај тоа, го сруши и светскиот рекорд што го држи човек. Имено, победник на полумаратонот во Пекинг е робот од компанијата „Хонор“, кој ја истрча трката од 21 километар за 50 минути и 26 секунди, со што го сруши рекордот што го држеше Јакоб Киплимо од Уганда, кој ја истрча истата дистанца за ...
Иран одби да учествува во втората рунда мировни преговори со САД, наведувајќи ги „претераните барања на Вашингтон, нереалните очекувања, постојаните промени во позициите“ и „тековната поморска блокада“, што Техеран ја смета за кршење на прекинот на огнот, објави иранската новинска агенција ИРНА. Претходно, CNN објави дека иранска делегација сепак ќе отпатува во Пакистан на разговори со претставници на САД, додека Tasnim објави дека Иран сè ...
Осум деца на возраст меѓу 1 и 14 години беа убиени во масовно пукање во Шривпорт, Луизијана, во неделата, а осомничениот вооружен напаѓач подоцна беше застрелан од полицијата во потера, соопштија локалните власти. Портпаролот на полицијата во Шривпорт, Кристофер Борделон, на прес-конференција изјави дека некои од децата се во роднинска врска со вооружениот напаѓач и дека пукањето се случило во три домови. Тој додаде дека најмалку десет лица ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остро предупредување до Иран, велејќи дека ова е „последна шанса“ Техеран да се согласи на договор за неговата нуклеарна програма и се закани со сериозни последици доколку не се постигне договор. Трамп го кажа ова во интервју за Фокс њуз, а неговите изјави ги пренесе дописникот Треј Јингст, кој, како што тврди тој, разговарал со него околу 20 минути. Според Јингст, Трамп ги повторил заканите за ...