Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
По успешната премиера на Скопје танцова платформа, одржана во рамките на Танц Фест Скопје 2026, претставата „МА“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Дејан Битровски, вечерва ќе ја има својата италијанска премиера во Новиот театар Абелијано во Бари. Гостувањето се реализира на покана на италијанската организација РесЕкстенса – Порта д’Ориенте, како дел од меѓународната програма „Обединете ги краевите и ќе го добиете вистинскиот ...
Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашен добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, која ја доделува националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово за особен придонес во театарската уметност. – Со особена чест и задоволство, фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедијата 2026“ му ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од ...
Шпанија е земјата на ЕУ најтешко погодена од шумски пожари оваа година, со најголем дел од изгорената вкупна површина на земјата. Податоците од Коперникус, Европската програма за набљудување на Земјата, покажуваат дека пожарите уништиле повеќе од 200.000 хектари, или околу 0,4 проценти од територијата на Шпанија. Повеќе од 90.000 луѓе се евакуирани, објавува „Еуроњуз“. Соседна Португалија, исто така, се бори со големи пожари, со изгорени 0,3 ...
Бројот на загинати во силниот земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој го погоди јапонскиот град Кумамото вo вторникот, се искачи на 18. Властите предупредуваат дека конечниот биланс на жртви и штети сè уште не е познат, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани под урнатините. Од делумно срушениот трговски центар, во кој загинале две млади жени кога во него, еден час по земјотресот, се случила силна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го привлече вниманието на јавноста со неверојатен гест за време на последното збогување со сенаторот Линдзи Греам. Додека седеше во првиот ред за време на официјалниот дел од комеморацијата, Трамп лежерно извади кутија Тик Так бонбони, зеде неколку за себе, а потоа му ги подаде на потпретседателот Џ.Д. Венс, што брзо стана еден од најзначајните моменти од целиот настан. 🇺🇸 President Trump dropped a ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм поради очекуваните високи температури што ќе ја зафатат земјава во периодот од 29 јули до 2 август 2026 година. Според најавите на УХМР, во наредните денови ќе преовладува многу топло време, а во поголем дел од државата се очекуваат екстремно високи дневни температури. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат подолг ...
Во случајот со сомневањето за местење стручен испит за стоматологија, МВР поднесе кривични пријави против три лица – студентка од Битола, професор на Стоматолошкиот факултет и поранешен потпретседател на Стоматолошката комора, како и претседателот на Комисијата за полагање стручен испит при Министерството за здравство. Според полицијата, студентката во декември 2025 година, по повеќекратна комуникација преку апликацијата „Вибер“, му префрлила ...
Австралискиот спринтер Лахлан Кенеди испиша историја во атлетиката, откако трката на 100 метри ја истрча за фантастични 9,85 секунди и стана најбрзиот белец спринтер на сите времиња. Дваесет и двегодишниот Австралиец го освои сребрениот медал на Игрите на Комонвелтот во Глазгов, откако во драматичното финале беше престигнат во самиот финиш од Камерунецот Емануел Есеми, кој победи со рекорд на Игрите од 9,83 секунди. Commonwealth Games men's ...
Дуетска поп-песна која ова лето го освои Балканот! „Под ногама“ е, всушност, песна со едноставна мелодија, но публиката веднаш ги прифаќа токму таквите. Песната носи силна порака, зборува за сите неправди, разочарувања и падови кои можат да се надминат само со љубов, надеж, силна волја и автентичен дух По големиот успех што неодамна го имаа нашата Ана Петановска и српската поп-пејачка Наташа Михајловиќ (поранешната членка на новосадската ...
Во црквата „Св. Софија“ утревечер (30 јули) во 21 часот, во рамките на Француската вечер на „Охридско лето“ концерт ќе одржи квартетот „Хермес“ во состав Омер Буше – виолина, Елисе Лиу – виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг – виола и Јан Левионоа – виолончело. Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на ...
Со ребалансот на буџетот се обезбедени финансиски средства за исплата на директното плаќање во земјоделството за 2025 година, со што Владата најавува дека ќе се затвори циклусот на заостанати обврски кон земјоделците за изминатите години. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека целта е да се завршат исплатите на директното плаќање за периодот од 2021 до 2025 година и да се надмине состојбата со наталожените долгови и со неисполнетите обврски ...
Крива Паланка за еден месец ќе биде центар на музичката забава, а интересот за големиот концерт расте од час во час. На Градскиот стадион се очекува вистинска река од посетители, кои ќе уживаат во хитовите на Жељко Самарџиќ, Лепа Брена и на Слаткар. Трите различни музички имиња ветуваат вечер за сите генерации – од староградски балади и безвремени хитови до модерни ритми што ќе ја дигнат атмосферата. Организаторите најавуваат спектакл што ...
Кошаркарот на ТФТ, Дарин Говенс, реши да го промени клубот, но да остане во Македонија во новата натпреварувачка сезона. Тој во иднина ќе ги брани боите на Работнички и ќе биде едно од најголемите засилувања за клубот во сезоната 2026/27. Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија. Во минатата сезона, на 26 одиграни средби ...
Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска, откако во директната пресметка за четвртото место во групата „Д“ ја совлада Шведска со 69:60. По израмнетото прво полувреме, кое Швеѓаните го добија со минимални 31:30, избраниците на селекторот одиграа извонредно во продолжението. Со цврста одбрана, голема борбеност и одлична тимска игра, Македонија ...
Ал Хилал има намера повторно да го размрда европскиот пазар и да донесе неколку големи ѕвезди за време на летниот преоден рок. Саудискиот клуб подготви неверојатен буџет од 350 милиони евра за нови засилувања. Парите треба да се искористат за доведување на две или три големи ѕвезди од најсилните европски лиги. Името на играчот што е на врвот на листата на желби е веќе познато. Станува збор за колумбискиот интернационалец Луис Дијаз. Крилниот ...
Руската тенисерка Екатерина Александрова доживеа драматичен колапс за време на натпреварот против 16-годишната сонародничка Кристина Љутова на ВТА-турнирот во Мемфис, поради што беше принудена да го предаде натпреварот. Првата носителка на турнирот и 19. тенисерка во светот помина речиси три часа на теренот на температура од околу 34 Целзиусови степени. Со резултат 5:4 за Љутова во решавачкиот трет сет, таа одеднаш се струполи на теренот. ...
ОТВОРЕНО ПИСМО СО ИНИЦИЈАТИВА ДО ВЛАДАТА Непосредно пред прославата на 35-годишнината од независноста на Република Македонија, ќе си дозволам да упатам повик до надлежните институции да се подигне споменик на непознатиот јунак во Македонија. Свесен сум дека кај нас има многу противници на спомениците, зашто тие, нели, не давале јадење, но, сепак, има и такви на кои им значат нешто и верата и историјата. Австроунгарскиот дипломат Алфред ...
Со дела од македонските композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар одбележува 40 години од постоењето. Концертот „Звук што расте“, кој се одржа синоќа на „Охридско лето“, донесе младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент на вечерта беше маестро ...
Реал Мадрид направи четири големи трансфери во текот на летниот преоден рок, но се чини дека Флорентино Перес и неговите соработници само се загреваат. „Кралевите“ потрошија 55 милиони евра за Марк Кукуреља, кој дојде од Челзи, додека Дензел Дамфрис пристигна од Интер за 20 милиони. Бернардо Силва и Ибрахима Конате, исто така, му се приклучија на Реал Мадрид како слободни агенти. Сепак, Реал Мадрид работи со полна пареа за да доведе уште три ...
Актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, проговори за ситуацијата околу трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид и испрати брутална порака до шпанскиот гигант. Според францускиот „Л’Екип“, ПСЖ верува дека барањето за обесштетување е превисоко за играч што, според нив, сè уште е во фаза на развој. – Тие побараа многу пари за играч што има потенцијал, но играше во Втората шпанска лига пред една година – се вели во соопштението на ...
Актуелниот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, го официјализираше ангажманот на американскиот плејмејкер Ноа Фарахан, кој е најновото засилување за сезоната 2026/27. Дваесет и петгодишниот кошаркар зад себе има европско искуство, откако минатата сезона настапуваше за Студент, Борац Бања Лука и словачки Комарно. Фарахан е добро познат за „металците“, бидејќи во АБА2-лигата им уфрли 27 поени и запиша седум асистенции во меѓусебен дуел. ...
Борбата против големиот шумски пожар на грчкиот остров Парос продолжи во текот на ноќта, додека пожарникарите се обидуваа да го стават пожарот под контрола. Пожарот, кој избувна вчера попладне, се прошири од областа Агаирија кон Трипити во зори, објави ЕРТ. Вкупно девет населби се евакуирани досега поради ширењето на пожарот. Во текот на ноќта, грчките власти издадоа две наредби за евакуација. Областите Агиос Хараламбос, Камби, Бугадос, ...
Три нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во земјава, од кои двајца пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а еден е хоспитализиран на Клиниката за неврологија. За сите случаи се спроведуваат епидемиолошки анкети, а здравствените власти утврдуваат каде се заразиле пациентите. Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека Комисијата за заразни болести заседава и ја следи состојбата. – Станува збор за ...
Во последното деноноќие во Гостивар се пријавиле 71 новозаболени од кои според здравствените власти веќе мал дел се заразени од градскиот водовод. „Сметаме дека настанува смирување на состојбата со епидемијата, до формален крај би дошле кога веќе нема да има случаи поврзани со градскиот водовод, според направените епидемиолошките анкети. Ваквото подобрување е поради очистување на водата и оспособување како техничка. До крајот на неделата се ...
Моќните модели на вештачка интелигенција на OpenAI, кои излегоа од контрола претходно овој месец и извршија невиден автономен сајбер напад, поминаа повеќе од четири дена на интенет и координираа хакерски напад, според нова анализа на платформата што беше цел, објавува Politico. Одделно, друга компанија за вештачка интелигенција потврди дека еден од нејзините корисници бил исто така цел на модел на OpenAI за време на истиот инцидент, што ...
Новите судири меѓу САД и Иран ги кренаа цените на нафтата на 87 долари за барел, европските индекси се во минус, додека пазарите ја чекаат одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки, како и извештаите за заработката од големите технолошки компании Microsoft, Meta и Qualcomm. Цената на северноморската нафта од типот Брент скокна за околу 3,8 проценти во утринските часови, на повеќе од 87 долари за барел, додека американската ...
Како што Црна Гора се приближува кон членство во ЕУ, Брисел вработува службеници што зборуваат црногорски, започнувајќи ја практичната работа потребна за јазикот да стане 25-ти официјален јазик на Унијата. Правната служба на Советот на ЕУ бара асистенти за да помогнат во изготвувањето на договорот за пристапување на Црна Гора во ЕУ, кој ги содржи правилата според кои земјата се приклучува кон блокот, како и за преведување закони, објави денес ...
Издадено е вонредно предупредување за целата држава, во кое се наведува дека Србија се соочува со силен, продолжен топлотен бран. Во предупредувањето се наведува дека се очекуваат максимални температури од 35 до 40 °C најмалку пет последователни дена, почнувајќи од 30 јули. Поради зголемувањето на температурите, активирано е портокалово временско предупредување на териториите на Бачка, Банат, Поморавље и југоисточна Србија, а жолто во ...
Францускиот диџеј и електропоп музичар Кавински, автор на познатата песна „Nightcall“, почина во Париз на 50-годишна возраст, објавија денес француските медиуми. Безживотното тело на Кавински, чија позната песна беше изведена на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз во 2024 година, беше пронајдено во неговиот дом во вторник, 28 јули, објави BFM. Покрената е истрага за причината за смртта, соопшти обвинителството, додавајќи ...
Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила спроведоа акција за подигнување на хаварисани возила низ територијата на Општина Кисела Вода. Според податоците од општинскиот инспекторат, од почетокот на акцијата досега се поведени инспекциски постапки за над 100 возила, целосно во согласност со Законот за управување со дополнителни текови на отпад. Најголемиот дел од овие автомобили се веќе ...