Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Властите во американската држава Висконсин ја одзедоа лиценцата на пиварницата „Миноква“, чиј сопственик Кирк Бангстад е познат по своите политички обоени и понекогаш контроверзни објави на социјалните мрежи. Според „Милвоки џурнал сентинел“, Министерството за финансии на Висконсин издаде наредба со која се одзема лиценцата за производство и дистрибуција на алкохол, која треба да стапи на сила на 4 август. Компанијата има право на жалба, која ...
Големи пожари во Турција се активни во туристичките центри Анталија и Мугла, додека пожарникарите се обидуваат да ги сузбијат одделните жаришта во Адијаман и Маниса, објавија турските медиуми. Потенцијално опасен пожар во Мерсин беше изгаснат пред да се прошири на околните шумски површини. Вкупно 26 противпожарни возила, девет возила за водоснабдување, пет единици за брза реакција и 155 шумари и пожарникари беа распоредени во областа Каш во ...
Руската манекенка Ирина Шајк и НБА кошаркарот Девин Букер наводно се во врска, а извор близок до двојката тврди дека меѓу нив постојат силни емоции и дека го користат секој слободен момент за да бидат заедно. Според списанието People, двајцата ја започнале својата романса ова лето откако биле запознаени од заеднички пријатели пред неколку месеци. „Девин Букер и Ирина се во врска. Сè е сè уште многу ново, но многу се сакаат и се навистина ...
Дрејмонд Грин ќе ја продолжи кариерата во дресот на Голден стејт, откако постигна договор за нов едногодишен договор вреден 27,7 милиони долари. Искусниот кошаркар претходно ја одби играчката опција од 27,6 милиони долари, што му овозможи на клубот поголема финансиска флексибилност во обидот да го ангажира Леброн Џејмс. Откако Џејмс се пресели во Филаделфија, „воините“ брзо ги финализираа преговорите со Грин. Ова ќе биде негова 15. сезона во ...
Францускиот Асвел се подготвуваше за најамбициозната сезона во својата историја, но само неколку недели пред почетокот на новата евролигашка кампања, клубот се соочува со сериозна финансиска криза која може целосно да ги урне големите планови. Клубот од Вилербан летово размислуваше дури и да ја напушти Евролигата и да се приклучи на идниот проект НБА-Европа, но наместо тоа, одлучи да инвестира рекордни средства и да нападне место на ...
Четири жени денес јавно го обвинија добитникот на Оскар и фронтмен на „Триесет секунди до Марс“, Џаред Лето, за сексуален напад и силување кога биле тинејџери. Една од жените изјави во документарецот на Би-Би-Си „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“, вели дека Џаред Лето сексуално ја нападнал во бањата на мотел кога имала 17 години, друга рече дека холивудската ѕвезда ѝ се заканувал дека ќе ја нападне сексуално кога имала 19 години и дека ...
Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Мравки“, кое во наредните 24 снимачки денови ќе се реализира на повеќе локации низ Скопје и Дебар. Режисер на филмот е Марјан Гавриловски, сценариото го потпишува Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на фотографија е Фејми Даут. „Мравки“ е црна комедија со елементи на трилер, чија приказна следи невообичаен тандем – инспектор пред пензија и трансвестит, кои се принудени заедно да ...
Основната замисла на музичкиот проект „Да ја вратиме културата во културните средини“ со кој првично се предвидени три концерти на отворено – во Мелница, Бешиште и во Полчиште е да се оживее традицијата во срцето на Мариово. Според познатиот македонски инструменталист на традиционални народни инструменти, Стефче Стојковски, идејата е симболична, но и суштинска: враќање на изворниот мелос и исконската уметност токму таму каде што се родила и ...
Инфлациските притисоци во земјава се намалуваат, а Владата очекува дополнително стабилизирање на цените во наредниот период. Според премиерот Христијан Мицкоски, актуелните економски показатели се значително подобри во споредба со периодот на големата инфлациска криза во 2022 година и покрај новите глобални предизвици и геополитичките тензии. Мицкоски посочи дека направил споредба меѓу јуни 2026 и јуни 2022 година, оценувајќи дека станува ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава биле зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6,2 проценти во однос на јуни минатата година, објави Државниот завод за статистика. Во однос на мај, регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите рударство и вадење камен за 3,7 проценти, преработувачка индустрија за 0,4 проценти, снабдување ...
Царинската управа информира дека започнува со спроведување на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со кој се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската Унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас, потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значајниот прогрес на проектот, ...
И покрај бројните реакции на социјалните мрежи за високите цени во угостителските објекти, Охрид и годинава ќе биде една од најпосетените туристички дестинации за претстојниот празничен викенд. Хотелските и приватните сместувачки капацитети се целосно исполнети, а покрај домашните туристи, во градот се очекува да пристигнат и голем број гости од земјите во регионот. Угостителите уверуваат дека нема да се зголемат цените во рестораните и во ...
Владата очекува ново намалување на цените на бензинот и дизелот од вторник, како резултат на движењата на светските берзи. Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека мерките со намалени акцизи и ДДВ имаат финансиски ефект врз буџетот, но се насочени кон заштита на граѓаните. Според премиерот, приоритет останува одржувањето на ценовната стабилност и сигурното снабдување со горива Премиерот Христијан Мицкоски очекува од следната недела да има ...
Со години земјоделците од Пробиштипско и од Кратовско чекаат водата од „Злетовица“ да стигне до нивите и да донесе посигурен род. Новите фази од проектот треба да овозможат наводнување на илјадници хектари, но паралелно останува и старата земјоделска мака: ниските откупни цени и несигурниот пласман. Додека се најавува водата како спас за производството, оризопроизводителите бараат решенија за вистински да биде вреднуван нивниот труд. Државата ...
Унгарија го блокираше почетокот на разговорите за два кластери од преговорите за пристапување на Украина во ЕУ, кои се однесуваат на економски и социјални прашања, објави весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори. Според весникот, одложено е отворањето на вториот и третиот кластер, кои ги опфаќаат интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ и проширувањето на економската и социјалната политика. Унгарија долго време се ...
Повеќе од 1.000 вработени во водечките технолошки компании, вклучувајќи ги „Опен АИ“, „Антропик“ и „Мета“, потпишаа петиција со која се повикува американската Влада намерно да го забави развојот на вештачката интелигенција. Меѓу потписниците се истакнати поединци, како што се извршниот директор на „Антропик“, раководителот на истражувањето во „Опен АИ“ и главниот научник во „Мета АИ“, пишува „Еуроњуз“. Со петицијата се бара од американската ...
Според Обединетите нации, Европа стана новата главна дестинација за кокаин. Оваа дрога, некогаш поврзувана со богатите посетители на ноќни забави, стана широко распространета, пишува „Фајненшл тајмс“. Според податоците на Агенцијата за дрога на Европската Унија, помеѓу 2014 и 2024 година, уличните цени паднале, во просек, за 18 проценти, додека чистотата на кокаинот се зголемила за 44 проценти. Само минатата година, количината на траги од ...
Главниот обвинител на Палермо, Маурицио де Лучија, изјави дека мафијата сака да купи оружје – дронови слични на оние што се користеле во војната во Украина, објави Анса. ИЗДВОЕНИ МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА СЕ МОБИЛИЗИРА СПРОТИ ПРЕБРОЈУВАЊЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО: „Регистрирајте се како Македонци“ – ќе покаже ли пописот во Австралија над 200.000 нашинци? ПО РЕАКЦИИТЕ НА АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ И НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА НАБАВКИТЕ БЕЗ ТЕНДЕР: Законот за „Скопје 2028“ ...
Летниот период повторно ги отвори старите проблеми со сообраќајот и јавниот ред во Тетово. Граѓани реагираат за метежот по улиците, недостигот на паркинг-места и за бучавата што, како што велат, трае до доцните ноќни часови. Тетовецот Бошко Видоески, преку социјалните мрежи, побара поголема контрола и ред во градот. Според него, Тетово во летните месеци се соочува со сериозни проблеми поради зголемениот број возила со странски регистарски ...
Еден од најпознатите спортски објекти во земјава добива ново име и нов визуелен идентитет. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Македонски телеком склучија партнерство, по што големата спортска сала официјално станува „Т Арена“. Со новото име доаѓа и целосно освежување на просторот во препознатливата магента боја на брендот „Т“. Новата соработка, според надлежните, треба да донесе подобри услови за функционирање на арената, но и повеќе ...
Симнат од дневен ред и оставен за некоја идна собраниска седница во периодот по летниот одмор на пратениците е предложениот закон за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, кој денеска предизвика реакции во јавноста. Ова се случи по состанокот на координаторите на пратеничките групи со собранискиот спикер, Африм Гаши, откако во македонскиот парламент се водеше војна околу завчера закажаните три ...
Во графата за потеклото напишете „македонско“, за земја на потекло „Македонија“, за јазикот во домот „македонски“, а за религија наведете „македонско православие“… вакви апели деновиве се упатуваат до припадниците на македонската заедница во Австралија, каде што на 11 август ќе се одржи редовниот попис на населението. Бројни македонски организации, двете епархии на МПЦ-ОА, активисти, како и од Агенцијата за иселеништво сè повеќе се ...
Делчево се наоѓа во голем инфраструктурен замав. Во моментов, во општината паралелно се работи на 14 капитални проекти, кои треба да бидат завршени во следниот период, најави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, при увидот на градежните активности заедно со премиерот, Христијан Мицкоски. Според Гоцевски, преку двата унгарски повика во Делчево се вложуваат околу 150 милиони денари, а паралелно се реализираат и други значајни проекти со ...
По долг период на загриженост за состојбата на Дојранското Езеро, конечно, пристигна добра вест. Повторно се пуштени во работа пумпите на хидросистемот „Ѓавато“, а водата повторно почна да се префрла од изворите кон езерото. Во моментов работат две пумпи, кои испорачуваат по околу 200 литри вода во секунда, односно вкупно околу 400 литри вода секоја секунда, што за Дојранското Езеро значи многу, особено во летниот период, кога високите ...
По години реакции, дебати и барања од граѓаните и од љубителите на природата, конечно, почна демонтажата на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница. Од Националниот парк „Шар Планина“ велат дека ова е прв голем чекор кон враќање на реката Пена и на целата долина во нејзината природна состојба. Во изминатите неколку недели, многу планинари и посетители на Лешница веќе забележаа дека се работи на терен, ...
По успешната премиера на Скопје танцова платформа, одржана во рамките на Танц Фест Скопје 2026, претставата „МА“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Дејан Битровски, вечерва ќе ја има својата италијанска премиера во Новиот театар Абелијано во Бари. Гостувањето се реализира на покана на италијанската организација РесЕкстенса – Порта д’Ориенте, како дел од меѓународната програма „Обединете ги краевите и ќе го добиете вистинскиот ...
Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашен добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, која ја доделува националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово за особен придонес во театарската уметност. – Со особена чест и задоволство, фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедијата 2026“ му ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од ...
Шпанија е земјата на ЕУ најтешко погодена од шумски пожари оваа година, со најголем дел од изгорената вкупна површина на земјата. Податоците од Коперникус, Европската програма за набљудување на Земјата, покажуваат дека пожарите уништиле повеќе од 200.000 хектари, или околу 0,4 проценти од територијата на Шпанија. Повеќе од 90.000 луѓе се евакуирани, објавува „Еуроњуз“. Соседна Португалија, исто така, се бори со големи пожари, со изгорени 0,3 ...
Бројот на загинати во силниот земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој го погоди јапонскиот град Кумамото вo вторникот, се искачи на 18. Властите предупредуваат дека конечниот биланс на жртви и штети сè уште не е познат, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани под урнатините. Од делумно срушениот трговски центар, во кој загинале две млади жени кога во него, еден час по земјотресот, се случила силна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го привлече вниманието на јавноста со неверојатен гест за време на последното збогување со сенаторот Линдзи Греам. Додека седеше во првиот ред за време на официјалниот дел од комеморацијата, Трамп лежерно извади кутија Тик Так бонбони, зеде неколку за себе, а потоа му ги подаде на потпретседателот Џ.Д. Венс, што брзо стана еден од најзначајните моменти од целиот настан. 🇺🇸 President Trump dropped a ...