Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Моќен антициклон по име „Олаф“ – систем со висок воздушен притисок што метеоролозите го поврзуваат со нов бран на стабилно, суво и многу топло време – моментално се шири низ Европа. Додека во западниот дел на континентот веќе се забележуваат екстремни температури, прогнозите укажуваат дека неговото влијание сè повеќе ќе се чувствува на Балканот во текот на наредните денови. За разлика од циклоните, кои носат облаци, дожд и бури, антициклонот ...
Првите неколку минути по будењето можат да бидат идеално време да направите нешто корисно за вашето срце и крвниот притисок. Иако утринските навики не можат да ја заменат медицински препишаната терапија, тие можат да придонесат за подобра контрола на крвниот притисок и за општо чувство на виталност. Крвниот притисок природно се покачува наутро додека телото се подготвува за дневните активности. Кај луѓето со хипертензија, овој пораст може да ...
Пожарите во Франција беснеат веќе втора недела, Шпанците, исто така, подолго време се борат со огромни шумски пожари, кои се приближуваат до населените места, пред ден-два пламнаа и Португалија и Грција, а има предупредување и за Италија. Оваа сезона на пожари во Европа би можела да стане најлошата во европската историја и да го надмине минатогодишниот рекорд. Европската Унија предупреди дека брзо расте ризикот од големи шумски пожари во ...
Се проценува дека 9.800 луѓе во Германија починале од екстремна топлина оваа година, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Во соопштението се вели дека најголем број смртни случаи се регистрирани во возрасната група од 75 години и повеќе, објави „Ројтерс“. Институтот соопшти дека е забележано зголемување на стапката на смртност во текот на топлите денови и дека се очекува понатамошно зголемување на бројот на смртни случаи како што продолжува ...
Сеизмичката активност во Венецуела значително се намали еден месец по земјотресите што ја погодија земјата, изјави Диосдадо Кабељо, генерален секретар на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (PSUV). „Почнавме со 179 земјотреси дневно првиот ден, а денес имаме околу 15“, рече Кабељо во емисијата „Кон Ел Мазо Дандо“, објави порталот Globo Vision. Според него, досега се регистрирани 1.592 последователни потреси, чија фреквенција ...
Франција, Шпанија и Грција продолжуваат да се борат со големи шумски пожари, додека нов бран на екстремни горештини, суша и силни ветрови го одржува поголемиот дел од јужна Европа во состојба на висока готовност. Ситуацијата се подобрува во некои области, но властите предупредуваат дека опасноста сè уште не е помината. Во Франција, две лица се уапсени под сомнение за подметнување пожар во близина на Бордо; во Грција, тројца пожарникари ги ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека одлуката за евентуално продолжување на конфликтот со Иран зависи од американскиот претседател Доналд Трамп, притоа изразувајќи скептицизам во однос на постигнувањето дипломатско решение со Техеран. Нетанјаху за американската телевизиска мрежа ABC изјави дека САД остануваат „клучниот партнер“ на Израел и дека Трамп е единствено одговорен за американската стратегија. Израелскиот премиер ...
Голем број мигранти денес препливаа и ја пробија границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута, сместена на северноафриканскиот брег. Откако ја совладаа полицијата во близина на бранобранот на градот, тие ја пробија оградата и влегоа на европска територија, соопшти шпанската Цивилна гарда. Портпаролот на Цивилната гарда изјави дека мигрантите „масовно влегуваат пливајќи“ покрај бранобранот Тарахал, но не можеше да го процени нивниот точен ...
Животот и кариерата на легендарниот италијански дизајнер Џорџо Армани ќе бидат претворени во високобуџетна телевизиска серија наменета за меѓународна публика. Проектот го развива италијанската продуцентска куќа Лукс Виде, која соработува со модната куќа Џорџо Армани, а ќе го режира познатиот режисер Ферзан Озпетек, познат по неговата успешна комбинација на уметнички израз и комерцијален успех. Озпетек, кој го познаваше Армани, вели дека е ...
Со молитви, вера и големо народно собирање, селото Зубовце денеска го одбележа празникот Света великомаченичка Марина – Марена, ден кој традиционално има посебно значење за жителите на ова гостиварско село. Во храмот „Света Огнена Марина“ се одржа свечена богослужба, а посебен момент на празнувањето беше пречекот на Светиот Крст пристигнат од Ерусалим, кој за верниците претставува голем духовен благослов и чест за храмот и селото. Крстот е ...
Преселбата на Леброн Џејмс во Филаделфија ги затвори сите дилеми околу неговата иднина, а пристигна реакција и од неговиот близок пријател, Бем Адебајо. Центарот на Мајами истакна дека целосно ја почитува одлуката на Џејмс да потпише за Пејсерс, но порача дека нема да има никакви привилегии на теренот. Мислам дека секој треба да биде задоволен со одлуката што ја донел. Леброн го избра она што верува дека му дава најдобра шанса за победа. Го ...
Премиерот Христијан Мицкоски во Собранието ги отфрли обвинувањата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, околу унгарскиот заем, оценувајќи дека станува збор за финансиски аранжман со исклучително поволни услови за државата. Одговарајќи на пратеничко прашање, Мицкоски порача дека отворањето постапка или истрага во Унгарија е внатрешно прашање на тамошните институции и дека тоа, според него, нема никаква врска со начинот на кој Македонија ги ...
Бугарските власти од понеделник ќе воведат засилени контроли на увозот на овошје и зеленчук од Македонија, но и од други соседни земји. Целта, според најавите, е да се следи квалитетот на производите и да се влијае врз стабилизирањето на цените на пазарот. Бугарскиот министер за земјоделство објасни дека државата нема законска можност целосно да го запре увозот, но може да спроведе построг надзор врз стоката која влегува во земјата. – Не ...
Владата нема да дозволи изградба на дата-центри доколку тие претставуваат закана за животната средина, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, откако во јавноста се отвори дебата околу најавените инвестиции во овој сектор. Тој уверува дека економскиот и технолошкиот развој нема да се реализираат на сметка на природата и дека секој проект ќе мора да ги исполни сите еколошки стандарди. Изјавите доаѓаат откако Владата ...
Вториот пензиски столб е стабилен и доверлив механизам за долгорочно пензиско штедење и има значајна улога во обезбедувањето финансиска сигурност за идните пензионери; Идната пензија на секој поединец зависи од неговото сопствено учество во системот – времето на осигурување, работниот стаж и платата на која бил пријавуван низ годините, како и приносите кои ги остваруваат пензиските друштва кои се условени од сѐ уште конзервативната законска ...
Во првата половина од 2026 година, Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) спроведе речиси 22.000 инспекциски контроли, во чии рамки, во делот на откупот, се издадени 409 решенија (наредби, опомени и задолженија), рече директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски. Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, тој истакна дека ДИЗ моментно се соочува со недостиг на кадар поради одливот на инспектори, кои одат во пензија. – ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави планираните карактеристики на апликацијата за дигиталното евро, која треба да им овозможи на корисниците лесен и достапен пристап до основните услуги на оваа дигитална валута, доколку биде донесена одлука за нејзино воведување. Од ЕЦБ велат дека дигиталното плаќање ќе биде достапно за сите граѓани, без оглед на нивните способности, потреби или нивото на дигитални вештини. Апликацијата за ...
Процесот на дигитализација продолжува и во земјоделскиот сектор. Компаниите отсега ќе можат електронски да добиваат два сертификати од Државниот инспекторат за земјоделство, без потреба од лично поднесување документи или подигнување на уверенијата во хартиена форма. Новите услуги се достапни преку националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk и имаат иста правна важност како и хартиените документи. Станува збор за уверението за квалитет – ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година отвори нов судир меѓу власта и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека станува збор за развоен документ кој ќе обезбеди повеќе капитални инвестиции и инфраструктурни проекти, додека СДСМ предупредува дека со него се зголемуваат буџетскиот дефицит и јавниот долг. Навремено и флексибилно приспособување кон тековните економски движења и потребите на граѓаните, општините и реалниот сектор – вака владејачката ...
Парите што граѓаните со години ги издвојувале во вториот пензиски столб, сега почнуваат да им се враќаат како дел од пензијата. Според податоците на МАПАС, просечната месечна исплата од личните сметки изнесува 9.878 денари. Во моментов исплата добиваат 147 пензионери, а најголемиот дел од нив се корисници на минимална пензија. Анализата покажува дека со подолго членство во вториот столб, се создаваат услови за повисоки исплати во иднина. Сѐ ...
Трошоците за живот во Иран нагло се зголемиле по антивладините протести во јануари и во текот на речиси петмесечната војна со САД, објавија државните медиуми. Минатата година, потрошувачките цени скокнале за 66 проценти, објави државната телевизија ИРИБ. Зголемените трошоци, лошите економски прогнози и сè почестите недостатоци вршат сè поголем притисок врз иранското население. Полуофицијалната новинска агенција „Тасним“ извести за ненадејното ...
Пред зградата во која живееше! На денот кога Владимир Блажев-Панчо од добро познатото дуо „ДНК“, ќе го прославеше својот 47. роденден, неговите најблиски – соседите, пријателите и бројните обожаватели му оддадоа искрена почит со откривање мурал кој е со неговиот лик. Се наоѓа пред зградата во која живееше, во скопската населба Аеродром. Тие испратија куса, но емотивна порака. „Среќен роденден, стари. Фалиш…“ Маалската дружба помина многу ...
Скопјани кои го користат базенот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе мора да почекаат околу две години за да ги користат повторно пливачките капацитети. Објектот останува затворен по силното невреме кое го зафати Скопје на 21 јули, кога беше оштетен и покривот на базенот. Во моментот на невремето, делови од покривната конструкција паднале во внатрешноста на базенот, во близина на пливачките патеки каде што имало посетители. Поради ...
Скопјани велат дека невремето поминало, но последиците сè уште се гледаат низ градот. „Уште стои, кој ќе го тргне?“, прашуваат граѓаните кои секојдневно поминуваат покрај паднатите дрвја и гранки. Од Ново Лисиче до центарот на градот, рекреативците се жалат дека блокираните патеки покрај Вардар станале секојдневна пречка. Граѓаните признаваат дека штетите се големи, но бараат побрзи реакции таму каде што се отежнува движењето и се нарушува ...
Белградските обвинители објавија дека побарале од Апелациониот суд да ја промени првостепената пресуда и да ги осуди на максимална казна родителите на момчето што уби десет лица во 2023 година, пукајќи во училиште во Србија. Во 2024 година, Судот го осуди таткото, Владимир Кецмановиќ, на 14 и пол години, а мајката, Милјана Кецмановиќ, на две години и единаесет месеци затвор. Инструкторот на стрелиштето, каде што таткото го учел својот син да ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка на културата, обезбедувајќи 2.720.000 денари за реализација на проекти од областа на културата, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи. Со овие средства ќе се реализира богата и разновидна културна програма во текот на 2026 година, која ќе понуди содржини наменети за сите генерации и ќе придонесе за збогатување на културниот живот во општината. Во рамките ...
Двајца од седумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со потврдена западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, информираше директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана. Станува збор за пациенти на возраст од 76 и 66 години. Според Цана, 66-годишниот пациент бил примен на 26 јули, но по влошување на здравствената состојба лекарите одлучиле да биде интубиран и ...
Под планината не се слуша само татнежот на машините туку и приказната на луѓето што секој ден се борат со карпите и времето. Таму каде што некој би рекол „ова е ќор-сокак“, работниците на компанијата „Гулермак“ копаат, бетонираат и ја туркаат трасата на идната пруга напред. Од прашливите градилишта до високите мостови и темни тунели, секој метар има своја мака и своја приказна. – Не е лесна работа, ама мора да се направи – велат од „Гулермак“ ...
„Незамисливо е без буџет да се направи филм. Но, тука се поставуваат неколку прашања: кога парите стануваат поважни од уметноста и кои се тие минимални средства што ќе ни овозможат да направиме уметнички, авторски, филм? Режисерската визија, во комбинација со талентот и мудроста, може да изроди уметност и со мал буџет. Но, дали ќе работиш и кога би немал илјадници евра на располагање, или ќе чекаш додека не ги добиеш, и дали ќе се бавиш со ...
„Препратки кон јатки“ е насловот на новата книга на поетесата и преведувачка Весна Ацевска, која претставува избор од поетички и други есеи и осврти на книжевни темелници и современи литературни дела, на кои им се придружени неколку интервјуа со авторката. Станува збор за книга која посочува, како што вели издавачот „Макавеј“, дека „Постои еден момент во секое читање кога зборот престанува да биде само знак и почнува да зрачи – тој момент ...