Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Грчките пожарникари продолжуваат да се борат со повеќе активни пожари низ целата земја, а нови фронтови се појавуваат во регионот Арголис, во близина на археолошкото наоѓалиште Микена и во Беотија, каде што се издадени бројни предупредувања за евакуација. Пожар во регионот Фиктиција во Арголис, во близина на Микена, доведе до затворање на Стариот национален пат, додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пламенот, објави Прототема. ...
Грција бележи ново зголемување на бројот на пациенти заразени со Западнонилскиот вирус, а здравствените власти потврдија дека четири лица починале од почетокот на годината. Поголемиот дел од тешко болните имаат невролошки компликации, додека некои пациенти се на интензивна нега. Експертите предупредуваат дека вирусот се пренесува преку каснување од заразен комарец и апелираат за дополнителна претпазливост во текот на летните месеци. ...
Возач на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) бил физички нападнат од патник на автобуска постојка во скопската населба Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 30 јули во СВР Скопје, 59-годишниот М.С. од селото Бардовци пријавил дека претходната вечер, околу 22:00 часот, додека ги извршувал своите работни задачи како возач на автобус на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода бил ...
Македонската Армија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција одржана на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец кој дипломирал на престижната Воена академија „Вест Поинт“ во САД. Министерот за одбрана Владо Мисајловски им честита на новите офицери, нагласувајќи дека ...
Патничко возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било опожарено ноќеска на улицата „Павле Илиќ“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот бил пријавен околу еден часот по полноќ во Секторот за внатрешни работи – Скопје. Опожареното возило било во сопственост на правно лице од Косово. Од МВР соопштија дека во пожарот нема повредени лица, а огнот бил локализиран од соседи пред ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење кривични ...
И ние, наследниците на славните илинденци, се наоѓаме на историски крстопат, соочени со нови бури и премрежија. Затоа и нашето поколение треба да го продолжи илинденскиот подвиг и да го чува она коешто е стекнато со многу страдања и жртви, порача во своето Илинденско послание архиепокоп охридски и македонски г.г. Стефан. Во посланието, во име на останати македонски владици, монаси, монахињи и свештеници тој го честити големиот празник на сите ...
Бројот на невработени во Германија се зголеми за 71.000 во јули, надминувајќи ја границата од 3 милиони и достигнувајќи 3,007 милиони, покажаа податоците од Федералната агенција за вработување во петокот, со што се урнаа надежите за стабилизирање на пазарот на трудот. Тоа значи дека 28.000 повеќе луѓе се без работа отколку во истиот месец минатата година. Стапката на невработеност се зголеми за 0,2 процентни поени на 6,4% во споредба со ...
Легендата на Милан и освојувач на Светското првенство со Италија, Франко Барези, почина на 66-годишна возраст. Неговата смрт ја потврди Милан, фудбалскиот клуб каде што ја помина целата своја 20-годишна играчка кариера. „Целата историја на Милан е во солзи“, соопшти Милан. Во август 2025 година, Барези беше подложен на операција за отстранување на белодробен израсток, по што започна циклус на имунотерапија. Неговото последно јавно појавување ...
Група туристи кои пиеле коктели на плажа во Миконосдоживеале како што велат, непријатно искуство откако им биле наплатени 116 евра за два пијалоци во еден бар. Инцидентот повторно го привлече вниманието кон барот DK Oyster, кој често се споменува во контекст на високи цени. Еден од најновите незадоволни гости објави фотографија од сметката на Tripadvisor на која се гледа дека нарачал два коктели од еден литар, вклучувајќи и „маргарита“. Секој ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани ...
Министерството за здравство информира дека заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Во меѓувреме, епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување, со континуиран пад на бројот на ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните за максимална претпазливост поради исклучително високиот ризик од пожари што го носи најавениот топлотен бран. Тој посочи дека во јули во просек биле регистрирани околу 15 пожари дневно, но сите биле успешно локализирани и изгаснати благодарение на брзата реакција на пожарникарите и поддршката од ер тракторите. „Доволна е само една искра за да настане ...
Околу 49.000 мигранти преминале од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута во последните 24 часа, според проценките на тамошните власти. Илјадници мигранти ја препливале границата до шпанската енклава Сеута во Северна Африка во четврток, а локалните медиуми објавија дека пристигнувањата продолжиле и во текот на ноќта, објави Би-Би-Си. Ceuta amanece sumida en el caos, decenas de marroquíes asaltan una tienda de comestibles. ...
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) до 27 јули регистрирал 6.707 лабораториски потврдени случаи на циклоспоријаза – заболување предизвикано од паразитот Cyclospora, кој бил поврзан со консумирање контаминирана ајсберг салата. Бројот на заразени и натаму расте, а здравствените власти истражуваат повеќе жаришта на инфекцијата. Паразитот предизвикува цревни тегоби, меѓу кои и пролив, а според американските медиуми, ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар утрово извршиле претрес во дом во гостиварското село Равен, при што биле пронајдени дрога и муниција, а едно лице е лишено од слобода. Според информациите од МВР, денеска во 07:30 часот бил уапсен Д.С. (58) од село Равен, гостиварско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Претресот во ...
Жител на струмичкото село Габрово бил уапсен откако, под дејство на алкохол, предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и кон улицата на која живее. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јули 2026 година, околу 22 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото Габрово. Полициските службеници го забележале како предизвикува пожар во дворното ...
По години најави и одложувања, Македонија и Бугарија направија нов чекор кон изградбата на железничката врска на Коридор 8. Во Софија вчера се одржа првиот состанок на заедничката работна група, која ќе ја координира изградбата на прекуграничниот железнички тунел. На состанокот присуствуваа претставници од двете држави, предводени од заменик-министерката за транспорт на Македонија, Калтрина Зеколи Шаќири, и нејзината бугарска колешка Цвета ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор според кој Хамас ќе се разоружа, а Израел ќе ги повлече своите сили од Појасот Газа, а медиумските извештаи сугерираат дека Хамас се согласил со планот. Трамп изјави дека Комитетот за мир постигнал договор за „целосно разоружување“ на Хамас и другите вооружени групи во Газа. Хамас се согласил со планот, изјави за Би-Би-Си висок палестински функционер. Израел не коментираше ...
Пожари беснеат во неколку области на Грција веќе трет ден, а најтешка е ситуацијата во јужниот дел на Ретимно на Крит, каде што пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола главниот пожарен фронт во областа Агиа Параскеви со помош на голем број екипи. Во исто време, нов пожар избувна во Аркадија, додека пожарот на островот Парос повторно се активираше, објави Прототема. Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...
Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), за да се спречи труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при набавката, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување, како и да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и за складирањето. Се препорачува да се купува храна од проверени места, во кои производите, особено лесно расипливите од животинско потекло, се чуваат во разладни уреди. Со најавените ...
Во црквата „Света Софија“, вечерва 31 јули во 21:00 часот, концерт ќе одржи квартетот саксофони „Сигнум“ (Словенија/Германија), во состав Михал Кнот – сопран саксофон, Јакопо Тадеи – сопран саксофон, Алан Лужар – тенор саксофон и Едоардо Зоти – баритон саксофон. Квартетот саксофони „Сигнум“ е с,è освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти, кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е сè повеќе фрустриран од тешкотиите во завршувањето на конфликтот со Иран, додека неговите врвни советници остануваат длабоко поделени околу целите на воената кампања и стратегијата што треба да се усвои, објави американската телевизиска мрежа НБЦ (NBC), повикувајќи се на американски функционери и блиски до претседателот. Трамп, кој јавно ја претстави офанзивата против Иран како успех, наводно го ...
Најмалку 18 лица загинаа во мигрантската криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута, каде што илјадници мигранти продолжуваат да се обидуваат да влезат на шпанска територија по море и покрај зголемениот надзор од страна на мароканските безбедносни сили, објави новинската агенција EFE. Мароко ги засили контролите на патиштата, станиците и во граничната зона во последните часови за да го намали протокот на луѓе кон северот на ...
Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин, информираа утрово од Царинската управа. Од таму посочуваат дека девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. „Во конкретниот случај, на прашање на царинските ...
Поранешниот американски експерт за време на коронавирусот, д-р Ентони Фаучи, беше изведен пред Конгресот за да сведочи за потеклото на Ковид-19. Во оваа прилика, тој постојано се повикуваше на своето право да молчи според Петтиот амандман. Фаучи се појави пред Сенатскиот комитет за домашна безбедност и владини работи, на сослушување организирано од сенаторот Ранд Пол. Републиканец од Кентаки и гласен критичар на справувањето на Фаучи со ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во четврток изјави дека сака да ја суспендира Шпанија од Шенген зоната на слободно движење, откако стотици мигранти нелегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута од Мароко. „Го поддржувам затворањето на Шенген зоната со Шпанија“, напиша Тајани на X, осудувајќи ја „нерегуларната и неконтролирана имиграција“. Sono favorevole alla chiusura dello spazio Schengen con la Spagna e ho piena ...
Авионот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и покрај важечката потерница од Меѓународниот кривичен суд (МКС), прелетал над воздушниот простор на Грција, Италија и Франција на пат кон Соединетите Американски Држави, што повторно ја отвори дебатата за обврските на државите членки на Римскиот статут. Експертот за меѓународно право Абдурахман Ерол смета дека дозволата за прелет над воздушниот простор од причини на дипломатска неопходност ...
Реката Дунав никогаш немала пониско ниво на водата, поради што е можно да се види првиот столб на Мостот на слободата во Нови Сад, па дури и бомби од Втората светска војна, пишува „Блиц“. Ниското ниво на водата на Дунав го променило неговиот изглед во Србија, но и на други места како што е Бугарија, каде што фосилни коски од праисториски мамут биле видени во близина на селото Рјахово. Suspected mammoth remains, including a jaw and tusks, were ...