Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Во средата беше најавено дека на состанок на УЕФА и нејзините асоцијации-членки ќе се разгледа можноста за бојкотирање на натпреварувањата на ФИФА поради планот на Џани Инфантино практично да го приватизира Светското првенство. И токму тоа се случи. Се чини дека проектот на претседателот на ФИФА доживеа тотално фијаско и предизвика историско единство на Стариот континент. Вчера, УЕФА издаде соопштение во кое се наведува дека тие, заедно со ...
По неколку дена пријатно време, со температури до 30 степени Целзиусови, Македонија повторно ќе биде зафатена од силен топлотен бран. Во следните десетина дена температурите ќе се зголемат за околу 10 степени, а од среда во делови од земјата се очекува живата во термометарот да надмине 40 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица времето ќе биде претежно ...
Шест лица се водат како исчезнати откако денеска се урна зграда во Месина, Сицилија, објави агенцијата АНСА, повикувајќи се на извори. Изворите наведуваат дека шесте исчезнати лица можеби не биле во зградата во моментот на уривањето. Во тек се операциите за пребарување и спасување. ИЗДВОЕНИ Копјата повторно се кршат околу државната каса, повеќе инвестиции или нови долгови и повисок дефицит? [Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични ...
Шпанската влада во четвртокот објави дека ќе ја ангажира војската во својата северноафриканска енклава Сеута за да ја зајакне безбедноста, по хаотичниот 24-часовен период во кој стотици – а можеби и илјадници – мигранти илегално ја преминаа границата, при што многумина стигнаа до територијата пливајќи околу граничните бариери. Претходно, претседателот на регионалната влада на Сеута, Хуан Хесус Вивас, побара од Мадрид да прогласи вонредна ...
Таткото кој му ја дал пушката на својот син – со која беа убиени четири лица во средно училиште во Џорџија – денес беше осуден на 15 години затвор; ова е завршница на првиот случај во оваа сојузна држава во кој родител е осуден за убиство од втор степен за злосторство извршено од неговиот син. Шеснаесетгодишниот Колт Греј во вторникот беше осуден на доживотен затвор без можност за условен отпуст, а два дена подоцна, истиот судија му изрече ...
Најмалку осум рудари загинаа, а други 28 се водат како исчезнати по силната експлозија што денеска предизвика уривање на дел од рудник за јаглен во пакистанската провинција Балучистан. Спасувачките екипи сè уште се обидуваат да стигнат до заробените работници, но надежта за пронаоѓање преживеани згаснува. Несреќата се случи во Сорањ, во близина на Квета, главниот град на провинцијата Балучистан. Според главниот рударски инспектор Мухамед ...
Властите во Црна Гора затворија четири плажи и поставија црвени знамиња како предупредување за капачите откако се излеале фекалии во морската вода, објави „Вјести“. Анализите покажале дека морската вода на плажите Жукотрлица 02 и Жукотрлица 03 во градот Бар, како и на Словенска плажа 01 и Пржно во Будва, не е соодветна за капење. Посетители минатата недела забележале дека се излева канализација во морето на најмалку две места во Бар. Од ...
Месечината – небесно тело што минува околу три дена во секој знак – утре влегува во знакот на Рибите, најавувајќи интересен период за три хороскопски знаци. Месечината во Риби носи засилена интуиција, емоционална длабочина и потреба да се слуша внатрешниот глас. Ова е време кога многу луѓе стануваат почувствителни на енергијата на другите, што го олеснува поврзувањето со емоциите, но и со проблемите на луѓето во нивната околина. Трите среќни ...
Поранешниот НБА-кошаркар Тај Лосон повторно се најде во центарот на скандал откако беше уапсен во американската сојузна држава Колорадо, под сомнение дека украл шише вотка од локална продавница, а потоа предизвикал инцидент и во полицискиот притвор. Според полицискиот извештај, инцидентот се случил во Касл Рок, каде што Лосон наводно ја напуштил продавницата без да плати шише вотка вредно 34 долари. Наводно, веднаш по излегувањето, го отворил ...
На социјалните мрежи се појави видео од голема санта лед како се превртува покрај брегот на Гренланд. Настанот се случил во градот Илулисат. Илулисат е дом на Ледениот фјорд Илулисат, леден фјорд кој е наведен како светско наследство на УНЕСКО. Градот се наоѓа на западниот брег на Гренланд. WATCH: Giant iceberg capsizes off Ilulissat, northern Greenland pic.twitter.com/bQbJe0Miou — Rapid Report (@RapidReport2025) July 25, 2026 ИЗДВОЕНИ ...
Локализиран е пожарот кај тетовското село Лешница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и нагласува дека во неговото гаснење учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. -Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница кај Тетово, лично излезе на терен со цел да ги координира активностите на надлежните институции за локализирање на пожарот. Во ...
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи дека станува збор за тим составен од жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство. За генерален секретар на Унијата е избрана Елена Ивановска, која во моментов ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за образование и наука. За потпретседателки се избрани ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар во четвртокот предупреди дека единствената нуклеарна централа во земјата би можела целосно да запре со работа во наредните денови поради рекордно ниското ниво на водата во реката Дунав, што го зголемува ризикот од енергетска криза. Во видео-порака, Маѓар изјави дека нуклеарната централа „Пакш“, која работи веќе 44 години, би можела за првпат целосно да запре со работа поради недостиг на вода од Дунав, неопходна ...
Локализиран е пожарот кај тетовското село Лешница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и нагласува дека во неговото гаснење учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. -Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница кај Тетово, лично излезе на терен со цел да ги координира активностите на надлежните институции за локализирање на пожарот. Во ...
Во четвртокот, ЕУ даде зелено светло за плановите за финансирање на седум компјутерски центри вредни повеќе милијарди евра, наменети за обука на модели на вештачка интелигенција во Европа. Покренувањето на официјалниот процес за седум индустриски конзорциуми подготвени да изградат „гига-фабрики“ за вештачка интелигенција го исполнува ветувањето дадено од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на минатогодишниот самит за ...
Заминувањето на Леброн Џејмс означи почеток на нова ера во Лос Анџелес лејкерс, а целосната лидерска улога сега му припадна на Лука Дончиќ. Словенечкиот ас, кој пристигна во тимот во големата размена во февруари 2025 година, веќе беше еден од главните носители на играта, но по разделбата со Џејмс, стана неприкосновен лидер на франшизата. Според новинарот на ЕСПН, Дејв Мекменамин, Дончиќ во август ќе организира четиридневен мини камп во ...
Членот на младинската школа на ШК Алкалоид, Стефан Мелник, се враќа со медал од Државното првенство во шах за слепи и слабовидни лица, кое се одигра во Охрид од 22 до 27 јули. Талентираниот шахист во мај оваа година беше дел од репрезентацијата на слепи и слабовидни лица, кога направи сензација со освојување на сребрен медал на петтата табла на Светското екипно првенство во организација на IBCA (Интернационалната Брајова шаховска ...
Шпекулациите за иднината на четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, не стивнуваат, иако неговиот договор со Ред бул важи до 2028 година. Според бројни информации, во договорот постои клаузула што би можела да му овозможи предвремено заминување доколку не бидат исполнети одредени резултатски услови. Верстапен сезонава неколкупати јавно го изрази своето незадоволство од перформансите на болидот, а дополнителни проблеми му создадоа и ...
Ако сакате печива што се лесни, нежни и меки како облак, француските лепчиња се совршен избор. Нивната уникатна текстура доаѓа од внимателно подготвеното тесто и додавањето путер, кој им дава богат вкус и ги одржува меки дури и следниот ден. Овие кифлички се идеални за појадок, вечера или како прилог кон разни јадења. Највкусни се кога се свежо печени, додека се сè уште топли и мирисни. Состојки: -500 мл топло млеко -1,5 супени лажици сув ...
Во СВР Велес утрово околу 08:20 часот било пријавено дека на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило ...
Арбен Фетаи објави дека со одлука на Владата е именуван за Специјален пратеник на Македонија за Европската Унија со седиште во Брисел. Фетаи изјави дека „ова е ново поглавје во служба на европската интеграција на земјата“ и дека оваа задача за него е чест, но и голема одговорност. Тој додаде дека патот кон Брисел продолжува, со решителност, партнерство и со целосна доверба во европската иднина. „Задачата што ми е доверена е да се ангажирам за ...
Напад со беспилотно летало врз бродови за складирање гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета ја истакна можноста за отворање нов фронт во конфликтот меѓу САД и Иран, зголемувајќи стравувања дека превозот низ Суецкиот канал би можел да биде загрозен. Суецкиот канал претставува последната преостаната безбедна извозна рута за саудиска нафта. Египетската влада денес објави дека прелиминарната истрага покажала дека неидентификуван дрон ...
Голем шумски пожар што избувна во средата во областа Данвич Хит во Сафолк, Англија, сè уште не е ставен под контрола, а на терен моментално се ангажирани повеќе од 100 пожарникари. Иако пожарот се приближи до локацијата на нуклеарната централа „Сајзвел Б“ (Sizewell B) и до идната централа „Сајзвел Ц“ (Sizewell C), надлежните нагласуваат дека во моментов нема опасност за овие објекти. Гори површина со големина од 140 фудбалски игралишта ...
Техеран упати закани кон Доналд Трамп по најновиот бран напади извршени од САД во вторникот вечерта. Иранската револуционерна гарда (ИРГ) по најновите напади објави дека САД „денес ќе бидат казнети“, откако претходно им се закани на земјите што им помагаат на САД со „остар одговор“ доколку „не го променат своето однесување“. ИРГ повтори дека Ормускиот теснец е нивна територија и дека нивните морнари имаат „целосна контрола врз него“, ...
Моќен антициклон по име „Олаф“ – систем со висок воздушен притисок што метеоролозите го поврзуваат со нов бран на стабилно, суво и многу топло време – моментално се шири низ Европа. Додека во западниот дел на континентот веќе се забележуваат екстремни температури, прогнозите укажуваат дека неговото влијание сè повеќе ќе се чувствува на Балканот во текот на наредните денови. За разлика од циклоните, кои носат облаци, дожд и бури, антициклонот ...
Првите неколку минути по будењето можат да бидат идеално време да направите нешто корисно за вашето срце и крвниот притисок. Иако утринските навики не можат да ја заменат медицински препишаната терапија, тие можат да придонесат за подобра контрола на крвниот притисок и за општо чувство на виталност. Крвниот притисок природно се покачува наутро додека телото се подготвува за дневните активности. Кај луѓето со хипертензија, овој пораст може да ...
Пожарите во Франција беснеат веќе втора недела, Шпанците, исто така, подолго време се борат со огромни шумски пожари, кои се приближуваат до населените места, пред ден-два пламнаа и Португалија и Грција, а има предупредување и за Италија. Оваа сезона на пожари во Европа би можела да стане најлошата во европската историја и да го надмине минатогодишниот рекорд. Европската Унија предупреди дека брзо расте ризикот од големи шумски пожари во ...
Се проценува дека 9.800 луѓе во Германија починале од екстремна топлина оваа година, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Во соопштението се вели дека најголем број смртни случаи се регистрирани во возрасната група од 75 години и повеќе, објави „Ројтерс“. Институтот соопшти дека е забележано зголемување на стапката на смртност во текот на топлите денови и дека се очекува понатамошно зголемување на бројот на смртни случаи како што продолжува ...
Сеизмичката активност во Венецуела значително се намали еден месец по земјотресите што ја погодија земјата, изјави Диосдадо Кабељо, генерален секретар на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (PSUV). „Почнавме со 179 земјотреси дневно првиот ден, а денес имаме околу 15“, рече Кабељо во емисијата „Кон Ел Мазо Дандо“, објави порталот Globo Vision. Според него, досега се регистрирани 1.592 последователни потреси, чија фреквенција ...
Франција, Шпанија и Грција продолжуваат да се борат со големи шумски пожари, додека нов бран на екстремни горештини, суша и силни ветрови го одржува поголемиот дел од јужна Европа во состојба на висока готовност. Ситуацијата се подобрува во некои области, но властите предупредуваат дека опасноста сè уште не е помината. Во Франција, две лица се уапсени под сомнение за подметнување пожар во близина на Бордо; во Грција, тројца пожарникари ги ...