Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Француските пратеници одобрија предложен закон со кој на полицајците вклучени во пукања ќе им се даде предност на сомнежот, што критичарите го нарекуваат „дозвола за убивање“, објави „Ројтерс“. Предлогот, долгогодишно барање на крајната десница, би значело дека се претпоставува дека полицајците дејствувале во рамките на законот кога убиваат некого, освен ако не се докаже спротивното. Законот беше одобрен со 313 гласови „за“ и 199 „против“ во ...
Време е да се затвори циклусот на капитен, кој и онака траеше предолго. Со Роберто Мартинес на клупата, Португалија беше преценета и плашлива репрезентација која не успеа да ги исполни огромните очекувања, пишува „А Бола“, наведувајќи дека е време да се збогуваме со Кристијано Роналдо од репрезентацијата. Текстот е напишан под наслов „Кристијано Роналдо, не сакаме да те ’убиеме’, но доста е“. Португалија, за потсетување, се збогува со ...
Поранешната трета тенисерка во светот, а сега 43. на ВТА-листата, Марија Сакари, соопшти дека ќе се омажи за својот долгогодишен партнер, Константинос Мицотакис, син на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Многумина беа заинтересирани кои ќе бидат гостите на свадбата, особено од светот на тенисот, па Марија Сакари откри кој ќе биде поканет. – Ѓоковиќ ќе биде меѓу гостите. Ќе има и други луѓе од светот на тенисот. Ќе ги поканам Ајла ...
Триото во состав Иван Наумовски, бас-баритон, и Јован и Ѓорѓи Петрушевски, на пијано, обоа и на англиски рог, на своето гостување во Србија ја освои публиката во Белград и во Нови Сад. Во рамките на „Медитеранска ноќ“, тие ги одушевија присутните со внимателно избраната програма од италијански, француски, шпански и од австриски композитори, а особено со сплетот обработки од најпрепознатливите македонски народни песни Преполна сала, долги ...
„Повик“ е претставата што ќе се изведе на 9 и 10 јули од 20:00 часот, на сцена 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ (театар „Војдан Чернодрински“) во Прилеп. Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а костимограф – Марта Дојчиновска. Во претставата играат: Марија Стефановска, Катерина Аневска, Николе Стефанов, Маја Андоновска Илијевски, Наталија Ристеска и Марија Талеска. „Повик“ е приказна за современиот уметник, раскажана низ ...
САД ја прекинуваат целосната трговија со Шпанија, лути што таа е единствената членка на НАТО која минатата година не се обврза да издвои пет проценти од бруто-домашниот производ за одбрана до 2035 година. Американскиот претседател Доналд Трамп од Анкара изјави дека Шпанија е ужасен партнер и не сака да има ништо со неа, давајќи му наредба на својот министер за трговија да ја прекине трговијата со таа земја. Канцеларијата на шпанскиот премиер ...
Поранешниот клучен сојузник на Вашингтон во борбата против режимот во Каракас, лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која во јануари му ја даде својата Нобелова награда за мир на Трамп, сега се соочи со тоа што американската влада ја спречува да се врати во татковината. Пресвртот доаѓа во време кога Венецуела се справува со последиците од катастрофалниот земјотрес, а Мачадо, добитничка на Нобеловата награда за мир за ...
Ако демократијата е мускул што се „билда“ со дебата, компромис, аргументи и визија, тогаш македонскиот демократски капацитет страда од тешка, хронична атрофија. Со децении се лажеме дека чекориме напред, додека, во реалноста, само го менуваме профилот на уривачите на системот. Денес, нашата „демократија“ е сведена на два столба: безлични партиски картели и хистерична диригирана толпа на социјалните мрежи. И тука веќе нема простор за политичка ...
Брисел останува на уставните измени, Скопје на принципите. Посетата на еврокомесарката Марта Кос уште еднаш покажа дека, и покрај позитивните оценки за реформите и поддршката за европската перспектива на земјата, Брисел останува на ставот дека без исполнување на преземените обврски нема да има формално отворање на пристапните преговори. Премиерот Мицкоски повтори дека Владата продолжува да инсистира процесот да не биде оптоварен со нови ...
На Бразил не му беше потребен пораз од Норвешка за да открие дека нешто не е во ред. Тој неуспех само ја зголеми сликата за катастрофа за тимот кој пристигна на Светското првенство скршен и никогаш не го најде својот пат до славата. Утнатиот пенал на Бруно Гимараеш, со целата заднина што ја крие, двата гола на Халанд, отсуството на Винисиус кога беше најпотребен и одлуките на Карло Анчелоти, сами по себе, не го објаснуваат испаѓањето. Но, ...
Репрезентацијата на Шпанија се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство откако ја победи Португалија со 1:0, во Далас. Херој на победата беше Микел Мерино, кој постигна гол во првата минута од судиското продолжение, со што му обезбеди драматичен пласман на својот тим. Ова беше последниот натпревар на Кристијано Роналдо (41) на едно Светско првенство. По елиминацијата, легендарниот напаѓач не можеше да ги задржи солзите и плачеше на ...
Актуелната телевизиско-фестивалска водителка, Ирена Спировска уште еднаш ни покажа зошто со децении важи за една од најзгодните Македонки. Таа деновиве во опуштено радосно издание, пред се го прослави својот 52. роденден на еден егозитичен грчки остров, а потоа по тој повод сподели и прекрасни летни фотографии. Понајпрво, како што се забележува Ирена е намерно свртена со грбот, за да и се видат тенките летни бели панталони како на тацна, низ ...
Поминаа четири месеци во знакот на претходната песна на возобновеното македонско поп-дуо „Коктел“, кое сега има ново парче музика. Овој пат во духот на своето име, Блаже Темелков и Стевче Грозданов ќе ве освежат со летен музички коктел, полн со копнеж за љубов. Токму „Помисли на мене“ е насловот на новата песна што во многу нешта потсетува на ретро звукот од 80-тите и 90-тите години, кога и домашната и светската музика ги нижеа своите ...
Министерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, средства наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании. Со последниот трансфер од централниот буџет кон Развојната банка, вкупната сума пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра. Вкупниот буџет за поддршка на домашните ...
Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните податоци, на крајот од јуни, девизните резерви биле на ниво од 4,936 милијарди евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност или 73,8 проценти, по што следуваат монетарното злато со 15,8 проценти и валутите и депозитите со 10,4 проценти. ИЗДВОЕНИ Со бастун во пензија?! Кривични за 4 деца и 5 родители за врсничкото насилство во Аеродром ...
Европскиот парламент усвои нова реформа со која се воведуваат поголема транспарентност при купување авионски билети, поедноставени процедури за добивање обесштетување и нови правила за семејствата што патуваат со деца. Една од најважните промени е укинувањето на дополнителните трошоци за избор на седишта за родители кои сакаат да седат покрај своите деца. Според новите правила, авиокомпаниите нема да смеат да наплаќаат дополнително за ...
Жетвата на јачменот и пченицата е во тек, во дел од регионите е веќе завршена, но земјоделците сѐ уште немаат откупна цена за пченицата, ниту организиран откуп. Во исто време, на социјалните мрежи се појави видео за кое се прикажува увоз на пченица преку граничниот премин Табановце, што предизвика реакции кај производителите, кои бараат прво да се обезбеди пласман за домашното жито. Земјоделците велат дека за јачменот моментално добиваат меѓу ...
Во тек се градежни активности за уредување на коритото на каналот за одводнување во Сингелиќ, проект што долго време беше барање на жителите. За тоа како се одвиваат активностите, денеска увид извршија градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа. Тие констатираа дека се одвиваат работите според предвидената динамика. Од Општина Гази Баба соопштија дека се прави ...
Град Скопје објави конкурс за избор на управител на градските гробишта Бутел, Камник и Ѓорче Петров. Од Град Скопје велат дека причината што распишуваат конкурс за избор на управител на градските гробишта на трите наведени локации е тоа што на досегашниот, акционерското друштво за погребни и придружни активности „Бутел“, му истекува концесијата. Според градските власти, на конкурсот може да се јават само компании што имаат дозвола за ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорот на ЈП „Железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, извршија увид во реконструираната пруга, а направија и тест-возење. – Драго ми е што правиме тест-возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која се вадат товарните возови надвор од градот – истакна Николоски, потенцирајќи ...
Општина Кисела Вода почна со изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Речиште“ во Драчево. Во рамките на овој инфраструктурен проект, чија реализација е целосно финансирана од Општина Кисела Вода, се поставуваат нови водоводни цевки во должина од 310 метри. Дополнително, општината ги покрива и трошоците за изведба на приклучоци за водомери, со што домаќинствата од овој дел на општината добиваат сигурно и стандардизирано водоснабдување. ...
Вкупно 82.296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје биле подигнати од страна на екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во периодот јануари – јули 2026 година. Воедно, биле отстранети и 14.535 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 2.385 кубни метри било подигнато во општината Центар. Од ...
Советот на Општина Карпош на денешната седница го усвои Општинскиот енергетски план за 2027 година, врз основа на согласноста од 27.05.2026 година, издадена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во постапка пропишана со закон. Од Општина Карпош информираа дека основната цел на овој план е да се воспостави систематски одржлив и ефикасен пристап кон управувањето со енергијата на локално ниво, во согласност со ...
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) откри мрежа за шверц на фалсификувани кондоми дистрибуирани низ Европа и заплени повеќе од 200.000 парчиња со потекло од Кина. Кондомите биле лажно декларирани како играчки, а биле запленети во Романија, Србија и Шпанија. Вредноста на запленетата стока надминува 200.000 евра. Од ОЛАФ предупредуваат дека производите не ги исполнуваат здравствените и безбедносните стандарди на Европската ...
Во време на зголемени глобални тензии и преиспитување на иднината на европската безбедносна архитектура, македонската делегација на самитот на НАТО во Анкара испрати пораки за мир, единство, но и за потребата од посилна одбрана и поголема одговорност во рамките на Алијансата. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, ја испрати главната политичка ...
Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против три лица за стечајот во Еуростандард банка и обвинителен предлог за едно лице за несовесно работење. – Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот ...
Идејата за доброволна работа до 73 години ја разбранува јавноста, но сè уште нема одлука за задолжително продолжување на работниот век, затоа што ќе се почека што ќе покаже скенирањето на пензискиот систем од страна на ММФ и на Светската банка. Инаку, демографската слика веќе испраќа предупредувачки сигнали. Сè помалку работници ги финансираат пензиите на сè поголемиот број корисници, што го зголемува притисокот врз Фондот за ПИОМ. Анализите ...
„Архитектура на невидливото“ е насловот на изложбата со која познатиот македонски мултимедијален уметник, Страхил Петровски, на 16 јули (18:30 ч.), ќе се претстави во македонскиот Културно-информативен центар во Софија. „Вистинската вредност на еден уметник не произлегува од тоа колку успешно ја продолжува традицијата, ниту од тоа колку радикално ја негира, туку од способноста да воспостави нов систем на односи во рамките на веќе постојното ...
Комисијата за финансирање и буџет при Собранието ја продолжи амандманската расправа за предложениот ребаланс на буџетот за 2026 година. На првиот ден од расправата беа разгледани десетина амандмани, со кои се бараа дополнителни средства за Министерството за односи меѓу заедниците, како и повисоки плати за вработените во Министерството за одбрана и за припадниците на Армијата. Дел од амандманите предвидуваат и зголемување на блок-дотациите за ...
Во 2025 година, во земјава биле евидентирани 614.334 вработени лица, што претставува благо намалување од 0,1 отсто во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број вработени, 330.240 се мажи, додека 284.094 се жени. Според статистичките податоци, вкупната вработеност останала речиси непроменета во споредба со 2024 година, но сепак е забележан мал пад, кој најмногу се должи на ...