Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Францускиот претседател Емануел Макрон е безбеден по експлозиите што се случија во вторникот во Дамаск за време на нерговата посета, соопшти Елисејската палата. Макрон е во сирискиот главен град на разговори со претседателот Ахмад ал-Шара во претседателската палата. Сириското министерство за внатрешни работи обави дека во двете експлозии се повредени најмалку 18 луѓе, меѓу кои и двајца полицајци. По извештаите за експлозиите, на социјалните ...
Ветувањето на рускиот претседател, Владимир Путин, дека воините што учествувале во војната со Украина се новата руска елита – почнува да се остварува. Систематското унапредување на ветераните од таканаречената специјална воена операција (СВО) во владините институции почна уште во 2024 година, кога ја почна Путин програмата за персонал „Време на хероите“, а независните руски новинари сега открија колку „ветерани“ го пополниле државниот апарат: ...
Апелациониот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, што потенцијално ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори. Апелациониот суд во Париз, исто така, ја потврди и казната од 100.000 евра. Таа сега ефикасно има дозвола да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, но под ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека финансиските институции мобилизирале 217 милијарди долари за поддршка на безбедноста и одбраната на Алијансата, додавајќи дека ова е „само почеток“. Зборувајќи на панелот „Повик за акција“ на Форумот за одбранбена индустрија, кој се одржува пред самитот на НАТО во Анкара, Руте беше придружуван од претставници на банки и финансиски институции, вклучувајќи ги BNP Paribas, Канадската ...
Висок свештеник минатата недела изјави дека величината на собирите, потпомогната од попустите за транспорт, храна и сместување е замислена како референдум за Исламската Република, додека властите ги претставуваат масите како порака за пркос и моќ и до странските непријатели и до домашните критичари. Висок функционер за „Ројтерс“ признава дека луѓето присуствуваат од различни причини, вклучувајќи верска должност и поддршка за државата, и дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека Украина ќе продолжи и драстично ќе ги зголеми воздушните напади врз клучните руски градови, првенствено Москва и Санкт Петербург. Според него, ова е единствениот начин руската политичка елита и самиот Владимир Путин да ја почувствуваат реалноста на војната што ја започнаа. Зеленски нагласи дека релативната изолација на руските метрополи од воените операции ...
Тенисот е брутален спорт, кажа австралискиот тенисер Алекс де Минор по поразот од Италијанецот Флавио Коболи, во четвртото коло на Вимблдон. Италијанецот победи во три сета со 7:5, 7:6, 6:3, а 27-годишниот Де Минор се појави пред новинарите… опуштен и подготвен да дава одговори на нивните прашања. „Сето ова ме крши однатре. Тоа е сурова реалност. Вложив многу, многу часови во мојот занает и безброј години работа за да имам можност за вакви ...
Истражувањата на Градиште кај Црнобуки и Велушка Тумба во Пелагонија открија дека под Пелагонија се крие историја стара осум милениуми. Археолозите открија монети од македонскиот и од римскиот период што ги дефинира објектите во IV до I век пр. н.е., стопански објекти, поплочена улица и едни од најголемите неолитски печки во Европа. Тие донесоа значајни нови откритија, кои ја потврдуваат долгата и континуирана историја на населување на овој ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги нападна судиите на Светското првенство, велејќи дека „едноставно не се доволно добри“ по драматичната победа на неговата репрезентација од 3:2 во осминафиналето над Мексико. Англија остана со играч помалку во напнатиот натпревар на стадионот „Ацтека“ и исто така доби контроверзен пенал. „Тие едноставно не се доволно добри. Судиите едноставно не се доволно добри, четвртите судии едноставно не се доволно ...
Легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, го коментираше ангажирањето на Јурген Клоп како нов селектор на Германија, истакнувајќи дека сакал промената да се случеше порано, пред Светското првенство. Ибрахимовиќ нагласи дека му е жал што Германија не помина понатаму на турнирот и дека ваквите тимови секогаш треба да бидат во финалето на најголемите натпреварувања. „Искрено, би сакал оваа вест да дојдеше порано, пред почетокот на ...
Свечено облечен, како што доликува, Боби ги пееше безвремените хитови од репертоарот на многу македонски пејачи, но најмногу од Драган Мијалковски и Зафир Хаџиманов. Публиката стана и весело заигра на незаборавната песна „Како Вардар ќе дотечам, на раце ќе те однесам…“ Многу добро го паметиме уште од пред две години, кога нашиот поп-пејач Бобан Цаневски победи во Белград во балканското шоу „Никогаш не е доцна“. Тогаш во финалето пееше песна ...
Концерт што не смеете да го пропуштите! Омилената македонска народна песна повторно ќе се разлее со својот најавтентичен сјај, и тоа ова лето, на автентична сцена на Античкиот театар во Охрид. Се работи за концерт на една од ретко добрите македонски фолк-пејачки, Елена Андоновска, која на 4 август 2026 година ќе има солистички концерт, насловен „Од Македонија во туѓина“. Најинтересно е што ќе ѝ биде посветен овој настан на легендарната Васка ...
„Свињи“ е дуодрамата од Томислав Зајец, а во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, која премиерно ќе се одигра утревечер (8 јули) во Центарот за култура во Битола. Претставата е во продукција на Театар „Златен Елец“, а во соработка со битолскиот Центар за култура. Во неа играат актерките Илина Чоревска и Викторија Степановска-Јанкуловска. Инаку, ова е прво поставување на „Свињи“ на Зајец пред македонската публика, што е едно од ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни, во однос на мај 2026 година, забележала намалување од 0,5 проценти, додека цените на мало биле пониски за 0,8 проценти. Сепак, на годишно ниво, продолжува трендот на поскапување, па во споредба со јуни минатата година, трошоците за живот биле зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 3,6 проценти. Најголемо месечно намалување на трошоците за живот било регистрирано во ...
Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година биле зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба со јуни минатата година, пак, угостителските услуги биле поскапи за 2,6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – јуни 2026 година, цените на угостителските услуги биле повисоки за 2,8 проценти во однос на тој период лани, додека во споредба со декември 2025 година, ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година, за кој се поднесени 224 амандмани. Согласно со Деловникот, расправата може да трае најмногу десет работни дена, по што предлогот ќе се најде на пленарна седница. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, оцени дека ребалансот е „економски манифест“ на Владата и доказ за „одговорно домаќинско и стратешко управување со ...
Цената на кафето се искачи на највисоко ниво за период од шест месеци, достигнувајќи 3,57 долари за фунта (0,454 кг), поради загриженоста дека лошото време во Бразил и во Виетнам би можело да ги намали идното производство и резервите и да доведе до недостиг на пазарот. Бразил е најголем светски производител и извозник на кафето арабика, додека Виетнам доминира во производството на робуста. Според процените на експертот за пазари на стоки ...
Според последната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за раст на европската економија до 2031, Македонија се најде на седмото место, пишува Еуроњуз. Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија e, далеку над растот што ќе го постигне економијата на Еврпската Унија и повеќето економии од состав на Унијата. Прогнозата за Германија на пример е 0,92%. Анализата покажува дека помалите економии ќе забележат ...
Да се најде добар и доверлив мајстор денес е вистински предизвик за многу граѓани. Со недели чекаат за мала поправка, а често до последен момент не знаат колку ќе ги чини услугата и дали ќе биде почитуван договорот. Потрошувачите бараат поголема транспарентност, јасни понуди, гаранција за извршената работа и одговорност доколку не биде направено нешто како што треба. Велат дека се подготвени да платат и повеќе за квалитет, но сакаат сигурност ...
Германија планира повторно да ја намали квотата за вработување работници од земјите од Западен Балкан, со што директно ќе бидат погодени и македонските граѓани што бараат работа преку оваа програма во најголемата европска економија. Според плановите на новата германска Влада, бројот на дозволи за работа преку таканаречената западнобалканска регулатива ќе се намали од сегашните 50.000 на 25.000 годишно, односно ќе се врати на нивото што важеше ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината. – Во моментот, услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 лица, што значи дека има уште слободни места и ги повикувам сите ...
Европската комисија, оваа среда, од амбасадорите на земјите членки ќе побара одобрување за отворање на третиот преговарачки кластер со Србија, но Холандија најавува вето, додека уште неколку држави изразиле резерва, објави „Политико“. Несогласувањата ја отсликуваат пошироката дебата во Унијата околу политиката на проширување. Европската комисија смета дека проширувањето е важен геополитички инструмент за приближување на соседните земји кон ...
Иако има согласност за распределбата на буџетските средства за изборните кампањи, партиите не успеаја да ги приближат ставовите за начинот на гласање на дијаспората, за една изборна единица и за одлучувањето во ДИК. Уште еден обид за политички договор околу новиот Изборен законик заврши без резултат. И покрај неколкучасовните разговори меѓу координаторите на пратеничките групи во Собранието, најспорните прашања остануваат непроменети: моделот ...
Познатиот регионален ММА-борец и фитнес-ентузијаст, Марко Бојковиќ, престојуваше во Скопје, каде што оствари средба со македонските каратисти Давид Петков и Глигор Петков, освојувачи на бројни медали на домашни и меѓународни натпреварувања. Средбата се одржа во скопската вежбалница „FR Vanguard“, а во пријателска атмосфера се разговараше за боречките спортови, дисциплината што ја бара професионалниот спорт, подготовките за натпревари и ...
Освен тоа, како што обелодени во јавноста скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, ќе се градат и кружни текови на влезот и на излезот од оваа клучна сообраќајница за главниот град. – Станува збор за инвестиција која ќе донесе вистински пресврт во централното градско подрачје, ќе придонесе за значително растоварување на сообраќајниот метеж и ќе овозможи побрзо, побезбедно и пофункционално движење низ центарот на градот – нагласуваат градските ...
Град Скопје ги известува граѓаните дека в петок, во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволн и временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ИЗДВОЕНИ Три нови лека против згрутчување на крвта на ...
На денешната седница на Советот на Град Скопје беше изгласана меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, во рамките на која е предвидена санација, продолжување на улици и водоводна мрежа на повеќе значајни локации. Во општина Кисела Вода, со пробивање, односно продолжување на улицата „Димо Хаџи Димов“ до кружниот тек се добива подобро сообраќајно поврзување, поголема безбедност, растоварување на движењето и современо ...
Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта. -На детското игралиште кое се наоѓа на улица „Никола Парапунов“ обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во рамките на ова катче. Додека, на детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката Вардар, ...
Телото на Анастасија Березовска, осомничена за учество во обидот за убиство на санкционираниот украински милионер Вадим Јермолаев во Монако, е пронајдено во близина на Киев. Според неофицијални информации, таа е застрелана, пишува „Украинска правда“. Извори од украинските судски органи наведуваат дека телото е откриено во понеделникот, околу 23 часот по локално време. Исто така, познато е дека жената престојувала во странство од 22 март ...
Турската полиција утринава приведе неколку учесници на анти-НАТО протестите кои се собраа во центарот на Анкара и покрај строгите безбедносни мерки и општата забрана за протести за време на самитот на алијансата, објавија локалните медиуми. Во видео објавено од опозицискиот весник „Џумхуриет“ на X, полицијата им става лисици на демонстрантите и ги влече во полициски автобус во близина на паркот Куртулуш во Анкара. Полицијата го блокираше ...