Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Летувањето во Охрид оваа сезона станува сè поголем трошок за домашните туристи. Во шпицот на летната сезона, од 23 јули до 5 август, цените на приватното сместување достигнуваат и до 130 евра за ноќевање за четиричлено семејство, покажува понудата на дел од платформите за резервации и огласите на издавачите. Во зависност од локацијата, близината до езерото и опременоста, цените на апартманите најчесто се движат од 70 до 130 евра за ноќ. ...
Речиси 7.000 луѓе се спасени по два разорни земјотреси и серија последователни потреси во Венецуела, изјави претседателот на Венецуелското Национално собрание (АН), Хорхе Родригез. „6.462 луѓе се спасени, 86.794 семејства добиле помош, а распоредени се 27.482 волонтери“, рече Родригез. Како дел од податоците презентирани од националната влада по земјотресот од 24 јуни, Родригез објави нов официјален извештај со ажурирани бројки и објави ...
Распоредувањето на ракетниот систем „Орешник“ и тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија стана фактор способен да ги разлади дури и најжешките глави, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Распоредувањето на мобилниот ракетен систем „Орешник“ и тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија стана значајно стратешко одвраќање, способно да ги разлади дури и најжешките глави. Ова оружје значително го зголемува нашето ниво на ...
Според она што е протечено досега, во завршната декларација сојузниците ќе ја потврдат „непоколебливата посветеност“ на колективната одбрана во членот 5 од Северноатлантскиот договор, ќе објават помош за Украина, Русија ќе ја прогласат за долгорочна закана за евроатлантската безбедност и стабилност и ќе наведат дека Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје. Лидерите на земјите на НАТО, исто така, ќе го повикаат Техеран да ја почитува ...
Принцот Хари нема да престојува во Бакингемската палата за време на неговата посета на Лондон оваа недела, откако Бакингемската палата ги негираше претходните тврдења дека војводата од Сасекс прифатил понуда за сместување. Хари ќе патува во Велика Британија за настан по повод првата годишнина од Игрите „Инвиктус“ во Бирмингем. Портпаролот на принцот Хари претходно потврди за британските медиуми дека војводата прифатил понуда да престојува во ...
За да им се излезе во пресрет на жителите што претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода поведе постапка за доделување еднократна парична помош за овие граѓани. – Лицата што ќе аплицираат за оваа помош, потребно е да достават барање до Архивата на Општина Кисела Вода придружено со: фотокопија од важечка лична карта или пасош, фотокопија од ...
Службите на Општина Карпош ја исчистиле депонијата кај мостот „Газела“, со што просторот е повторно уреден и побезбеден за граѓаните. – Секојдневните акции за чистење на општинските служби се во насока на подобрување на животната средина и придонесување за почиста и поуредна општина – велат од Општина Карпош. Притоа, апелираат до граѓаните да го чуваат овој простор чист, отпадот да го одлагаат на соодветни места и како што велат заеднички да ...
Од Општина Бутел известуваат дека изградбата на новиот спортско-рекреативен центар во населеното место Кучевишка Бара напредува со одлична динамика. -Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2.000 квадратни метри и содржи фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец и нови клупи, парк и нови зелени површини – соопштија од локалната самоуправа. При тоа, додаваат дека Општина Бутел се менува и ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со конкретни мерки за унапредување на инклузијата и еднаквите можности, преку обезбедување еднократна годишна финансиска поддршка во износ од 10.000 денари за секој ученик со попреченост, согласно класификацијата МКФ и мислење на ЗМЗ, во текот на целото образование. -Со оваа мерка, општината им излегува во пресрет на семејствата на учениците со попреченост, обезбедувајќи финансиска помош наменета за покривање ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска -Трајкоска и претседателката на Здружението за социјални иновации „Арно“, Ирина Јаневска денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што се продолжува и унапредува досегашното заедничко дејствување. Од Општина Кисела Вода информираат дека овој документ претставува основа за континуирана соработка насочена кон унапредување на локалниот развој, поддршка на социјалното и зеленото ...
Жителите на Радишани од вчера изутрината биле принудени да го чекаат автобусот со број „57“ на автобусите постојки, иако тој не сообраќал до Радишани. Тие цел ден биле отсечени од центарот бидејќи немале јавен превоз. Според жители на оваа населба, паднал кабел и поради тоа автобусите не можеле да продолжат по трасата по која вообичаено сообраќајот. – Непотребно чекавме да дојде автобус. Да не дојдеше една жена да ни каже дека нема да дојде ...
Град Скопје почнува нов проект за бесплатна психолошка поддршка за средношколци на возраст од 15 до 19 години во Скопје. Градските власти информираат дека проектот ќе се реализира преку две важни активности: психолошко советување – бесплатни индивидуални сесии за емоционална поддршка, разговор, разбирање и стручна помош за младите и тоа во Козле, Аеродром и Центар, како и едукативни работилници – наменети за стручен кадар и родители од 23 ...
Помалку административни процедури, подобра информираност, побрза услуга и помодерен систем на паркирање за жителите и за корисниците во Центар е целта на воведувањето нови мобилни апликации со поголема функционалност, развој на сензорски системи за информации за слободни паркинг- места во реално време, како и унапредување на контакт-центарот и теренската контрола од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Притоа, апликациите ќе овозможат полесен ...
Драматично видео брзо се шири на социјалните мрежи, во кое грчките рибари го покажуваат застрашувачкото однесување на една од најопасните и најотровни риби во Медитеранот – рибата зајак. Видеото експлицитно ги прикажува застрашувачките звуци што ги испушта овој инвазивен вид кога каснува. Рибарите што ја фатиле демонстрираа што прави оваа риба кога се наоѓа на суво, покажувајќи ја нејзината екстремна агресивност и моќни вилици кои буквално ...
По пет години под клуч, луксузниот црногорски остров хотел, Свети Стефан, повторно ги отвори вратите и веќе работи со полн капацитет. Отворен и распродаден е и блискиот хотел „Вила Милочер“, кој го има истиот концесионер. Првите гости се од Киев и од Велика Британија, а одговорните велат дека интересот за остатокот од сезоната е неверојатен. Како што неофицијално открива „Монитор“, цените за ноќевање со појадок се движат од 1.500 до 6.000 ...
Младич (19), кој кон крајот на април оваа година испратил низа лажни извештаи за поставени бомби во училишта и градинки низ Хрватска, се изјасни за виновен и се спогоди со обвинителството. Тој постигна договор со Канцеларијата за борба против корупцијата и криминалот (Ускок) според кој ќе добие една година безусловна затворска казна, дознава хрватскиот РТЛ. Обвинителството поднесе обвинение против младиот човек до Окружниот суд во Сплит за ...
Продолжуваат обидите за приближување на ставовите за Изборниот законик меѓу парламентарните групи во Собранието. Во меѓувреме, преку партиските говорници се испраќаат сигнали дека компромисот и натаму е невидлив на патот до законот од реформската агенда. Несогласувањата помеѓу политичките чинители се: околу начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората, воведувањето една изборна единица и моделот за финансирање на помалите ...
Оштетувањето на зглобната ’рскавица долго време претставуваше проблем што најчесто завршуваше со класична хирургија или со ограничени можности за лекување. Но, современата ортопедија денес нуди нови решенија. Неодамна, едно од нив првпат беше применето и во Општата болница во Гевгелија. ’Рскавицата на зглобовите често се оштетува со текот на годините, што доведува до разни проблеми, болки, намалена подвижност на екстремитетите или до проблем ...
Уапсени се две лица од Скопје под сомнение дека на 5 јули годинава го предизвикале пожарот на Јужен булевар во Скопје, во близина на Рампа, на километар до центарот на градот. Во пожарот беше повреден еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, лишени од слобода се С. А. (34) и И. Х. (39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Почна постапката за избор на компанија што ќе ја реализира завршната и најсложена фаза од санирањето на опасниот отпад од линдан во малата депонија на поранешниот хемиски гигант ОХИС во Скопје. Преку меѓународен тендер, кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проекти, се избира изведувач задолжен за ископ, третман и конечно отстранување на преостанатите количини опасен отпад од третата, четвртата и петтата касета на ...
Министерството за екологија продолжува со реализација на крупни инфраструктурни проекти кои треба да ја трансформираат еколошката слика на државата. Во прв план се регионалните центри за отпад и изградбата на модерни пречистителни станици. Истовремено се засилуваат мерките против аерозагадувањето преку нов закон и зголемени инспекциски надзори. Целта е долгорочно, системско решавање на еколошките проблеми и приближување кон европските ...
Кога е загрозена глобалната безбедност во светот и кога се соочуваат одредени региони со големи безбедносни предизвици, најголеми по Студената војна, во Анкара, на 7 и 8 јули ќе се одржи НАТО- самит на кој ќе учествуваат 32. земји членки, како и претставници од земјите на Азископацифичкиот Регион, Персискиот Залив и земјите партнери. По 22 години (Истанбул 2004 година), повторно домаќин на НАТО-самитот е Република Турција, земја која е втора ...
– Поезијата е начин да ја разбереме сопствената човечност, јазикот не смее да биде средство за моќ, туку покана за дијалог, а во времето на брзина и манипулации, ни остануваат зборот и надежта, вели Луис Гарсија Монтеро, еден од најзначајните современи шпански поети со кого во интервјуто за весникот ВЕЧЕР, по повод неговото гостување на годинашните Струшки вечери на поезијата, разговаравме за моќта на јазикот, улогата на книжевноста во ...
Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерс, на денешната редовна прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за земјите-членки на ЕУ во имплементацијата на системот EES со цел да се ублажат, како што изјави, привремените застои на границите. Ламерс, исто така, изјави дека ЕУ веќе работи со земјите-членки за решавање на оперативните проблеми, вклучувајќи го недостатокот на персонал и потребата ...
Претседателите на Руската Федерација и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, ќе ги продолжат своите разговори во блиска иднина, изјави денес за новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Навистина, и претседателот Путин и претседателот Трамп разбираат дека нивните контакти ќе продолжат во блиска иднина“, рече Песков, коментирајќи ги извештаите дека рускиот и американскиот лидер наводно се согласиле да одржат телефонски разговор по ...
Десетици илјади Иранци беа дел од погребната поворка на убиениот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи во Техеран. Тие скандираа слогани против американскиот претседател Доналд Трамп и повикуваа на одмазда, објави „Ројтерс“. Ковчегот со телото на Хамнеи и ковчезите на четири члена на неговото семејство беа носени низ улиците на Техеран со камион, додека пожарникарите со млазови вода ги разладуваа насобраните поради високите температури. ...
Според информациите што циркулираат во странските медиуми, веќе е планирано да се одигра Светското првенство во 2034 година, во Саудиска Арабија, во зима, а истиот модел би можел да се примени и на следните турнири. Особено се издвојува Светското првенство во 2038 година, кое би можело да претставува пресвртница и потенцијално да ја консолидира практиката да се игра најголемиот светски фудбалски турнир во зима. Оваа одлука доаѓа по искуството ...
– Потребно е непрестајно надградување, барање и освојување на самиот себе, познавање и отворање врати и нови димензии. Се чувствувам привилегирано и понизнo да ја добијам оваа награда именувана по еден човек – Мето Јовановски, кој играше во лига на светски шампиони, рече актерот Тони Наумовски, годинашниот добитник на наградата „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот на Фестивалот на балкански и медитерански ...
Во услови на раст на референтните цени на светските берзи и промени на девизниот курс, Регулаторната комисија за енергетика ги утврди највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и на горивата, со што, во просек, се зголемија за 1,47 %. Според одлуката, највисоката цена на еуросупер-95 изнесува 85,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 – 87,50 денари за литар, на еуродизел БС (Д-Е V) – 82,50 денари за литар, на екстра лесното масло за ...
Изградбата на вториот дел од автопатот Скопје – Блаце треба да почне во август, веднаш по изборот на надзорот. Проектот вреден 198,4 милиони евра ќе го реализира домашната компанија „Гранит“, а трасата ќе биде една од најсложените за изградба во земјава. Поради ридско-планинскиот терен ќе се градат пет тунели, девет мостови, 11 надвозници и четири галерии. Според договорот, изградбата треба да трае четири години Почнува изградбата на уште ...