Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Министерот за спорт Борко Ристовски, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев присуствуваа на поставувањето камен-темелник на два значајни инфраструктурни проекти, кои ќе придонесат за сериозен развој на спортот во Кавадарци и во Тиквешкиот Регион. Првата инвестиција опфаќа изградба на нов, современ спортски објект во рамките на спортскиот центар „Јасмин“, проект вреден 118 милиони денари, кој ќе ...
Општина Берово ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на регионалниот форум на Источниот Плански Регион за одржлив третман на биоотпадот, кој ќе се одржи денеска, со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Берово. Форумот се организира во рамките на проектот „Нула биоотпад: системски промени во партнерство со граѓаните“. – Целта на форумот е да се презентираат резултатите од базичното истражување за управување со ...
Општина Македонска Каменица е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети, фаза 2“, во чии рамки, преку форумите во заедницата, граѓаните ќе имаат можност да предлагаат, да разработуваат, а потоа и да изберат проекти од важност за заедницата. Првата форумска сесија е закажана за в среда, со почеток во 9:30 часот, во спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица. – Проектите што ќе бидат предложени и посочени ...
Општина Кочани, по повод Петровден, празникот на градот, подготви програма исполнета со свечени настани, духовни чествувања, сеќавања, активности за сите генерации, која ќе трае од 10 до 12 јули. Од Општината информираат дека програмата ќе содржи: свечен прием на првенците на генерацијата и на наградените ученици, детски водни авантури – „Игри без граници“, Влашки етнофестивал и Петровденски планинарски марш. Предвидени се и вечерна ...
Националната агенција за криминал на Велика Британија (NCA) ги предупреди родителите да бидат внимателни кога објавуваат фотографии од своите деца на интернет, бидејќи тие би можеле да бидат злоупотребени за создавање сексуално експлицитен материјал со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). NCA и Фондацијата за надзор на интернет (IWF) објавија нови упатства насочени кон заштита на децата од зголемената злоупотреба на ВИ технологијата. ...
Легендарната американска тенисерка, Серена Вилијамс, мораше да се повлече од Вимблдон, каде што играше по неколку години неактивност. Откако загуби во првото коло на поединечното натпреварување, таа се повлече и од натпреварувањето во двојки, каде што требаше да се натпреварува со својата сестра, Венус, која сè уште е присутна на најголемите светски турнири. Фото: Инстаграм Причината за повлекувањето на една од најдобрите тенисерки на сите ...
Пожарот кој брзо се шири, избувна синоќа во близина на периферијата на Солун, вториот по големина град во Грција, соопшти противпожарната служба, а жителите на три помали предградија мораа да бидат евакуирани. Пожарот избувнал во клисура во планинска област околу 20:30 часот синоќа и брзо се проширил во рамнината, горејќи главно грмушки, соопшти грчката противпожарна служба. Иако домовите биле спасени, пожарот уништи два индустриски погони и ...
Временската капсула беше закопана во сабота по повод 250-годишнината од националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 јули, пренесоа американските медиуми. Капсулата беше закопана во Националниот историски парк „Независност“ во Филаделфија, Пенсилванија, во чест на 250-годишнината од раѓањето на Соединетите Американски Држави, наведе веб-страницата Popsci.com. Капсулата, тешка 900 килограми, ќе остане закопана до 2276 година. Сите ...
Тројца од синовите на убиениот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи се помолија во неделата покрај неговиот ковчег и ковчегот на четири други членови на семејството, но неговиот син и наследник како врховен лидер, Моџтаба, не се појави. Државната телевизија ги прикажа Мостафа, Мајсам и Масуд Хамнеи како се молат зад ковчезите изложени во огромниот двор на светилиштето Имам Хомеини во Техеран, огромен верски комплекс, објави Ројтерс. Моџтаба ...
За време на традиционалниот огномет по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, настана пожар на познатиот Бруклински мост во Њујорк. Голем пламен и густ облак чад се издигнаа над мостот, пред противпожарните екипи брзо да интервенираат и целосно да го локализираат огнот. Според информациите на новинската агенција „Асошиејтед прес“, во инцидентот нема повредени лица. Од њујоршката противпожарна служба соопштија дека во ...
По рибата зајак, рибата змеј и компас медузата, сега се појави и рибата лав, која предизвика загриженост на социјалните мрежи поради боцките на нејзиното тело кои личат на лавовска грива, а многу повеќе поради коментарите дека е отровен вид. Иако овој предатор обично престојува покрај морското дно, неодамна беше снимена на само неколку метри од брегот во Црна Гора, а социјалните мрежи беа преплавени со коментари за нејзиниот изглед – од ...
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 23 и 33 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Еден од најголемите протести во историјата на Албанија се одржа синоќа во Тирана, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу кои и голем број Албанци од дијаспората кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, како и Албанци од соседните земји, објавија албанските медиуми. Протестот започна во 19 часот, од плоштадот Скендербег, до плоштадот на народните херои и пред зградата на владата, каде што неколку говорници се ...
Големиот шумски пожар што избувна во саботата навечер во близина на северните предградија на Солун, во областа Ореокастро, сè уште не е изгаснат, соопшти Грчката противпожарна служба. Пламените стигнаа многу блиску до куќите во областите од кои граѓаните беа евакуирани синоќа, додека покрај фабриката за рециклирање, пожарот се прошири и на текстилна фабрика, што, според раководителот на противпожарната служба, Костас Цигас, придонело за ...
Во Тихиот Океан се создадоа услови за Ел Нињо, природен климатски феномен кој би можел брзо да се интензивира во наредните месеци и да го зголеми ризикот од топлотни бранови, суши, обилни дождови и поплави во многу делови од светот, предупреди Светската метеоролошка организација (СМО). Според најновата сезонска прогноза од СМО, се очекува силен Ел Нињо во периодот од јули до септември, а метеоролозите предупредуваат дека тоа би можело ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го следи погребот на поранешниот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на 28 февруари, првиот ден од војната во заедничка американско-израелска операција, истовремено најавувајќи продолжување на дипломатските активности на Блискиот Исток и можна средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во изјава за Аксиос, Трамп рече дека Иранците „молат да се постигне договор“, ...
Рускиот функционер и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Ормускиот теснец е „оружје“ за Иран кое, според него, е споредливо или помоќно од нуклеарното одвраќање. Според извештаите на агенциите, Медведев изјавил дека стратешката контрола на морските премини, вклучувајќи го и Ормутскиот теснец, е клучен геополитички инструмент во односите на Техеран со САД. Неговата изјава беше објавена на ...
Соединетите Американски Држави ја одбележаа 250-годишнината од својата независност со серија концерти, историски реконструкции и паради одржани во сите 50 држави. Најважните настани вклучуваа спектакуларен огномет во Вашингтон, со обид да се сруши Гинисов рекорд, додека во Њујорк, градоначалникот Зохран Мамдани ја осветли зградата „Емпаер Стејт Билдинг“ по прелетувањето на авиони на американската морнарица и парадата на едрилици низ градското ...
Претставниците на политичките партии од Северна Ирска, Шкотска и Велс предупредија дека подемот на десничарската партија Реформ и евентуалното доаѓање на власт на нејзиниот лидер Најџел Фараж би можело да предизвика сериозна уставна криза и да го забрза распадот на Обединетото Кралство. На конференција во Белфаст, поранешниот прв министер на Велс, Марк Дрејкфорд, рече дека политиките на Фараж, вклучувајќи ги евентуалните построги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше по телефон речиси 90 минути со рускиот претседател Владимир Путин, нудејќи му помош за наоѓање решение за прекин на војната во Украина, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Според него, разговорот се одржал во сабота, на Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, а Трамп ја дал понудата во контекст на неговото планирано учество на самитот на НАТО што ќе се ...
Гужвите на граничните премини кон Грција го достигнуваат својот врв овој викенд, а најкритичната ситуација во е на главниот премин Евзони, каде што колоната возила буквално се спојува со македонската страна од границата. Според последните информации, кои ги споделуваат туристите на социјалните мрежи, чекањето за влез во Грција преку Евзони во моментов е околу еден час и 40 минути. Ситуацијата не е подобра ни на алтернативниот премин Дојран, ...
Голем пожар избувна во Иван Долац на островот Хвар вчера попладне, поради што беа вклучени сите противпожарни служби на островот и четири канадери. Во еден момент, пожарот се закани на куќите, но пожарникарите успеаја да ги одбранат. Сепак, евидентирана е одредена материјална штета на некои дворови и постари возила, објави противпожарната служба на Јелса синоќа на својата Фејсбук страница. Пожарникарите на Јелса вчера во 16:05 часот добија ...
Додека поголемиот дел од Европа се соочува со екстремно високи температури, метеоролозите веќе ги објавуваат првите долгорочни прогнози за претстојната зима. Според најновата анализа на Severe Weather Europe, комбинацијата од ширењето на студената зона во Северниот Атлантик и развојот на силен Супер Ел Нињо во Тихиот Океан би можела значително да влијае врз временските услови во Северна Америка и Европа. Податоците покажуваат дека во ...
Глобалниот индекс на пасоши за 2026 година донесе промени во рангирањето на највредните патни исправи во светот. За разлика од традиционалните листи кои се засноваат исклучиво на бројот на држави во кои може да се патува без виза, ова рангирање ги зема предвид и квалитетот на живот, економската стабилност и инвестициската привлечност на земјата што го издава пасошот. Индексот се темели на три клучни категории – слобода на движење, квалитет на ...
Нафтената криза што се шири низ руските региони, каде што сè повеќе се користи советскиот модел на дистрибуција на бензин преку купони и „Кјуар“ кодови, го намали рејтингот на Владимир Путин, пишува „Москва тајмс“ (The Moscow Times) Според државниот ВЦИОМ (WCIOM), рејтингот на претседателот се намалил за 3,5 процентни поени во неделата од 22 до 28 јуни. Во двете децении достапни статистики на ВЦИОМ, само двапати рејтингот на сегашниот ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави поднесување на 17-тиот амандман на Уставот, кој, меѓу другото, би го отворил патот за разрешување на претседателот Тамаш Суљок и избор на нов шеф на државата во рок од 30 дена. Маѓар изјави дека во име на владата, ќе достави до парламентот предлог за 17-тиот амандман на Уставот на Унгарија, кој би овозможил разрешување на сегашниот претседател, инаку, близок на поранешниот премиер на земјата, Виктор ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека градот Костјантинивка во Донецката област е под руска контрола, нарекувајќи ги уште еден дел од руската дезинформација. Во разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски иронично рече дека би можел да се сретне со Путин во Костјантинивка ако градот навистина е под руска контрола. „Доколку Костјантинивка беше под руска контрола, ...
Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на Соединетите Американски Држави за 250-годишнината од независноста, истакнувајќи ја децениската соработка меѓу двете земји. „Почитуван господине претседателе, драг Доналд“, напиша Путин во честитката до американскиот претседател Доналд Трамп, објавена од руското Министерство за надворешни работи. „Потпишувањето на Американската декларација за независност не само што го означи почетокот на ...
Јули 2026 година носи планетарен земјотрес што директно ги полни вашите џебови. Според астролошките пресметки, финансиското цунами удира во јули со полна сила, а три знаци на Зодијакот се означени како единствени вистински победници. Без чекање и без неизвесност – за овие знаци, јули значи моментално зголемување на платата, враќање на заборавен долг или добивка преку непланирана инвестиција. Додека другите собираат загуби, ѕвездите ги ...
Топлинските бранови и таканаречените тропски ноќи, кога температурата не паѓа под 20 степени, можат сериозно да го нарушат сонот. Поради топлината, многу луѓе имаат тешкотии да заспијат, се будат почесто во текот на ноќта и се одмараат полошо. Истражувањата покажуваат дека ваквите временски услови можат значително да го скратат времетраењето на спиењето и дополнително да го влошат неговиот квалитет, објавува „Хафингтон пост“. Најдобрата ...