Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Трејси Кис (36), инфлуенсерка од Обединетото Кралство, повеќе од 20 години, троши голема сума на пари за козметички процедури се со цел, да изгледа како куклата Барби. Со текот на годините, таа била подложена на бројни операции, вклучувајќи зголемување на градите, ринопластика, липосукција и редовни третмани со ботокс и филери. Иако нејзиниот изглед привлекувал големо внимание, таа често се соочувала со осуда и негативни коментари. Со текот ...
Сицилијанскиот вулкан Етна, најголемиот активен вулкан во Европа, еруптираше во четвртокот, осветлувајќи го ноќното небо над најголемиот остров во Италија во црвена боја. Еруптивната активност започна на 26 јуни од отвор на околу 3.030 метри надморска височина, предизвикувајќи лава да тече по падината, придружена со вулкански потреси. Италијанскиот оддел за цивилна заштита издаде жолто предупредување, мерка на претпазливост насочена кон ...
Репрезентацијата на Норвешка се пласираше во 1/8 финалната рунда од СП 2026 откако со 2:1 ја доби пресметката против селекцијата на Брегот на Слоновата Коска. Погодокот вреден пласман во следната елиминациска рунда беше дело на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Норвежаните така освоија место во осминафиналето и сега се соочуваат со многу потешка задача, бидејќи нивниот противник ќе биде големиот Бразил. Напаѓачот на Манчестер сити ...
Економската одржливост, стабилноста, потребата од засилена соработка меѓу државата и бизнис-заедницата во услови на глобални економски предизвици и регионалната соработка остануваат клучни столбови за идниот развој на македонската економија. Ова беше кажано на економскиот форум што се одржа денеска, а вниманието на јавноста беше насочено кон двете клучни обраќања што ја отворија дебатата за идниот развој на македонската економија: говорите на ...
Со предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година, се обезбедуваат дополнителни 1,4 милијарди денари за земјоделските субвенции, 1,3 милијарди денари за социјални надоместоци и околу 500 милиони денари за студентскиот и ученичкиот стандард, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Вкупните капитални инвестиции достигнуваат околу 46 милијарди денари и бележат пораст од 14,5 % во однос на првичниот буџет. Владата, според ...
Договорот за изградба на автопатската делница Скопје – Блаце ќе биде потпишан в понеделник, најави премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за капитален инфраструктурен проект што граѓаните го очекуваат со децении. Осврнувајќи се на реализираните активности и плановите на Владата во областа на патната инфраструктура, Мицкоски истакна дека во наредниот период истовремено ќе се реализираат шест автопатски делници, што, како што рече, ...
Јавната расправа во Скопје ја отвори дебатата за идните еколошки обврски на скопската цементарница и степенот на усогласеност со европските стандарди. Граѓанските иницијативи побараа појасни и построги гранични вредности за емисиите, додека од компанијата уверуваат дека работат во рамки на важечките законски норми. Од Министерството за животна средина посочуваат дека новата дозвола ќе се темели на новата законска регулатива и БАТ заклучоците ...
Продолжува растот по месеци на приходите од наплата од царини и даноци. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на прес-конференцијата организирана по повод двегодишниот отчет за работата, истакна дека заклучно со 30 јуни 2026 година, има сериозен раст во реализацијата на приходите од Царинската управа и Управата за јавни приходи, споредено со јуни 2025 година. – Царинската управа реализираше значителен напредок во сите клучни ...
Во пресрет на 4 Јули, вечерва САД ги почнуваат свеченостите по повод одбележувањето на 250-годишнината од прогласувањето независност. Како што пишува АФП, претседателот Доналд Трамп ќе ја отвори прославата со говор во Јужна Дакота, под гранитните лица на четворица свои претходници – Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт, покрај кои, како што веруваат многумина, би сакал да се најде и неговиот лик. – Тоа е многу ...
Кина денес претставува двигател на глобалниот економски раст и нуди нова развојна перспектива за светот преку концептот „Кинеска можност 2.0“, истакна кинескиот премиер Ли Ќијанг на отворањето на 17. Годишен состанок на Новите шампиони на Светскиот економски форум, познат како Летен Давос, кој се одржа во Далијан, провинцијата Лиаонинг. Обраќајќи им се на бројните политички и бизнис-лидери од целиот свет, Ли нагласи дека развојот на Кина ...
Русија изгуби околу 450.000 војници во војната против Украина, додека вкупниот број на жртви, убиени, ранети и исчезнати од двете страни надминува два милиони, според нова студија на американскиот тинк-тенк CSIS (Центар за стратешки и меѓународни студии). Според проценките на CSIS, Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви, што е околу еден процент од вкупното население на земјата. Загубите не се рамномерно распределени, а најпогодени се ...
Погребот на претходникот на ајатолахот Хамнеи, Рухолах Хомеини, кој е основач на Исламската Република Иран, е запишан во Гинисовата книга на рекорди како собир со присуство на најголем процент од населението на една држава. Хомеини починал на 86-годишна возраст, по низа срцеви удари, на 3 јуни 1989 година, а на неговиот погреб на 5 и 6 јуни, според процените, присуствувале 10,2 милиони луѓе, што е околу шестина на вкупната популација на Иран. ...
Иако по заклучувањето на периодот во е-дневникот оценките веќе не можат да се менуваат, родители и наставници тврдат дека притисоците за повисоки оценки се преселиле пред нивното заклучување. МОН ги повикува граѓаните сите сомнежи да ги пријават до Државниот просветен инспекторат. Во учебната година, во е-дневникот се внесени повеќе од 29 милиони оценки. Новите правила ја ограничуваат можноста за нивна корекција, но останува дилемата дали дел ...
Еднодневна прошетка на македонско семејство во Паралија завршила со висока парична казна, одземена возачка дозвола и со принудно враќање дома без сопственото возило. Велешанец сподели на социјалните мрежи дека на 28 јуни, при излез од Паралија, бил запрен од грчката сообраќајна полиција, која му изрекла казна од 350 евра поради неврзан безбедносен појас. Покрај паричната казна, му биле одземени возачката и сообраќајната дозвола, а бидејќи ...
Позитивни сигнали од Брисел за реформската агенда Евроамбасадорот Рокас оценува дека има напредок во сите 51 реформски чекори и дека се добри основите на Изборниот законик, но повика политичките партии да постигнат консензус за преостанатите прашања. Мицкоски очекува земјава повторно да добие најдобра оцена во извештајот на Европската комисија и смета дека сè уште има време да се усвои Изборниот законик. Тој ја повика опозицијата на разговори ...
Олку високи температури во јуни досега немало ниту во Македонија ниту во Европа. Интензивни топлински бранови ја погодија не само јужна туку и западна, средна и источна Европа, со температури над 40 Целзиусови степени. Бројот на починати луѓе од интензивните жештини изнесува многу повеќе отколку во нормални услови во другите периоди од годината. Се работи за повеќе илјади жртви само од топлинските бранови. Притоа, треба да се земат предвид и ...
Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, но со помало темпо во однос на почетокот на годината, покажуваат податоците на Народната банка. Според овие податоци, во вториот квартал цените на недвижностите се зголемиле за 13,3% на годишно ниво. На квартална основа, цените на недвижностите забележаа пораст од 5,5 %. Во првиот квартал од годинава, порастот на цените на недвижностите изнесуваше 16,6 %. Индексот на цени на станови, кој ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ги отфрли критиките на СДСМ дека Владата не обезбедува доволно брз пораст на платите, оценувајќи дека актуелните резултати се значително подобри во споредба со претходниот владин мандат. Тој истакна дека споредбите треба да се прават врз основа на конкретни економски показатели, а не, како што рече, „по чувство“. „Во времето на претходната влада на СДСМ и ДУИ, реалната нето-плата ...
Македонската индустрија продолжува да ги губи работниците. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во мај 2026 година бројот на вработени во индустријата е намален за 2,6 проценти во споредба со истиот месец лани, а најголемиот удар го трпи рударството, каде што бројот на работници е намален за 7,3 проценти. Статистиката покажува дека негативниот тренд продолжува во најголемиот индустриски сектор – преработувачката ...
И покрај тоа што ограничувањето на цените и маржите не се пазарни мерки, сѐ погласни се барањата институциите да интервенираат за да ги заштитат потрошувачите од високите цени на основните прехранбени производи. Додека надлежните анализираат дали трговските маржи ги надминуваат законски дозволените или се повисоки од оние во регионот, граѓаните и понатаму плаќаат скапа храна. Од Организацијата на потрошувачи на Македонија предупредуваат дека ...
Врвни научни и стручни кадри од Македонската академија на науките и уметностите ќе учествуваат во креирањето и подготовката на политики, стратегии и развојни насоки во културата, како и за реализација на научни и културолошки истражувања од национален интерес. Ова е предвидено со меморандумот за сорботка што денеска го потпишаа Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите ...
Познатиот македонски композитор и продуцент, Николa Мицевски, продолжува со успесите не само на домашната туку и на меѓународната сцена, каде што ја афирмира македонската музика. Неговата авторска композиција (Time) влезе во финалето на „Интерконтинентал мјузик авардс“ во категорија музика на светот. Кaко што самиот посочи, ова за него петставува огромно задоволство и чест. – Навистина сум среќен што мојата композиција влезе во конкуренција ...
Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ се интензивираат пробите за претставата „Ловец во ’ржта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер, која ја режира Мартин Кочовски. Како што посочува режисерот, претставата е еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиска иднина. – Текстот е цивилизациски важен, ...
Украинската безбедносна служба (СБУ) денеска соопшти дека извршила напади врз две руски воздухопловни бази во Крим, окупиран од Русија, со цел најмалку седум воени авиони и складишта за беспилотни летала. Погодени се воздухопловните бази во Хвардијске и Саки, а базата Саки беше нападната по втор пат оваа недела. СБУ во објава на Телеграм соопшти дека борбените авиони во базата Саки биле „оштетени или уништени“. Руските власти сè уште не ги ...
Италија е погодена од бран силни бури придружени со град и налети на ветер кои би можеле да надминат 100 километри на час, со што заврши двонеделниот период на екстремна топлина, додека бурата предизвика поплави, собори дрвја и однесе покриви во некои области, додека снег падна на превојот Стелвио во Алпите. Метеоролозите велат дека влошувањето на времето се должи на пенетрацијата на студен фронт од северна Европа кој се судри со маса ...
Посмртните останки на убиениот ирански врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелски напад на 28 февруари, денес беа донесени во Големата џамија во Техеран, каде што започнува повеќедневна церемонија на жалост за водачот на Исламската Република. Покрај неговото тело, изложени се и ковчезите на неговата ќерка, снаа, внука и зет, кои исто така беа убиени во истиот напад. Иранската државна новинска агенција ИРНА ...
Доналд Трамп како расеан доктор: Во необично видео, тој „лечи“ холивудски ѕвезди Американскиот претседател Доналд Трамп објави необично видео направено со помош на вештачка интелигенција, во кое се претставува себеси како доктор кој се обидува да ги излечи своите познати критичари од она што го нарекува „Синдром на Трампово пореметување“ (TDS). Во видеото се прикажани верзии на вештачка интелигенција на неколку познати личности кои јавно го ...
Во текот на јуни, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ отстраниле 6.165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Од претпријатието информираат дека биле расчистени повеќе диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. – Во Општината Гази Баба е интервенирано на улицата „Перо Наков“ и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во Општината Ѓорче Петров се подигнати 75 ...
Општина Центар почна со градежни активности за уредување на новиот мини плоштад на улицата „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите. Од Општината информираат дека мини плоштадот на улицата „Коле Неделковски“, на површина од околу 100 квадратни метри, ќе биде поплочен со гранитни плочи во различни тонови, со што ќе се добие визуелна динамика на просторот, а ...
Почнаа градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче. Од Општина Аеродром информираат дека во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој. Реконструкцијата е дел од проектите што ги реализира Општина Аеродром во рамките на вториот јавен повик на Владата за финансирање ...