Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ќе почне реконструкцијата на улиците „Радишанска“ и „Бутелска“, на територијата на Општина Бутел. – Она што го ветивме со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, пред бутелчани, а со години беше едно од најголемите нивни барања, наскоро станува реалност – објави Ѓорѓиевски на „Фејсбук“. Тој информираше дека во рамките на проектот ќе бидат реконструирани повеќе од 2,2 километри ...

Иако, според информациите од ЦУК, најпогодени биле општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Чаир, засега, според градските власти, до нив пристигнала само една пријава. – Пријавено е оштетување на магацински простор каде што биле складирани книги на една книжарница. Ќе ја разгледаме пријавата и ќе видиме кои се законските можности за излегување во пресрет. Бидејќи не станува збор за прогласена елементарна непогода, намалени се правните ...

Руските фарсери Вован и Лексус, познати по телефонските измами со политичари и јавни личности ширум светот, објавија видео во кое тврдат дека разговарале со Танос Докос, советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Автентичноста на разговорот засега не е официјално потврдена, но во снимката Докос наводно открива дека во следните месеци во Грција ќе се одржат избори и коментира чувствителни безбедносни прашања ...

Општина Кавадарци почнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради, како дел од процесот на дигитализација и модернизација на општинските услуги, соопштија од локалната самоуправа. – Со едноставно скенирање на QR-кодот, граѓаните ќе можат брзо и безбедно да: проверат дали имаат неплатени обврски по основ на данок на имот и комунални такси, да ги платат своите обврски електронски, да добијат увид во ...

Патување низ мирисите, боите и традицијата на Анадолија Весникот ВЕЧЕР ве води во Испарта, град што се открива полека, низ мирисите, пејзажите и живите традиции. Од полињата со рози што се будат со изгрејсонцето до тивките езера што ја огледуваат Анадолија, секој момент носи своја приказна. Во него се испреплетуваат природата, занаетите и современиот живот, создавајќи уникатна хармонија меѓу старото и новото. Патувањето открива и места на ...

Изби голем пожар попладнево во Штип, на самата граница со првите куќи, ширејќи се кон Исарот. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираа дека еден од „ер тракторите“ е упатен кон Штип за да помогне при гаснењето на пожарот. Овој пожар првично беше забележан над регионалниот пат Штип – Пробиштип. – Пожарот во Пробиштипско е започнат меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино, во Бучиште пожарот е локализиран (една изгорена куќа), но ...

Во Делчево почна уредувањето на просторот пред Споменикот на паднатите борци, со што локалната самоуправа почнува со реализација на активностите насочени кон обновување и зачувување на едно од најзначајните спомен-обележја во градот. Од Општина Делчево информираат дека целта на интервенцијата е враќање на достоинствениот изглед на споменикот и неговата непосредна околина, со што ќе се создаде поуреден и попристапен јавен простор за граѓаните ...

Општина Битола, во соработка со Владата, реализира голем проект за обнова на сите спортски терени во училишните дворови. На денешната средба со новинарите, градоначалникот на Општина Битола информираше дека на десет локации се градат 26 спортски игралишта со комплетна опрема, тартан подлога, заштита, оградување и осветлување. – Спортските терени што биле градени во минатиот век, сега ќе бидат целосно со нова спортска опрема и тоа ќе овозможи ...

Шеста година по ред, Европски универзитет – Скопје доделува три стипендии „Проф. д-р Бојо Андрески“ на здравствени работници за студирање на втор циклус постдипломски студии на Факултетот за економски науки, на студиската програма „Здравствен и фармацевтски менаџмент“, за академската 2026/2027 година. И оваа година, изборот на добитниците на трите главни стипендии беше извршен по случаен избор – со извлекување. Стипендија со 70 отсто ...

Русија, која се соочува со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади врз енергетската инфраструктура, се подготвува да увезе гориво за авиони од Јапонија преку брокери, соопштија три извори запознаени со ситуацијата. Ројтерс објави дека овој потег е невообичаен потег за еден од најголемите светски производители на нафта, кој сега мора да се потпира на увоз за да ги задоволи домашните потреби. Според два извори, се очекува пратка од ...

Бумот во вештачката интелигенција дополнително ја зацврсти доминацијата на американските компании меѓу највредните јавно тргувани компании во светот, додека Европа продолжува да губи место бидејќи инвеститорите сè повеќе инвестираат во технолошки акции, според истражувањето на консултантската фирма EY. Американските компании учествуваа со 56 од 100-те највредни компании во светот на крајот од првата половина од годината, пред Кина со 12 и ...

Во голема акција на полицијата, Одделот за кривични истраги и Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА), 17-годишен малолетник е уапсен под сомнение дека се обидел да изнуди неверојатни два милиони евра од сопственицикот на неколку деловни простории во Белград. Уапсениот тинејџер наводно е член на криминалната група „Врачарци“, и со денови му се заканувал на бизнисменот со живот преку мобилен телефон, барајќи милионска сума. Оваа високо ...

Украинката Анастасија Березовска, во триесеттите години од својот живот, која живее во Германија, а е опишана како „вооружена и опасна“, е главниот осомничен за експлозијата во Монако во која беа сериозно повредени украинскиот олигарх Вадим Јермолаев (58), неговата љубовница Ана Насобина (46) и неговиот син (13). И официјално е објавено Името на лицето осомничено за поставување на бомбата во Монако, во која беа тешко повредени милионерот ...

Синот на поранешниот американски претседател Хантер Бајден наводно објавил на социјалните мрежи дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, што некои медиуми го опишаа како „обид за провокација“. Како што објави „Хафпост“, Бајден ја претставил својата објава како номинација со иронично објаснување кое се толкува како критика на претходните тврдења на Трамп дека тој ја заслужува Нобеловата награда. ...

Европската Унија со донацијата на воена опрема уште еднаш ја потврди довербата во професионалноста и посветеноста на македонската Армија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи да инвестира во одбранбениот сектор и да ги исполнува сите обврски што произлегуваат од членството во НАТО. На примопредавањето на донацијата од Европската Унија за Армијата, Мицкоски им се заблагодари на ЕУ и на евроамбасадорот за ...

Со голема чест и гордост денеска ја пречекав нашата тениска хероина Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на Вимблдон. Лина испиша историја како прва македонска тенисерка што настапи на главната фаза на најпрестижниот светски тениски турнир. Тоа не е само личен успех – тоа е успех на цела Македонија. Со својата упорност, дисциплина и пожртвуваност, Лина покажа дека и македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со ...

Бендот настапи во својата стандардна, добро позната постава: Сајмон Ле Бон – вокал, Ник Роудс на клавијатури, Џон Тејлор на бас и Роџер Тејлор на тапани, демонстрирајќи врвен професионализам, кој се гради со децении на светските сцени. Во текот на едно и полчасовната чиста забава, надополнета со импресивни визуелни ефекти и со моќно осветлување, британските икони покажаа дека годините, за нив, се само бројка Култниот бенд „Дјуран Дјуран“ ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека патриотизмот не е отфрлање на странски инвестиции, туку зголемување на приходите на земјата и дека инвестициите како оние во Звернец придонесуваат за економски раст. Тој го кажа ова како одговор на протестите организирани во Албанија поради проект поврзан со планираната изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и додаде дека ...

И официјално е објавено Името на лицето осомничено за поставување на бомбата во Монако, во која беа тешко повредени милионерот Вадим Јермолаев и уште две лица. Откако француските медиуми објавија дека истражителите на снимки од безбедносните камери го пронашле лицето за кое се верува дека е одговорно за експлозијата, Интерпол издаде црвена потерница. Осомничената е идентификувана како 39-годишната Анастасија Березовска. Според француските ...

Поп-пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова, но и ќерка на познатиот Гоце Арнаудов, преку социјалните мрежи упати критика до јавноста, до народот, револтирана од начинот на кој општеството се однесува кон своите уметници и великани дури откако тие ќе заминат за секогаш. На нејзиниот инстаграм-профил, таа сподели мошне искрен статус, а како позадина ја постави песната „Лесно ти е да ме оставиш“ со Владо Јаневски, кој по кусо боледување ...

Полицијата во Монако го идентификуваше осомничениот за експлозијата во која украинскиот олигарх Вадим Јермолаев и уште две лица беа тешко ранети, соопшти обвинителството. Монако издаде потерница , а ќе биде издадена и црвена потерница од Интерпол. Јавниот обвинител Стефан Тибо ја пофали брзата и ефикасна меѓународна соработка на полицијата и судството, благодарение на што осомничениот беше идентификуван за рекордно кратко време. Според ...

Свештеник од мала парохија во француското село Пажаж, во регионот Оверњ-Рона-Алпи, не се вратил од одмор на Мадагаскар, а црковните власти се сомневаат дека со себе понел околу 6.000 евра собрани од црковни донации, објавува „Паризиен“. Парохијата во Пажаж има околу 850 жители. Свештеникот, познат како отец Мишел, служел во заедницата во последните шест години и бил парохиски свештеник две години. Според епархијата Ле Пуј-ан-Вел, ...

Интензивната топлина што ја погоди Западна и Централна Европа кон крајот на јуни дополнително ги загреа околните мориња. Површината на водата е за над 5 °C потопла отколку што е вообичаено за ова време од годината, според податоците од поморската служба Коперникус. Ако моментално одмарате на хрватскиот, црногорскиот или албанскиот брег, веројатно сте ја искусиле оваа морска топлина од прва рака: на картата на Коперникус, која е создадена за ...

Во Блед, Словенија, во крајбрежната зона помеѓу Грајско капалиште и Гранд хотел Топлице, дел од брегот е означен како зона што не е наменета за пливање или лежење, иако многу туристи ја користат за релаксација во сенка, за што плаќаат казни до 200 евра! Општинските служби ги засилија контролите, а на посетителите им се препорачува да ги користат уредените места за одмор на Стража, каде што има лежалки и дополнителни содржини, беше објавено на ...

Русија во период од 18 месеци спроведувала координирана операција за надзор на европски нуклеарни и воени објекти со беспилотни летала лансирани од бродови на т.н. „сива флота“, се наведува во новиот извештај на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS). Според анализата, истражувачите разгледале 144 инциденти во повеќе од десет европски држави од крајот на 2024 година и заклучиле дека станува збор за координирана операција на руските ...

Европската комисија (ЕК) потврди дека унгарска шпионска мрежа работела од постојаното претставништво на Унгарија во Европската Унија (ЕУ) во Брисел и се обидувала да собере информации од службеници на европски институции, според интерен документ до кој имал увид Политико. Документот, од април оваа година, ги сумира резултатите од истрагата предводена од европскиот комесар за борба против измами, Пјотр Серафин, по обвинувањата дека унгарските ...

Албанската гранична полиција спречи обид за криумчарење луѓе на граничниот премин Муриќани, каде при контрола на автомобил на француски државјанин била пронајдена тајландска државјанка скриена во куфер. Според информациите од полицијата, уапсен е 26-годишниот Французин Том Хак, кој е осомничен дека се обидел нелегално да ја изнесе жената од Албанија. При деталниот преглед на возилото, полициските службеници на задното седиште откриле куфер во ...

Словачка нема да даде ниту едно евро воена помош за Украина, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо. „Словачка нема намера и нема да учествува во никаква воена помош за Украина. Ова го кажувам апсолутно јасно“, рече Фицо на прес-конференција. Тој додаде дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, бил информиран за ставот на Братислава. Фицо рече дека му дава приоритет на мирот пред војната. ИЗДВОЕНИ Утврдени траги од судијата Ристов на ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се зголемува бројот на вработени во централната администрација на Федералната служба за заштита (ФСО), елитната безбедносна агенција одговорна за неговата лична заштита и безбедноста на највисоките државни лидери, по четврти пат од почетокот на војната во Украина. Овој потег доаѓа во време кога странските медиуми сè повеќе известуваат за засилени безбедносни мерки околу рускиот ...

Британската министерка за надворешни работи Лиса Нанди денес изјави дека одлучила да ја напушти платформата за социјални медиуми „Икс“, во сопственост на Илон Маск, бидејќи таа дава простор за „злоупотреба и дезинформации“, што ја прави еден од највисоките членови на владата на премиерот Кир Стармер што ја напушта платформата. „Одлучив да ја напуштам оваа платформа и мојот оддел ќе го стори истото“, објави Нанди на „Икс“. „Платформата што ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.37
25%
1010
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
2.39
39%
1012
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.5
37%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.32
40%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.62
31%
1011
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.27
70%
1016
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
5.36
38%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.51
22%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.7
29%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
2.68
42%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
37%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.13
99%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Бакар

13.54