Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека епидемијата на хантавирус што ги погоди патниците на крузер е завршена. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрехесус, изјави дека последниот контакт на лице изложено на хантавирус на бродот Хондиус е ослободено од карантин, тестирано е негативно и се вратило дома. Не се пријавени нови случаи од 25 мај и „СЗО смета дека епидемијата на хантавирус е завршена“, рече Гебрехесус, ...
Венера во Рак не толерира глума, а три хороскопски знаци повеќе не можат да затвораат очи во бракот. Она што го туркате под тепих со месеци излегува на површина. Ако се сомневате дека вашиот партнер крие нешто, овој транзит ќе ги изнесе тие сомневања на виделина. Венера влегува во Рак и бара искреност наместо убав изговор. Тука нема засилување на страста, има пресметка со она што двајцата се преправавте дека не го гледате. Разговорите што ги ...
Српски државјанин, вработен во компанија за чистење возови на главната железничка станица во Виена, е осомничен за злоупотреба на виолина вредна околу 27.000 евра што еден патник ја заборавил во возот, објавува австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF. Според полицијата, 59-годишната сопственичка сфатила дека го заборавила инструментот откако излегла од возот и веднаш пријавила дека е исчезнат. Истрагата утврди дека 24-годишен српски ...
Венчавката на пејачката Тејлор Свифт и ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келси започнува утре, петок, попладне, во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк и би можела да трае до 4:00 часот следниот ден наутро. Ова произлегува од градската дозвола, чија копија ја доби агенцијата „АП“. Од август 2025 година, кога суперѕвездата Тејлор Свифт и спортистот Тревис Келс се свршија, прашањата за тоа кога, каде и како ќе се венчаат не престануваат да ја ...
Еден од најпознатите светски бендови и еден од најуспешните од Њу романтик (New Romantic) сцената, „Дуран Дуран“ (Duran Duran) вечерва одржува концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Публиката има можност да ужива во музиката на британскиот бенд кој на музичката сцена е познат по хитовите „Reach Up for The Sunrise“, „Notorious“, „Hungry Like the Wolf“, „Rio“, „Girls on Film“, „Ordinary World“, „Come Undone“, „The Reflex”, „A View to ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија „без сомнение“ ќе добие одговор на синоќешниот масовен напад врз Киев. „Ние сме за праведен мир, праведен крај на војната и сè додека не се постигне таков – за праведни одговори“, рече Зеленски кога беше прашан дали сега ќе има одговор насочен кон Москва. Тој додаде дека ако партнерите ги исполниле своите ветувања на време, Украина денес немаше да има толку многу жртви. Ова ...
Голем шумски пожар во близина на францускиот град Перпињан денес доведе до евакуација на камповите во Кан-ан-Русијон и Сент-Мари ла Мер, а повеќе од 200 пожарникари се на терен, додека вкупно 3.000 луѓе се евакуирани во таа област, објавува „Фигаро“. Голем столб од чад бил видлив на километри наоколу, објави весникот. Властите на префектурата Источни Пиринеи соопштија дека околу 500 жители на двата кампа биле евакуирани на плажата, каде што е ...
Руски ракети и беспилотни летала го нападнаа Киев преку ноќта меѓу среда и четврток во еден од најмоќните напади од почетокот на војната. Во нападите загинаа најмалку 21 лице, беа повредени речиси 90, а беа оштетени станбени згради, хотели, енергетска инфраструктура и други цивилни објекти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тоа е уште еден обид на Москва да ги тероризира цивилите и повторно ги повика сојузниците да ја ...
Големиот успех на Мексико и пласманот во осминафиналето на Светското првенство беа засенети од страшна трагедија во Мексико Сити, каде што четири лица ги загубија животите во текот на прославата по победата над Еквадор (2:0). По последниот судиски свиреж, стотици илјади навивачи излегоа на улиците, а најголемиот метеж беше околу споменикот „Ангел на независноста“ на булеварот „Пасео де Ла Реформа“. Според градските власти, на прославата ...
Повраќање на улиците, мокрење на јавни места, спиење на влезовите од станбени згради, тепачки и бучава до раните утрински часови – ваквите сцени се дел од летните ноќи во центарот на Сплит со години, објавува Index.hr. Сцените со пијани туристи што кружат на социјалните мрежи и медиумите во последните години станаа една од препознатливите, но непожелни слики од Сплит. Градот сега се обидува да стави крај на ова со забрана за продажба на ...
Меланија Трамп заработи голема сума од документарен филм за себе, иако филмот не го постигна очекуваниот успех на кино благајните, ниту ги донесе проектираните заработки. Филмските критичари го оценија многу лошо, додека публиката реагираше многу попозитивно. Оваа разлика најдобро ја покажува Rotten Tomatoes, каде што филмот има околу 10 проценти позитивни критики од критичарите, но дури 99 проценти од публиката. Сепак, добрите оценки од ...
Повеќе од 52.000 луѓе побараа засолниште во метрото во Киев за време на големиот ноќен руски напад врз украинската престолнина, што е најголем број регистриран од почетокот на војната, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на метрото во Киев. Според операторот на метрото, 52.500 луѓе, вклучувајќи речиси 4.500 деца, побараа засолниште во станиците преку ноќ. „Ова е најголем број регистриран во последните години“, се ...
Македонската кошаркарска репрезентација постигна и петтата победа во групата А, вој која се и селекциите на Луксембург и на Азербејџан, од претквалификациите за Евробаскет 2029. Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје без многу проблеми, македонската кошаркарска репрезентација славеше против Република Ирска со 77:56. До крајот на квалификациите, Македонија ќе гостува кај Луксембург. Фото:П.Стојановски ИЗДВОЕНИ Утврдени траги од судијата Ристов ...
Вршителот на должноста амбасадор на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Србија, Александар Титоло, денес изјави дека Србија и САД влегоа во „нова ера“ на билатералните односи. Во својот говор на приемот по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, Титоло рече дека оваа година е историска не само за САД, туку и за српско-американските односи. „Многу пати оваа година реков дека влеговме во нова ера на ...
Албанската полиција денес употреби водени топови и солзавец за да ги растера антивладините демонстранти пред парламентот, кои фрлаа јајца и брашно врз полицајците и врз некои пратеници. Тројца полицајци и еден демонстрант беа повредени во судирите, објавија албанските медиуми. Во Тирана се одржуваат секојдневни протести повеќе од еден месец поради наводна корупција поврзана со разни развојни проекти по должината на брегот и во близина на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на следните парламентарни избори и да продолжи со реализација на владините политики. – Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав ...
Актуелниот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, нема да присуствува на погребот на својот татко, поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, од безбедносни причини. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, неодамна се закани дека Моџтаба Хамнеи е „обележан за атентат“, на што Техеран остро реагираше. Иранскиот министер за надворешни работи предупреди дека на сите идни закани ќе се одговори со „силен одговор“. Се очекува повеќе од 20 милиони ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и неговите коалициски партнери во владата денес претставија сеопфатен пакет реформи насочен кон враќање на забавената економија на земјата на вистинскиот пат. Триесет и четирите мерки вклучуваат намалување на данокот на доход за семејствата со ниски и средни приходи, реформа на кревкиот пензиски систем, построги правила за боледување за вработените и намалување на бирократијата во земјата. „Сите овие реформи ...
Во продолжение на судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов обвинет за перење пари беа сослушани форензичари од МВР кои потврдија дека на алуминиумските фолии во кои биле свиткани 350.000 евра, имало траги од обвинетиот. Парите биле од 500 и 200 евра , во 13 алуминиумски пачки, заѕидани позади кујната. Полицијата на два пати правела претрес по добиени сознанија , а камуфлажата ја разоткрила една плочка која била лошо залепена. ...
Неверојатна и потресна сцена се случи по натпреварот меѓу ДР Конго и Англија на Светското првенство, кога селекторот на африканската репрезентација, Французинот Себастијан Десабре, на прес-конференција дозна дека починал татко му. По поразот од 2:1, со кој ДР Конго остана без пласман во осминафиналето, Десабре мирно одговараше на новинарските прашања. Но, на самиот крај од конференцијата, претставник на организаторот му се обрати со ...
Пожарникарите денес се борат со неколку шумски пожари раширени од силни ветрови во јужна Франција, бидејќи земјата се соочува со исклучително суви услови по неодамнешниот топлотен бран што ја зафати Европа, објавија француските медиуми. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека три пожари, од кои два избувнаа на западната периферија на пристанишниот град Марсеј, изгореле вкупно 1.210 хектари земја. Францускиот премиер Себастијан ...
Ирански воен командант ги предупреди САД и Израел против секаков напад додека земјата се подготвува за државниот погреб на својот поранешен врховен лидер Али Хамнеи, кој беше убиен во воздушни напади на 28 февруари, првиот ден од војната, објави британската новинска агенција „Ројтерс“. „Ги предупредуваме непријателите на Иран, особено САД и ционистичкиот режим (Израел), да избегнат каква било погрешна пресметка и да ги земат предвид острите ...
Ернан Алберто Гил Флорес, кој работел како ноќен чувар, беше безбедно извлечен откако беше заробен под урнатините во подрумот на трговскиот центар „Галеријас Плаја Гранде“ во крајбрежниот град Ла Гваира од 24 јуни, а спасувачите првпат стапија во контакт со него во саботата, пренесе „Танјуг“. Венецуела беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала на 24 јуни, со разлика од 39 ...
Бомба експлодираше денес во преполно кафуле во центарот на Дамаск, при што загинаа пет лица, а 16 беа повредени, објавија сириските државни медиуми. Државната телевизија соопшти дека бомбата била поставена во кафулето, кое се наоѓа во близина на Палатата на правдата во центарот на Дамаск, објави британската агенција Ројтерс на својата веб-страница. Нема дополнителни детали и никој сè уште не ја презеде одговорноста, пренесе „Бета“. ИЗДВОЕНИ ...
Возачот на тимот на Мерцедес во Формула 1, Џорџ Расел, ја освои Големата награда на Австрија, додека Макс Верстапен го освои второто место. Водечкиот во генералниот пласман, младиот возач на Мерцедес, Кими Антонели, мораше да се задоволи со третото место. Англичанецот Џорџ Расел е многу задоволен по својот триумф на патеката Шпилберг, бидејќи имаше совршен тркачки викенд. Со победата, тој се врати во борбата за титулата, иако неговиот ...
Само една недела откако разорните и смртоносни земјотреси ја погодија Венецуела, небото над делови од земјата, вклучувајќи го и главниот град Каракас, стана необично светло црвено. Драматичните слики направени на 30 јуни предизвикаа возбуда на социјалните медиуми, при што многумина го поврзуваа феноменот со неодамнешната сеизмичка катастрофа. Интензивната светлина што го осветлуваше хоризонтот ги наведе многумина да веруваат дека станува збор ...
Додека страда Русија од недостиг на гориво, воената полиција на улица апси мажи за да ги носи на фронт, а нивните роднини лежат пред полициските автомобили и прашуваат зошто тие режимски бандити што вршат насилна мобилизација самите не одат на фронт. Обичните луѓе се прашуваат дали е виновен Путин за сè или корумпираната елита го држи во информативна изолација за да не разбере колку е критична ситуацијата. Мистериозните ликвидации во рамките ...
Германските федерални обвинители соопштија дека украински државјанин поврзан со експлозиите на гасоводот „Северен тек“ е обвинет за соучество во воено злосторство, попречување на јавни услуги, предизвикување експлозија и уништување објекти. Сергеј К, како што беше именуван според германските правила за приватност, е осомничен дека дејствувал во име на украински владини субјекти, заедно со друг воен персонал, за да го уништи гасоводот од 2022 ...
Советникот за национална безбедност на естонскиот претседател Мадис Рола понудил помош на режимот во Киев да координира напад врз Санкт Петербург за време на разговор со руските шегаџии Вован и Лексус. Владимир Кузнецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус) му се претставија како секретар на Советот за национална безбедност на Украина Рустем Умеров и споделија детали од разговорот на нивниот Телеграм канал. Откако го покрена прашањето за ...
Руските напади синоќа убија 21 лице во Киев, изјави градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, денес на социјалните мрежи, прогласувајќи го петокот за ден на жалост. „Ова е најмасовниот напад врз Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година“, објави Кличко на социјалните мрежи. Украинските спасувачки служби соопштија дека околу 90 лица се повредени и дека потрагата по преживеани под урнатините на ...