Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Шпанија и Франција се подготвуваат за можен нов топлотен бран откако екстремните топлотни бранови во јуни предизвикаа повеќе од 2.000 дополнителни смртни случаи во двете земји, според прелиминарните податоци. Шпанската метеоролошка агенција Aemet предупреди дека маса од сув и многу топол воздух ќе го зафати поголемиот дел од земјата од сабота. Температурите би можеле да достигнат помеѓу 42 и 44 степени Целзиусови во делови од југоисточна ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се квалификуваше во третото коло на Вимблдон откако го победи Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 6:4, 6:2 на централниот терен. Ноле одигра беспрекорно добар натпревар, па затоа имаше простор да ужива и да се шегува со собирач на топчиња, а имаше и чест контакт со својата ложа. Секако, во неа беа тренерот Виктор Троицки, како и остатокот од тренерскиот штаб, Карлос Коста, Чарли Гомез и агентот Мајкл Маден, потоа ...
Денеска е 1000-тиот ден од војната во Појасот Газа, која започна кога палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година, и досега загинаа повеќе од 73.000 луѓе. Регионот е во војна во Иран и во превирања во Либан, а не е постигнат траен, цврст прекин на огнот, додека привремените договори често се прекршуваат. Судбината на повеќе од два милиони Палестинци во Газа, претежно раселени и кои живеат меѓу урнатините, ...
Орландо Гил прекуноќ стана еден од најголемите херои на Светското првенство откако го водеше Парагвај до осминафиналето со феноменалните одбрани против Германија. Искусниот голман беше нерешлива енигма за Германците во текот на 120. минути игра, а потоа одбрани два удари во пенал- рулетот и стана апсолутен херој на една од најголемите сензации на првенството досега. Денес, неговото име е меѓу најспоменуваните во светскиот фудбал, но патот до ...
Иако климатизацијата долго време е стандард во речиси секој дом во многу делови од светот, во Германија еги има само во околу шест проценти од домовите. Иако топлотните бранови стануваат сè почести и поинтензивни, високите трошоци, методите на градење и ставовите кон климатизацијата продолжуваат да ја забавуваат нивната широка употреба. Во земји како што се САД, Австралија и Јапонија, топлите и влажни летни месеци се прават поподносливи ...
Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Здружението „Центар за ресурси во животната средина“ (РЕЦ), „Екологик“ и „Флоразон“, денеска беше дониран компостер во градинката „Орце Николов“. Од Општина Карпош информираат дека донираниот компостер ќе овозможи органскиот отпад што секојдневно се создава во градинката да биде соодветно селектиран и компостиран. – ...
Талентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик од Општина Кисела Вода вчераутро заминаа на летен спортско-едукативен камп во Охрид. Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде што им се обезбедени шест полни пансиони. Од Општина Кисела Вода информираат дека за квалитетното исполнување на времето на децата во текот на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и ...
Колку пати сте избегале на Водно за свеж воздух, прошетка или возење велосипед? Сега е време да ѝ се заблагодариме на природата. Со овие зборови „Екологик“ ги повикува граѓаните да ѝ се придружат на екоакцијата „Green Wheelers“, во рамките на која ќе се чисти патот кон Средно Водно. Акцијата ќе се одржи на 8 јули 2026 година, со почеток во 7:30 часот. Собирното место е пред полициската станица Водно. – Секој придонес е важен. Акцијата е ...
Поплавени улици, подвозници, заглавени автомобили беше исходот од вчерашното невреме што го зафати главниот град. Метрополата беше во целосен колапс, а нервозните граѓани чекаа со часови, заглавени на улиците. Ова не е првпат да им се случи вакво нешто на Скопје и на скопјани. Тоа е редовна практика при секој пообилен дожд. Проблем кој се провлекува со години, а за кој градските власти не најдоа решение досега. Да, се интервенираше, но откако ...
И денеска продолжија протестите пред албанскиот парламент, каде што граѓаните се собраа да протестираат против албанскиот премиер Еди Рама и неговата влада, одговарајќи на повикот на организаторите протестот да се одржи паралелно со пленарната седница на парламентот. Според албанските медиуми, полицијата употребила солзавец, бибер спреј водни топови. Граѓаните се собраа пред парламентот од раните утрински часови, а веднаш по почетокот на ...
НЕ ЗАПИРААТ ПАРТИСКИТЕ ПРЕПУКУВАЊА Крајно спротивставените и непопустливи ставови меѓу партиите од власта и опозицијата сè повеќе ги намалуваат шансите во македонското Собрание да се донесе ново изборно законодавство кое би се применувало на претстојните избори. Премиерот и лидер на владејачката партија, Христијан Мицкоски, и денеска излезе со понуда до опозициските СДСМ и Левица да се согласат со предлогот на претседателските избори во 2029 ...
Заради зајакување на транспаретноста и градење на црвсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје https://envi-platform.usje.mk/mk/. На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали. Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, на ...
Советот на странски инвеститори изрази задоволство од вчерашното донесување на измените на Законот за царинска тарифа, со кои дополнително ќе се редуцираат царинските стапки за 70 артикли, кои се користат како сировини, репроматеријали и компоненти во преработувачката индустрија. Ова намалување на царините претставува синхронизација со стапките што се применуваат во Европската Унија. Во изминатиот период, Советот на странски инвеститори ја ...
Енергетската безбедност денес претставува заедничка одговорност на регионот и може да се обезбеди само преку поврзана инфраструктура, усогласени политики и заеднички инвестиции, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина. Божиновска истакна дека визијата на Македонија е изградба на целосно поврзан регионален енергетски систем што ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата го исполнила и надминала изборното ветување за зголемување на пензиите, посочувајќи дека наместо најавените 5.000 денари, пензионерите добиле линеарно зголемување од 7.000 денари. Мицкоски рече дека оваа мерка придонела за подобрување на животниот стандард на пензионерите. „Кога бевме опозиција ветивме дека ќе направиме сè што можеме да обезбедиме линеарно зголемување од 5.000 денари за сите ...
Во Европа, моментално недостигаат повеќе од 502.000 професионални возачи, а дури 65 проценти од транспортните компании го посочуваат недостигот на кадар како најголем предизвик. ИРУ предупредува дека проблемот добива глобални размери. До крајот на деценијата, поради масовното пензионирање, состојбата дополнително ќе се влошува. ИРУ повикува на мерки за привлекување млади луѓе и жени во професијата Европа се соочува со сериозен и сè поизразен ...
Државата ќе доделува грантови до 20.000 евра за отворање сопствен бизнис, финансиска поддршка за повратниците од странство и месечен додаток од 3.000 денари за младите вработени во производството. Ова се дел од мерките содржани во Оперативниот план за вработување за 2026 година, за чија реализација се обезбедени речиси 40 милиони евра. Целта е отворање нови работни места, намалување на невработеноста и создавање услови младите да ја градат ...
Клучната порака од Министерството за финансии останува дека за реформа на пензискиот систем не е донесена никаква конечна одлука, дека анализите од Светска банка и ММФ допрва следуваат и дека за тоа ќе одлучува Владата. Во меѓувреме, фокусот останува на одржување на фискалната стабилност, справување со демографските предизвици и усогласување на економските политики со европските стандарди Во Македонија повторно се отвора прашањето за можни ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, е новиот кошаркар на Арис, објави грчкиот клуб. Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со Арис, а во Солун ќе работи со легендарниот грчки кошаркар Василис Спанулис, кој го презеде тимот ова лето. „Кошаркарскиот клуб Арис со задоволство објавува дека Ненад Димитријевиќ е нов член на нашиот тим во следните две години. Играчот доаѓа од рускиот Зенит од Санкт Петербург, со кого беше ...
По шокантната елиминација на Германија од Светското првенство по поразот од Парагвај по изведувањето на пенали, легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус, реши да удри со „дрва и камења“. Матеус беше клучен играч во победата на Светското првенство во 1990 година и рекордер по најмногу настапи (150) за Германија. Во исклучително остра изјава, Матеус го нарече поразот „национален срам“ и рече дека играчите ја предадоа целата нација и дека ...
Франција ја победи Шведска со 3:0 и, како што се очекуваше, се пласираше во осминафиналето на Светското првенство. Според многумина, првиот фаворит на Светското првенство игра навистина спектакуларно, тимот изгледа извонредно координирано, но не е сè така розoво. Ѕвездата на Манчестер сити, Рајан Черки, не игра многу под водство на Дидие Дешамп. Против Шведска, тој влезе во игра во 85-тата минута кога сè веќе беше решено, а тоa, очигледно, ...
Килијан Мбапе продолжува да испишува златни страници во историјата на светскиот фудбал. Француската суперѕвезда стана првиот играч кој постигнал 10 гола во нокаут-фазите на Светските првенства, достигнување што досега не му успеало на ниту еден фудбалер. Со овој рекорд, Мбапе уште еднаш потврди дека е човек за најголемите натпревари. Неговите голови во елиминациските дуели беа клучни за успесите на Франција на последните мундијали, а ...
Со владината реконструкција, кадарот на ВЛЕН, Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков, ќе биде новиот министер за култура и туризам. Седат Сулејмани е роден во Тетово, во 1975 година. Дипломирал на Универзитетот Улудаг – Бурса во Турција. Студирал постдипломски студии на УЈИЕ, Факултет за општествени науки. За време на различни периоди, тој покажува успех во бизнис, во приватниот сектор. Долго ...
Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар во Скопје, под водство на маестро Сашо Татарчевски, во јуни имаше успешен настап на два реномирани меѓународни фестивали. На веќе традиционалниот фестивал „Вокс лихнидос” во Охрид, во безвременската катедрална црква „Света Софија“, хорот настапи на 20 јуни со интересна програма составена од квалитетни хорски аранжмани на џез и популарна музика. Освен Женскиот младински хор при МКЦ, на ...
„Дама со девет камења“ е мултимедијален изложбен проект на Талевски, кој преку цртеж, графички техники, проекции и звук го елаборира и комплицира поимањето на минатото како материјал, со цел да евоцира прашања околу индивидуалната и колективната меморија, историјата и припадноста, нивното бележење, опстојување и бришење. Во фокусот на проектот се две збирки на цртежи и нивното просторно осмислување. Една од збирките е колекција на цртежи ...
Државниот пазарен инспекторат будно ги следи цените на 700 есенцијални производи што му се потребни за живот на едно просечно македонско семејство и за една недела ќе го имаме комплетниот резултат, истакна заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. – Посетени се многу објекти и ќе знаеме која економска политика понатаму да ја примениме и како Влада и како Министерство за економија и труд. Бидејќи воениот конфликт веќе е прикрај, ...
Се урива тобакото „Али“ кое се наоѓа на тротоар на Бит Пазар. Ова на Фејсбук го објави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. -Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение – напиша кусо тој. Ѓорѓиевски во февруари најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни површини, велосипедски и пешачки патеки, како и ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) почна пилот-проект за поставување интелигентни камери за рана детекција на пожари во неколку критични зони во државата, кои ќе бидат надгледувани 24 часа од Оперативниот центар на ЦУК. Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, проектот има цел навремено откривање на шумските пожари, побрза реакција на надлежните служби и поефикасна координација при интервенциите. Тој информираше дека во моментов се ...
Дирекцијата за заштита и спасување се поднови со две теренски возила. Тие се набавени преку иницијативата „Волонтер 2“, со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и од партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција. Од ДЗС информираат дека новите возила со 4×4 погон ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и техничко-технолошки катастрофи, како и за активности во рамките на ...
Вработените во психијатриската болница „Демир Хисар“, каде што се сместени околу десетина осуденици со наредба на судовите, бараат од надлежните да се изгради посебна судска болница во рамките на затворите за да се одвојат од пациентите на кои вистински им е потребна грижа. „Проблемот ќе постои, ние редовно бараме од судовите и болниците да се преиспита состојбата на осудениците кои се сместуваат кај нас“, вели за весникот ВЕЧЕР директорката ...