Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Меѓународниот аеродром „Скопје“, со кој управува „ТАВ Македонија“, воведе нова опрема за безбедносна проверка, во вредност од еден милион евра. Станува збор за инсталација на два уреди за напредна проверка на рачниот багаж со компјутерска томографија, како и за две нови автоматизирани транспортни ленти. Од компанијата информираат дека новата технологија значително ќе ги унапреди безбедносните стандарди, ќе ја зголеми ефикасноста на контролата ...
Влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар ќе придонесе за подобрување на бизнис-климата, дополнително позиционирање на државата на инвестициската мапа и воведување нови стандарди во малопродажбата, оцени заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на свеченото поставување камен-темелник за изградба на нов маркет на „Лидл“ во Струмица. Тој истакна дека станува збор за една од најзначајните странски инвестиции ...
Официјалните 911 дивоградби евидентирани во 2025 година претставуваат само дел од проблемот. Вистински предизвик остануваат стотиците илјади барања поднесени уште во 2011 година, од кои значителен број и денес не се целосно завршени. Петнаесет години по почетокот на процесот, Македонија сè уште нема конечно затворено едно од најголемите урбанистички прашања. Додека институциите ја продолжуваат битката со старите предмети, на терен ...
Употребата на дигиталните канали за плаќање продолжила да расте и во првиот квартал од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Според објавената платежна статистика, бројот на плаќања со платни налози кај граѓаните е зголемен за 10,3 проценти, додека нивната вредност пораснала за 14,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Најголем раст е забележан кај електронското плаќање. Во првите три месеци од ...
Реконструкцијата на Владата го отвори прашањето дали Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе добие само нов министер или, конечно, и нов пристап во решавањето на долгогодишните проблеми на земјоделците. Новиот министер, Борче Серафимовски, ќе го преземе ресорот во период на зголемено незадоволство во секторот. Протестите на сточарите и на земјоделците во Битола, барањата за итна исплата на субвенциите, ниските откупни ...
По години чекање и застој, мостот „Генерал Михајло Апостолски“, конечно, влегува во завршна фаза пред целосното ставање во функција. Од Град Скопје информираа дека проектот, кој долго време беше симбол на недовршените инфраструктурни зафати, наскоро ќе стане важна сообраќајна врска што ќе придонесе за побрз и поефикасен сообраќај во главниот град. – Со решавањето на еден од најголемите предизвици: процесот на експропријација, се создадоа ...
Општина Аеродром започна целосна модернизација на уличното осветлување на целата нејзина територија. – Старите и дотраени светилки ќе бидат заменети со современо паметно ЛЕД-осветлување кое ќе овозможи поголема безбедност, подобра видливост и пониска потрошувачка на енергија – најавија од Општината. Оттаму додаваат дека новото осветлување ќе ги опфати улиците, парковите, спортските и детските игралишта. – Ова е уште еден чекор кон помодерен, ...
Денеска се одбележа финализирањето на уредувањето на коритото на реката Мала Рада во Драчево, кое опфати изградба на пешачка патека и потпорни ѕидови, како и реконструкција на речното корито. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изрази задоволство од промоцијата на еден ваков проект, кој е реализиран со поддршка на Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што истакна ...
Раководителот на Секторот за урбанизам, Џенгис Хани, информираше за весникот ВЕЧЕР дека третата фаза опфаќа изградба на паркинг со две подземни нивоа, со вкупна површина од над 14.000 квадратни метри, односно со површина од над 7.000 квадратни метри на секое ниво. Вкупниот капацитет на двете нивоа ќе биде 400 возила, односно по 200 возило на секое ниво, а ќе има и паркинг-места за лицата со посебни потреби. Хани објасни дека надземниот дел на ...
Ново вознемирувачко видео со врсничко насилство, за кое се тврди дека е снимено во скопската населба Аеродром, се споделува на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста. На снимката се гледа малолетно девојче клекнато на колена како моли да престане малтретирањето, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во еден момент жртвата се обидува да се оддалечи, но повторно е фатена за ...
Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар информираше дека се воведува неколкучасовна рестрикција во водоснабдувањето бидејќи корисниците не ги почитувале претходните апели за заштеда на вода, односно да не се употребува за наводнување на градини, за миење дворови, тротоари, па дури и улици пред домовите. – Поради недостиг на вода во текот на денот, како последица на нерационалното користење на водата од страна на корисниците, ...
Во тек е комплетна обнова на Рајската градина за украсни птици во Паркот на Револуцијата, омилен простор за рекреација и уживање, посебно за најмладите. Од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп велат дека е извршено целосно кастрење на дрвјата, темелно е исчистен целиот простор, а обновени се и клупите и кантите за отпадоци, со што се создава поуредна и попријатна атмосфера за сите посетители. – Целосно се обновуваат и кафезите, се прават подобри услови, ...
Со поддршка од Општина Василево и во соработка со ФК „Академија Христов“ и ФК „Василево“, теренот на големото фудбалско игралиште во Василево е целосно уреден и подготвен за натпреварувачката сезона што следува. – Големото фудбалско игралиште во Василево доби прекрасен, уреден изглед – токму онаков каков што заслужуваат нашите спортисти. Со финансиска и материјална поддршка од Општина Василево и во соработка со ФК „Академија Христов“ и ФК ...
На Конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвениот крст, Лилјана Ристевска, е избрана за претседател на организацијата за новиот четиригодишен мандат. Со оваа одлука, таа станува првата жена претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата, информираат оттаму. Од Црвениот крст велат дека изборот на Ристевска претставува значаен историски момент за најголемата хуманитарна организација во ...
Годинава, сезоната на пожари почна невообичаено рано, уште во јуни, со два сериозни пожари на отворено – еден во Велес, а друг во Дојран. На пожарот во Велес беше користен еден „ер трактор“ каде што, за жал, огнот зафати викендички, стари куќи и овоштарници. Oваа сезона, oва е четврто користење на „ер трактор“, откако претходно од воздух се гаснеше во Штип, Велес и Свети Николе. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче ...
Славната поп-пејачка, 88-годишната Тереза Кесовија, деновиве, во својот роден град Дубровник, пред многубројната публика (меѓу кои имаше и голем број македонски туристи), одржа два последни, проштални концерти, со кои најави збогување од музичката кариера долга повеќе од 60 години. Концертите беа исполнети со долги овации, ракоплескања, солзи, спомени, сеќавања… и, секако, со безвременските хитови со кои многу генерации израснаа или се ...
Кинезитерапијата потекнува од грчкиот збор „kinezis“ што значи движење, кинезитерапијата е важен клучен сегмент што е составен дел од физикална медицина и од стручна рехабилитација. Манипулативното движење се смета за важно лекување и за важен клучен метод каде што основно средство за лекување се вежбите. Кинезитерапијата се ординира речиси при секоја повреда, бидејќи со неа се раздвижуваат сите делови каде што има атрофираност, закржлавеност ...
Во сабота, 4-ти јули, во Куќата на Уранија во Охрид ќе се отвори изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски. На изложбата ќе бидат прикажани 30 мозаици, симболично претставувајќи ги 30-те години активно творештво на авторот во оваа вековна сликарска техника, a на отворањето свој музички перформанс ќе има професорот Драган Даутовски. Томовски е еден од ретките мозаичари на овие простори кој активно работи во оваа ...
Најмалку 1.028 смртни случаи поврзани со топлина се регистрирани во Шпанија во текот на јуни, месец обележан со топлотен бран што ги погоди многу европски земји, според податоците објавени во средата од здравствениот институт „Карлос III“ во Мадрид. Тоа е повеќе од двојно повеќе од 407 смртни случаи поврзани со топлина во јуни 2025 година, што според националната метеоролошка агенција Aemet бил најжешкиот јуни откако започнала да води ...
Пет лица се повредени во три напади врз домовите на функционери на владејачката партија Нова демократија во Солун, од кои еден бил интубиран, соопшти денес грчката полиција. Нападите се случиле помеѓу 4 часот наутро и 4:30 часот наутро по локално време, при што пожарите биле подметнати со запаливи направи во станбени згради каде што живеат или имаат имот тројца политичари, а полицијата и антитерористичката единица реагирале на местото на ...
Хрватска и Португалија ќе го одиграат својот 1/16 финален натпревар од Светското првенство на 3 јули во 1 часот по средноевропско време. Иако сепак ќе биде 2 јули, 19 часот по локално време во САД, за Португалците натпреварот ќе има посебна симболика и тежина токму поради датумот на кој се игра. Имено, овој датум ќе биде од исклучително значење за португалската репрезентација бидејќи токму на 3 јули минатата година се случи трагедија во која ...
По шокантната елиминација од Парагвај во осминафиналето на Светското првенство, селекцијата на Германија се најде во центарот на жестоки критики, пред сè од тамошните медиуми. Натпреварот заврши 1:1 по 120 минути, а Парагвај славеше по подоброто изведување пенали, при што голманот Орландо Хил беше херој на својата селекција. Германскиот весник „Билд“ објави дека при пенал-серијата настанал вистински хаос. Откако првите петмина изведувачи ги ...
Швајцарецот Стен Вавринка имаше емотивно искуство во својот последен натпревар на Вимблдон. Во првото коло на гренд – слемот во Лондон, Вавринка загуби од Матео Беретини, по четири часа и 15 минути и дури четири тај-брејкови – 6:7(7), 7:6(16), 7:6(7), 7:6(5). „Не сакам да се пензионирам, но знам дека е време да престанам. Една од причините зашто продолжив да играм е поради вакви моменти. Навистина е емотивно, благодарен сум за шансата што ја ...
Украинскиот олигарх Вадим Ермолаев беше сериозно повреден во силна експлозија што се случи на 30 јуни во Монако, а првите медиумски извештаи сугерираа дека неговата сопруга Ана, со која има четири деца, исто така е повредена во нападот. Сепак, сопругата на бизнисменот рече дека таа не е жената што е повредена во нападот. Според украинските медиуми, повредите ги претрпела друга жена чии „екстремитети, вклучувајќи ги и нозете, биле ампутирани“. ...
Русија, која е богата со ресурси и традиционален извозник на енергија, е во преговори со други земји за можен увоз на гориво, соопшти Кремљ во вторник. „Ова би можело да се случи ако Русија успее да постигне договори по прифатливи цени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руската државна новинска агенција ТАСС. „Ова би бил уште еден чекор кон стабилизирање на пазарот“, рече Песков. Тој не именуваше конкретни земји, но додаде ...
Нама да се кандидирам на претседателски избори во 2029 година, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. За време на престојот во скопската општина Кисела Вода тој, одговарајќи на новинарски прашања врзани за носењето на Изборниот законик, рече дека планира враќање во својата матична установа Машински факултет. -Нема да се кандидирам на претседателските избори 2029 година туку ќе се вратам на Факултетот. Немам амбиција да се ...
Пред неколку дена стартуваше нокаут-фазата на СП 2026, но во Бразил расте гневот поради „патот од соништата“ што му се отвори на актуелниот шампион Аргентина на патот до финалето. Бразилските медиуми и навивачите се жалат дека нивната репрезентација има многу потешка работа пред себе, која би можела да се сретне со Англија во четвртфиналето, и веруваат дека поволната ждрепка за Аргентина „треба да се истражи“, пишува „Дејли мејл“. Избраниците ...
Привремениот официјален број на жртви од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 1.943, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат десетици илјади исчезнати лица. Обединетите нации предупредија на сериозен недостиг на храна, вода и засолниште, со зголемен ризик од епидемии. Според најновите бројки, претходниот број на жртви беше 1.719, додека околу 10.500 лица беа повредени. Проценките велат дека околу ...
Американскиот претседател Доналд Трамп заработил повеќе од 1 милијарда долари само во криптовалути минатата година, според неговите финансиски извештаи, како и извештаите за неговиот бизнис со крипто „мем-монети“ и фирмата за криптовалути на неговото семејство. Според извештајот, Трамп пријавил 635 милиони долари (556,5 милиони евра) авторски права од компанијата што ја издава $TRUMP, криптовалута што ја лансираше три дена пред да ја преземе ...
Бразил го обезбеди своето место во осминафиналето на Светското првенство по драматичната победа против Јапонија, со погодок постигнат во судиското продолжение. Јапонците водеа и беа на работ на продолженијата, но голот на Габриел Мартинели во последната минута му донесе победа на Бразил од 2:1. Јапонија одигра одлична акција и поведе во 29. минута. Откако Данило ја изгуби топката на средината од теренот, Каишу Сано се втурна во соло трчање и ...