Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Речиси една недела по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, спасувачите кои дојдоа од странство да помогнат сè уште бараат преживеани. Салвадорските спасувачи стигнаа до 44-годишен маж заробен под урнатините на трговски центар во крајбрежниот град Маикетија во раните утрински часови во вторник, напиша претседателот на Салвадор, Наиб Букеле, на мрежата X. На човекот му се достави вода преку црево додека спасувачите наоѓаа начин ...
Експлозијата во Монако, во која беа повредени три лица по детонацијата на импровизирана експлозивна направа, не е класифицирана како терористички напад, изјави обвинителот Стефан Тибо во понеделник. Тибо на прес-конференција изјави дека истрагата во моментов се фокусира на осомничен за кој се верува дека ја поставил и детонирал експлозивната направа, објави Ројтерс. Три лица се повредени во нападот, а властите продолжуваат да го бараат ...
Портокалово предупредување за тешки временски услови е издадено за Москва во следните два дена поради очекуваната интензивна топлина, со температури што достигнуваат 31 степен Целзиусов. Граѓаните се предупредени за опасни временски услови со можност за природни катастрофи што би можеле да предизвикаат материјална штета, соопшти Рускиот хидрометеоролошки центар, пренесува ТАСС. „Од 12:00 часот по московско време на 1 јули до 18:00 часот на 2 ...
Глобалниот оператор за сателитски интернет, „Старлинк“, според податоците на Даночната управа на Црна Гора, на 29 април, со основачки влог од две евра, ја регистрирал компанијата „Старлинк Монтенегро“, за чиј извршен директор е назначен Здравко Гардовиќ. „Старлинк Монтенегро“ е друштво со ограничена одговорност, со седиште во Подгорица. Како дејности на компанијата се наведени кабелските, безжичните и сателитските телекомуникациски ...
Рејтингот на Трамп се сведе на 37 проценти, а од независните гласачи му даваат доверба само 27 проценти. Врховниот суд, во понеделникот, одлучи дека може да се бројат и гласовите стигнати по пошта, наспроти упорното барање на Трамп да не се бројат, а нема шанси да помине и неговиот предлог за изборен закон наречен „Спасете ја Америка“, со кој многу се ограничува правото на глас. Сорос, со донација од повеќе од 100 милиони долари за ...
Студент од Турција ја пријавил асистенката од медицинскиот факултет во Штип дека му побарала поткуп за да го положи испитот. Полицијата ја уапсила во моментот кога ги примила парите. Асистентка од медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е приведена под сомнение дека примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит. Акцијата била спроведена од СВР Штип во координација со Основното јавно обвинителство, откако ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 05:10 часот привеле 21-годишен државјанин на Полска на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Т.Н. бил приведен откако претходно, под дејство на алкохол, во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗДВОЕНИ ...
МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РАБОТАТА ПРЕД АМБАСАДОРИТЕ НА ЕУ За помалку од две години се подготвени триесетина законски решенија, а што претставува најобемен законодавен реформски циклус, изјави денеска министерот за правда, Игор Филков. Тој се обрати на брифингот во македонската Влада пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на кој ги информира за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на ...
НАЈАВА ЗА РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА ПРЕДИЗВИКА РЕАКЦИЈА КАЈ ОПОЗИЦИСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ Закажана дебата за утре, чиј модератор ќе биде универзитетски професор и поранешен функционер на СДСМ, Игор Ивановски, предизвика жестока реакција на актуелното раководство на неговите поранешни социјалдемократски сопартијци. Дебатата именувана како „Разговори за иднината во 12.05“, според поканата која е објавена во јавноста, има за цел „искрена ...
Во рамките на четирите фестивалски вечери, публиката имаше можност да ужива во настапите на изведувачи и кореографи од Кина, САД, Бразил, Јужна Кореја, Германија, Шпанија, Италија и Македонија. –Годинашното издание на фестивалот „Креденс денс“ со својата програма беше дел од активностите за чествување на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тоа подразбираше сериозно дизајнирана ...
Претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ, го доби Гран при – највисокото признание на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска – еден од најзначајните фестивали посветени на камерниот театар во регионот. Актерката Маја Љутков, пак, беше наградена за главна женска улога за својата изведба на ликот на Анна. Во образложението за Гран-при, жирито наведува дека наградата се доделува на силната и ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, експресно го заврши настапот на третиот гренд – слем турнир сезонава – Вимблдон. Таа во првото коло на турнирот за нешто повеќе од еден час игра беше елиминирана од минатогодишната финалистка Американката, Аманда Анисимова со 6:3, 6:2. Во првиот сет Анисимова направи само еден брејк, во четвртиот гем, а потоа во деветтиот ја искористи првата сет топка и поведе со 1:0. Во вториот сет Американката ...
Македонската млада триатлонка Илина Станојевска продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена, откако викендов го освои првото место во категоријата Млади кадетки U13 на натпреварот Triathlon Zagorje 2026, кој се одржа во Бедековчина, Хрватска, како второ коло од Хрватската триатлон лига (HTL). На суперспринт дистанца од 375 метри пливање, 11,4 километри велосипедизам и 2,6 километри трчање, Илина триумфираше со време од 44:17, ...
Од древната астрономија и народната уметност до локалните обичаи и историските знаменитости, младите кинески дизајнери сè почесто ја претвораат богатата културна традиција во современи и атрактивни производи. Со спојување на наследството и креативноста, тие создаваат предмети што ги привлекуваат и домашните и странските потрошувачи. Овој тренд придонесува за зачувување и популаризација на културните вредности, но и за нивно приспособување кон ...
Пет лица се уапсени откако се урна станбена зграда во Атина, објавија грчките медиуми. Во Атина е во тек голема операција за пребарување и спасување откако четирикатна станбена зграда се урна во населбата Петралона на улицата Алкменис број 22 денес околу 13:30 часот. „Ја видов целата станбена зграда како се урна пред моите очи како картонска кутија“, рече очевидец. Κατάρρευση πολυκατοικίας στα Πετράλωνα pic.twitter.com/khawqk7YFs — ...
Одговорно тврдиме дека новиот изгласан Закон за игри на среќа и забавни игри содржи одредби кои се во спротивност со темелните вредности, но и со членот 55 од македонскиот Устав со кој уставотворците предвиделе гаранции за слободата на пазарот и претприемништвото. Доколку предлагачите на законот навистина сметаа дека игрите на среќа се штетни по здравјето на луѓето, тогаш тоа мораше прво да го докажат во соодветна правосудна постапка, а потоа ...
Во изминатите две години создадовме политики што носат конкретни ефекти, а една од нашите најголеми одговорности беше заштитата на животниот стандард на граѓаните – рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција за отчет за сработеното. Според Дурмиши, остануваат бројни предизвици, но реформите што ги започнале се цврста основа за поконкурентна, поиновативна и поотпорна економија. Работевме, рече министерот, во ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека оваа недела ќе се одржи состанок и со доставувачите и со производителите, на која ќе се разговара за обезбедување пониски цени на основните прехранбени производи – дефинирана цел на минатонеделната средба со трговците. Одговарајќи на новинарско прашање, Дурмиши денеска рече не може да каже конкретен датум кога ќе биде готов извештајот од контролите на Пазарниот инспекторат, со кои треба ...
Сточарите од Пелагонија вчера излегоа на протест во Битола, барајќи итна исплата на субвенциите за 2025 година по грло добиток и премиите за предаденото млеко, кои, според нив, не се исплатени веќе една година. Со протестот, тие го изразија револтот поради, како што велат, сè потешката состојба во македонското сточарство. На членовите на Здружението на сточари „Пелагониско Поле“ им се придружија сточари, земјоделци и земјоделски здруженија од ...
Жетвата на јачменот и пченицата почна, но наместо задоволство од сработеното, земјоделците и годинава се соочуваат со старите проблеми – ниски откупни цени, високи производствени трошоци и неизвесен пласман. Производителите предупредуваат дека одгледувањето на житни култури станува сè понерентабилно и дека, доколку државата не интервенира, сè повеќе земјоделци ќе ги намалуваат површините под пченица и јачмен или целосно ќе се откажуваат од ...
Градските власти најавуваат дека веќе е деблокиран процесот на донесување на овој значаен документ и дека Градот веќе постапува во насока на склучување договор со Државниот завод за статистика за обезбедување на податоците од Пописот 2021 по транспортни зони, неопходни за финализирање на транспортниот модел, активирање на постапката за одобрување на Планската програма, нејзино разгледување во Партиципативното тело и Комисијата за урбанизам и ...
Голема градежна офанзива со силна динамика се одвива во населбата Скопје Север, за што како што велат од Општина Бутел се влоќени над 60 милиони денари. При тоа, завршена е реконструкцијата на вториот крак на улицата „Боро Менков“, во рамките на која се опфатени и тротоарите, како и паралелните паркинзи. -Ги реконструираме и сите пристапни патеки до зградите. Со оваа реконструкција се опфатени зградите на улиците „Боро Менков“, „Костурска“, ...
Општина Аеродром продава плац покрај кејот на Вардар, на потегот меѓу населбите Аеродром и Ново Лисиче, по пат на јавно надавање. Предмет на јавното наддавање е градежна парцела ГП 1.7 со вкупна површина од 23.285 квадратни метри која се наоѓа покрај кејот на реката Вардар, во рамките на Градска четврт И14, во непосредна близина на Спортскиот центар „Јане Сандански“. – Станува збор за реализација на важечки Детален урбанистички план донесен ...
Утринава, повторно се разгоре пожарот што избувна синоќа помеѓу гробиштата Бутел и Шуто Оризари. Од Центарот за управување со кризи информираат дека преку бројот 112 била добиена пријава за пожар на сува трева и ѓубре и оти тој се проширува кон куќите, кај „Џиди Комерц“, во Шуто Оризари. Воедно, известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека пријавата за пожарот била ...
Скопјани реагираат дека на овие летни горештини, кога температурите достигнуваат и до 39 Целзиусови степени, нема доволно чешми низ градот за да се напијат вода и да ја изгаснат жедта, но и дека оние што функционираат се несоодветни, односно дека од нив водата или се прелева и напразно тече или, пак, имаат толку слаб млаз вода што е невозможно да ја изгаснеш жедта. И додека граѓаните се жалат на состојбата со чешмичките за пиење вода низ ...
Четирикатна станбена зграда одеднаш се урна денес во Атина, а се верува дека четири лица се заробени во урнатините. Спасувачите ги бараат заробените лица, додека постои сомнеж дека приина за уривањето се градежните работи во близина. Четири лица се заробени откако денес се урна четирикатна станбена зграда во областа Петралона во Атина, соопшти противпожарната бригада. Според првичните информации, не е јасно што предизвикало уривање на ...
Пет лица се уапсени откако се урна станбена зграда во Атина, објавија грчките медиуми. Во Атина е во тек голема операција за пребарување и спасување откако четирикатна станбена зграда се урна во населбата Петралона на улицата Алкменис број 22 денес околу 13:30 часот. „Ја видов целата станбена зграда како се урна пред моите очи како картонска кутија“, рече очевидец. Зградата имала седум стана, а спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините за ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, засега нема да замине на издржување на затворската казна, иако според упатниот акт требаше на 2 јули да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Причината за одложувањето е барањето што Јакимовски го поднел на 12 јуни, во кое побарал одложување на извршувањето на казната поради здравствената состојба. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека судијата за извршување санкции ...
Местото на кое се одржа концертот (паркот Расадник), понајпрво ечеше од најубавите македонски народни и патриотски рефрени во моќната изведба на Влатко Миладиноски, по што сцената ја презеде македонската поп–ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано, раперот Таско, 2-Бона и балканскиот миленик раперот Војаж Музичкото роденденско лето 2026, во скопската “Кисела вода”, успешно заврши со одличен настап на популарните Влатко Миладиноски и Влатко Лозаноски ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека вчера била пронајдена артилериска граната од 75 милиметри од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Станува збор за неексплодирано убојно средство, кое веднаш било обезбедено од надлежните служби. Пиротехничарот од ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, појасни дека гранатата е од типот топовски проектили од Првата светска ...