Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика поплави и сообраќаен хаос на повеќе локации, но состојбата веќе е ставена под контрола, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од кружниот тек кај „Ист гејт“, кој беше една од најкритичните точки. Тој информираше дека во расчистувањето на последиците биле ангажирани повеќе од 1.000 работници од градските служби и јавните претпријатија. „Како што можете да забележите, состојбата овде е ...

Денешното невреме го потопи Скопје и за кратко време предизвика поплави, материјални штети и сериозен сообраќаен хаос во повеќе делови од градот. Сообраќајници под вода, паднати дрвја, запушени шахти, возила под вода…и бројни проблеми низ градот. До Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број 112, пристигнале десетици повици од граѓани кои пријавувале поплавени подруми, дворови и магацини, како и заглавени ...

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид е пред промоција на нов тренер. Според шпанските медиуми, претседателот Флорентино Перес го избрал Педро Мартинес, кој сезонава ја предводеше Валенсија до титулата во шпанското првенство. Искусниот 65-годишен стратег треба да потпише тригодишен договор и за неговиот ангажман Реал ќе плати отштета од околу еден милион евра. Мартинес, наводно, ќе заработува 1,2 милиони евра од сезона. Тој има повеќедецениско ...

Меѓународниот аеродром Скопје, со кој управува ТАВ Македонија, воведе нова опрема за безбедносна проверка, во вредност од еден милион евра. Станува збор за инсталација на два уреди за напредна проверка на рачниот багаж со компјутерска томографија, како и за две нови автоматизирани транспортни ленти. Од компанијата информираат дека новата технологија значително ќе ги унапреди безбедносните стандарди, ќе ја зголеми ефикасноста на контролата и ...

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика бројни проблеми низ градот, а на повеќе локации се евидентирани паднати дрвја како последица на поројниот дожд и силниот ветер. Едно од поголемите дрвја падна на булеварот „Св. Климент Охридски“, при што беше попречено одвивањето на сообраќајот. Според првичните информации, за среќа, во инцидентот нема повредени лица, ниту е причинета поголема материјална штета. Надлежните служби се ...

Најмалку пет лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што избувна во 10-катна станбена зграда во Антверпен, соопшти белгиската полиција. Густ чад се издигаше од осмиот кат на зградата во населбата Линкероевер откако пожарот избувна непосредно пред 10 часот по локално време денеска. Драматичните снимки покажуваат маж како се качува од балконот низ прозорецот на соседот за да избега од црниот чад. Полицијата вели дека повеќе од 200 луѓе ...

Скопје попладнево се најде под вода откако силно невреме проследено со пороен дожд за кратко време предизвика поплави, материјални штети и сериозен сообраќаен хаос во повеќе делови од градот. До Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број 112, пристигнале десетици повици од граѓани кои пријавувале поплавени подруми, дворови и магацини, како и заглавени возила на неколку критични сообраќајни точки. Според ЦУК, ...

Мексико со победата од 2:0 над Еквадор обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, но по натпреварот главна тема не беа головите, туку судењето на словенечкиот арбитер Славко Винчиќ. Домаќинот ја заврши работата уште во првото полувреме, кога Кинонес и Раул Хименес ги постигнаа головите за триумф на преполната „Ацтека“. Сепак, навивачите и дел од јавноста во Еквадор сметаат дека била оштетена нивната репрезентација со неколку ...

Во силниот пороен дожд што попладнево го зафати Скопје, граѓаните се снаоѓаа на најразлични начини за да се заштитат од невремето. Додека едни бараа засолниште под настрешници, а други отвораа чадори, еден минувач привлече внимание со своето необично решение. Тој ставил голема црна пластична кеса преку главата и горниот дел од телото, обидувајќи се барем делумно да остане сув додека се движел низ поројниот дожд. Сцената уште еднаш покажа дека ...

Делови од централна, источна и јужна Европа беа зафатени од силен топлотен бран во понеделник, бидејќи таканаречената „топлотна купола“ одговорна за рекордните температури од минатата недела се движеше кон исток, носејќи опасни временски услови во нови делови од континентот. Европскиот центар за среднорочни временски прогнози соопшти дека температурите во Будимпешта денес би можеле да надминат 40 степени Целзиусови. Белград и Букурешт ...

Присуство на кокаин, THC и кетамин е откриено во воздухот што го дишат граѓаните во неколку италијански градови, според нова студија за квалитетот на воздухот спроведена на 38 мерни станици во 16 градови. Највисоки концентрации се забележани во Рим, додека траги од овие супстанции се регистрирани и во Местре на мерната станица на Научниот кампус на Универзитетот „Ка’ Фоскари“. Анализата претставува нов начин за следење на преваленцата на ...

Температурата на површината на морето во светот достигна рекордно високо ниво од речиси 21 степен Целзиус на првиот ден од летото на северната хемисфера, според податоците од европската програма за следење на климата „Коперникус“ објавени во среда. Службата за климатски промени „Коперник“ измери просечна температура на површината на морето од 20,86 степени Целзиусови на 21 јуни, додека нејзината поморска служба регистрираше вредност од точно ...

Авиокомпаниите и аеродромите побараа од Европската комисија да дозволи привремено суспендирање на новиот биометриски систем за гранична контрола на аеродромите на ЕУ за време на шпицот на летната сезона, предупредувајќи дека патниците чекаат до пет часа, а некои авиони полетуваат полупразни. Во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ACI Europe, Airlines for Europe и Меѓународната асоцијација за воздушен ...

Две лица загинаа во шумски пожар што зафати куќа во пошумено село во северна Грција, соопшти противпожарната служба. Пожарот избувна во вторник попладне во ниска вегетација и, поради силните ветрови, брзо се прошири и ја зафати куќата во близина на селото Лити, на околу 25 километри од Солун, објавија локалните медиуми. Пожарникарите пронајдоа тело на маж во близина на куќата додека го гаснеа пожарот, а уште едно тело беше откриено во куќата. ...

Полицијата на Брач заплени два електрични тротинети управувани од две момчиња помлади од 14 години. Против нивните родители ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Како што објави Сплитско-далманската полициска управа, во вторник околу 12:15 часот во Сутиван, полициски службеници запреле 12-годишно и 13-годишно дете во два одделни случаи кои управувале електрични тротинети без заштитни кациги. Утврдено е дека двајцата управувале возила пред да ...

Насилниците од видеото на најновото врсничко насилство во населбата Аеродром се повикуваат во полициска станица. Од полицијата информираат дека разговарано е со девојчето-жртва во присуство на родител, а за случајот е известен и јавен обвинител. Видеото од последното насилство на малолетници, од основно училиште, предизвика бурни рекации во јавноста дека родителите мора да преземат нешто со насилничкото однесување на децата. Неодамна ...

Леброн Џејмс, најдобриот стрелец во историјата на НБА, би можел да ја заврши својата осумгодишна ера во Лос Анџелес Лејкерс. Според американските медиуми, легендарниот кошаркар решил да не ја продолжи соработката со клубот и ова лето ќе побара нов предизвик. Веста ја објави реномираниот НБА инсајдер Шамс Чаранија, кој тврди дека Џејмс веќе ги известил челниците на Лејкерс за својата одлука. Така, клубот ќе има доволно време да ги планира ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски. Од Општина Карпош информираат дека и во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционирала организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација. -Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските ...

Поради силното невреме кое го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Град Скопје е во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. -Сите капацитети се ...

Во Македонија, во моментов, 168 пациенти чекаат трансплантација на бубрег, 37 на срце, 12 на црн дроб и 23 на рожница, податоци што, според Министерството за здравство, ја покажуваат потребата од унапредување на системот за органодарителство. Токму затоа, од 1 октомври 2026 година, во системот „Мој термин“ ќе почне да функционира нов модул преку кој секој полнолетен граѓанин ќе може официјално да се изјасни дали по смртта сака или не сака да ...

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи со презентација на материјални докази откако Судот го одби како неосновано барањето за изземање на јавната обвинителка Наташа Сарамандова, поради, како што наведе одбраната на обвинетите, пристрасност при водењето на процесот. По два часа доцнење поради проблеми со спроводот од истражниот затвор „Шутка“, судењето започна во напната атмосфера. – Почитувани, ова не е секојдневен и ...

Промовирана е новата платформа „Разговори за иднината во 12.05“ чија што цел, како што е соопштено, покрај другото, е подигнување на нивото на општествената дебата. Во соопштението по одржаната средба во еден скопски хотел се наведува дека учесниците припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. -Едната група се влијателни граѓански активисти кои никогаш не биле членови на политички партии, другата група се гласни актуелни ...

Србија ќе го позајми македонското решение за наплата на сообраќајните казни од странците што при транзит прават прекршоци, регистрирани на камерите од „Безбеден град“. – Токму одовде, од овој граничен премин (Табановце), ги известувам оние со странски регистарски таблички дека се евидентираат прекршоците и казните ќе бидат доставени за многу брзо време – кажа на заедничката средба со својот српски колега министерот за внатрешни, Панче ...

Силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и локален град попладнево го погоди Скопје, предизвикувајќи поплавени улици и сериозни проблеми во сообраќајот низ повеќе делови од градот. За многу кратко време наврна голема количина дожд, поради што на повеќе критични сообраќајници се создадоа големи количини вода. Возачите се соочуваат со отежнато движење, а на одредени локации сообраќајот е целосно во прекин. Речиси сите делови од ...

ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ ВО ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ТРГНАА ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА, НО… Почна, но, поради големиот број амандмани, запре собраниската процедура за усвојување на измените во изборното законодавство, што укажува дека ќе биде неизвесно дали ќе се применуваат нови изборни правила на следните избори. Ваков е епилогот од денешните случувања околу судбината на предложените измени во Изборниот законик договорени прво во меѓупартиската ...

КОМПЛЕТИРАНА ВЛАДИНАТА РЕКОНСТРУКЦИЈА, ПРЕДЛОГОТ СПАКУВАН ЗА УСВОЈУВАЊЕ Осум нови личности, една рокада, еден укинат ресор и останување на 14 досегашни вицепремиери и министри е билансот на реконструкцијата на владиниот кабинет предводен од премиерот Христијан Мицкоски. Веќе се познати имињата на новите станари во владината зграда на улицата „Илинденска 2“, што покажува дека идниот владин состав ќе има вкупно 23 члена, еден помалку од ...

Во Младинскиот културен центар во Скопје, на 2 јуни со почеток од 20:00 часот, премиерно ќе биде одиграна претставата „Теорема, леме“ според филмот и романот на Пјер Паоло Пазолини, кој првпат се поставува на театарска сцена во државава. Претставата е во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ од Црна Гора, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“, кој има над 20 продукции, вклучувајќи ја и најновата претстава. – Доколку ви се јави ...

„Пустинско срце: петнаесет години во Авганистан“ од Ана Пејчинова е нова книга што излезе од печат во издание на „Или-или“. Станува збор за книга на сеќавања, заснована на вистинити настани, во која авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Низ лична, динамична и книжевно обликувана проза, Пејчинова го води читателот низ Кабул, Кандахар, Лашкар Гах и други места обележани од војната, пустината, ...

Изложбата „Поместени граници“ која е дел од годинешното „Скопско лето“, како што посочуваат од ДЛУМ, традиционално ги обединува современите уметнички практики што ги истражуваат актуелните индивидуални и колективни искуства преку визуелниот израз. Ги преиспитува постојните уметнички пристапи и поттикнува нови, нестандардни начини на создавање ликовно дело Традиционалната биенална изложба на ДЛУМ, „Поместени граници“, чиј организатор е ...

Елиминацијата на Јужна Кореја во групната фаза од Светското првенство предизвика скандал од невидени размери. Гневот на навивачите ескалираше до тој степен што селекторот, Хонг Мјунг-бо, до неодамна фудбалска легенда на нацијата, мораше да лета дома со некои од играчите под закрила на ноќта, а националната телевизија дури и го замагли неговото лице во извештаите. Хонг и неколку од играчите на репрезентацијата слетаа на аеродромот околу 4 ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.48
30%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.45
36%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
4.34
37%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.89
32%
1010
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.07
24%
1009
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
50%
1015
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.64
26%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.25
29%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
41%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.08
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Родиум

278103.96

Злато

137126.15

Паладиум

43435.66

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Платина

55652.94