Премиерот Еди Рама во сабота наутро ќе претседава со состанокот на Пратеничката група на Социјалистичката партија, на кој ќе присуствуваат и министри. Состанокот ќе го отвори шефот на пратеничката група, Таулант Бала, по што ќе следи обраќање на премиерот. Главна тема на состанокот ќе биде процесот на европска интеграција на Албанија. Пратениците ќе бидат информирани за заклучоците од осмата Меѓувладина конференција меѓу Албанија и ...

Премиерот Еди Рама во сабота наутро ќе претседава со состанокот на Пратеничката група на Социјалистичката партија, на кој ќе присуствуваат и министри. Состанокот ќе го отвори шефот на пратеничката група, Таулант Бала, по што ќе следи обраќање на премиерот. Главна тема на состанокот ќе биде процесот на европска интеграција на Албанија. Пратениците ќе бидат информирани за заклучоците од осмата Меѓувладина конференција меѓу Албанија и ...

Фото: Министерство за транспорт Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша. Како што стои во соопштението на Министерството, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата на заеднички ...

Со европски пари почнува изградба и асфалтирање на патот до селото Туминец, Општина Пустец, каде се наоѓа познатиот манастир „Света Марена“ во рамки на проектот „CrossRoad“, финансиран од Европската Унија преку програмата Interreg VI-A IPA Грција–Албанија 2021–2027 година. Може да кажам дека ова е долгоочекувана вест, на задоволство на жителите, но и на многубројните посетители. Станува збор за уредување и асфалтирање на делницата од ...

Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, го потпишаа договорот за прекин на војната на Блискиот Исток, со кој Исламската Република се согласи да го разреди својот збогатен ураниум во замена за значително олеснување на економските санкции. Трамп го потпиша Меморандумот за разбирање за време на свечена вечера во дворецот Версај, по завршувањето на самитот на Групата Г-7, во присуство на францускиот претседател Емануел ...

Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, го потпишаа договорот за прекин на војната на Блискиот Исток, со кој Исламската Република се согласи да го разреди својот збогатен ураниум во замена за значително олеснување на економските санкции. Трамп го потпиша Меморандумот за разбирање за време на свечена вечера во дворецот Версај, по завршувањето на самитот на Групата Г-7, во присуство на францускиот претседател Емануел ...

Инвестициите не носат само нови поврзувања, тие го редефинираат начинот на кој Европа се гледа себеси и својата позиција во светот, порача Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница на отворањето на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што се одржува денеска во Солун. Како што посочи Закоњшек, транспортот не се состои само од инфраструктурата и не се ...

Од 4 до 7 јуни, во Тирана се одржа 29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за прв пат во Албанија и во годината кога се одбележува 30-годишнината од АГСМ. Учествуваа околу 40 претставници на словенските малцинства од цела Европа. Настанот беше организиран заедно со Македонското друштво “Илинден“-Тирана, кое го претставува Македонското малцинство во Албанија. Фокусот беше ставен на состојбата на ...

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски денеска (18 јуни) во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет. На состаноците ќе стане збор за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, распределбата на одговорности во командните структури на НАТО, како и за претстојниот ...

Коринтскиот канал, што го дели полуостровот Пелопонез од континентална Грција, од денеска е повторно отворен за пловидба во пресрет на туристичката сезона, а по речиси осум месеци работа за санација на косините и заштита од одрони, јави дописничката на МИА од Атина. Коринтскиот канал најчесто во текот на зимскиот период е затворен за пловидба и се изведуваат работи на косините на каналот за да се избегнат одрони, а од надлежната компанија ...

Европратениците го одобрија извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година на денешната пленарна седница во Стразбур. Резолуцијата беше поддржана од 411 европратеници, додека 120 гласаа „против“. Гласањето се одржа по жестока дебата за текстовите поврзани со спроведувањето на обврските на Македонија според преговарачката рамка со ЕУ. Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц, со кој ќе се избрише ставот 73 од идната ...

Европскиот парламент на денешната седница ја усвои нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Албанија за 2025 година, со 483 гласови „за“, што сигнализира јасна политичка поддршка за процесот на европска интеграција на земјата. Извештајот, изготвен од известувачот за Албанија, Андреас Шидер, претходно беше дискутиран во Комитетот за надворешни работи, каде што доби 58 гласови „за“, 7 „против“ и исто толку ...

УНЕСКО го осуди нападот врз Киево-Печерската лавра на 15 јуни, опишувајќи го како сериозен удар врз едно од најважните духовни и културни обележја на Украина. Во соопштение објавено во неделата, УНЕСКО изрази длабока загриженост поради штетата предизвикана на локалитетот на светското наследство, официјално впишан под називот „Киев: Соборниот храм Света Софија и поврзаните манастирски објекти, Киево-Печерска лавра“. Според организацијата, ...

Амбасадорот Ерик Вендт е потврден од страна на американскиот Сенат со 51 глас „за“ и 47 „против“, добивајќи конечно одобрение за неговата дипломатска задача. Гласањето на пленарната седница следи по претходното одобрување во надлежниот комитет на Сенатот, каде што неговата кандидатура доби поддршка од мнозинството членови. Претходно, неговата кандидатура доби поддршка од Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат со 19 гласови ...

На 17 јуни 1990 година беше одржано Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје. Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир. Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон ...

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во реакција околу дебатите за проектот за развој во областа Зврнец и Сазан, и загриженоста што ја изразија еколошките организации, наведува дека е во постојан контакт со премиерот Еди Рама и Владата и оти добиле гаранции дека овој проект ригорозно ќе ја почитува правната рамка на Европската Унија, во врска со заштитените подрачја и грижата за животната средина. „Европската комисија е ...

Известувачите на Европскиот парламент за пет земји од Западен Балкан ги презентираа нацрт-резолуциите на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот во нивниот европски пат. Извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Црна Гора беа претставени од известувачите за време на денешната дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Во дебатата учествуваше и комесарката за проширување на ЕУ, ...

Денеска Владата на Републик Македонија го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за ...

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на маргините на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), се сретна со Франческа Романа Д’Антуоно, италијанска политичарка и копретседател на Volt Europa, политичка сила застапена во Европскиот парламент. За време на средбата ја информирав за положбата и за предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија, особено ...

Европската комисија доби гаранции од албанската влада дека ќе се спроведе целосна проценка на влијанието врз животната средина и дека ќе се почитуваат европските еколошки стандарди, изјави комесарката за проширување Марта Кос, коментирајќи ги неодамнешните случувања околу проектот поврзан со Џаред Кушнер. Според Кос, овој проект, како и сите тековни проекти, мора да бидат во согласност со законската рамка и критериумите според Поглавје 27 за ...

Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник. Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени, рече лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на Генералното собрание на Европската слободна алијанса ...

Дипломираниот архитектект на престижниот универзитет во Венеција, Тарик Семси, од турската етничка припадност, по потекло од село Коџаџик, Општина Центар Жупа, испиша историја, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција. Дваесет и осум годишниот Тарик, кој живее во Италија, обезбеди место во 36-члениот општински совет на локалните избори во овој италијански град, како кандидат на независната листа на кандидатот за ...

Според податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ), во однос на пазарот на труд, во Албанија присутен е нов феномен. Сега доминираат активни пензионери, а не млади луѓе. Во третата доба, пензионирањето не ги спречува да продолжат да обезбедуваат дополнителни средства, објавија медиумите. Во периодот 2019-2025 година, бројот на активни пензионери на пазарот на трудот се зголемил на околу 177 илјади, додека во исто време околу 144 илјади ...

Фото: Министерство за дигитална трансформација Овој успех е резултат на домашни човечки и инфраструктурни капацитети на Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од партнерите од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, на кој учествуваат повеќе од 400 излагачи на воена опрема. За време на одржување на меѓународниот саем министерот Мисајловски ќе присуствува и на приемот за министрите за одбрана чиј домаќин е министерката за одбрана на француските вооружени сили, Катерине Ваутрин и ќе оствари средба ...

Фудбалската репрезентација на Германија на импресивен начин го отвори настапот на Светското првенство 2026, совладувајќи го Курасао со убедливи 7:1 во натпреварот од првото коло во групата Е. Уште од самиот почеток беше јасно дека станува збор за пресметка меѓу две селекции со различен квалитет. Германците влегоа како апсолутни фаворити против дебитантот на Мундијалите, но Курасао сепак успеа да испише историски момент. Германската ...

Албанскиот премиер Еди Рама повторно крена прашина со своите драматични изјави, овој пат обвинувајќи го Иран за директно финансирање и насочување на масовните еколошки и политички протести во земјата преку хибридна војна, која во јавноста стана позната како „Фламинго револуција“. Протестите се насочени против луксузниот проект вреден 1,6 милијарди долари на островот Сазан, кој го води Џаред Кушнер, зет на поранешниот и сегашен американски ...

Бизнис форумот што го одржавме во Истанбул беше одлична можност за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Турција. На средбите со министерите за трговија и министерот за транспрот договоривме воведување на нова авиолинија од 2 јули, линијата Анкара-Скопје како и железничко карго поврзување меѓу двете земји, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Сител. Тој ...

Славјето на навивачите траеше доцнa во ноќта, а прославата имаше посебна тежина, по 50 години чекање, Њујорк повторно е на врвот на НБА Њујорк Никс ја освоија титулата во НБА за прв пат по 53 години, откако ги победија Сан Антонио Спарс со 94-90 во петтиот натпревар од финалето на НБА, со што серијата ја завршија со убедлива победа од 4-1. Херој на победата беше Џејлен Брансон, кој постигна 45 поени, од кои 13 во последната четвртина, и ...

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот кои се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, како и црвен икс (X) – означува затворена лента. Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски ...

Малиџано

5 часа - МИА
weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.43
35%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
55%
1015
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.94
53%
1014
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.34
38%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
0.8
30%
1017
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.73
70%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
5.36
40%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.82
27%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
33%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
44%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.34
39%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
3.7
68%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Алуминиум

3.23

Платина

56295.96

Иридиум

252383.36

Сребро

1954.91

Калај

55.95

Родиум

269262.50

Бакар

13.37

Злато

133030.14

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Паладиум

43242.75