Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Да се оди веднаш на предвремени парламентарни избори, порачаа од ДУИ, во соопштението по состанокот кое го проследуваме во целост: Овој став е заеднички и на сите партнери во рамки на коалицијата Национална Алијанса за Интеграција, кои оценуваат дека по три изборни циклуси по ред – претседателски, парламентарни и локални – волјата на граѓаните е јасна, недвосмислена и во поддршка на НАИ. Во период пократок од една и пол година, граѓаните на ...
По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се ...
Прес конференција, Гоце Милевски, кандидат за градоначалник на Виница: Почитувани сограѓани, драги виничани, Чувствувам потреба и обврска како кандидат за градоначалник на Виница да ви се обратам на почетокот на изборниот процес во вториот круг. Изборниот процес пред првиот круг во Виница започна со насилство, инциденти и нарачани апсења на неистомисленици на ВМРО–ДПМНЕ, а сега продолжува со закани, уцени и казни на секој чекор. Веќе повеќе од ...
Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром: Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, јасно и конкретно ги претставувам моите приоритети за урбаните заедници Населба Лисиче, Горно Лисиче и Долно Лисиче – за подобар, похуман и побезбеден живот на сите жители. Во Населба Лисиче, ќе се заложам за ревизија на Деталниот урбанистички план (ДУП) кој во сегашната форма не е во согласност со ...
„Воведуваме месечни ваучери за користење на вештачка интелигенција, со цел младите да добијат пристап до современи дигитални алатки и да ги унапредат своите знаења и вештини. Во новиот мандат вложуваме во младите преку конкретни мерки кои ќе им овозможат да го развијат својот потенцијал и да бидат подготвени за иднината,“ изјави кандидатот за градоначалник на Општина Центар за втор мандат Горан Герасимовски. Тој посочи дека особено внимание ќе ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во емисијата „360 степени“ на МРТВ истакна дека граѓаните ја препознале неговата посветена и одговорна работа во изминатите четири години и дека очекува победа во вториот круг. Герасимовски посочи дека лично им честитал на двете кандидатки, кои излегоа од трката, за одличниот успех. Не разговарале за политичка поддршка туку за квалитетните програми и предлози што ги понудиле ...
– ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, се вели во соопштението на СДСМ. Од Бихаќка додаваат дека Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 ...
Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно. Поради скратената работна недела, даночните обврзници располагаат со пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг. Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е ...
Периодот на растечки трошоци за живот и слаб економски раст повторно ја отвори дебатата околу динамиката на покачувањето на минималната плата. Иако јавноста очекуваше нова корекција во текот на 2025 година, надлежните институции најавија дека следното покачување ќе се реализира дури во март 2026 година. Ова одложување ги става под лупа прашањата: како ќе се справат работниците со тековните цени и што ќе преземе државата во меѓувреме?, анализира ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка: Почитувани медиуми, Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија. Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски ...
Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес пред споменикот на Даме Груев во дворот на Заводот и музеј, свежо цвеќе положи градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и претставници на Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци, на политичките партии и Здружението на ветерани од безбедноста. „Пред 132 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд Скопје, изврши претреси на повеќе локации низ град Скопје, при што лишени од слобода се 11 лица поради основано сомневање за сторени кривични дела “Лихварство” и “Перење пари и други приноси од казниво дело”. МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за ...
Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од Европската Унија. Дигиталната алатка обезбедува упатства чекор по чекор за најефикасните начини за низа локални компании за да го намалат својот јаглероден отпечаток како дел од светската борба против климатските промени. Комората го изработи водичот во соработка со советодавниот тим на Европската инвестициска банка и ...
Најновотото истражување за Основна полова проценка извршено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility -GEFF) открива постојан полов диспаритет во однос на пристапот до климатското финансирање во Северна Македонија. Програмата пласира финансиска поддршка во Северна Македонија од 2017 година, обезбедувајќи финансирање за сопственици на домови, за инвестиции во ...
На конференцијата International Freelance Conference, организирана од Импакт фондација, се отвори една од најважните теми за современите фриленсери, нивната (не)вклученост во финансискиот систем и предизвиците со кои се соочуваат при пристап до кредитни инструменти, картички и други финансиски алатки. Во време кога фриленсерството расте со забрзано темпо, државните институции и понатаму се потпираат на застарени модели за проценка на кредитна ...
Честитка од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба Драги сограѓани, Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска улога на македонската револуционерна организација, врз чиј дух и дело почива македонската државност. Многупати сум потсетила дека животот во слобода, мир и демократија во своја ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија. Договорот ја отвора можноста за воспоставување на нови директни авиолинии меѓу двете земји, а со тоа и зголемување на бројот на туристи од Велика Британија. Овој Договор се потпиша на иницијатива на ...
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР вчера, по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, извршија претреси на повеќе локации низ Градот Скопје, поради основано сомневање за сторени кривични дела Лихварство и Перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинителот, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 осомничени лица за кои ...
Состојбата со сметот во градот, а со тоа и во Општина Центар, е крајно загрижувачка и бара итни и кризни мерки на општинско ниво, откако нема информација дали и кога Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжат со собирањето на сметот. Градоначалникот Герасимовски денес во 11 часот го свика Штабот за заштита и спасување со цел да се донесат итни одлуки за справување со кризата со сметот. Во текот на вчерашниот ден и ноќта, ЈП „ПОЦ“ продолжи со ...
Претпладне по одделни котлини со појава на магла и намалена хоризонтална видливост до 50 метри. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, претпладне во делови од котлината магливо. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше дел од работилница во организација на Министерството за здравство, а со поддршка на Светската здравствена организација(СЗО), која има за цел унапредување на комуникацијата и координацијата, како предуслов за функционална институција, а со тоа и ефективен здравствен систем. -Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и евалуација на нашите ...
За кривично дело – Помагање на странец при незаконит престој предвидено во член 212 став 1 и 3 од Законот за странци осомничени се двајца турски државјани, на возраст од 30 и 26 години. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите ...
Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за медиуми пред почетокот на средбата со претставниците на ЗЕЛС за хаосот со сметот во Општина Центар, но и на територија на градот Скопје потенцираше дека мора да се најде итно решение за овој проблем кој веќе ги помина сите граници на нормално живеење. „Изминатите пет дена немаше воопшто ниту еден камион од комуналното претпријатие на територија на Општина Центар. Ние имаме дополнително изнајмена ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска г. Ола Солстром, на кого му го честита назначувањето на амбасадорската функција и му посака успех на новата должност, изразувајќи надеж дека и во иднина ќе продолжи многу успешната и динамична соработка со Шведската Амбасада. Тој ја искористи можноста и да изрази благодарност до Кралството Шведска за ...
Уставниот суд денеска ја одржа 22. седница на која дискутираше за осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и два предлога за донесување на одлуки. I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.176/2024 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 141-а од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ ...
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Лондон, оствари билатерална средба со државниот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии на Обединетото Кралство, Стивен Доти, на маргините на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Средбата претставуваше можност за потврдување на континуираната поддршка што Обединетото Кралство ѝ ја пружа на ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ. На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји. На Македонија се ставени ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2025 година, изнесува 45 310 денари. Во август 2025 година, во однос на август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.6 %, Образование за 14.5 % и Административни ...
На 21.10.2025 во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ишија од слобода лице (23) од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. , со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко (46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без документација. Мажот е лишен од слобода и по документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни ...