Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјава заедно со претставници на казахстанска деловна заедница. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, при што, претседателката нагласи дека средбите на највисоко ниво во изминатиот период, вклучително и разговорите со претседателот ...

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни. – Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш ...

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk е повторно во функција. Со завршувањето на активностите за техничка интервенција и надградба на опремата, овозможено е повторно нормално функционирање на порталот и достапност на електронските услуги за граѓаните. Министерството им изразува благодарност на граѓаните за покажаното трпение и разбирање за време на ...

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ ТМВ: Во 06:45 часот пренасочен товарен сообраќај Стенковец -БП Дизел. ИЗВЕСТУВАЊЕ: На 20.04.2026 година ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, делница Плетвар-Прилеп и истата ќе трае до завршувањето на санацијата. Сообраќајната согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...

Министерот Минчев ја продолжи својата интензивна агенда со уште една значајна средба во Будва, каде во рамки на министерска конференција оствари билатерална средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европска комисија, Валентина Суперти. Средбата претставуваше континуитет на разговорите што претходно се одржаа во Брисел, при што соговорниците разменија мислења за натамошно ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава. Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, ...

Соопштение на СДСМ: Уште не постои важечко барање за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија. Барањето поднесено од претходната влада СДСМ е истечено, а актуелната Влада на Мицкоски не поднела ново барање. Исто така, нема активна потерница од Интерпол за негово апсење. Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не направиле за да го вратат Груевски во Македонија и да одговара пред правдата. Ова не е случајност. Ова е јасен доказ дека Мицкоски ја штити ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: На ВМРО-ДПМНЕ му е сосема јасно дека СДС мора да шири лаги и манипулации, врз основа на тоа постојат, но заради транспарентност и отчетност на граѓаните, и со оглед на тоа дека СДС се уште е најголема опозиција во Македонија мораме да ги разобличиме лагите. Прво, не ВМРО-ДПМНЕ, туку ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови. Второ, убедливо најниски цени ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска-портпаролка: Со празни фрижидери и празни џебови, граѓаните најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Секојдневието е сурово за народот, цените поскапеа, стандардот паѓа, платите не мрдаат, а граѓаните имаат сè помалку пари. СДСМ уште пред 50 дена предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на самиот почеток на кризата. Мицкоски не презеде ништо. ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против две млади лица од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници, извршиле преглед над второпријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од првопријавениот. СВР Битола поднесе кривична пријава против две млади лица од Битола, ...

На 19.04.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20) излетало од патот и удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, сите од с.Долно Свиларе, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен ...

Денес, 20 април 2026 година, во кампот за обука „Пепелиште“, со свечена церемонија беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената команда ...

Соопштение на Коалиција ВЛЕН: Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не брани народ, туку исклучиво ги штити криминалците што му се по мерак на Али Ахмети. Додека институциите конечно го расплетуваат деценискиот криминален јазол, оваа партија се враќа на својата единствена фабричка поставка, ширење лажни вести и глумење политички жртви. Но, граѓаните веќе не ги купуваат нивните ...

На состанок со шефовите на мисии на земјите членки на ЕУ, Прв заменик претседателот на Владата и Министерот за европски прашања, Беким Сали, го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027. Од вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка, со што би се овозможило ослободување на околу 70 милиони евра финансиска поддршка. Беше истакнат напредокот во клучните области како управување со јавни ...

На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза. Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна ...

Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.04.2026 до 17.04.2026 зема 151 примероци за физичко-хемиска и 151 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. ...

Соопштение на СДСМ: Кога граѓаните ќе влезат во продавница, кога ќе отидат на пазар, ќе платат сметки, кога ќе погледнат во своите празни паричници и празни фрижидери најдобро знаат колку е реална бајката на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Со Мицкоски стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, граѓаните имаат се помалку пари и живеат се полошо. Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека зеленчукот е ...

Пратеникот Миле Талевски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарното собрание на православието, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на ИПС на православието, учествуваше на Пролетниот состанок на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното собрание на православието, што се одржа од 17 до 19 април 2026 година во Тбилиси, Република Грузија. На настанот учествуваа делегации од ...

Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило ,,мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби. Денеска (19.04.2026) на електронска ...

На 18/19.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(28), лице(50), лице(45), лице(40), лице(26), лице(23) и 15-годишник, сите од Скопје, како и лице(28) од с.Јурумлери, скопско, М.Г.(29) од Хрватска и С.П.(24) од Грција затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, прашкаста материја, марихуана и таблети. По целосно документирање на случаите, против нив ќе ...

На 18.04.2026 во 13:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с.Пршовце, општина Јегуновце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице(34) од с.Шемшево и велосипед, управуван од малолетник од с.Пршовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот е известен јавен обвинител од Јавното обвинителство ...

„Граѓаните живеат многу полошо од пред две години, кога на власт дојде Христијан Мицкоски и оваа коалиција“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека граѓаните ги плаќаат бајките и неспособноста на Мицкоски со празни џебови и празни фрижидери. „Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Во периодот што го минуваме најголемиот дел од активностите ги посветуваме на надминување на ценовната криза на горивата, што е значаен инпут и има влијание врз цените на производите важни за граѓаните. Се наоѓаме во период на изразена глобална неизвесност. Ценовните шокови на енергенсите не се резултат на внатрешни политики, туку се последица ...

Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби. Денеска (19.04.2026) на електронска ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, заедно со министерката за финансии Димитриеска – Кочоска и нашата делегација, остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон. Разговорите се одвиваа во контекст на засилена глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките тензии на Блискиот Исток и значаен ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната владина прес конференција најави намалување на цените на бензините во земјава од утре. – Според нашите пресметки очекуваме Регулаторна комисија за енергетика утре да донесе нова корекција на цените и бензините и дизел горивото да поефтинат отприлика за денар и половина. Истовремено би сакал да кажам дека останува на сила онаа мерка којашто веќе ја договоривме со ОКТА а тоа е да имаме попуст до крајот ...

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и релативно топло. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се движат од околу -1 до 8 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 15 до дури 25 степени во јужните и југоисточните делови од земјата. Во западните региони температурите ќе ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.66
36%
1020
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
53%
1020
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.98
45%
1021
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.32
45%
1021
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.19
35%
1020
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
6.03
62%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.71
35%
1019
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.26
48%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.02
42%
1020
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
3.13
41%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 30ᴼ
3.87
44%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
5.86
57%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Паладиум

39866.93

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Злато

133769.08

Рутениум

48965.59

Платина

53498.84

Калај

53.45

Сребро

2087.39

Алуминиум

3.40

Бакар

12.73

Цинк

0.00