СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена ...

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ соопштува дека дека за денеска, вториот круг од локалните избори, со почеток од 7 часот започна со работа и комуникација. Закажани се четири термини за прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста, медиумите и сите засегнати граѓанки и граѓани. Во текот на целиот ден ќе се објавуваат извештаи од теренот, како и едукативни и други видео содржини што произлегуваат од „Демократски ...

Почна изборниот процес за вториот круг на Локалните избори. На ниво на Македонија до 9 часот гласале 2.88 проценти од гласачите, односно вкупно 22.379 гласачи, додека на ниво на Град Скопје одзивот е 2.46 отсто. Од ДИК посочија дека гласачките места се навреме отворени и дека гласањето тече во најдобар ред, без проблеми со изборниот материјал. Сепак во избирачко место во Дојран имало проблем со смарт картица на уред за биометриска ...

Регулаторната Комисија за Енергетика утре оддржува редовна седница на која ќе бидата утврдени новите цени на горивата во Македонија. Поради флуктациите на нафтата на светските берзи, можно е да има ново поскапување. Во изминатата недела беа забележани неколку корекции на горивата кои ги зголемија цените. Па така сега нафтата од типот брент се продава за 64,5 долари за барел. Во моментов цените на горивата во Македонија се следниве: ЕУРОСУПЕР ...

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето на оваа категорија гласачи се одвива во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје. Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од ...

ОВР Кавадарци, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. Имено, В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б.(56), Н.З.(41), Х.Е.(53) и В.П.(67) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата “. Првопријавената, матичар во Управа за водење на матични книги во Лојане, општина Липково, постапила несовесно во вршење на своите овластувања и должности на начин што во матична книга на родени во с.Лојане извршила дополнителен упис дека едно женско лице склучила ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот согласно член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, заедно и со други лица кои се уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај ...

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето на оваа категорија гласачи се одвива во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје. Вкупно 4.826 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните ...

На 30.10.2025 во 12:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Гевгелија кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од маж(23) од Гевгелија и товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки, управувано од маж(31) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот, констатирани ...

На 30.10.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици, управуван од маж(58) и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од маж(72), двајцата од с.Требеништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишна жена, која се превезувала на тракторот, додека со телесни ...

Денес 31.10.2025 на паркингот во Битола кај “ракометната” се случи тешка кражба на нашиот автобус кој беше уредно паркиран, соопштија од туристичката агенција Црво Експрес на својот фејсбук профил, каде што во статусот се вели: – Украдени беа повеќе мобилни телефони, пари, новчаници и уште неколку лични предмети на деца кои во моментот беа на својата училишна екскурзија во Битола од ООУ “Илинден” – Крива Паланка (3 то одделение). – По ...

Стевчо Јакимовски во недела ќе се обиде да го обезбеди својот петти мандат на функцијата градоначалник на општина Карпош. Иако во јавноста кружeа бројни шпекулации, а и теренските информации упатуваа на можност за опозициска соработка, сепак тој не доби официјална и јавно изразена поддршка од СДСМ. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес изјави дека гласачите на неговата партија треба самостојно да одлучат кому ќе му го доверат својот глас во ...

ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година, со ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари. Иако засилената конкуренција влијаеше на извозната продажба, остварувањата беа поткрепени од намалениот негативен ефект од вреднувањето на залихите, зголемената продажба на електрична енергија и намалените оперативни трошоци. Приходите од продажба во првите девет месеци од 2025 година ...

Денеска (31 октомври), министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова се обратија на одбележувањето на 25 – годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на Обединетите Нации – Жени, мир и безбедност. На настанот во организација на Министерството за одбрана и Канцеларијата на UN Women се обратија и амбасадорот на Европската Унија, Маихалис Рокас и раководителката на канцеларијата на UN ...

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во третиот квартал на годината. Продолжува трендот на големи инвестиции во развој и модернизација на мрежата, раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници и фокус на најдоброто корисничко искуство. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 6,1 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од 14,9 проценти. И ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција повика на масовна излезност во недела, во вториот круг од локалните избори, со порака дека граѓаните треба да го продолжат трендот на опаѓање на поддршката за владејачката гарнитура. „Овие избори се шансата да се покаже дека народот не се купува, не се лаже и не може да се потцени. Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура. ...

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека загубата на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе од 140.000 гласови во првиот изборен круг јасно покажува тренд на растечка поддршка за опозициските партии и дека очекува опозициското расположение да се засили во периодот после изборите, поради незадоволството на граѓаните од актуелната власт. „Сметам дека треба да продолжи трендот на пат ...

„Царинските службеници на граничниот премин Табановце на излез од државата, спречија меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Запленети се 130 килограми марихуана, а едно лице е лишено од слобода и против него Одделението за истраги поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет опојни дроги, казниво по ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција , порача дека кандидатите за градоначалници на СДСМ кој влегуваат во вториот круг од локалните избори се чесни, посветени и покажаа што значи да се има директен контакт со луѓето и да се води фер кампања. „Покажаа што значи искрена борба, чесна борба, покажаа што значи директен контакт со граѓаните, покажаа што значи да се направат ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк во вториот круг од локалните избори, испрати силна порака до граѓаните дека неделното гласање е најсилниот начин за промена и отпор кон арогантната и неспособна власт. „Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура, кој беше јасно видлив уште во првиот круг од изборите. ВМРО-ДПМНЕ изгуби повеќе од ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк и денот на гласањето, испрати порака до граѓаните да го поддржат СДСМ и кандидатите кои покажаа дека знаат да работат искрено, чесно и посветено за интересите на своите сограѓани. „Денеска е практично последен ден од кампањата за овие локални избори почнува изборниот молк, и би сакал да сумирам неколку работи и да упатам неколку пораки. Прво, ...

,,По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие конечниот удар. Нормално, ако ние тоа го направиме, ако го преточиме во одлука. И сметам дека времето на одлуката е дојдено, затоа што мислам дека ни е на сите доста од вакви удбашки, бизнисменски, одвратни приказни кои ги живееме триесет и пет години. Системот е на нозе. Сега Скопје на нас е оставено”, порачува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар ...

Соопштение на Влен: Победата на 19 октомври беше голема пресвртница во албанските општини. Од Чаир и Сарај, до Арачиново, Желино и Теарце, Албанците зборуваа со еден глас, гласот што избра надеж и работа наместо измама. Од тој ден, духот на промените расте секојдневно од Тетово до Дебар, од Боговиње до Брвеница, од Струга до Студеничани и сè до Долнен. На 2 ноември, Албанците ќе го затворат ова поглавје со гордост, запечатувајќи со своите ...

На 30.10.2025 околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервју за медиумот „Пари“, најави дека во следниот мандат Општината ќе вложи во нова механизација и човечки ресурси со цел самостојно одржување на хигиената и целосно решавање на проблемот со паркирањето. „Во следниот мандат правиме набавка на уште повеќе механизација две нови цистерни, пет метларки, а ќе го зајакнеме и тимот на хигиеничари. Ова ќе значи дека сме ...

На 30.10.2025 во Скопје, во Полициската станица Бит Пазар извршен е службен разговор со тројца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основи на сомнение дека на 30.06.2025 извршиле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ врз малолетник од Скопје. Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Исто така, од страна на полициски ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, каде што заедно со директорот Душко Коцевски разговараа за новите услуги и иновации во системот за паркирање. Коцевски го информираше Герасимовски дека на новите информативни табли на ПОЦ е поставен QR-код со директен линк, што овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка, без потреба од ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ола Сулстром. На средбата, министерот Минчев и амбасадорот Сулстром разговараа за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на јавната администрација и зајакнувањето на институционалните капацитети. Министерот Минчев изрази благодарност за континуираната ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со претставници на угостителските објекти во општината, при што се ги информираше за кризните мерки за справување со отпадот. На средбата беше разговарано да се постават посебни пунктови каде ќе се собира отпадот од рестораните, кафулињата и другите локали. Герасимовски истакна дека целта е да се воспостави ред и подобра хигиена во Центар. „Овој органски отпад е сериозен ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
65%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
2.57
54%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.3
90%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
77%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
75%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
45%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Родиум

358480.82

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Калај

43.91

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Платина

61858.04