Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
ВМРО ДПМНЕ во реакција на фејсбук статусот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет. – Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното: Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за ...
По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка. Во рамки на тие активности, денеска Владата на седница донесе одлука да се ...
Управата за јавни приходи континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство. Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат овој документ. Од нејзиното воведување досега, за само неколку месеци, се ...
„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола, град кој ќе биде пристапен и функционален“, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова при денешната прошетка на Мал Ринг. Таа ја сподели нејзината визија за центарот на градот кој предвидува затворање на сообраќајот и ставање на јавниот простор во функција на пешаците, туристите, велосипедистите, не на автомобилите. „Време е на Скопје да ...
Соопштение на ДОМ: Зелената партија ДОМ остро реагира на одлуката на Министерството за животна средина да не ја стави реката Дошница под привремена заштита, иако врз нејзиниот слив се планира изградба на две мали хидроцентрали кои ќе ја доведат клисурата до еколошки колапс. ДОМ ја оценува оваа институционална пасивност како политичка одлука за самоуништување на природните богатства и суров удар врз иднината на нашите граѓани и граѓанки. ...
– Не е случајно што дебатата за темата за ЕУ исчезна од јавниот дискурс. Јас сметам дека тоа е намера. Тоа е стратегија. Зошто? Затоа што ако влезете во поглавјата на ЕУ, ќе дојдат сите механизми за мониторинг. Ќе ви ја контролираат работата на реформите. Ќе ја контролираат работата со финансиските средства, јавните набавки. А овие не сакаат контрола од ЕУ. Тие сакаат авторитарна контрола врз системот. ЕУ ќе бара еднаквост на етничките ...
Соопштение на ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија, затоа што денес, од позиција на власт, јасно демонстрира дека има само една цел: целосно да ја зароби државата, особено правосудството. Под водство на оваа влада, политиката отворено се меша во Обвинителството, Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители, со класични политички ...
На 25.08.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат кој ги поврзува с.Ракотинци и с.Добри Дол, скопско, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишна жена од Скопје излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините сопатнички лице(64) и 16-годишна малолетничка, додека сопатничка (18) се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплексот ...
На 25.08.2025 околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода О.Ј.(32) од Унгарија и А.Б.(37) од Србија. При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против лице(35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 19.08.2025 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три автоматски пушки со калибар 7,62мм, седум рамки и 190 куршуми со ист калибар. СВР Струмица поднесе ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против С.С. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в ...
На 25.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на тајмишка раскрсница патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице(54) од Кичево излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека неговите сопатнички на возраст од 53 и 76 г., двете од Кичево, се здобиле со телесни повреди, констатирани во ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Многу пати до сега, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека го слуша гласот на народот, нивните идеи и предлози ги преточува во реализирани проекти. Така и сега, во пресрет на локалните избори кога ВМРО-ДПМНЕ е во процес на подготовка на изборните програми за градоначалниците ширум државата, истите ќе ги прави заедно со граѓаните. Од среда, 27 август започнува седумдневна теренска акција „Предложи! Вистинската идеја за вашата ...
На 25.08.2025 во 23:20 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода лице(64) од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи упати критика кон досегашните власти и повика на мобилизација на сите слободоумни луѓе кои го сакаат својот град: „Скопјани, кои го изградија градот, не можат да обезбедат домови во него, поради лудите цени од нехуманата урбанизација! Не можат да се движат низ Скопје, поради недостаток на јавен превоз – не можат никаде да се социјализираат ...
Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките ...
Прес конференицја, Јовица Јанковиќ – СДСМ: Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, молчи за дивоградбите во Чаир. Наместо да се огради од постапките на своите коалициски партнери и да побара отој гордро парадираше со оние што го создадоа проблемот. Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, маала претворени во бетонски џунгли и загрозена безбедност. ...
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија, инфалцијата руши рекорди, платите стагнираат, граѓаните се се посиромашни, посочува претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук. Филипче нагласува дека власта го прекина системот на континуирано зголемување на платите што го воведе СДСМ и ги доведе граѓаните до раб на преживување. „Пред еден ...
Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на ...
На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп. Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, ...
По нападите на коалицијата ВЛЕН, на која беа повторени веќе институционално затворени обвинувања, кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, со јасен став до јавноста: „Тие ги имаат добиено анкетите, во кои јасно се гледа дека разликата меѓу мене и нивниот кандидат изнесува 10%, и сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат – дека се корумпирани и дека 20 години на ...
Винарската визба „Тиквеш“- најголемата и најнаградувана винарница од регионот во глобални рамки, која годинава прославува 140 години постоење, традиционално беше домаќин на најреномираните светски и домашни поети кои учествуваа на годинешното 64-то издание на Струшките вечери на поезијата (СВП). Посетата на поетите и лауреатот на СВП на „Тиквеш“ е пригоден настан кој се одржува секоја година во рамките на Струшките вечери на поезијата, како ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска, учествуваше на панел-дискусија на министрите за финансии и економија и претставници на институции од земјите од Централна и Југоисточна Европа на тема „Зајакнување на националните пазари на капитал преку заеднички иницијативи и соработка“. Панел-дискусијата се одржа во рамки на иницијативата на Министерството за финансии на Хрватска за потпишување на Меморандумот за разбирање за ...
Денеска (26 август) во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со командантот на НАТО мисијата на Косово, КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани со кого разговараше за значајната улога на оваа мисија во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Косово, а со тоа и на целиот регион. „Оваа НАТО мисија е исклучително значајна за уште постабилен и побезбеден регион. Остануваме посветени на нашиот придонес кон КФОР и ...
Лишен од слобода возач во Кичево, со возило удрил во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна починал. На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода лице(18) од Кичево. Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 ...
„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите за заштита на животните. Таа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои не носат реални решенија туку ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Фејсбук остро ја критикува економската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека свесно ги турка граѓаните во сиромаштија, додека инфлацијата руши рекорди, а платите стагнираат. „Пред еден од најтешките месеци во годината, граѓаните се соочени со суровата економска реалност, сè е поскапено, а платите стојат. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја прекинаа спиралата ...
ВМРО-ДПМНЕ го одзеде идентитетот на Скопје, порача денеска Каја Шукова кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ која денеска беше во посета на Централното градско подрачје „Мал Ринг“. „Централното градско подрачје, познатиот „Мал ринг“ кој е срцето на Скопје, сега е задушен, поради деструктивните импровизации на ВМРО ДПМНЕ и незаинтересираноста на нивната менаџерка Данела Арсовска. ВМРО ДПМНЕ брутално го осквернави идентитетот и ...
Мицкоски се фали со бројки и проценти, но реалноста е дека граѓаните живеат со празни џебови, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на фејсбук. Тој посочува дека изјавите на прмиерот Мицкоски се само ПР-трикови далеку од секојдневната реалност на граѓаните. „Мицкоски се фали со бројки и проценти, но реалноста е дека граѓаните живеат со празни џебови. Реалната плата, онаа што навистина значи нешто за секое семејство, во јуни ...
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ ПОЖАР: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмори, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги ...