Фондацијата Метарфозис и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 2 април – Денот на проверката на факти, при што во текот на целата оваа недела ќе се одржат редица настани за проверката на факти и во земјава и на меѓународно ниво. ПРЕГЛЕД Овогодишниот Ден за проверка на факти поминува во период на засилен притисок од напливот на дезинформации и потребата од справувањето од нив и сѐ поголема ангажираност на оние кои таквите ...

Реакцијата на Борел за апсењето на американскиот новинар во Санкт Петерсбург, како и проширувањето на НАТО со Финска и напорите истото да го стори и Шведска, Москва преку портпаролката Марија Захарова го искористи да упати два дезинфо наративa до Европа со кои ја учи на демократија и ја заплашува дека поради делувањето на САД повторно ќе биде „колатерална жртва“ Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова во ...

За разлика од влијанието на Русија и Кина во С. Македонија, кое во најголема мера се шири врз основа на позитивна идентификација и посакувани и/или споделувани вредности, може да се каже дека она влијание, коешто го остварува Бугарија, се базира на одбивање, негирање, па дури и анимозитет Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за правна држава и човекови права Колку и апсурдно да звучи ова (со оглед на тоа што станува збор за членка ...

На сајтот на Стејт департментот транспарентно се наведени сите видови на помош кои САД ѝ ги дава на Украина, но тие не одат за Зеленски лично, a уште помалку за глума или актерски ангажман, како што се тврди во постот. Од јануари 2021 година САД има инвестирано повеќе од 33.2 милијарди долари во безбедносна помош за да ја демонстрира својата поддршка кон суверенитетот на Украина и кон нејзиниот територијален интегритет. Русија честопати го ...

Наспроти наводи изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции каде се бараат лица кои немаат криминално минато. Во постот не е јасно наведено кој воопшто го гони за тоа дело. Формулациите употребени ...

Што ќе се случува по одлуката на Уставен суд да укине делови од законско решение со кое беа „замрзнати“ платите на избраните и именуваните лица сè уште е непознато, иако поизвесно е дека ќе има некакво зголемување. Но, затоа пак, познато е дека причините за ова не се должат на одлука на премиерот или на Владата, туку лежат во одлука на Уставниот суд, кој е институција над трите власти Најголемата опозициска партија излегува во јавноста со ...

Веста за грабежот што наводно се случил минатиот петок кај Скопјанка, се темелеше на сведоштво и фотографија од неименуван очевидец, читател на порталот што ја пласираше веста. Но, набрзо се покажа дека информацијата е погрешна, дека немало оружен грабеж во Скопјанка. Тој ден МВР на посочената локација спроведувало истражни активности кои не се поврзани со грабеж На 31 март поголем број медиуми објавија дека во Аеродром кај Скопјанка се ...

Во објавата манипулативно се тврди дека Путин не е виновен за војната којашто Русија ја води на територијата на Украина која е автономна, суверена и независна држава. Русија под негова команда пред повеќе од една години изврши воена инвазија врз Украина, што е најголем воен напад во Европа после Втората светска војна и е предмет на широка меѓународна осуда. Затоа и Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг издаде налог за апсење на Путин, ...

Британската армија со децении користеше осиромашен ураниум во своите оклопни гранати. Русија го знае ова, но намерно се обидува да дезинформира. Независното истражување на научници од групи како што е Кралското друштво процени дека секое влијание врз личното здравје и животната средина од употребата на муниција со осиромашен ураниум веројатно ќе биде ниско, соопшти британското Министерството за одбрана. Повеќе македонски медиуми во своите ...

Од почетокот на руската агресија во Украина, на 24 февруари 2022 година, дневните информативни хроники на сите медиуми во нашата земја се полни со информации за состојбата на воените борби таму. За тивката и лукава војна преку пропаганда и дезинформации на Кремљ, се зборува многу малку. Украинската новинарка и аналитичарка Зоја Красовска во ексклузивно интервју за Portalb.mk раскажува за актуелната состојба на жестоката војна со ...

Дека оваа наградна игра е невистинита, покажува фактот што истата не е споделена на официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите која има повеќе од 150 илјади допаѓања. Фејсбук страницата од којашто е споделен постот e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра. Не е првпат преку лажни Фејсбук страници во кои честопати има само еден пост, да се злоупотребуваат брендови на македонски и странски компании и преку лажно ...

Постот дезинформира и манипулира кога тврди дека Русија не го негира украинскиот идентитет, дека Русија го бранела руското малцинство врз кое се вршело геноцид од страна на некакви инсталирани власти. Сето ова е погрешно и во согласност со руската интерпретација на работите со кои Путин го оправда својот напад врз Украина Рецензираме пост на Фејсбук кој изнесува манипулативни тврдења во врска со војната во Украина. Постот, меѓу другото, го ...

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски се доведе во ситуација на недоследност во изјавите околу ставот на претходниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Причина за ова најверојатно е војната што се води меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој има „пишманџии“ во своите редови околу уставни измени, со кои треба Бугарите да бидат споменати како посебна етничка заденица во Уставот Премирот Димитар Ковачевски на 28.03.2023 година даде ...

Пратеникот Драган Ковачки постави пратеничко прашање до премиерот за евентуално разрешување на министерката за одбрана поради нејзина здравствена состојба, криејќи го притоа главното – медицинското мислење се однесува на даден временски период и е издадено заради оштетно побарување на Петровска од Ковачки, кој е тужен од нејзе за клевета. Наместо тоа, Ковачки го претстави прашањето пред јавноста како прашање од висок јавен интерес Пишува: ...

Наводите изнесени во постот, дека Путин спасува деца од „педофилските канџи на Западот“, се чиста измислица и теорија на заговор за која не постојат никакви докази, ниту факти. Судот во Хаг изаде налог за апсење на Путин за воени злосторства поради депортација на украински деца од окупираните територии во Русија. Тврдењето во постот е апсурдно имајќи предвид и дека токму деца на функционери на Кремљ студираат и живеат во западните земји – ...

Најголемата опозициска партија по интервјуто на нејзиниот лидер Мицкоски на 23.03. 2023 година инсистира на тоа дека има „план за да се преброди кризата“ (со уставните измени н.з.), но не кажува дека спроведливоста и ефикасноста на тој план се речиси невозможна мисија, со што, на некој начин спинува. Во меѓувреме, продолжуваат и спиновите околу тоа која партија колку расположливи пратеници има во сопствените редови за уставните измени ...

Постот и видеото што се споделува ги извртува тезите. НАТО не војува со Русија, туку Русија на 24 февруари минатата година изврши воена инвазија врз Украина во којашто загинаа голем број на цивили и војници. НАТО ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, што е најголем воен напад во Европа после Втората светска војна и е предмет на широка меѓународна осуда Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук ...

Нема информации кои се причините за онесвестувањето на новинарката на CBS Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц за време на нашите вести во 7 часот наутро. Уште помалку некој потврдил или посочил дека тоа е последица на вакцина против ковид-19, како што е тоа претставено во постот што го рецензираме. Новинарката се огласи на социјалните мрежи, кратко заблагодарувајќи се за грижата за неа, без да изнесе детали за нејзината здравствена состојба и за ...

Тоа што Канада обучува украински војници од 2015 година, значи план за војна, како што невистинито се тврди во постот. Војната во Украина ја почна Русија, а операцијата УНИФЕР е тренинг од канадските воени сили и мисија за зајакнување на капацитетите на вооружените сили на Украина, којшто ќе ѝ помогне да го одбрани својот суверенитет. УНИФЕР е основана како одговор на барањата на владата на Украина во 2014 година, по украинската револуција во ...

Османи ја извртува вистината кога ја советува ВМРО-ДПМНЕ да не се занимава со дневна политика и тоа е освен спин и непринципиелен став, зашто, меѓу другото, опозицијата се занимава и со работењето на Османи и со работењето на вицепремиерот Артан Груби. Освен ова Османи ја извртува вистината околу изедначувањето на трите клучни договори и вели дека неприфаќање на еден од нив би значело газење на „црвени линии“, поради што ВМРО-ДПМНЕ не би ...

Владејачката гарнитура е задолжена прашањето на уставните измени да го држи секојдневно и високо на агендата, затоа што обврска на РСМ е тие да се спроведат до крајот на 2023 година, доколку државата сака да отпочне со формалното преговарање по кластери за членство во ЕУ. И не само тоа, туку тие преговори се директно поврзани и со решавање на „главните проблеми на граѓаните“ Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Ѓорѓија Сајкоски ...

Инцидентот во автобус на ЈСП, во кој биле нападнати контролори на јавното претпријатие, ниту се случил предмалку, ниту пак, има потврда дека некој бил претепан, како што произволно се тврди во постот. Во полицискиот билтен инцидентот е пријавен на 6 март 2023 година, значи тој не се случил предмалку, туку еден ден претходно. Исто така, според пријавеното, двајцата контролори на ЈСП физички биле нападнати. Никаде не се спомнува претепување, ...

Фотографијата со момчето е стара девет години и потекнува од меѓународниот фестивал на тетоважи кој по 10 пат се одржал во Киев во 2014 година. Како што се вели во самата објава за фестивалот, на него присуствувале многу љубители на тетоважите не само од различни делови на Украина, туку и од други земји во светот. Оттука, не може со сигурност да се каже од каде е момчето кое има тетоважи со нацистички симболи, а уште помалку може да се тврди ...

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот вирус во послаби варијанти. Не е точно нити тврдењето дека во Украина има „чистење на ...

Само една недела по иритацијата врз голем дел од јавноста со играњето фудбал и баскет во канцеларијата на Артан Груби во која учествуваа уште пет колеги министри од ДУИ наречени „дрим тим“, вицепремиерот Груби повторно објави фотографија на својот официјален профил како игра фудбал со Александар Сорос, син на Џорџ Сорос. Со тоа Груби, де факто се мајтапи со барем дел од јавноста која изрази силни критики на таквата постапка и изрази ...

Тврдењето на Стефан Андоновски од ВМРО-ДМНЕ дека СДСМ е помал партнер во Владата, бидејќи тоа го покажувал и фактот дека Артан Груби и Крешник Бектеши воделе „клучни проекти“, е паушално и неаргументирано. Ваквата изјава е само една во низата што тргнаа уште од влезот на Алијанса на Албанците во Владата, со внатрепартиска пи-ар цел, но и со подгревање на меѓуетнички прашања кај граѓаните, зашто според таа логика, со земјата управувала ...

Две спротивставени верзии се пласираат за инцидентот во кој американски воен дрон се урна во Црно Море на 14 март. Американската, која тврди дека уривањето на дронот е последица на неодговорно и небезбедно маневрирање на руските воени авиони кои намерно го оштетиле и пропелерот на дронот и руската, која се заснова на тврдењето дека дронот паднал поради „опасно маневрирање“ и дека не бил соборен од руските авиони. Наспроти ова британски ...

Не постојат никакви докази дека Џорџ Сорос некогаш изјавил дека „сите држави во НАТО се окупирани“. Напротив, има многу докази дека во повеќе наврати го изјавувал спротивното , односно зборувал за значењето на НАТО. Не е точно ниту наведеното во постот, дека НАТО е приватна војска на семејството Ротшилд. НАТО е основан во 1949 година како сојуз на држави од Европа и Северна Америка, формиран на принципот на колективна одбрана, што значи ако ...

Во неколку интернет медиуми и повеќе написи на социјалната мрежа Фејсбук се појавија информации, во кои се тврди дека градоначалниците на општините Штип и Бутел побарале покачување на платите. При тоа, се споделуваат и скенирани донесени одлуки од Советите на општините, со кои се ставаат во сила измените кои се однесуваат на платата на градоначалникот. „Политанката Иван Јорданов, изгледа малку му е рачето во медот па бара од 61 000 на 91 000 ...

Опасните содржини кои промовираат политички ислам, верски екстремизам, вклучително и „света војна“ (џихад) за создавање на исламска држава и непочитување на уставот на земјата, и натаму се присутни на стотици веб-страници на албански јазик KALLXO.com, во своето истражување спроведено за Центарот против дезинформации на Западен Балкан, предводен од Фондацијата Метаморфозис, откри дека во текот на 2022 година, стотици материјали кои го ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
4.63
69%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
78%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
54%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
3.03
89%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
3.13
75%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
74%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
56%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
86%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00