Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Насловните страници на Тајм, кои според постот известувале за глобалното смрзнување, немаат врска со тоа. Дел од нив се лажни, односно дигитално креирани. Неколку легитимни насловни страници на списанието Тајм објавени во 1970-тите, исто така, се извадени од контекст и немаат никаква врска со климатските промени или леденото доба Пост на Фејсбук споделува насловни страници од магазинот Тајм, ставајќи ги во контекст на „глобалното ...
Аналитичрот Џилберт Докторов во видеото од постот не презентира ниеден извор за неговото тврдење дека при ракетниот напад на Русија биле убиени генерали на НАТО, скриени во бункер во Украина. Неговото единствено атрибуирање е на „Русите“. Според официјални украински лица, базите на НАТО се отвораат само на територијата на земјите членки на Алијансата, а Украина нема ниту статус на кандидат на НАТО. Од Министерството за одбрана на САД за ...
НАТО ниту ја почна воената инвазија, ниту, пак, има свои војници во Украина. Русија е таа којашто ја нападна Украина во февруари 2022 година, а Украина како независна држава има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. НАТО испраќа воена помош за Украина, без притоа да биде учесник во војната. Постот манипулира дека Украина е марионета во рацете на НАТО, иако е јасно дека војната би можела веднаш ...
ОН соработувале со Меѓународната комисија на правници во извештајот кој повикува на пристап заснован на човековите права кон кривичното право. Не се бара декриминализација на возрасните кои имаат секс со малолетници. Експертите велат дека упатствата треба да се применуваат на консензуален секс меѓу адолесценти на слична возраст Пост на Фејсбук шири дезинформации во врска со документ објавен во март од страна на Меѓународната комисија на ...
Доколку се посети официјалната страница на „Амазон“ (amazon.com) и се пребарува „Samsung“ телевизор од истиот модел како од ФБ објавата, ќе се добие понуда со цена од 427 американски долари. Телевизор за 125 денари не постои. И на официјалната Фејсбук страница на претставништвото на Самсунг во Македонија, не може да се најде понуда на телевизор од 125 денари Пост на Фејсбук нуди „Samsung“ телевизори по неверојатно ниска цена – 120 денари. ...
Европските институции не се против заштитата на децата од педофилија и од сексуално злоставување, туку против тоа што со контроверзниот Закон за заштита на децата во Унгарија се дискриминира ЛГБТ заедницата. ЕУ не се бори да им ги одземе правата на унгарските родители и не ја обвинува лажно унгарската влада за донесување дискриминаторски, хомофобични закони, како што се тврди во постот. Дека законот е дискриминаторски и хомофобичен не смета ...
Протекувањето на огромен број доверливи документи од американските институции, откриено во април, како и деталите од Договорот за изградба на автопатско решение на Коридорите 8 и 10 д, беа теми од кои извираа најмногу информации и дезинформации во македонскиот медиумски простор во текот на април. Покрај ова, продолжија и стандардните дезинформациски наративи пред сè од Москва, а кои се поврзани со агресијата врз Украина, но и дезинформациите ...
Самата теорија за постоењето на некој таен бункер на НАТО кај Лавов е апсурдна. Лавов се наоѓа на 50 километри од границата со Полска, земја членка на НАТО, па доколку имало состаноци на генералите на НАТО и вооружените сили на Украина, тогаш пологично би било да се организираат на безбедна територија на земја членка на Алијансата. Исто така, на која било држава во светот би ѝ било тешко да сокрие толку значителни загуби од 300 луѓе, особено ...
Ваква насловна страница не може да се најде на ниту еден број од францускиот неделник. Куриер има издание од 6 април со серискиот број како на лажната насловна страница со Зеленски (N°1692), но со различен дизајн. Како што објаснува Courrier International за насловната страница од 6 април изборот на уредниците бил направен во корист на Индија, која е најнаселена земја и станала атрактивна дестинација за западните инвеститори. Лажната страница ...
Различни институции имаат различна процентуална застапеност на етничките заедници меѓу своите вработени. Етничките Македонци доминираат во ресорите одбрана, финансии, земјоделство, а етничките Албанци во Министерствата за политички систем и за економија, пишува Порталб.мк Вработени во министерства според етничка припадност Според податоците, речиси во сите министерства процентот на етничките Албанци е над 25 отсто. Во четири ресори ...
Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски кој досега не само што не ги злоупотребувал овие теми, туку е познат како пример на раководител на мултиетничка општина во која не дозволил да се злоупотребуваат вакви прашања ...
Тврдењето во постот дека „Огнената група“ се одвоила од ДУИ и формирала нова партија е неточно. Вакво нешто досега не се случи, тие на почетокот на овој месец одлучија да останат во ДУИ и да функционираат како фракција на партијата Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека таканаречената група „Огнени“ се одвоиле од нивната матична партија ДУИ и направиле посебна партија. Ова не е точно, Огнените сè уште се дел од ДУИ. АЈ АИРЛИЈА НЕКА ...
Во текстот на Агенда 2030 никаде не се споменува ниту терминот „паметни градови“, ниту тоа дека владите ќе имаат авторитет да ги преземаат загадените земјишта. Невистинитото тврдење од постот започна да се шири на интернет просторот, откако на 3 февруари воз излета од шините и предизвика пожар во град во Охајо, САД. После несреќата илјадници жители мораа да се евакуираат, бидејќи во возот имало хемикалии, а една од нив винил хлорид којашто е ...
Информациите за оваа жена изнесени во постот се точни, но тие датираат од пред пет-шест години. Странски медиуми известувале за Ала Левушкина од Русија која оперирала речиси до својата 90-та година. Левушкина починала во 2020 година Пост на Фејсбук манипулира со јавноста споделувајќи нецелосни информации за жена, најстар хирург, која оперирала до својата 90-та година. Постот очигледно имал за цел да собере што е можно повеќе кликови и ...
Наспроти тврдењето во постот САД не спровеле пуч во Украина во 2014 година, ниту пак, ги организирале протестите. Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година беа резултат на фрустрацијата на граѓаните на Украина, поради одлуката на поранешниот претседател Виктор Јанукович во последен момент да ја смени насоката и после 7 години преговарања да не го потпише договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ. Исто така, САД не водат ...
Во јавниот сектор во државата во 2022 година биле вработени 129.374 луѓе. Во споредба со 2021, бројот се намалил за 1.809, пишува Порталб.мк. Но, вкупниот број на вработените во јавниот сектор не соодветствува со вкупниот број пополнети работни места, од причина што има вработени пред сѐ во областа на образованието и во здравството, коишто пополнуваат работни места во две или повеќе институции на јавниот сектор Вработени во министерства, ...
Последиците од војната во Украина се од огромни размери и допрва ќе се утврдуваат. Голем број на факти укажуваат на тоа дека воената инвазија којашто Русија ја спроведува врз Украина не само што го има допрено народот на Украина, туку има предизвикано несогледливи последици. Според Агенцијата за раселени лица на ОН, до 11.04.2023 година има над 8,1 милион лица раселени од Украина во Европа и речиси уште толку внатрешно раселени лица во ...
Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски во последните два дена околу деталите од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д се проблематични од аспект на вистинитоста и во дел од нив може да се детектира спин. За да може уверливо и без никаква дилема да се потврди дали опозицијата лаже и шири хистерија, сè што треба да се направи е да се достави договорот до јавноста. Стратешки и национален интерес на државата е ...
Тајм магазинот во декември 2022 година го прогласи претседателот на Украина, Зеленски за личност на годината, но тоа не беше направено на начин каков што е презентиран во постот. Во конкретниот случај станува збор за карикатура а оригиналната фотографија од насловната на Тајм магазинот може да ја погледнете на следниот линк. Исто така, не е точно дека војната продолжува за да се измамат уште неколку милијарди (долари). Сета воена помош што ...
Николоски и ВМРО-ДПМНЕ се за евроинтеграции, преговарачкиот процес ќе продолжел и без уставни измени, само најпрво новата власт за 6 месеци до една година да ја среди земјата. После тоа Бугарија ќе имала сериозен притисок да се откаже од мегаломанските барања од страна на ЕУ, која покрај притисокот врз Софија би изразила волја за нови преговори/разговори за измена на преговарачката рамка Пишува: Теофил Блажевски „Дали ВМРО-ДПМНЕ во ...
Изнесените тврдења не се поткрепени со никакви докази или изјави од официјални страни, ниту од руските ниту од украинските власти. Нема потврда ниту од НАТО. Единствен извор на кој се повикува текстот е објава од социјалната мрежа Телеграм, која дури и споделува фотографија од наводното уништување на тајната НАТО база во Украина. Но, со пребарување на Гугл може да се види дека фотографијата e снимена во 2021 година и истата ги прикажува ...
Само 30 отсто од општините ја исполнуваат обврската да доставуваат извештаи за состојбата со комуналниот отпад. На ниво на државата, за 13 години количината на комунален отпад се зголеми за околу 30 отсто. Во земјава официјално има околу 1.000 диви депонии, а неофицијално бројот е двојно поголем, пишува Порталб.мк. Ресорното министерство веќе мапираше регионални локации како база за складирање на отпад. Состојбата е алармантна И до 31 отсто ...
Новиот годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација пред пратениците – документот открива дека лани институциите на централната власт го зголемиле бројот на јавни огласи за вработување, да кај огласите за вработување на административци на локално ниво, има намалување. Од кандидатите што ги поминале сите филтри и биле одбрани за идни административци 23,5 отсто се етнички Албанци. Порталб.мк во последователни Анализи ќе објави ...
Голем дел од општините во 2022 година потрошиле помалку во однос на планираното, а најголем удел на расходната страна имаат платите и придонесите. И ставките за договорни услуги и привремени вработувања не се незначителни. Во второто продолжение на анализата, се опфаќаат расходите на општините за кои објавивме податоци и за приходите, пишува Порталб.мк. Освен за плати и придонеси, милионски суми и за комунални сметки Вкупните расходи на ...
Се намалува бројот на активно и работоспособно население во земјава. Новите податоци покажуваат дека во 2022 во однос на 2021 година, бројот на активно население е намален за скоро 12.000. Не запира трендот на одлив на работна сила, но во најава е и „увоз“ од странство, пишува Порталб.мк. Пазарот на труд се соочува со тектонски промени За една година активното население намалено за скоро 12.000 Се намалила бројката на работоспособно, но и ...
Научната јавност е категорична дека 5Г технологијата ќе се користи за подобрување на комуникацијата во воените комуникации, но не како оружје за масовно убивање. Експертите велат дека е бесмислено да се шират застрашувачки гласини дека 5Г се користи како оружје од војската. Целиот електромагнетен спектар може да се подели на два вида на зрачење: јонизирачко зрачење, кое убива луѓе и нејонизирачко зрачење, кое не го прави тоа. Технологијата ...
Станува збор за компјутерски модифицирано видео, во Милано не постои билборд со сликата на Зеленски со дупка во носот преку која се собираат донации за Украина. Според Центарот за борба против дезинформации во Украина, со промоцијата на ова лажно видео се прави обид за дискредитација на претседателот Зеленски и на Украина воопшто, а со цел да се намали поддршката од сојузничките држави Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук ...
Што се знае за аферата со протечените документи од САД до 10.04.2023 година? Аферата почнала да се развива уште од 28 февруари кога протекле првите документи. Протечени се засега околу 100 документи, од кои дел се од Пентагон и се однесуваат на војната во Украина. САД ги шпионирале освен Москва и Киев и други најблиски сојузници…Проценките на последиците сè уште не се конечни. Но, се чини мошне сигурна информацијата дека барем некои документи ...
Оваа објава на Фејсбук неточно тврди дека полската телевизија веќе ја дели Украина. Станува збор за старо известување – прилог од 2014 година на полската телевизија, за предлогот на рускиот политичар Владимир Жириновски да се подели територијата на Украина Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Полската телевизија веќе ја дели Украина. Мапата покажува дека целиот југ и исток на Украина ќе бидат вклучени во ...
Од оригиналната изјава на Божилов дадена за БНТ, се гледа дека тој изјавил нешто во сосема друг контекст и воопшто не кажал дека Бугарија ќе обвинува Македонци за дојавите за бомби. Божилов зборува за покренување на обвиненија во Македонија за дојавите за бомби во земјава, а тоа го најави и самиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Бугарија ЌЕ ОБВИНИ И ...