Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Издавачката куќа „Матица македонска“ го објави романот „Летните гости“ од Тес Геритсен, второто дело од серијалот за клубот „Мартини“, започнат со „Шпионскиот брег“. Во средиштето на серијалот се пензионирани оперативци на ЦИА, кои се собираат на книги и коктели, но своето искуство и способности повторно ги користат за разрешување мистерии. Новиот роман ја гради приказната околу опасните тајни на една мала заедница, спојувајќи шпионска ...
Чилеанскиот режисер Себастијан Лелио, чиј филм „Фантастична жена“ доби Оскар за најдобар странски филм во 2018, почина на 52-годишна возраст. Неговата партнерка, германско-чилеанската актерка Амалија Касаи, ја потврди неговата смрт на Инстаграм, наведувајќи здравствени причини. Лелио беше пронајден мртов во својот дом во Лас Кондес во близина на чилеанскиот главен град Сантијаго, според извештаите на локалните медиуми. Чилеанскиот синдикат на ...
„Матица македонска“ го објави „Остров на духови“ од финскиот писател Макс Сек, автор чии книги се продадени во повеќе од еден милион примероци, со права за објавување на над 40 пазари и присуство на бестселер-листата на „Њујорк тајмс“. Романот ја следи детективката Џесика Ниеми, која на изолиран остров се соочува со вознемирувачка легенда и мистерија. Нејзината лична борба се испреплетува со истрагата, создавајќи приказна што ги поврзува ...
Самостојната изложба „Точка на вриење“ на Мартина Павлеска ќе биде отворена вечерва, 21 октомври, во 21 часот, во Мобилната/Монтажната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје, најавува Центарот за современи уметности – Скопје. Циклусот ја истражува испреплетеноста меѓу личните искуства, надворешните влијанија и внатрешните конфликти што го обликуваат поединецот. Преку упростена фигурација, детството е претставено како корен на ...
Огромен интерес и преполн „Лабораториум“ ја одбележаа промоцијата на „ИНА“ од Весна Мојсова-Чепишевска, одржана вчера во Скопје. Средбата со многубројната публика прерасна во вистински празник на книжевноста за деца, а делото доби извонредни оценки од промоторката Ана Јовковска и од Оливера Ќорвезироска, кои ги истакнуваат неговата книжевна вредност, емотивната сила и единството на текстот и илустрациите. Книгата за деца, со илустрации на ...
Во знакот на 25-годишниот јубилеј на мрежата, промовиран каталог на македонски драми и врачена плакета на основачот Доминик Долмие Свеченото отворање на Генералната асемблеја на „Еуродрам“, која од 27 октомври до 1 ноември се одржува во Скопје, го потврди извонредното значење на целиот настан за нашата држава и за театарската уметност, воопшто. Церемонијата се одржа на 28 октомври на големата сцена во Театар Комедија. На почетокот, присутните ...
Македонската режисерка Тамара Котевска ја освои наградата Producer/Director Panda Award на Wildscreen Panda Awards 2026 во Велика Британија, за режија и продукција на документарниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), реализиран за National Geographic Documentary Films. Со ова признание, познато и како „Зелен Оскар“, Котевска стана првата добитничка на наградата во оваа категорија од Македонија и регионот. Наградите Wildscreen ...
Народниот театар Битола во текот на месец ноември реализира неколку значајни програмски активности, кои имаат особено значење за културниот живот на градот, но и за меѓународната афирмација на македонското театарско творештво. На 10 и 11 ноември 2026 година, Народниот театар Битола ќе ја има својата најнова премиера – „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски. Со оваа премиерна изведба, театарот дава свој придонес кон ...
Со два исклучителни концерта, вечерва, 18 октомври, во Националната опера и балет ќе биде затворено 45-то издание на Скопскиот џез-фестивал. На сцената ќе настапат американско-бразилското трио São Paulo Underground и францускиот квинтет Living Being на виртуозниот хармоникаш Венсан Пејрани. Завршната вечер носи возбудлива средба на електрониката, бразилските ритми, слободната импровизација и современиот европски џез. По четири фестивалски ...
Концертниот живот во Северна Македонија се збогатува со уште еден исклучителен културен настан. На 4 ноември 2026 година, истакнатата македонска пијанистка, д-р Дуња Иванова, ќе одржи пијано рецитал насловен „Ехо на несвесното“. Овој значаен музички настан ќе се одржи во просториите на Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, поконкретно во Салон 19/19, со почеток во 20 часот. Самиот наслов на рециталот, „Ехо на несвесното“, сугерира ...
Од скромните почетоци на уличната облека до најпрестижните модни писти во светот, урбаната мода прерасна во глобален културен феномен. Пет дизајнери оставија особено силен печат врз начинот на кој денес се облекуваат младите, славните личности и љубителите на современиот стил. Урбаната мода одамна не е само комбинација од патики, широки фармерки и маици со впечатливи принтови. Таа претставува културен израз што ги поврзува музиката, ...
Неколку значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press се достапни во книжарницата „Или-Или“. Во време кога цените вртоглаво растат, оваа акција нуди навистина пријателски цени (100 денари по примерок), како дел од заедничка акција на издавачите и книжарницата. Издавачите го продолжија попустот до крајот на октомври. Дел од изданијата се со ограничен тираж. Во понудата на ЦИВИЛ се книги што отвораат важни теми за слободата, уставноста, ...
Во препознатливиот амбиент на Офицерскиот дом во Битола, синоќа се одржа слушачка промоција на музичкиот проект „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, со која беше најавено неговото претстојно винилно издание. Настанот беше дел од празничната програма посветена на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Публиката имаше можност во посебна атмосфера заеднички да ги слушне музичките композиции зад кои стојат четворица истакнати музичари ...
На 6 ноември (петок), 20.00 часот во Отворено графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба на Верица Димеска насловена „Чеиз“. Авторката ќе се претстави со слики во кои го преиспитува односот помеѓу традицијата и современието. Идејата за проектот се раѓа во март 2023 година, кога пронаоѓа отфрлени ткаенини, везени платна и постелнина покрај кејот на Вардар. Спасени од заборавот и распаѓањето, овие предмети, по три години, ...
По повод одбележувањето две години од смртта на познатата историчарка и професорка по археологија, проф. д-р Наде Проева, Центарот за историски студии „Македоника – Наде Проева“ ја објави нејзината докторска дисертација. Книгата, која ќе биде достапна за продажба преку издавачката куќа „Матица Македонска“, е прво издание во серијата посветена на научното творештво на професорката Проева. Од Центарот информираат дека публикациите ќе бидат ...
Факултетот за драмски уметности – Скопје и Факултетот за музичка уметност – Скопје го промовираат новиот, дванаесетти број на меѓународното научно списание за изведувачки уметности „Ars Academica“, кое веќе единаесет години претставува значајна академска платформа за научни истражувања и теориски промислувања од областа на театрологијата, музикологијата, драматологијата, филмологијата, танцовите и визуелните уметности. Списанието е основано ...
06.11.2026 г (петок) , почеток 20 часот „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА“ Автор: Бранислав Нушиќ Режија : Синиша Евтимов Сценограф : Мартин Манев Костимограф: Илина Ангеловска Автор на музика и избор на музика: Синиша Евтимов ЖИВКА ……….ЗОРИЦА П. ПАНЧИЌ, ЧУДО,………..ФАИК МЕФАИЛОСКИ ДОРА,………….ТАЛИЈА НАСТОВА АНКИЦА ……….ТАЛИЈА ЃОРЃИЕВА КОЛЕ ………….ИСИДОР ЈОВАНОВСКИ ПЕРО ……………БЛАГОЈЧО СТОЈАНОВ ВУЈЧЕ ВАЦ ………..СТЕФАН НИКОЛОВСКИ РИСТО- НИКАРАГВА ……..КИРЕ АЦЕВСКИ Д-Р ...
„Охрид во моето срце низ очите на татко и син“ е насловена новата изложба на фотографии на охриѓанецот Петар Паунче – Скитник, што ќе биде отворена вечерва. Оваа изложба е приказна за Охрид, за љубовта кон фотографијата и за врската меѓу таткото и синот, која преку фотографиите остава трага за идните генерации, порачуваат организаторите на изложбата. Отворањето на изложбата е во 19:00 часот, во просториите на Младинскиот центар во Охрид. ...
Македонскиот музичар и композитор Николче Мицевски освои значајно меѓународно признание, откако неговата композиција „TIME“ беше прогласена за најдобра во категоријата World Music на InterContinental Music Awards. Мицевски ја сподели радосната вест преку социјалните мрежи, изразувајќи голема благодарност за добиеното признание и за поддршката што ја добива неговата музика. „Почестен сум и неизмерно среќен што ја добив наградата за најдобра ...
На 12. Меѓународен театарски фестивал во Коломбо, Шри Ланка, нашиот драматург проф. д-р Сашо Димоски претседава со жирито како прв странец во историјата на фестивалот. Ова е меѓународно признание за неговиот придонес кон современиот театар, драмското творештво, театарското образование и меѓународната културна размена. Неговото присуство на фестивалот претставува значајна потврда за вредноста и меѓународната препознатливост на македонската ...
Охрид – градот на духовноста, древната мудрост и непроценливото културно наследство – беше во средиштето на значајната работна средба меѓу директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски, и градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков. Во дух на взаемно почитување и конструктивен дијалог отворени беа прашања од особено значење за културата, уметноста, творештвото и ...
Во програмата на 17-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ беа предвидени два мастеркласа, кои се одржаа на 24 и 25 август во „Лабораториум“. Мастеркласот со наслов „Сè што ги обликува документарците“ со Мигел Еек и Ксавиер Марадес се одржа на 24 август. Нивните филмови „Амилкар“ на Мигел Еек и краткометражниот „Роење птици“ на Ксавиер Марадес беа прикажани на 21 август, на отворањето на програмата Земја во фокус ...
Доаѓањето во Скопје на прочуената писателка и политички научник Леа Ипи (родена во Албанија, која сега живее и предава во Лондон) без сомнение досега беше еден од најважните културни настани во државаа од почетокот на годината. Ипи дојде во Скопје како гостинка на литературниот фестивал „Букстар“ досега беше еден од најпектакуларните настани од почетокот на годинава. Во Скопје ја доби наградата за нејзината книга „Слобода“ која лани беше ...
Ана Пејчинова, Даниела Андоновска-Трајковска и Владимир Јанковски се добитници на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма на 30. издание на „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија. На конкурсот за кратка книжевна творба (песна или расказ) распишан во рамки на манифестацијата „Празник на липите“, пристигнале вкупно 32 дела (26 песни и шест раскази). Тројцата членови на анонимната жири-комисија: Ива ...
Шестата сезона на „Емили во Париз“, ќе биде последната од оваа серија на Нетфликс која ги освои срцата на вљубениците во модата, заплетите и љубовните игри. Од компанијата Нетфликс објавија фотографии од новата сезона која на стриминг платформата ќе биде достапна на 24 декември. -Конечно е тука. Кажете „bonjour“ на првиот поглед во „Емили во Париз“, шеста сезона која ќе се емитува на 24 декември, објави Нетфликс. Шестата сезона од ...
Aктерката Владанка Крстевски од Театар Куманово ќе учествува на 10. Меѓународен фестивал на монодрама „The Parade of Winners“, кој ќе се одржи од 17 до 21 септември 2026 година во Улан Батор, Монголија. На фестивалската сцена, Владанка Крстевски ќе ја одигра монодрамата „Прво лице еднина“, во режија на Драгана Гунин, како дел од меѓународната фестивалска програма во која учествуваат уметници од Монголија, САД, Русија, Северна Македонија, ...
Познатиот шпански тенор Хозе Карерас подготвува голем концерт на платото пред Дубровничка катедрала, кој веќе се етаблираше како еден од најочекуваните музички настани ова лето. На сцената ќе му се придружи сопранистката Душица Бијелиќ, додека концертот ќе го придружува Дубровничкиот симфониски оркестар под диригентската палка на диригентот Давид Хименез. Доаѓањето на еден од најголемите оперски уметници на денешницата предизвика голем ...
Со богат и разновиден репертоар, Народен театар Битола ја отвора новата театарска сезона во септември. На сцената публиката ја очекуваат „Едмонд“, „Госпоѓа Бовари“, „Странецот“, „Унна“ – гостување на Ѕвездара театар од Белград,Србија, „Ричард III“, „Пламенка“, „Пинокио“, „Жиголо“, „На отворено море“, „Кориолан“ и „Секстет“. Септември во НУ Народен театар Битола носи и гостувања. Па така на 11 септември „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на ...
На барање на битолчани, покрај главниот град Скопје, поезија за песни за животот и во Битола. На 15 октомври 2026 година во НУ Центар за култура – Битола. Една вечер исполнета со стихови, музика и емоции што се чувствуваат длабоко. На сцената во НУ Центар за култура – Битола ќе се сретнат: Марко Милошевиќ– поет и Борис Режак – музичар. Заедно ќе приредат уметничко патување низ љубовта, копнежот, радоста и сите оние чувства што го прават ...
Започнаа пробите за „Животинска фарма“ според Џорџ Орвел во Народниот театар во Прилеп. Постановката е во режија на Ќендрим Ријани, драматург е Лидија М. Ѓорѓиевска. Играат: Игор Трпчески, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски и Илија Волчески. Сценограф е Валентин Светозарев, костимите се на Марија Папучевска а музиката е ...