Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовираат: Лидија Капушевска Дракулевска, Биљана Стојановска и Оливера Ќорвезироска. „Длабок простор“ е десетта поетска збирка на Зоран Анчевски. Таа продолжува таму каде што завршуваат ...
Димиќ по три години, повторно во Драмскиот театар Скопје По бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“, претстава која во изминатите години предизвика исклучителен интерес и силни емоции кај публиката низ регионот. Монодрамата „Ој, животе“, создадена ...
Анимираниот филм „Супер Марио Галакси“ ја надмина границата од една милијарда долари заработка во кината ширум светот, со што стана првото филмско остварување во 2026 година на кое му успеа ваков подвиг, пренесува „Дедлајн“. Станува збор за филмска адаптација на една од најпознатите видеоигри во светот, создадена во соработка меѓу студијата „Јуниверзал пикчерс“, „Илуминација“ и јапонската компанија „Нинтендо“. Буџетот за продукција изнесувал ...
Филмот „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на 66. Krakow Film Festival во Полска. Станува збор за признание што го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најрелевантните професионални организации во областа на филмската критика. Наградата има особена тежина бидејќи доаѓа од меѓународната критичка јавност и претставува признание за авторската вредност, филмскиот јазик и ...
Како што се загрева атмосферата за Светското првенство, така започнува и традиционалната војна на големите спортски брендови на телевизиските екрани. Изминативе денови, американскиот гигант Најк (Nike) ја запали глобалната јавност со лансирањето на својата најнова мундијалска кампања, која веднаш предизвика масовни дебати и носталгични споредби на социјалните мрежи. Прашањето кое сите го поставуваат е едноставно: Дали новиот холивудски проект ...
BBC и BritBox подготвуваат нова телевизиска адаптација инспирирана од делата на Агата Кристи, а приказната ќе се фокусира на познатиот белгиски детектив Херкул Поаро. Во насловната улога на серијата „Херкулес“, гледачите ќе го видат Едвард Блумел, познат по проектите „We Might Regret This“, “Sex Education”, “Killing Eve” i „My Lady Jane“. Проектот ќе има шест епизоди во траење од еден час, напишани од Бенџи Волтерс, кој работел на сериите ...
Екипата на вториот тим на Ред Бул, Рејсинг Булс претстави нов, впечатлив дизајн за своите болиди кој ќе го користи во текот на претстојниот тркачки викенд за Големата награда на Шпанија. Новиот изглед на болидот „VCARB 03“ е директно инспириран од визуелниот јазик на фудбалската култура и се совпаѓа со денешниот старт на Светското првенство во фудбал. Тимот со ова сака да му оддаде почит и на градот домаќин Барселона, кој е глобално ...
„На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“ е насловот на панел-дискусијата што ќе се одржи денеска во 17 часот во кафе-книжарницата „Долапче“ во рамките на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Модератор ќе биде режисерот Милош Б. Андоновски, а ќе учествуваат: Сања Стефановиќ – психолог и психотерапевт, Марко Трајковиќ – актер, Петар Антевски – продуцент и Ангела Стојановска – актерка. Темата на менталното здравје никогаш не ...
Јубилејното петто издание на „Маалски фестивал“ ќе се одржи на 11, 12 и 13 јуни во КСП Центар – Јадро и во Паркот на франкофонија. Во текот на трите фестивалски дена посетителите ги очекуваат добропознати маалски програми и лица од претходните изданија, но и нови содржини што ќе го обележат јубилејот: работилници, изложби, уметност во јавен простор, филм, музика, базар и многу простор за средби и маалска дружба. Програмата започнува со ...
Тамара Тодевска на музичките платформи ја објави насловната песна од новиот албум „Кукла жива“ која е автобиографска. „Секоја грешка ти ја памтат, од твојата болка пак се хранат, ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават. Ти велат биди помалку своја, светот сака копија, не боја. Никој не сака жена силна, треба да си убава и мила, на светот му треба кукла жива“, се дел од стихопвите кои ги пеам во песната, вели Тодевска. Музиката ...
Вчера во рамки на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржа и трибина на тема „Современ ли е современиот македонски театар? Меѓу локалната инерција и глобалните сценски текови“. Искрениот, храбриот театар кој допира до публиката и предизвикува емоции е современ театар, сметаат македонските режисери од поновите генњерации, без разлика дали работат на независната или на институционалната сцена. Своите ставови на трибината ги пренесоа ...
Во време кога цените на недвижностите рушат рекорди, а инвеститорите се подготвени да платат милиони за секој квадратен метар земјиште на добра локација, една австралиска фамилија донесе одлука која го изненади целиот свет. Во предградието The Ponds во Сиднеј, семејството Замит одби понуди кои, според австралиските медиуми, достигнувале и до 50 милиони австралиски долари за нивниот имот. Наместо да ја прифатат огромната сума и да се преселат, ...
Александар Петров, перкусионист и композитор со светска кариера, ќе го реализира својот проект TRANSMIssION утревечер во 21 часот во Public Room, Скопје. Со него ќе настапат вокалистката Тања Царовска, музичарот Симеон Петров, гитаристот Филип Динев и француската диџејка и продуцентка Lenna. Билетите се достапни преку tix.mk Пишува: Ана Василевска Постојат музичари кои свират традиција. Постојат и такви кои живеат во неа, а потоа ја ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска обвини дека власта не го спроведува Законот за употреба на македонскиот јазик и побара од претседателот на Собранието, Африм Гаши, да овозможи одржување надзорна расправа за неговата примена. На прес-конференција, Костадиновска-Стојчевска оцени дека и покрај законската рамка донесена во јануари 2024 година, речиси ништо не е направено за имплементација на одредбите од законот. ...
Се снима филм за пејачката Софија Кочевска Деновиве во Битола, на неколку локации, почна снимањето на музичко-документарниот филм “55 години музичка кариера - Софија Кочевска”. Автор и режисер на филмот е Шенол Мемиш, а камера и монтажа се доделени на Дејан Младеновиќ. Филмот ќе биде премиерно прикажан ова лето, во рамките на Битфест 2026. Во него, Софија Кочевска раскажува за нејзините почетоци, фестивалски настапи, албуми, а за нејзината ...
НУЦК “Ацо Шопов“ – Театар Штип ја најавува премиерата на претставата „Синдром Нора“ – кабаре, во режија на Наташа Поплавска, текст на Весна Куслеска (по мотиви на ”Нора” од Хенрик Ибзен), која ќе се одржи на 13 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театар Штип. “Синдром Нора” не е само приказна за Нора. Ова е приказна за сите што некогаш живееле според туѓи очекувања, туѓи правила, туѓи стравови и туѓа претстава ...
Театарскиот фестивал „Петар Кочиќ“ во Бања Лука заврши, а жирито едногласно донесе одлука наградата за најдобар актер на фестивалот да му припадне на Никола Ристановски за улогата на Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ на Звездара театар. Жирито на 28. театарски фестивал беше во состав: членовите – актерката Наташа Периќ и режисерот и универзитетски професор Душан Петровиќ, како и драматургот Молина Удовички Фотез, како претседател. Во нивното ...
Драматургот и директор на Театар Комедија, Дарко Спасов, е годинешен добитник на меѓународната награда „Претнар“, почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“. Ова признание се доделува на фестивалот „Лириконфест“ во Словенија на личности кои со својата долгогодишна и посветена работа дале значаен придонес во меѓународното вмрежување и промоција на поезијата, словенечката литература и словенечкиот јазик ширум светот. ...
Дина Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот што го обработува, се вели во рецензијата на европскиот филмски протал „Синеуропа“ за филмот „Скетбордингот не е за девојчиња“, кој на 4 јуни имаше светска премиера на фестивалот Трајбека во Њујорк. Филмот се прикажа во Меѓународната конкуренција за награди. Македонската премиера се најавува за септември. Во „Синеуропа“ меѓудругото се вели дека овој филм сугерира оти ...
Под мотото „Очи широко затворени“, синоќа, 10 јуни, во Тетово започа 15-то издание на Меѓународниот филмски фестивал WatchOut!, кој ќе трае до 12 јуни. Официјалното отворање се одржа во 20:00 часот, на Амфитеатарот пред Музејот на Комунистичката партија во Тетово. Свои поздравни говори имаа претставници на Гете-институтот и директорот на Центарот LOJA за балканска соработка, Бујар Лума. А вечерва ќе бидат доделени награди на победничките ...
Ве информираме дека во рамките на Интернационалниот фестивал „Share” во Братислава, Словачка, вечерва ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев” со продукции на Скопје танцовиот театар 2, во рамки на програмата на театарот за 2026та под наслов „Современи кореографи”. Претставата ќе се одржи во рамки на изведувачката програма на фестивалот, на сцената „Театар – ЛАБ” на Академијата за изведувачки ...
Пред бројната публика во македонскиот КИЦ во Загреб, вчеравечер се одржа извонреден концерт на Триото „Интерарт“ од Битола, кое со својот врвен уметнички настап ја воодушеви публиката и беше наградено со долготрајни и искрени аплаузи. Публиката уживаше во концертната вечер исполнета со врвна уметничка интерпретација, техничка прецизност и исклучителна музичка зрелост. Флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно ...
По заменувањето на канадскиот студ, американските модерни арени и прекрасните пејзажи во Монтереј и Гвадалахара, нашиот мундијалски серијал го достигнува својот апсолутен врв со најлегендарниот од сите стадиони на листата. Пристигнуваме на местото каде што фудбалот ги надминува границите на спортот и преминува во чиста митологија. Добредојдовте во Мексико Сити, на култниот „Естадио Ацтека“ – стадионот кој вечерва ќе биде центар на светот и ...
Почитувани, Факултетот за музичка уметност – Скопје има чест да ве покани на традиционалниот концерт на македонската Филхармонија „ЗВУКОТ НА ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА“, под диригентско водство на маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, на кој, како солисти со оркестарот на Filharmonija ќе настапат и следниве студенти од Факултетот за музичка уметност – Скопје: Давид Павиќ – пијано Кристијан Колев – кларинет Христијана Матеска – хармоника Бојана Митковска ...
По светската премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума на Tribeca Festival во Њујорк, пристигнаа и првите меѓународни критики. Cineuropa: Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот со кој работи. Овој филм покажува дека пред неа сè уште има простор за раст и авторско истражување, но истовремено ја издвојува како талент што вреди да се следи. Уште поважно, нејзината работа придонесува ...
На 13 јуни на Викендот на гордоста, со почеток во 21:00 часот во Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се изведе технобурлеската „Крадци на слики” (Technoburlesque – Image Snatchers) на словенечкиот колектив The Feminalz, реализирана со локална поддршка од Бучкуруж и копрограмирана заедно со ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Колективот The Feminalz започнува да ја создава технобурлеската „Крадци на слики” ...
На програмата на манифестацијата се заедничко читање на македонска и бугарска поезија, со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете земји, книжевен портрет на истакнатиот македонски автор Јовица Ивановски, како и посета на куќата за литература и превод во Софија. „Во изминатите петнаесетина години во организација издавачката куќа ‘Макавеј’ и МКИЦ во Софија беа одржани 15 изданија на Македонската книжевна визита на која ...
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови. Пријавените творби треба да бидат необјавени и потпишани со име и презиме, а може да се достават електронски на ...
Во Музејот на македонската борба вечерва беше промовирана книгата „Безбедносен менаџмент“ од деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Оливер Бакрески. Како што беше речено на настанот, станува збор за учебник за студенти кои студираат безбедност. На промоцијата на книгата беше присутен и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во обраќањето пред присутните, тој истакна дека учебникот „Безбедносен менаџмент” претставува ...
Самостојна изложба на Ненад Тонкин, со наслов „Простор – тишина“, ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар во Скопје со почеток од 20 часот. Како што соопштија од организацијата, изложбата ќе биде отворена до 24 јуни. – Изложбата со наслов „Простор – тишина“ на Ненад Тонкин се состои од ахроматски колажни релјефи изработени од архивска fine art хартија од брендот Hahnemühle. Со користење на едноставни геометриски парчиња, ...