Добивај вести на Viber СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ вреден фантастични 7.727.703 денари, освои играчот Д.К.од Берово. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф“, на 18.04.2026 година во Берово. Среќната игра е 20 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија искрено му честита на добитникот. Во периодот од 13.04.2026 до 19.04.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати ...

Лизингот на возила станува сè почест избор кај физичките и правните лица кои сакаат брзо и флексибилно решение за набавка на ново или користено возило. Овој финансиски модел нуди едноставен процес, прилагодени услови и разновидни опции за финансирање. Од НЛБ посочуваат дека постапката за одобрување е брза и едноставна – клиентите избираат возило, поднесуваат барање и добиваат понуда во краток рок. Во понудата се вклучени различни типови ...

НЛБ Банка АД Скопје заедно со НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана извршија докапитализација на основната главнина на друштвото НЛБ Леасе & Го Скопје. Според информациите, НЛБ Банка АД Скопје поседува 49 проценти од вкупниот основачки капитал на друштвото. Компанијата нуди услуги на финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, при што понудата опфаќа финансирање на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, ...

Државниот завод за индустриска сопственост денеска го одбележува Светскиот ден на интелектуална сопственост, 26-ти април, преку традиционалната манифестација „Патент на годината 2025“. Според најавата од Заводот, целта на овој настан е да го промовира системот за заштита на правата од интелектуална сопственост меѓу различни групи на граѓани и да ја зацврсти соработката помеѓу образовните, научните и истражувачките установи, културниот и ...

Во Црна Гора стапија во сила измените на Законот за работни односи со кои старосната граница за пензионирање повторно се поставува на 67 години, наместо досегашните 66. Властите ја правдаат одлуката со потребата од прилагодување на системот кон реалноста на пазарот на трудот, но и како одговор на барањата што, како што велат, биле артикулирани и од страна на синдикатите во текот на консултативниот процес. На хартија, мерката изгледа како ...

Цената на нафтата порасна на почетокот на неделата поради неизвесноста околу мировните преговори меѓу САД и Иран, што ги зголеми стравувањата од можни нарушувања на извозот на енергија од Блискиот Исток. Фјучерсите за суровата нафта од типот „Brent“ пораснаа за повеќе од два проценти, достигнувајќи тринеделен максимум од 107,97 долари за барел во азиската трговија. Порастот на цената ја засили загриженоста за инфлациските притисоци и ги ...

Добивај вести на Viber Компостирањето претставува еден од најефикасните и најодржливи начини за управување со биоотпадот – органски отпад од храна, зелен отпад од паркови и градини и други биоразградливи материи. Наместо органскиот отпад да заврши на депонии – каде што се создава метан и депониски исцедок, преку компостирање тојсе претвора во вреден ресурс – компост, односно природно ѓубриво богато со хранливи материи, коешто понатаму ...

Европската Унија и Велика Британија ќе бидат погодени од цунами од енергетска криза во мај, изјави шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и претставник на претседателот Владимир Путин за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев. Тој верува дека во мај Европската Унија и Обединетото Кралство ќе бидат погодени од цунами од енергетска криза, што ќе им предизвика колосални загуби. „Наместо постојано да бараат ...

Цената на златото продолжува да привлекува силно внимание на глобалните пазари, достигнувајќи високи нивоа во текот на април 2026 година. Според последните податоци од меѓународните берзи, благородниот метал денес се тргува по цена од околу 128 до 130 евра за грам, односно приближно 4.000 до 4.050 евра за унца (31,1 грам.) Аналитичарите посочуваат дека растот на цената на златото е поттикнат од комбинација на фактори, вклучително и ...

Добивај вести на Viber Скопскиот бизнисмен Зоран Кондратенко ја презема фирмата Монтинг Инженеринг Битола од поранешниот функционер Томе Тромбев. За преземањето на компанијата за изградба на челички конструкции објави Комисијата за заштита на конкуренцијата. Кондратенко, инаку сопственик на Техноинженеринг и Енерго Систем, од декември лани веќе е впишан како управител наместо поранешниот битолски пратеник Томе Тромбев, кој своевремено беше ...

Добивај вести на Viber АЛТА банка АД Битола во 2025 година оствари нето-добивка од 40,60 милиони денари односно околу 660.000 евра, што претставува значително намалување во однос на претходната година кога добивката изнесуваше 163,17 милиони денари или околу 2,65 милиони евра. Банката предлага оваа добивка во целост да биде задржана и да не се исплати како дивиденда на акционерите. - Во согласност со споменатите членови, добивката по ...

Грант во износ од 500 илјади евра за реализација на проект „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, заедно со шест претпријатија ќе биде доделен денеска во рамки на четвртиот национален настан за доделување грантови во Македонија од страна Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), кој е организиран во ...

Преговорите во Пакистан, кои требаше да донесат потраен мир на Блискиот Исток, завршија уште пред да почнат, но примирјето засега останува. „Можат да нè повикаат кога сакаат“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека неговите луѓе „повеќе нема да прават 18-часовни летови за да седат и да разговараат за ништо“. Ормускиот теснец и натаму останува затворен и од САД и од Иран, додека во меѓувреме барел нафта Брент чини ...

Глобалната продажба на лесни возила во текот на 2026 година ќе биде помала за 800.000 до 900.000 единици, а во 2027 година за 500.000 единици, стои во прелиминарните прогнози на „Стандард енд пурс Глобал“. Според овој извештај, само во земјите од Заливот намалување ќе изнесува околу 200.000 единици. Во прогнозата се наведува дека глобалниот пазар веројатно ќе доживее подлабоки прекини во синџирот на снабдување ако Ормускиот Теснец остане ...

Бизнис моделот за подигнување на нов насад со бадем, го работиме со браќата Кристијан и Горан Балески од Прва органска задруга – Валандово. Нивното искуство, посветеност и визија е тоа што им треба на сите почетници во било кој бизнис. Пристапот е ист како и за другите модели – ВОДИЧ ЗА ПОЧЕТНИЦИ во одгледување на бадем, со сите потребни информации од идеја, подготовка на почвата, набавка на садници, агротехнички мерки, заштита, технологија, ...

На бензинските пумпи во Малта владее речиси нереална ситуација. Додека во поголемиот дел од Европа цените на горивата сè уште се силно под влијание на глобалните кризи и често надминуваат 2 евра за литар, во овој архипелаг тие речиси и не ја промениле количината со години. Во 2026 година, дизелот ќе се продава за околу 1,21 евро, а бензинот за околу 1,34 евра за литар. Ова е вистински исклучок во рамките на Европската Унија, не поради ...

Скопје, 26 април 2026 (МИА) - Во Стопанската комора утре од 11 часот ќе се одржи настан за доделување грант на конзорциуми во земјава, како дел од активностите во рамки на одржлива конкурентност на бизнисите од Западен Балкан 6, на патот кон единствениот пазар на ЕУ, во соработка со Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ). Повод е официјалното соопштување на добитникот на грантот од четвртиот повик, а ќе бидат презентирани и резултатите од ...

Извршниот директор на УНОПС, Жорж Мореира да Силва, предупреди дека продолжувањето на пречките би можело да има драматични последици по глобалната безбедност на храната, особено во посиромашните и во воено погодените држави кои зависат од увозот на ѓубрива во пресрет на сезоната на сеидба. Според неговите зборови, прекинот на испораките низ овој стратешки поморски премин би можел да турне уште 45 милиони луѓе во глад. „Ројтерс“ претходно ...

Сè почесто може да се слушне истата реченица – „платата е солидна, ама пак не стига“. Она што некогаш важеше за луѓе со ниски примања, денес сè повеќе го чувствуваат и оние со просечни, па дури и надпросечни плати. Па каде „исчезнуваат“ парите? Проблемот не е само во платата Иако растот на трошоците игра голема улога, проблемот не е само во висината на приходите. Комбинација од фактори го прави штедењето сè потешко, односно инфлација што ...

Македонија одбележува 34 години од воведувањето на денарот, валута што се наметна како еден од клучните столбови на економската стабилност и монетарната самостојност на државата. Од своето воведување, денарот помина низ низа економски и политички предизвици, вклучително и транзициски периоди, регионални и глобални кризи, но успеа да ја задржи стабилноста и довербата кај граѓаните и стопанството. Во изминатите децении, валутата постепено се ...

Добивај вести на Viber Во Париз, град каде што лебот со векови е повеќе од храна, една сцена од 2022 година го обиколи светот - долги, златни векни багет кренати во воздух како трофеј. Поводот беше вклучувањето на багетот на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство - признание не само на рецептот, туку и на целата култура на секојдневниот живот. Претседателот Емануел Макрон го нарече тоа „250 грама магија и совршенство во ...

Добивај вести на Viber Постојаната работа без одмор не води кон ништо добро на долг рок, а истражувањата одамна покажаа дека одењето на одмор е сигурен начин за подобрување на општата физичка и ментална состојба. Студија од 2025 година покажа дека закрепнувањето од стрес и „прегорување“ на работа бара значително повеќе одмор отколку што му е потребно на просечниот вработен. Иако постојат многу причини зошто земањето платено слободно време ...

Цената на ф’стаците, познати во Иран, Турција и Сицилија како „зелено злато“, неодамна достигна осумгодишен максимум поради зголемената побарувачка и неможноста за извоз на ф’стаци од Иран. Складиштата низ Иран чуваат големи количини фстаци чиј извоз од земјата е запрен поради војната, а речиси целосниот прекин на интернетот во земјата значи дека Borna Foods, која снабдува некои од водечките британски трговци на мало, не може ниту да ...

„Туркиш ерлајнс“ направи значителни намалувања низ својата мрежа во текот на изминатата недела, суспендирајќи осумнаесет рути и намалувајќи ги фреквенциите на бројни услуги. Во регионот, намалувањата ќе влијаат на Сараево, Загреб, Љубљана и Приштина. Генерално, авиокомпанијата отстрани повеќе од 100 неделни полетувања месечно од својот распоред (или над 200 неделни летови, вклучувајќи повратни услуги) од мај до октомври, при што најголемите ...

Добивај вести на Viber Поради зголемената побарувачка и неможноста за извоз од Иран, цените на ф'стаците неодамна достигнаа осумгодишен максимум. „Во магацините во Иран има големи количини ф'стаци, чиј извоз од земјата е запрен поради војната, а речиси целосниот прекин на интернетот во таа земја значи дека компанијата „Борна Фудс“, која снабдува некои од водечките британски трговци на мало, не може ниту да контактира со добавувачите“, изјави ...

Потпретседателот на „СП Глобал“ (S&P Global), Даниел Јергин, предупреди дека кризата во Ормускиот теснец претставува „најголем енергетски шок што сме го виделе досега“, иако цените на нафтата сè уште не го достигнале инфлациски усогласениот еквивалент на претходните врвови. Влијанието се протега далеку пошироко од нафтата и ги погодува глобалните испораки на природен гас, ѓубрива, хелиум, алуминиум и петрохемиски производи, при што ...

Шпанскиот синџир ресторани „Мафија седи на маса“ (La Mafia se sienta a la mesa) е принуден да го промени своето име по 25 години поради правен спор покренат од италијанските власти, објавува Mesaggioro. Синџирот ќе го промени своето име во „Семејството седи на маса“ (La Famiglia se sienta a la mesa) откако Шпанската канцеларија за патенти и трговски марки го поништи неговото сегашно име, на барање на италијанската амбасада во Шпанија, ...

Добивај вести на Viber Во предсезоната, во текот на 20 дена, градот Бар го посетија 14.000 туристи кои пристигнаа со крузери. Оваа пролет, од крајот на март до 21 април, 14.000 туристи и околу 4.900 членови на екипажот пристигнаа во Бар со бродови за еден ден, што е рекорден број гости за предсезонскиот период. Според најавите од компанијата „Пост оф Адрија“, на чии пристаништа се закотвуваат бродовите, овогодишната сезона на крстарење во ...

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување ДДВ-пријава и за плаќање на ДДВ-долгот за даночниот период 1 јануари – 31 март 2026. – Бидете дел од даночните обврзници што навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ што го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие ...

Авиосообраќајот во земјава бележи значителен раст и бројките потврдуваат дека има сериозен напредок во секторот. За краток период се воведени 28 нови авиолинии, што директно влијае врз зголемувањето на бројот на патници. – Тоа е стратегија што ја работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот многу опаѓа, со број на патници од околу 2,5 милиони. Создадовме концепт што не беше лесен – разговаравме со бројни компании и ги ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.71
55%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
86%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
43%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
57%
1009
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
58%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Платина

64172.89

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Калај

50.03

Бакар

12.06

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57