Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Професорот по кривично право Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи објави дека добил две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци од 2020 година. „Деновиве добив не едно, туку две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци како „доход“ за далечната 2020 год. Ако е празен буџетот да ви дадам на заем?!“, напиша тој. Тој објаснува дека државата го пратила како експерт во меѓународна организација за што работел про боно, а ...
Германските граѓани сè уште чуваат околу 12 милијарди марки во своите душеци. „Луѓето обично доаѓаат по чистењето на становите на пријателите или роднините кога ќе најдат банкноти или, почесто, монети од германски марки на различни места“, рече Уве Дихерт, портпарол на Германската централна банка (Бундесбанк) за Евангелистичката новинска агенција (EPD). Покрај душеците, најчестите места каде што се наоѓаат поголеми количини се стари лекови ...
Соборувањето на претседателот Николас Мадуро ја стави во центарот на вниманието должничката криза на Венецуела, една од најголемите неизмирени суверени неплаќања во светот, пишува Ројтерс. По години економска криза и санкции од САД што ја исклучија земјата од меѓународните пазари на капитал, Венецуела западна во банкрот на крајот на 2017 година откако не ги изврши плаќањата за меѓународни обврзници издадени од владата и државната нафтена ...
Финансии / Банкарство СРБИЈА СЕ ЗАДОЛЖУВА НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР СО ДРЖАВНИ ОБРЗНИЦИ ОД 1,15 МИЛИЈАРДИ ЕВРА 05.01.2026 Сподели: Министерството за финансии на Србија го објави планот за аукции за првите три месеци од 2026 година, според кој државата планира да собере вкупно 111,6 милијарди динари и 200 милиони евра, што според моменталниот просечен курс од околу 117 динари е близу 1,15 милијарди евра. Тој износ претставува значителен дел од ...
Луѓето внимателно ги планираат своите патувања комбинирајќи евтини летови и прифатливо сместување, а вистинското место за квалитетен одмор е португалскиот град Гимараинш. Новата година носи и нови можности за патување, и едно е сигурно: сè повеќе туристи ќе бараат начини да го истражат светот без да потрошат многу пари. Со зголемувањето на цените, патниците се вртат кон прифатливи, но интересни дестинации кои нудат богата култура, прекрасни ...
Криптовалутите влегоа во новата година победнички, со раст што одразува пораст на цените на стоките и азиските акции, поттикнат од моментумот предводен од вештачката интелигенција и геополитичките настани. Биткоинот накратко достигна 93.000 долари во понеделник, 5 декември, бидејќи трговците се потпираа на нов апетит за ризик на пазарите откако САД го соборија Мадуро, а почетните текови на почетокот на годината ги зголемија главните токени по ...
Илјада денари одамна престанаа да бидат „сигурна банкнота“. Некаде меѓу касата во маркетот и бројката на фискалната сметка, човекот денес има чувство дека парите се трошат побрзо отколку што успева да ги изброи. Не затоа што купува повеќе, туку затоа што со истите тие 1.000 денари реално купува помалку. Многу помалку. Ако тргнеме од најосновното – храна за дома – сликата е прилично сурова. Со илјада денари денес може да се земе една скромна ...
Цените на нафтата паднаа денеска, откако инвеститорите ги проценуваа импликациите од заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили врз глобалната понуда на „црното злато“ и неговото пошироко влијание врз енергетскиот сектор на земјата, објави Блумберг. Фјучерсите за суровата нафта Брент паднаа за 0,66% на 60,35 долари за барел, додека фјучерсите за американската сурова нафта West Texas Intermediate ...
Министрите за финансии на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) неодамна одлучија да воведат нова царина од три евра за пратки со ниска вредност што пристигнуваат во Европа. Целта е делумно да се ограничи увозот на евтини кинески производи преку онлајн трговци на мало како што се „Шеин“ и „Тему“. Царината ќе биде поврзана со поединечни типови производи и ќе се применува од 1 јули, а ќе остане на сила сè додека Европската Унија (ЕУ) не најде ...
Во град без активна индустриска зона, без поголеми инвестиции и нереализирани планови за економски развој со години, младите од Радовиш најдоа сопствен пат до повисоки приходи — преку диспечерските компании што работат исклучиво со американскиот транспортен пазар. Во недостаток на фабрики, токму овие фирми станаа најатрактивната „индустрија“ во градот, обезбедувајќи плати кои локалниот пазар не може да ги понуди. Околу 200 млади веќе работат ...
Добивај вести на Viber Две инвестиции се планирани да бидат во ТИРЗ Скопје и тие се од фармацевтската индустрија и индустријата на високи технологии, додека останатата инвестиција е планирано да биде лоцирана во ТИРЗ Тетово, а станува збор за производствен капацитет од автомобилската индустрија каде што ќе се произведува компонента која досега не се произведувала во Македонија. Ова го открива Гоце Димовски, директорот на Дирекцијата за ...
Добивај вести на Viber Рафинеријата „Ел Палито“ во Пуерто Кабељо, во државна сопственост на PDVSA, повторно се најде во фокусот на светската јавност, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави преземање на контролата врз нафтениот сектор на Венецуела, со поддршка на најголемите американски нафтени компании. Трамп ја опиша индустријата како „целосен неуспех“ и вети инвестиции од повеќе милијарди долари за да го оживее секторот и ...
Медиумскиот и гигант од забавната индустрија „Дизни“ се согласи да плати 10 милиони американски долари за да ги реши обвинувањата за прекршување на законите за собирање податоци, кои се дизајнирани за заштита на децата. Завршувањето на судскиот спор против две од компаниите на „Дизни“ го потврди и американското Министерство за правда. Во тужбата, Министерството наведе дека „Дизни“ не означил правилно некои од своите видеа на „Јутјуб“ како ...
Меѓународната цена на златото се движи околу од 119 до 121 евро за грам чисто злато оваа недела, покажуваат најновите податоци од глобалните spot котации. Аналитичарите велат дека цената по грам е индикатор за состојбата на светските пазари, каде што златото традиционално се смета за „безбедна инвестиција“ во услови на финансиска неизвесност. Спот-цената на златото се искачи над 3.800 евра за унца (31,1 г), одразувајќи висока побарувачка од ...
Добивај вести на Viber Ворен Бафет , милијардерот инвеститор, го објави своето пензионирање. Мудрецот од Омаха ги информира инвеститорите од 1965 година за трансформацијата на Беркшир Хатавеј . Со текот на времето, неговата компанија прерасна од пропадна текстилна компанија во империја вредна повеќе од трилион долари. Ова се некои од неговите лекции. Плаќање во готово Една од многуте лекции што Бафет ги научи на свој трошок и на трошок на ...
Добивај вести на Viber Агенцијата за цивилно воздухопловство во годината што почнува, само за плати на своите вработени ќе потороши рекордни 194,5 милиони денари, или 3,1 милиони евра. Ова го покажува најновиот Годишниот финансиски план на Агенцијата за тековната 2026 година доставен до Собранието. Со оваа инситуција сега раководи директрот Драги Стојановски, а за реализација на овој план одобрен од Управниот одбор на АЦВ потребна е и ...
Добивај вести на Viber Новите цени на патарините во Србија важат од 1 јануари, а патарината за еден километар јавен пат се зголемува врз основа на должината на патната конструкција што возилото ја преминува на јавниот пат, објави неодамна Јавното претпријатие „Патишта на Србија“. Зголемувањето на цената се однесува на возила од сите категории, а надоместокот е зголемен на сите делници од автопатите каде што има мостови, вијадукти и тунели, а ...
Листата на најплатени извршни директори во Соединетите Американски Држави покажува силна концентрација на екстремно високи приходи во технолошкиот сектор, но и во компаниите што работат во областа на вештачката интелигенција, полупроводниците, софтверот и дигиталните платформи. Вкупната годишна компензација на најплатените извршни директори надминува 100 милиони долари, при што основната плата сочинува само мал дел од вкупниот приход. ...
Суверените фондови и јавните пензиски фондови инвестирале вкупно 132 милијарди долари – приближно половина од нивните вкупни инвестиции минатата година – во САД во 2025-та година, додека големите пазари во развој привлекле речиси една третина помалку средства во споредба со 2024-та година, се наведува во годишниот извештај објавен во петокот. Средствата под управување на овие гигантски инвеститори, заедно со централните банки, достигнале ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека изврши корекција на доставената предлог одлука за финалната цена од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме. Од 1 јануари 2026 година наместо предложеното зголемување од 7,66 % што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 % . Во ...
Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на три месечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000 потрошувачи кои во последните две години имале приговори или поплаки во врска со фактури и со нив е почната етапна телефонска комуникација – ова се дел од сетот на активни мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги презеде операторот на ...
Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности НОМАГАС Скопје со задоволство ја информира јавноста дека со пристигнувањето на првите пратки цевки од реномираниот европски производител „CORINTH PIPEWORKS“, изградбата на гасниот интерконектор влегува во нова, значајна фаза на теренска реализација. Овој чекор означува почеток на поинтензивни градежни активности за еден од најзначајните капитални проекти во државата. Изведбата на ваков ...
Добивај вести на Viber Земјите-членки на ОПЕК+ денеска постигнаа договор за одржување на стабилно производство на нафта и покрај тензиите меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ), еден ден откако САД го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Средбата на осумте членки на ОПЕК+, Саудиска Арабија, Русија, ОАЕ, Казахстан, Кувајт, Ирак, Алжир и Оман, кои произведуваат околу половина од светската нафта, се одржа по падот ...
Добивај вести на Viber Постојат огромни разлики во рамките на Европската Унија(ЕУ) кога станува збор за начинот на кој луѓето живеат, од големината и квалитетот на сместувањето, до клучното прашање: дали тие го поседуваат својот дом или плаќаат кирија. Најновото издание на публикацијата „Домување во Европа, 2025“, објавена од Евростат, носи интересни податоци што откриваат културни и економски поделби на континентот. Иако поседувањето ...
„ТАВ Македонија“, операторот на скопскиот аеродром, моментално се насочува кон нови услуги од Скопје до Данска, Финска и до дестинации на Блискиот Исток. Покрај тоа, од пазарите што веќе се опслужуваат, се фокусира на поголема поврзаност со Шпанија и со Обединетото Кралство. Според порталот „Екс ју авиејшн“, главната порта на Македонија треба да додаде над 560.000 патници само во првата половина од новата година, што претставува зголемување ...
Љубовта кон животните и кон природата ја вратиле Милена Величковиќ назад во селото. Вели дека мирот и спокојот што ѝ ги дава планината и селото не може да ги најде во урбаниот хаос. И покрај тоа што чувањето овци во нејзината фамилија не било традиција, сепак, таа одлучува да им се врати на корените. Така започнува приказната за нејзиното стадо кое брои 300 овци и кое го чува во селото Четирце, Кумановско, на 600 метри надморска височина. ...
Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 година споредбено со 2024 година, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Во интервју за емисијата „Аграр“, Трипуновски посочува дека според податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари–октомври 2025 година во споредба со истиот период во 2024 година, извозот на земјоделски производи е зголемен за 5,5 проценти, што ...
Повод: Градежните зафати, порастот на БДП и зафатите што ќе обезбедат таков континуитет Забрзано се гради и се обновува на повеќе локации низ земјава. Градежните активности, судејќи според објавите на надлежните, се во полн ек иако сме во зимски период. Раководните лица споделуваат објави од текот на изградбата на автопатот кон Охрид, од штотуку започнатата реконструкција на главната железничка станица во Скопје, од градежните работи на ...
Последната и претпоследната откупна сезона можам да ги оценам како едни од најуспешните досега, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр”. „Сликата во минатото беше трактори на улиците, негодувања и откупни цени кои беа далеку под денешното ниво. Денес имаме откуп на тутун каде што согласно квалитетот се оди на прва класа без одбитоци. Просечната цена на досега ...
Добивај вести на Viber Проценките велат дека до 2030 година, околу 200.000 работници само во европските банки ќе бидат отпуштени. Причините се повеќе и не се од вчера. И не е само вештачката интелигенција виновна за ова, иако значително ќе ја забрза нивната можност да останат без работа. Факт е дека ова е процес што трае веќе некое време. И сè започна, како што знаеме, со доаѓањето на банкарските апликации за мобилни телефони. ...