Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Екстремно високите температури што деновиве го зафатија Скопје веќе предизвикуваат сериозни здравствени проблеми кај граѓаните. Само во текот на утринските часови, екипите на Итната медицинска помош интервенирале во повеќе од пет случаи на колапс на јавни места, а најголем дел од пациентите биле повозрасни лица. Сепак, лекарите предупредуваат дека последиците од топлотниот бран сè почесто ги чувствуваат и помладите граѓани. Докторката Ана ...
Голема трагедија го потресе регионот откако татко и син ги загубија животите по струен удар во нивниот семеен двор во местото Мазник, во општина Дечани. Според првичните информации од истрагата, несреќата се случила додека двајцата чистеле автомобил и дошле во контакт со електрична енергија. Полицијата соопшти дека случајот бил пријавен во неделата околу 20:40 часот, кога од Здравствениот центар во Дечани било известено дека две лица со тешки ...
Педесет и шестгодишен жител на Куманово е лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка, информираа од Секторот за внатрешни работи Куманово. Според официјалните информации, полициските службеници интервенирале на 27 јуни околу 07:40 часот, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство. Инцидентот се случил во домот на 42-годишната жена во Куманово, каде, според пријавата, таа била физички ...
– До 18:00 часот вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активен пожар има во Општина Василево – село Василево, каде гори депонија. Изгаснати се пожарите во Општина Дебар – село Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума), Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива), Општина Валандово – село Касандол (ниска вегетација), Општина ...
Вишиот суд во Неготин денеска ги упати списите од предметот против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ на 26 март 2024 година, до Апелациониот суд во Ниш ради одлучување по поднесената жалба. Претходно, Вишиот суд донесе одлука за потврдување на обвинението против Драгијевиќ и Јанковиќ, кои се товарат за тешко убиство. Истовремено, судот го одби обвинението и ја запре кривичната постапка ...
На 28.06.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.М. (46) од село во кривопаланечкиот регион, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 28.06.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.М. ...
Според информациите од МВР, на 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во базен во двор од куќа на подрачјето на Карпош е пронајдено починато лице. Лицето е идентификувано како М.Ј. (58) од Скопје. Според пишувањата на одредени медиуми, станува збор за познат долгогодишен бизнисмен. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По извршен увид на местото на настанот, по насоки од ...
Полицијата приведе 48-годишен жител на скопското село Ласкарци, по пријава дека пукал од пиштол за време на семејна веселба. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 јуни, во 16:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во селото Ласкарци го лишиле од слобода Р.С. (48), жител на истото село. Интервенцијата следувала по претходна пријава дека тој употребил огнено оружје, односно пукал од пиштол додека траела ...
Триесет и тригодишен тетовец бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако при контрола било утврдено дека управувал возило кое се барало преку Интерпол Германија. Според информациите од МВР, случајот се случил на 28 јуни околу 01:15 часот, на излез од државата. При гранична контрола било констатирано дека возилото „ауди а8“, кое го управувал Ф.А. од Тетово, било пријавено за украдено. Возилото е одземено, а по целосно документирање ...
Ноќеска во 01:30 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Д.(19) од Тетово затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Како што се наведува во полицискиот билтен, при преземање мерки, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,33 промили алкохол во крвта. По целосно ...
На крстосница од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Христо Герасовски“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки и мопед со ресенски регистарски ознаки. На 28.06.2026 во 17:25 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на крстосница од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Христо Герасовски“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од ...
Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија уапсила 18-годишна девојка која е осомничена дека од болница во Лиденшајд одзела новороденче, соопштија локалните власти. Според соопштението на полицијата, осомничената влегла во болницата облечена во светлосин мантил и се претставила како медицински работник, по што од болничката соба го одвела машкото бебе старо само седум дена, пренесува „Шпигел“. Околу еден час подоцна, бебето ...
Спорна објава претставена како „предвидување“ Во јавноста се појавија реакции по објавата во која Иван Исцелител се обидел да ја поврзе смртта на пејачот Владо Јаневски со наводно претходно „предвидување“. Според објавениот текст, станува збор за статус кој бил претставен како да е напишан на 1 јуни, односно еден месец пред трагичната вест, пренесува Newz24. Детал што ја разоткрива манипулацијата Во текстот се наведува дека спорната објава ...
На магистралниот пат Краљево – Нови Пазар се случи сообраќајна несреќа во која учествувале автобус и патнички автомобил, поради што се создадени големи колони и значително е забавен сообраќајот. Според информациите на порталот „Sandžak Danas“, возачот на патничко возило „Нисан Кашкаи“ со белградски регистарски таблички, при обид за претекнување, наводно преминал на спротивната коловозна лента и директно се судрил со автобус кој се движел од ...
Предмалку тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат кај с.Мамудовци према с.Премка кичевско. Од свои извори на терен до кои дојде Порта.мк станува збор за тешка сообраќајка каде учествувало пмв. Мазда со кичевски регистарски ознаки, кое било целосно оштетено како последица од ударот. Дополнителни информации за здравјето на учесниците и тоа дали има и други возила како учесници немаме. На терен моментално увид вршат ОВР Кичево, ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) во моментов проверува дали воопшто постојат елементи на кривично дело во случајот поврзан со Државна лотарија на Македонија, додека Финансиската полиција веќе речиси една година не ја завршува предистражната постапка. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи сè уште не дава јасен одговор дали лицата осомничени за наводниот милионски криминал се достапни за органите на прогонот. Според податоци од ...
Вчера во 15:23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Ново Село, скопско, настанал пожар при што биле опожарени ниви со земјоделски култури, како и помошна просторија во која имало домашни животни. На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која го изгаснала пожарот. Во настанот нема повредени лица. Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Вчера во 15:23 часот во СВР ...
Групна тепачка во која учествувале петмина тепачи вчера се случила во скопската општина Карпош, соопшти полицијата. На 27.06.2026 околу 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.К.(66) и Н.К.(61) од една страна и Б.К.(41), Ф.К.(18) и А.К. од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна ...
На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје. — реклама — — реклама — Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. — реклама — — реклама — Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е ...
Полициски службеници од СВР Скопје денеска околу 01:20 часот го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). -На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен ...
На 28.06.2026 во 00:13 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Гостивар, непознато лице кое било со патничко возило „џип“ испукало неколку истрели од огнено оружје, по што заминало кон центарот на градот. -Нема пријавено повредени лица, а околу 02:10 часот во ПС Гостивар сам се пријавил А.М. (65) од Гостивар и од него се одземени пиштол „берета“ кој го поседувал со дозвола, една рамка за истиот пиштол со 8 куршуми и една празна рамка за ...
Против 35-годишен жител на струшкото село Шум е поднесена кривична пријава поради сомнение дека извршил кривично дело „насилство врз дете“, соопштија од ОВР Струга. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 15 мај 2026 година, околу 12 часот, на локален пат во селото Заграчани. Како што се наведува, осомничениот физички нападнал 10-годишно дете од истото село. По преземените мерки и целосното документирање на случајот, ОВР ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете” по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила на една од најпрометните скопски сообраќајници, при што 28-годишен мотоциклист се здобил со сериозни повреди и бил итно пренесен на лекување. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 јуни околу 16:40 часот. Во судирот учествувале патнички автомобил „Мерцедес“, управуван од 66-годишен возач, и мотоцикл „Априлија“, кој го управувал 28-годишен скопјанец. По ...
Во Италија е во тек обемна потрага по Луиџи Кавалари, сопруг на министерката за семејни прашања Еугенија Рочела, кој исчезнал во езерото Вико, недалеку од Рим. Според првичните информации, Кавалари бил на чамец заедно со сопругата кога завршил во водата. Засега не е познато дали самиот скокнал или случајно паднал, а околностите на инцидентот сè уште се предмет на истрага. Веднаш по пријавата на местото пристигнале карабинери, пожарникари, ...
Автобус што превезувал патници кои се враќале од Хвар излетал од автопатот во близина на Бачка Топола во раните утрински часови. Во несреќата се повредени вкупно 12 лица, од кои седум потешко, но за среќа нема загинати. Несреќата се случила околу осум часот наутро, кога автобусот што се движел од правец на Нови Сад кон Хоргош, од засега непознати причини изгубил контрола, излетал од коловозот и завршил во одводен канал покрај патот. Според ...
Вистинска драма се случила на мал фудбалски турнир во Сплит, каде 34-годишен маж се здобил со тешки повреди опасни по живот откако паднал по конфликт на трибините. Поради скршеница на черепот, лекарите во болницата со часови се бореле за неговиот живот. Инцидентот се случил за време на натпревар избувнала расправија меѓу присутните на трибините. Според првичните информации, дошло до туркање, по што 34-годишникот паднал од трибините кон работ ...
Два мали браќа, на возраст од 4 и 2 години, починале откако биле пронајдени во автомобил за време на силен топлотен бран во Франција. Трагедијата се случила откако мајката ги однела децата на базен за да се разладат, а потоа застанала во супермаркет. Според изјави на семејството, по враќањето дома таа излегла од возилото за да ги внесе намирниците, при што, како што тврдат, децата останале во автомобилот без надзор. Подоцна биле пронајдени ...
Во познат туристички ресорт во Каталонија се случи масовна тепачка која ја потресе јавноста. Најтешко помина 13-годишна девојчица од Велика Британија, која остана со скршен нос и лице облеано во крв. Сè започнало наизглед безазлено – девојчето седнало на празна лежалка покрај базенот, не знаејќи дека друга фамилија ја „резервирала“. Во секунда, ситуацијата ескалирала. Еден маж без маица полудел и почнал да ја удира девојчицата, додека друг ја ...
Во потресувачки случај што ја вознемири јавноста, во семеен дом на периферијата на Рим е пронајдено безживотно тело на три члена од исто семејство – татко, мајка и нивната малолетна ќерка. Според првичните информации од истрагата, сите тројца биле жртви на насилна смрт со повеќекратни убодни рани. Инцидентот бил пријавен откако соседите забележале сомнителни околности и повикале полиција. По пристигнувањето на местото, полициските службеници ...