Во потресувачки случај што ја вознемири јавноста, во семеен дом на периферијата на Рим е пронајдено безживотно тело на три члена од исто семејство – татко, мајка и нивната малолетна ќерка. Според првичните информации од истрагата, сите тројца биле жртви на насилна смрт со повеќекратни убодни рани. Инцидентот бил пријавен откако соседите забележале сомнителни околности и повикале полиција. По пристигнувањето на местото, полициските службеници ...

Шеесет и седумгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека станал жртва на измама, откако во текот на изминатите три месеци во неколку наврати ѝ позајмил вкупно 3.400 евра на жена која лажно се претставувала како универзитетска професорка. Според информациите од СВР Тетово, жената му раскажала дека нејзината ќерка доживеала тешка сообраќајна несреќа во Франција и дека итно ѝ се потребни пари за лекување и медицински трошоци. Верувајќи ...

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје, на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“, улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 јуни во 16:40 часот. Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И. (66) од село Долно Свиларе, скопско, и ...

Четири лица од Скопје биле лишени од слобода во полициска акција спроведена на повеќе локации во главниот град, откако кај нив биле пронајдени наркотични дроги и таблети. Како што информира Министерството за внатрешни работи, во периодот меѓу 26 и 27 јуни полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Ј. (26), М.Ј. (24), М.Т. (37) и М.П. (20), сите од Скопје. При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела ...

На 27.06.2026 во 02:45 часот во СВР Скопје 43-годишна жена пријави дека на 26.06.2026 околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот поранешен сопруг И.Н. физички ја нападнал нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.06.2026 во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ц.(56) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Куманово, физички ја ...

Две деца се повредени во Земун откако врз нив се урнала поголема количина бетонски градежни блокови, во инцидент кој се случил рано утрово и предизвикал паника во населбата. Според првичните информации, трагедијата се случила додека децата си играле во близина на градилиште. Во еден момент, тие наводно случајно удриле во насобраните бетонски блокови, по што конструкцијата се урнала и ги затрупала. Очевидци веднаш повикале итни служби, кои ...

Битолчанец на возраст од 58 години е возачот кој вчера го загуби животот откако со камион излетал од патот Градско-Прилеп. Од МВР информираат дека несреќата во полиција била пријавена во 17:50 часот. -На магистралниот пат Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна ...

Случај што предизвика силни реакции во Велика Британија наскоро ќе добие судска разрешница. Вкупно 13 мажи се обвинети за сериозни сексуални кривични дела врз иста жена, а меѓу осомничените е и нејзиниот сопруг. Според британските истражни органи, главноосомничениот, маж од Стокпорт во шеесеттите години, се товари дека организирал заговор во кој неговата сопруга наводно била дрогирана, по што била сексуално злоупотребувана додека била во ...

Два автомобили биле опожарени во раните утрински часови во скопската населба Бутел, а едното возило е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била примена околу 2:20 часот, по што на местото веднаш излегла увидна екипа. Во пожарот биле зафатени автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на двајца жители ...

Грчката полиција истражува сериозен случај откако 19-годишна девојка пријавила дека била силувана додека била во алкохолизирана состојба на островот Скопелос. Според нејзината изјава, таа дошла на островот како сезонска работничка и по вечерно излегување со пријатели испила поголема количина алкохол. Подоцна заминала во станот на своето момче, каде што го затекнала само неговиот 28-годишен цимер, кој воедно бил и нејзин колега. Откако добила ...

Вистинска драма се случила вечерва во Смедерево, Србија, откако во два угостителски објекти биле фрлени експлозивни направи. Според првичните информации, мета на нападот биле еден ноќен клуб и еден сплав во градот. Експлозиите предизвикале вознемиреност кај граѓаните, а на местото веднаш пристигнале полициски екипи. Според досегашните неофицијални информации, во инцидентите нема повредени лица, но причинета е материјална штета. Полицијата го ...

Семеен излет во природа завршил со огромна трагедија, откако 35-годишната Сара Харисон го загубила животот обидувајќи се да спаси дете кое почнало да се дави во река. Според сведоците, детето од друга група излетници се лизнало и било повлечено од силната речна струја. Без двоумење, Сара скокнала во водата и успеала да стигне до него. Со последни сили го оттурнала детето кон брегот, каде што присутните успеале безбедно да го извлечат. ...

Кочани, 25 јуни 2026 (МИА) - Дваесет и седумгодишен жител на село Градец, виничко, е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола. Според информациите од СВР Штип, ноќеска во 01:20 часот на улицата Славчо Стоименски во Виница, полициски службеници од ОВР Виница извршиле сообраќајна контрола при што запреле патничко возило „Сеат Ибица“ без регистарски таблички. По извршените проверки ...

Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Триесетгодишен жител на Кавадарци е лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Според информациите од полицијата, синоќа во 20:30 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го привеле Н.Р. (30) од Кавадарци. При претресот, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли, по што лицето било ...

Педесет и седумгодишен државјанин на Хрватска е осуден на 12 години затвор поради убиството на свој пријател во Виена, по расправија која избувнала за време на дружење. Според судските информации, трагичниот настан се случил кон крајот на ноември минатата година во стан на нивна заедничка пријателка. За време на вечерта тројцата консумирале алкохол, а разговорот за војните во поранешна Југославија постепено прераснал во жестока расправија. ...

Осомничен за учество во меѓународна криминална мрежа поврзана со шверц на околу 50 тони кокаин користел македонски пасош издаден на туѓ идентитет, објавија медиуми повикувајќи се на информации од истрагата. Според достапните информации, патната исправа била добиена со злоупотреба на идентитет, што му овозможило полесно да се движи и да го прикрие својот вистински идентитет за време на криминалните активности. Случајот е дел од поширока ...

Бугарската јавност е во шок по трагедијата што се случи во студентски дом во градот Угрчин, каде биле пронајдени телата на две девојки, од кои едната е малолетна, и едно младо момче. Според првичните информации од тамошните медиуми, станува збор за случај што најверојатно бил поттикнат од љубовни односи и жестока расправија. Според бугарскиот весник „Труд“, полицијата веќе привела осомничен маж по име Петар, кој се товари дека ги убил младото ...

Пожар избувнал во семејна куќа во радовишкото село Габревци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 25 јуни, околу 14:30 часот, во ОВР Радовиш. По пријавата, на терен веднаш излегле екипи на Територијалната противпожарна единица Радовиш и Доброволното противпожарно друштво „Мантово“ од Конче. Според информациите, пожарот настанал во куќа сопственост на Р.П. од селото Габревци. Повредени лица нема, а ...

Пет лица побарале лекарска помош по пожар што ноќеска избувнал во поткровје на зграда во скопски Центар. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 26 јуни, околу 02:25 часот, во СВР Скопје. Додека се обидувале со противпожарни апарати да го изгаснат огнот, Д.С. на возраст од 54 години и Б.А. на возраст од 49 години, двајцата од Скопје, вдишале чад. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, ...

43-годишен маж од Скопје е лишен од слобода под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена, информираат од Министерството за внатрешни работи. — реклама — Како што соопшти МВР, на 25 јуни во 06:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Т. (43), постапувајќи по претходна пријава дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена. — реклама — — реклама — Според пријавеното, жената три дена престојувала во ...

42-годишен жител на Виница е лишен од слобода по пријава за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи. — реклама — Како што соопшти МВР, на 25 јуни во 19:45 часот, полициски службеници од ОВР Виница го привеле С.А. (42) од Виница, постапувајќи по претходна пријава. — реклама — — реклама — Според пријавеното, тој во семејниот дом во Виница физички ги нападнал неговата сестра, внука и татко. — реклама — По целосно ...

Шеесет и осумгодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус во населбата Пржино. Според информациите од МВР, на 25 јуни во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека Ј.С. (68) од Скопје паднала додека се превезувала во автобус на територија на населбата Пржино. Тешките телесни повреди биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Шеесет и ...

71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом физички била нападната и ѝ била скршена влезната врата од нејзиниот дом. На 25.06.2026 во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал ...

Тинејџер од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила по полноќ на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром. - На 26.06.2026 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Јане Сандански“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(31) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(19) од Скопје, известија од МВР во ...

Малолетен мопедист од Пробиштип е тешко повреден откако удрил во возило. Пренесен е на штипската клиника на лекување. Инцидентот се случил вчера попладне. - На 25.06.2026 околу 15:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, 17-годишен малолетник од Пробиштип, управувајќи мопед со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, запрено од С.С.(52) од ...

На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка” во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој ...

Полициски службеници од СВР Тетово вчера ги лишија од слобода А.И.(51), Ф.И.(25), Б.И.(21), Ш.И.(38) и Ш.И.(42), сите од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, затоа што што го наршиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Според пријавеното, околу 21:30 часот настанала вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу нив, при што Ш.И.(42) со метален предмет ги нападнал роднините Ф.И., Б.И. и А.И. и им нанел ...

Вчера во 20:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на тротоар на булеварот „Маршал Тито“ се судриле електричен тротинет кој го управувал 14-годишник од Тетово и детски тротинет, кој го управувал четиригодишник во придружба на негов родител. Притоа, четиригодишното дете се здобило со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово, соопштија од тетовската полиција. ...

Полицијата приведе 37-годишник од Кочани поради управување возило без возачка дозвола, а во неговото возило била пронајдена поголема количина брендирана роба. Според информациите на МВР, вчера околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, а при преглед ...

Четиринаесетгодишно момче е обвинето за убиство по пронаоѓањето на тело за кое полицијата верува дека ѝ припаѓа на исчезнатата 14-годишна Лили во Велс, Велика Британија. Телото било откриено на 22 јуни во областа Даферин Парк во Блејн, со што трагичната потрага добила драматичен исход. Иако формалната идентификација сè уште не е целосно завршена, истражните органи соопштија дека постојат силни индиции дека станува збор за Лили, која неколку ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
42%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
1.34
61%
1016
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
1.54
57%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.07
58%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
78%
1019
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
3.09
45%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 30ᴼ
3.6
69%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
90%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
39%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
69%
1013
Currency

61.525

Currency

52.71

Currency

71.9099

Currency

37.8479

Currency

38.0128

Currency

65.5865

Currency

7.84335

Currency

0.62639

Currency

0.33146

Currency

0.52437

Currency

1.09544

Currency

0.55342

Цинк

0.00

Злато

149205.18

Бакар

13.57

Калај

55.96

Сребро

2226.13

Паладиум

42599.74

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.24

Кобалт

56.29

Родиум

282926.57

Платина

59800.39

Рутениум

53852.50