Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Српските студенти ја разбудија заспаната совест на нивните колеги од Грција, пред се, заспаните институции со случајот од пред неколку години, кога при судир на композиции загинаа десетици луѓе,главно студенти. На Синтагма вчера вриеше од младост. Младоста побара одговорност. Во 1968 година, бев студент во прва година, кога младоста тргна од Студентски град во Белград, за што доби пендреци, а шпанскиот борец од граѓанската војна, Вељко ...
Сакам веднаш да им појаснам на лекторите дека знам дека зборот ефтин во македонскиот литературен јазик се пишува – евтин. Ама овде не станува збор за јазичен кодекс, за литературен јазик, за цивилизирано однесување…За жал, овде станува збор токму за ефтинија, за нешто што ќе го најдете на „бувљак“ или на отпад, а не меѓу нормален свет. Затоа молам ова да се има предвид. Следствено, дали веќе денес нештата се многу, многу појасни? Дали и новиот ...
Имаше нешто робеспјерско (или на Сен Жист) кога премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот го објави начинот како ќе се пресметува со Судскиот совет, тоа наводно олицетворение на најголем дел од „злото“ што се случува во правосудството: „Цениме дека треба да се удри во чело. Да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти. Ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингеренции на, во случајот парламентот, а тоа е изборот на оние ...
„Во изминатите три години со поддршка на УСАИД реализиравме проект за изработка на проектна документација“, овој „легендарен“ цитат го најдов во една од вестите, објавени деновиве во некој од добро медиумите обемно финансирани од УСАИД, преку кои оваа американска агенција се обидува да ги оправда своите активности во Македонија. Сепак, падот на УСАИД се случи толку бргу (во моментов додека го пишувам ова во Вашингтон буквално ги отштрафуваат ...
Пишува: Валентина ВУРМ Казна затвор од 20 години му е досудена на младиот Армин Берберовиќ од Сараево. Кобниот 26 мај, под дејство на алкохол и дрога, со одземена возачка дозвола, со брзина над дозволената, на пешачки премин, Берберовиќ ги прегази и уби лекарките Азра Спахиќ и Алма Суљиќ, на возраст од 25 и 26 години. Судот во Сараево, пред еден месец, за првпат ја изрече предвидената максимална казна за сторена сообраќајка со смртни последици. ...
По враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, најголемата грижа за кинеските лидери не се најавените високи царини за кинеските производи. Тие знаат дека зголемувањето на царината за Трамп е поважно како политички и симболичен чин, отколку како економско оружје што навистина би можело да го загрози економскиот раст и напредок на Кина. Препорачано Главната дилема пред Кина во овој момент е прашањето дали треба да се исклучи од меѓународниот ...
Мачно е кога гледаш дека и оваа, последнава трагедија со прегазувањето на 22-годишната девојка на еден од најпрометните булевари во Скопје се користи за политика. Паметиме многу трагедии од осамостојувањето досега. Фросина е само последна жртва во низата прегазени на пешачки премин, на зелено светло на семафор. Ни гореа пациенти во болница, ни гинеа патници во автобуси, ни се случуваа авионски несреќи, ни гинеа војници и полицајци во ...
Корисните разговори со Макферлејн ме убедија дека и тој, и сите ние сме немоќни пред фактот дека интересите меѓу државите се посилни од сите аргументи. „Сојузите се создаваат за да ги бранат интересите на своите членки“, заклучи Макферлејн, како да чита некој учебник по меѓународна политика. Стануваше сѐ појасно дека единствениот излез за Македонија е некаков компромис. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) Роберт Бад ...
Пред 80 години излезе првиот број на хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Непосредно пред тоа, младите партизани, членови на Комунистичката партија на Македонија и на Југославија слегоа од планините во градовите и со пиштоли на појасот го прогласија раѓањето на современата македонска држава. Ги чекаше огромна работа, како кодификација на литературниот јазик и создaвање на институциите на новото општество: политички, економски, правни, ...
Проценките за глобалните последици од враќањето на Доналд Трамп на чело на САД се движат од тези дека неговиот втор мандат ќе го преобликува меѓународниот поредок и светот воопшто, до поретки тврдења дека нема да се случи ништо што и онака не би се случило, како кога лидерството, на пример, би го презела Камала Харис. Сепак, Вашингтон уште е воено седиште на речиси неприкосновената суперсила која во 2023-та година на оружје потроши повеќе од ...
Дамбиса Мојо Точно е дека вештачката интелигенција има потенцијал да го поттикне глобалниот раст и да ја зголеми продуктивноста, но економијата се соочува со сè поголеми предизвици како што се зголемените трошоци за развој и обврските во однос на користењето на енергија. Во меѓувреме, инвеститорите си го поставуваат прашањето дали инвестициите во вештачка интелигенција би можеле да доведат до значајни приноси. Брзото темпо на технолошки напредок ...
Поттикнат од актуелните настани околу предложената „Концепција за гимназиско образование“, по освртот на есејот на Мерилин Робинсон направив осврт на книгата Поништувањето на човекот од К. С. Луис. Сметам дека оваа книга, достапна на македонски во издание на Издавачката куќа „Метаноја“, дава исклучително важни увиди во оваа проблематика, но ги опфаќа и општествените феномени кои влијаат на ваквите и на сличните одлуки во образованието не само во ...
Автор: Д-р Марјан Бојаџиев, универзитетски професор, https://www.linkedin.com/in/marjanbojadjiev/, https://bojadjiev.info/ Соработници: М-р Александар Ивановски УАКС Алумни, М-р Стефан Таневски, асистент на УАКС, М-р Никола Деребанов, консултант и експерт за зелена економија Минатиот петок 31.01 објавив колумна наречена „Дали ако е лошо времето ќе го бојкотираме УХМР? Главните тези во оваа колумна ми беа: Потоа, предложив и стратешки мерки, ...
Во 2023 година, „Ел паис“ го праша британскиот историчар Питер Франкопан зошто луѓето се толку песимисти во денешно време. „Тоа е добро прашање“, одговори Франкопан. „Претпоставувам дека историчарот би рекол дека тоа е затоа што секогаш се фокусираме на историјата и на работите што не функционираат. Се фокусираме на битки, се фокусираме на геноцид, се фокусираме на голема траума… Па, претпоставувам дека сме предиспонирани да бараме драма. ...
„Надвор, да ве нема од Европа“. И по два дена од атентатот во училиштето за образование за возрасни во шведскиот град Оребро, во кое доминантниот дел ученици се имигранти, полицијата сè уште имаше тешкотии да го дефинира постоењето на идеолошки мотив за масовното убиство, најголемо во модерната историја на Шведска, во кое загинаа 11 лица, вклучувајќи го и осомничениот сторител. Полицијата остана при своето тврдење дека не може да се согледа ...
Војната во Украина, се чини привршува. Битките по целата линија на фронтот, сеуште се жестоки. Руската армија, бавно, но сигурно напредува. Впечаток е дека всушност и нема кој сериозно да и’ се спротивстави. Украинската армија има сериозен недостаток на војници, а и тие што ги има се преморени. Моралот секој ден се намалува, а бројот на дезертерите се зголемува. Државниот секретар на САД, Рубио, ова најдобро го објасни: „…проблемот со кој се ...
Сега е модерно да се биде десничар во Европа. Виктор Орбан, Џорџа Мелони и компанија се веќе познати како „бранителите на националниот идентитет“ – или како што некои сакаат да кажат, архитектите на новиот авторитаризам. Тие не само што ја преуредија политичката карта на Европа, туку и ни дадоа мајсторска лекција за тоа како да се централизира власта, да се контролираат медиумите и да се ограничат правата на малцинствата, a сѐ во име на ...
· Законот за меѓународни рестриктивни мерки: филтрација на грант-атлантистите од поборниците на владеењето на правото Филтрација што во талогот ја остава и БЈРМ-овската правната мисла на скопски УКИМ и скопската медиа-интелектуала. До иницирањето на Законот, бројни опинионисти се потсмеваа со американската “црна листа”, велејќи “И што сега, украдоа пари и демек нема да можат да патуваат во Америка”. Ама штом “загусте”, од истите овие кругови ...
Јованка КЕПЕСКА Анализата на процесите во промената на општествените односи укажува на следното: дека општеството се наоѓа во фаза на трансформацијата на индустријализацијата во фаза на сеопшта информатичка промена. Според Андре Данзин, ако „до деветнаесеттиот век цивилизацијата била рурална… а потоа доаѓа индустријата… со непојмливиот и непредвидлив напредок на информатиката и електрониката доаѓа до „вистинска мутација“ на облиците и природата ...
Се троши време и се крева галама за некаква си синдикална кошничка. А не се збори за покачување на плати. Не се збори дека секаде во регионот драстично се покачија плати. А и државите се откажаа од дел од тие придонеси за да има реално покачување на плата а не трошки. Јавноста се занимава со пресметки на ссм, а не со реален проблем. Ниски плати кои стагнираат само кај нас. Секаде во регионот се покачуваат. Да се истепаме за синдикалната кошничка ...
Алоо … Дојде време за Велигденската, ќе дојде време за црешите и праските, а вие уште Божиќната кошничка не ја решивте – По ова логика за кошничките ќе збориме до локалните избори – Тоа ли е планот? Господа … Потрошувачка кошничка не може да биде економска политика … !? Не знам дали се разбираме. Кошничка е социјална категорија, и е пресметковна статистичка операција …Ако е скапа таа се решава со зголемување на платата (и само така) … Но после ...
SOS Охрид предупредува за Планска програма со која се предвидува рушење на градителско наследство 06.02.2025 • Став ХХ век / I половина Здружението SOS Охрид предупредува на социјалните мрежи дека со планската програма за изработка на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, се планира рушење на објект кој за 2 години, заокружува 100 годишно постоење. Станува збор за семејна вила во духот на еклектиката, од првата половина на XX ...
На 24 јануари 2025 година, администрацијата на Доналд Трамп ја затвори канцеларијата на USAID (Агенцијата на САД за меѓународен развој) во Вашингтон и ја замрзна финансиската помош за странските земји. Овој потег, дел од политиката „Америка на прво место“, резултираше со прекин на програмите за здравство, образование, економски развој и хуманитарна поддршка, кои беа клучни за милиони луѓе ширум светот, пишува ТрансФормА. Глобален удар врз ...
Соња Стојадиновиќ Заканите за војни и санкции на Трамп се само залажување на американските граѓани за состојбата во која се наоѓа земјата и глувост кон повиците на интелектуалците дека иднината на САД е во соработката, а не во војните и санкциите. Изборната кампања на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, изобилуваше со ветувања за одлуки со кои тој ветуваше подобрување на економијата на државата. Депортации на мигранти без документи, ...
Со логика на трговец на недвижности, американскиот претседател Доналд Трамп, ги повика Палестинците од појасот Газа да се преселат во околните Египет или Јордан зашто немаат иднина на својата земја. Тука постојано ќе има војна и убивање порача тој со осудениот за геноцид од Хашкиот трибунал премиерот на Израел Нетанјаху, седнат покрај него во Овалната соба. И се би било логично да беа народите „дрво без корен“ па да можеле така лесно да се селат ...
Во целиот овој апсолутно оправдан револт, но и немоќен гнев, искажувани јавно – на улица, на социјалните мрежи, во медиумите…, па дури и од страна на власта (?!), еден реликт од времето на социјализмот, навидум неважен и малку модифициран, упорно, веќе три децении, се појавува дури и во најскандалозните пресуди на светски познатото македонско судство, а се вика: „во името на граѓаните на РСМ“. Така, имено, започнува секоја судска пресуда во ...
Ми се гади и блуе од ова болно општество, кое си ги убива сопствените деца. Корумпирано до срж. Во кое ако имаш пари и влијание, а немаш чест и скрупули, можеш да направиш сè што ќе посака твојот валкан ум. Ние за 30 години не успеавме да направиме држава. И не само што не успеавме, туку го уништивме и она што пред тоа се градело 50 години и сега само глумиме држава, глумиме институции, глумиме нормалност, а тонеме во тињата на сопствената ...
Тектонските плочи се поместуваат во германската политика. Изминатата важна недела ја втурна земјата во неизвесност – и не само за исходот од предвремените општи избори на 23 февруари. Мејнстрим партиите се меѓусебно фатени за гуша, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е радосна. Заштитниот ѕид („Brandmauer“) против екстремната десница, кој се одржува од крајот на Втората светска војна, покажува големи пукнатини. ...
Збогум Тео! (Теофил Панчиќ 1965-2025) Теофил е 13 години помлад од мене. Тој сигурно порани со смртта (60), а јас за себе не знам дали, можеби, доцнам. Особено затоа што тој во најлошите можни времиња ме остава без инспирацијата на своето дело, на моралната и интелектуална вертикала, на феноменалната, остра, а мека, многу човечка стилистика и позиција на посматрање на стварноста која беше супериорна, но не како некаков Еверест, туку повеќе како ...
Мерсел Биљали Мегаломанијата во почетокот прави да блеснете, а потоа на твоето чело ќе ја наслика целта со црвена боја! – вели една изрека. Посебниот емисар на Трамп за специјални состојби во светот – Ричард Гренел, со тешка артилерија го гранатирал косовскиот премиер Албин Курти, дека „тој не е кредибилен партнер за САД“ и дека „меѓународната заедница е обедината против него“. Што остана од него ќе видиме тек наредниот месец. Во официјална ...